Лиценца и услови за користење Авторски материјали

Сите авторски истражувачки и наставни материјали достапни преку платформата aigender.net – вклучително тематските корпуси, аналитичките текстови, наставните содржини и материјалите развиени од соработниците на Институтот за родови студии при Филозофскиот факултет, УКИМ – се објавени под лиценцата Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 4.0 International (CC BY-NC-SA 4.0).

Корисниците можат слободно да ги споделуваат и адаптираат материјалите под следните услови:

  • Атрибуција – авторот и изворот мора да бидат наведени, со линк до лиценцата и означување на евентуалните измени.
  • Некомерцијална употреба – материјалите не смеат да бидат користени за комерцијални цели.
  • Споделување под исти услови – секој дериват мора да биде дистрибуиран под истата лиценца.

Целосниот текст на лиценцата е достапен на:
https://creativecommons.org/licenses/by-nc-sa/4.0/deed.mk

Платформа и истражувачка архитектура

Самата архитектура на платформата – дизајнот на чет-агентите, структурата на знаењето, феминистичко-STS рамката и придружната проектна документација – е објавена под лиценцата Creative Commons Attribution 4.0 International (CC BY 4.0), со цел да овозможи репродуцирање и адаптација на овој модел на критичко промислување на вештачката интелигенција од феминистичка перспектива во други академски средини.

Ограничувања за употреба со вештачка интелигенција

Имајќи ја предвид специфичната природа на платформата – која работи на пресекот меѓу вештачката интелигенција, родот и феминистичките студии за наука и технологија – експлицитно се применуваат следните ограничувања:

  • Материјалите објавени на оваа платформа не смеат да бидат користени како тренинг-податок за тренирање јазични модели или други системи на вештачка интелигенција, ниту директно ниту преку автоматизирано извлекување (scraping, API harvesting и слично).
  • Содржините развиени во рамките на критичкото промислување на родовите и алгоритамските пристрасности не смеат да бидат користени на начини кои ги репродуцираат или појачуваат токму тие пристрасности – вклучително, но не ограничено на: тренирање модели кои ги нормализираат родовите стереотипи, генерирање содржини кои ги извртуваат или тривијализираат феминистичките теориски позиции, или комерцијална употреба која ја одделува критичката рамка од нејзиниот политички контекст.
  • Материјалите се наменети исклучиво за истражувачка, педагошка и аналитичка употреба во рамките на оваа платформа и за индивидуално учење и цитирање во академски контекст.
  • Секоја употреба која ги надминува овие рамки бара експлицитна писмена согласност од авторот на материјалот и од Институтот за родови студии.

Биометриски и лични податоци

Гласовните, визуелните и другите биометриски податоци, доколку се собираат или процесираат во рамките на платформата, се регулираат под посебен режим во согласност со Општата уредба за заштита на личните податоци (GDPR) и Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија. За таквите податоци се применува експлицитна, специфична и отповиклива согласност, и не подлежат на општата лиценца наведена погоре.

Право на повлекување

Авторите на материјалите задржуваат право, во кое било време, да побараат нивните содржини да бидат отстранети од платформата. Барањето се упатува до администраторот на платформата и се извршува без одлагање.

Контакт

За прашања во врска со лиценцата, употребата на материјалите или барања за повлекување:
[контакт-имејл на aigender.net]

Translate »