Авторка Мартина Деловска
Вовед
Што е вештачка интелигенција?
∙ Вештачката интелигенција е гранка на компјутерската наука која се бави со градење на паметни машини способни за извршување задачи за кои е потребна човечката интелигенција
Лица со попреченост
∙ Попреченост или инвалидност претставува оштетување кое може да биде когнитивно, развојно, интелектуално, ментално или комбинирано. Поимот попреченост може да се дефинира на различни начини дали тоа биле телесни одлики или одлики за кои се смета дека може да се лекуваат медицински. Постои PFC – физиолошки функционален капацитет кој што го опишува нивото на способност за работа. Мери колку едно лице е способно да извршува физички работи и колку лесно може да ги направи
Родови аспекти на технологијата и AI во образованието
∙ Според UNESCO(2019) девојчињата во многу земји имаат помал пристап до дигитални уреди и интернет што ги става во неповолна ситуација од најрана возраст. Во книгата на Criado Perez(2019), се укажува дека податоците кои се користат се базираат на машки искуства, што следи кон тоа дека женските потреби и перспективи ќе бидат игнорирани.
Родови стереотипи
∙ Во многу образовни системи, девојчињата се соочуваат со стереотипот дека технологиите и STEM областите се машки професии и тоа води до демотивација и проблем да се вклучат во тие области. Исто така овие стереотипи се рефлектираат и во дизајнот на AI технологиите. На пример дигиталните асистенти често имаат женски глас.
Како функционира вештачката интелигенција во образованието
3
Вештачката интелигенција може да се вклучи преку адаптивното учење и персонализирањето на наставните планови.
Адаптивното учење претставува учење кое што е прилагодено за потребите на учениците. Адаптивните системи за учење можат да се користат за следење на напредокот на ученикот. Постојат три области во кои може да се имплементира
адаптивното учење: адаптивна содржина, адаптивна секвенца и адаптивна проценка.
Адаптивната содржина дава повратни информации за специфичен одговор на ученикот без промена на целокупната секвенца на вештини.
Адаптивната секвенца континуирано прибира и анализира податоци за ученикот за да направи промени во она што ученикот ќе го гледа следно
Адаптивното оценување(адаптивна проценка) ги менува прашањата што ученикот ги гледа врз основа на тоа што одговорил на последното прашање
Кои се бенефитите од адаптивното учење?
Пред се го подобрува ангажманот на учениците со самото тоа што лекциите се прилагодуваат кон нивните потреби. Одлична алтернатива за замена на скапите учебници. Обезбедува релевантни информации со што им се олеснува на наставниот кадар при пренесување на информациите на учениците. Со тоа им се прави простор да се посветат подеднакво на сите ученици, секако најмногу на оние на кои им е потребна повеќе помош.
Примери на AI технологии на учење за лица со попреченост
∙ Адаптивни образовни платформи – DreamBox, Smart Sparrow Со помош на овие платформи се овозможува анализа на одговорите на ученикот со што понатамошните прашањеа се прилагодуваат според веќе даденото знаење од ученикот
∙ Гласовни асистенти – Google Assistant, Amazon Alexa, Apple Siri Погодни за ученици со оштетен вид или оние со моторни потешкотии. Со помош на гласовни команди може да поставуваат прашања и да добиваат информации
∙ AI за автоматско препознавање текст и претворање на говор во текст – Ava, Microsoft Azure
4
Најчесто користени апликации од корисници со оштетен слух. Овозможуваат генерирање на титлови во реално време што помага за следење на наставата или на разговори
∙ AI апликации за ученици со аутизам и говорни нарушувања – Jellow, Proloquo2Go
Овие апликации овозможуваат комуникација преку слики,икони или симболи. Погодни се за ученици кои имаат потешкотии со вербална комуникација
∙ AI алатки за читање и пишување – Grammarly, Read&Write,Kurzweil 3000 Помагаат на учениците кои имаат дислексија или дисграфија, воедно и други проблеми поврзани со читање текст
5
Примена на AI кај ученици со различни видови посебни потреби Откако ги наброивме видовите апликации кои постојат сега подетално ќе објасниме како се користат и за што се корисни
∙ За лица со оштетен вид – апликација со која сум запознаена е Be My Eyes. Оваа апликација помага на лицата со оштетен вид. Работи така што на нивната страница се пријавуваат волонтери кои се достапни во текот на
денот. Доколку на некој му е потребна помош, преку апликацијата го контактира волонтерот и комуницираат меѓусебно преку видео чет. Одлично е што секој може да волонтира од било кое место на светот.
Сл. 1 – почетната страна на Be My Eyes
∙ За лица со оштетен слух Ava – оваа апликација претвора говор во текст во реално време. На пример кога наставникот зборува, на таблетот/телефонот на ученикот се појавуваат титлови со кои ученикот ја следи наставата непрекинато. Интересен факт за оваа апликација е нејзиното лого кое е во знакот & што значи заедништво и еднаквост помеѓу оние што воопшто не слушаат и оние кои имаат поприлично оштетен слух.
6
∙ За ученици со аутизам или слични нарушувања Jellow – како што кажавме и претходно оваа апликација овозможува комуникација преку икони,слики и симболи. Со користење на AI системот се адаптира на најчесто користените фрази на ученикот со што нив ги прикажува први.Исто така има едноставен интерфејс за користење
Сл.2 почетната страна на Jellow
∙ За лица со дислексија и хиперактивност ClaroRead – алатка која што помага на учениците со дислексија да читаат и пишуваат. Содржи text to speech со различни гласови, speech to text со помош на софтвер за препознавање на говор. Конвертира текст од хартија, документи и слики во PDF и Word. Има можност секој прикажан текст да го прочита. Spellchecker кој помага да се прочита посебно селектиран збор.
AI и инклузивноста во образованието
7
Со користењето на AI во овој тип образование се овозможува намалување на административниот товар. AI алатките овозможуваат подготовка на индивидуализирани наставни програми. Со тоа им даваат повеќе време на наставниците да се посветат на оние ученици на кои им е највеќе потребна помош за учење. Персонализирана поддршка за учениците што им овозможува генерирање на адаптивен материјал за секој ученик според потребите.
Иако живееме во време каде што технологијата расте рапидно, за жал во многу делови од светот а и во нашата земја, луѓето немаат пристап то интернет или уред за работа. Поради тоа тие сеуште користат алтернативни начини како што се различни книги и интерактивни игри со кои би ги учеле децата. Исто така многу е важно да се напомене заштитата на податоци. При корстење на различни софтвери често се бара некоја автентикација, па затоа е важно да одбираме кои податоци ќе ги споделиме и секогаш проверуваме дали сајтот/апликацијата е сигурна. Кога зборуваме за за AI знаеме дека не е секогаш релевантен извор на податоци па затоа би била потребна проверка од страна на наставник. Со тоа ќе се овозможи информациите да бидат правилно пренесени. Потребен е обучен кадар, што кај нас тоа е реткост, но со вклучување на различни обуки на натавниците тој процент на необучен кадар би се намалил. Важно е да се напомене и прекумерното користење на ваквите технологии. Тоа може да доведе до намалување на развојот на одредени вештини како читањето и пишувањето и се препорачува минимало користење.
AI алатките во образованието можат да понудат персонализирано учење, но со досегашните истражувања се покажува дека девојчињата имаат помал пристап до дигитални ресурси и се помалку охрабрени да ги користат новите технологии.
Примери за успешна имплементација на AI во образовниот процес
8
∙ Метју Марино професор на Универзитетот на Централна Флорида, дава пример со ученик кој што имал мускулна дистрофија и не можел да пишува. Со користење на генеративна AI, ученикот може да создаде текст преку гласовни команди или кратки насоки. Со оваа алатка не се заменува учењето на пишување, туку се користи како учениците би ги изразувале своите идеи поефективно.
∙ Претходно ја спомнавме апликацијата Jellow која се користи за деца и лица со аутизам. Во Индија, конкретно во Мумбаи наставниците ја користат во комбинација со наставен материјал кој што е на нивниот локален јазик. Како резултат се покажало подобрување во разбирањето и изразувањето на емоции.Освен во училиштето комуникацијата се подобрила и према родителите.
∙ Во Соединетите Американски Држави, во Тексас, учителка во специјално одделение го вовела Proloquo2Go на училишните таблети за неколку ученици со потешкотии во говорот. Учениците со текот на времето почнале поефективно да комуницираат со наставниците и со другарите. Позитивно влијаело на учеството во разни училишни активности и самодоверба
∙ Во Македонија во февруари 2024 година, компанијата EON Reality започна со образовна иницијатива која вклучува прилагодени курсеви кои со помош на виртуелната реалност би се прошириле во образовниот процес. Со вклучување на вакви курсеви се овозможува интерактивно и инклузивно учење за сите ученици.
Влијанието на технологиите врз момчињата и девојчињата
Според извештајот од UNESCO (2019), се покажува дека девојчињата/жените имаат помал пристап до дигиталните вештини и образование. Ова се случува од
9
самиот почеток на образвониот процес па потоа оди се подлабоко во средното и високото образование.
Жените се најмалку застапени во развојот и дизајнот на AI системите, и со тоа не се земаат нивните искуства и способности кои ги имаат. Интересен факт е дека алгоритмите кои се користат за препознавање на лица имаат поголема точност за машки корисници отколку за женски, што може да доведе до дискриминација.
Во книгата на Criado Perez, се покажува дека многу од податоците кои се користат за дизајн на производи,услуги и различен вид технологии се собираат од машки корисници. Кога AI системите се тренираат на пристрасни податоци, тие ги репродуцираат и засилуваат постоечките нееднаквости. Тука може да се спомне и Default male феноменот каде што машкото искуство се зема како стандард. На пример кога се користат гласовни асистенти кои потешко разбираат женски гласови,конкретно во овој пример во медицината, ги игнорираат специфичните проблеми и симптоми кај жената бидејќи се водат по информациите дадени според машкото тело.
Многу е важно да се вклучат политики и наставни програми кои водат кон тоа да и жената биде вклучена во голем број одлуки не само во технологиите туку и во општеството. Да се обезбеди еднаков пристап до сите обуки и алатки за сите без разлика на родот. Со овие промени би се намалил родовиот јаз во секоја област.
10
Идни перспективи на AI и заклучок
Со напредокот на технологиите, освен создавање на персонализирани наставни планови, би се овозможила рана дијагностика на одредени нарушувања навремено. Учениците би биле вклучени целосно во наставниот процес без да бидат отфрлени од останатите. На наставниците ќе им се олесни работата со нив и ќе можат повеќе време да посветат на дополнителни вежби или работа со ученици кои имаат поголема потреба од внимание. Ширењето на ваквите технологии низ светот ќе придонесе во вклучување на различни јазици и култури.
Воведувањето на вештачката интелигенција во образовниот процес носи потенцијал за унапредување на наставниот процес, но истовремено отвара прашања за родовата еднаквост. Доколку не се внимава на родовите разлики при имплементација на AI алатките, постои ризик со кои би се засилиле постоечките нееднаквости помеѓу момчињата и девојчињата и секако мажите и жените. Неопходно е образовните политики и практики да бидат родово сензитивни, да се промивира еднаков пристап до сите дигитални вештини за сите ученици и да се вклучат жените во сите технологии.
Користени линкови
11
∙ https://www.montclair.edu/itds/digital-pedagogy/pedagogical-strategies-and practices/adaptive
learning/#:~:text=Adaptive%20learning%20is%20a%20technique,to%20provide %20personalized%20learning%20experiences.
∙ https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9F%D0%BE%D0%BF%D1%80%D0%B5%D 1%87%D0%B5%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82
∙ https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%92%D0%B5%D1%88%D1%82%D0%B0%D1 %87%D0%BA%D0%B0_%D0%B8%D0%BD%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0% B8%D0%B3%D0%B5%D0%BD%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0
∙ https://www.edweek.org/technology/the-pros-and-cons-of-ai-in-special education/2024/05
∙ https://neuronav.org/self-determination-blog/how-ai-can-help-people-with disabilities
∙ https://eonreality.com/eon-reality-launches-comprehensive-educational-program with-spatial-ai-and-10000-custom-courses-in-north
macedonia/?utm_source=chatgpt.com
∙ https://www.texthelp.com/en-gb/solutions/dsa/claroread/
∙ https://www.fnsa.ca/wordpress/wp-content/uploads/2022/06/Parent-Toolkit-2022- 2.6-A-Parents-Role-in-Special-Education-Planning.pdf
∙ https://unesdoc.unesco.org/ark:/48223/pf0000367416
∙ https://unesdoc.unesco.org/ark:/48223/pf0000374174
12
∙ Criado Perez, C. (2019). „Invisible Women: Data Bias in a World Designed for Men“