Јована Чочевска Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Апстракт
Родовата платежна нееднаквост е застапена ширум сите индустрии, но особено е истакната во „СТЕМ“ индустријата (науката, технологијата, инженерството и математиката). Истражувањата покажуваат дека за секој долар заработен од страна на еден просечен маж за истата работа жените добиваат 77 центи. Оваа разлика имаше драстично зголемување за време на пандемијата поради големиот број на отпуштања од работните позиции како и намалувањето на платите. Доколку се спореди со разликата од минатата година можеме да забележиме дека има благо, но значително подобрување. Сѐ со цел ова подобрување континуирано да се зголемува и понатаму треба да се превземат мерки од страна на компаниите и нивните вработени вклучувајќи ги и мажите и жените.
Вовед
Според спроведените статистики заклучено е дека жените во индустријата заработуваат 23% помалку од мажите. Односно за секој долар кој еден маж ќе го заработи, жените заработуваат само 77 центи. Покрај сите напори одредени статистичари предвидуваат дека ќе бидат потребни дури 70 години за платите на мажите и жените да бидат еднакви [1]. Освен генерализираната перспектива направени се и статистики кои ни покажуваат дека без разлика на тоа со кој степен на образование располагаат, мажите сепак добиваат поголема плата од жените (Слика 1) [2].
Слика 1. Просечна неделна плата според полот и едукацијата на варотените
Благодарение на мерките и барањата кои ги спроведува Европската Унија во изминатите години оваа родова разлика е намалена за околу 2% [3]. За жал оваа подобрување не е загарантирано. Според статистиките спроведени изминатата година можеме да забележиме колку е драстична разликата според тоа дали оваа разлика е контролирана или не. Контролирањето на истата помага во ситуацијата, но за жал тоа функционира само во одредени држави [4].
Слика 2. Приказ на контролирана и неконтролирана платежна разлика
Родовата разлика во платите во „СТЕМ“ индустријата
Освен во целокупното општество оваа нееднаквост драстично е застапена во науката, технологијата, инженерството и математиката уште познати и како СТЕМ индустрија [5] . Според истражување направено од страна на универзитетот Станфорд во 2021 година откриено е дека регрутерите во овие области доколку наидат на апликанти од различен пол со исти квалификации одлучуваат да вработат повеќе мажи токму поради нивната самодоверба. Истите наведуваат дека мора да се земе во предвид дека самодовербата не треба да претставува клучен фактор туку самата компетенција. За жал тие стигнале до податоци кои покажуваат дека колку и да се покомпетентни жените поголем процент од нив нема да побараат покачување во платата [6]. Освен во САД вакви истражувања се спроведуваат и во останатите држави. Во Австрија aгенцијата за рамноправност во работната сила на половите направила статистика која го покажува соодносот на оваа неедваквост почнувајќи од 2016 до 2022 година (Слики 3, 4, 5, 6) [7].
Слики 3 и 4. Статистики претставени во проценти и долари за 2021 година
Слики 5 и 6. Статистики претставени во проценти и долари за 2022 година
Како во Австрија така и во Германија се направени истражувања и споредби изминатите години кои покажуваат благо намалување во платежната разлика од 2015 година и стагнирање во последните 4 години (Слика 7) [8].
Слика 7. Платежната разлика во Германија од 2002 фо 2023 година
Исто така голем акцент треба да се стави и на етничката припадност. Покажано е дека доколку како примерок се земат црните и латино американските жени се доаѓа до фактот дека тие во просек добиваат само 55% од платата на еден азиец кој работи на истата позиција [9]. Освен меѓуетничката разлика на мажите и жените може да се забележи и драстична платежна разлика помеѓу жените од било која раса или етничка припадност и просечниот бел маж (Слика 8) [10].
Слика 8. Платежната разлика според родот, расите и етничката припадност
Влијанието на COVID-19 пандемијата на оваа разлика
Изминатите години претставуваа предизвик за сите како на работодавците така и на вработените. Пандемијата имаше значително влијание кон зголемување на платежната разлика помеѓу мажите и жените. Најобемен придонес кон овој проблем беше многубројното отпуштање од работните места како и кратењето на плати кое поголем процент се однесуваше на жените (Слика 9) [11, 12].
Слика 9. Просечно намалување на платите по родот и позицијата (нивото) во компанијата
Овој процес на промена на платите се однесуваше на вработените на сите позиции почнувајќи од најниската, па сѐ до највисоката (Слика 10) [12].
Слика 10. Родовата платежна разлика според позицијата (нивото) во компанијата
Соодносот на платите во изминатата година
Соодносот на платите во изминатата година има благ, но сепак значителен пораст од 0.3% зголемувајќи го скорот од 68.1% на 68.4%. Ова звучи како премала ситница, но со оглед на тоа што станува збор за процент кој се однесува за 146 држави ширум светот, сепак има преголемо значење во битката за изедначување и рамноправно исплаќање на мажите и жените за нивната работа (Слика 11) [13].
Слика 11. Приказ на процентот на подобрување низ регионите од светот
Такво благо намалување може да се забележи и во истражувањата кои се однесуваат на возрасните групи (Слика 12) и статусот на работење односно дали вработениот е на половина или цело работно време (Слика 13) [14].
Слика 12. Платежна разлика (за плата пресметана според час за цело работно време) според возраста
Слика 13. Платежна разлика (за плата пресметана според час) според работното време
Решенија за подобрување на ситуацијата
Сѐ со цел комплетно да се отстрани оваа платежна нееднаквот самите компании заедно со вработените треба да превземат одговорност и акција. Компаниите треба да бидат поотворени кон вработување на повеќе жени на работните места како и да обезбедат нивно постојано напредување и доделување на повисоки улоги. Исто така треба да обезбедат пофлексибилни часови за работење [15]. Но, освен компаниите и вработените треба да имаат свој удел кон подобрување на ситуацијата. Жените треба ги подобрат своите вештини за преговори во однос на платата која ја добиваат. Освен тоа тие треба да се изборат кон воведување на таканаречен „калкулатор за компетенција“ сѐ со цел повторно да не се наиде на неправедно вработување и унапредување на повисоки функции во рамките на компаниите [16]. Но, најбитно од сѐ е процесот на ослободување од разлислувањето на жените дека воопшто не припаѓаат во таа средина иако тие го заслужуваат тоа [17].
Заклучок
Според целото ова истражување, сите статистики спроведени од страна на врвни универзитети и организации можеме да заклучиме дека оваа платежна разлика во родот претставува огромен проблем и предизвик за денешницата. Сепак, сметам дека сето ова би можело да се надмине во текот на годините и да се подобри целокупната состојба на општеството долоку се превземат соодветни мерки и доколку се подобри свесноста не само на компаниите туку и на самите вработени вклучувајќи ги и мажите и жените. Во текот на изминатите години жените се тие кои самостојно се борат во својата обесправена ситуација. Поради што сметам дека влијанието на останатите членови на општеството над сите овие неправди драстично би помогнало во отстранување на родовата платежна разлика со што после неколку децении жените ќе го добијат она што навистина го заслужуваат, а тоа е вреднувањето на нивната работа и придонес во општеството.
Референци
[1] автор: ACCIONA’s websites, наслов: „WHAT IS THE PAY GAP BETWEEN MEN AND WOMEN?“ https://www.activesustainability.com/sustainable-development/pay-gap-what-is/?_adin=02021864894 – пристапено март 2024
[2] автор: Wendy Chun-Hoon – U.S. Department of Labor’s Women’s Bureau, наслов: „5 Fast Facts: The Gender Wage Gap“ https://blog.dol.gov/2023/03/14/5-fast-facts-the-gender-wage-gap – пристапено март 2024
[3] автори: Katherine Haan и Kelly Reilly, наслов: „Gender Pay Gap Statistics In 2024“
https://www.forbes.com/advisor/business/gender-pay-gap-statistics/ – пристапено март 2024
[4] автор: Directorate-General for Communication, наслов: „The gender pay gap situation in the EU“ https://commission.europa.eu/strategy-and-policy/policies/justice-and-fundamental-rights/gender-equality/equal-pay/gender-pay-gap-situation-eu_en – пристапено март 2024
[5] автор: STEM Women Limited, наслов: „The Gender Pay Gap in STEM“
https://www.stemwomen.com/the-gender-pay-gap-in-stem – пристапено март 2024
[6] автор: Corey Binns, наслов: „What’s Behind the Pay Gap in STEM Jobs?“
https://www.gsb.stanford.edu/insights/whats-behind-pay-gap-stem-jobs – пристапено март 2024
[7] автор: Department of Industry, Science and Resources, наслов: „Gender pay gaps in STEM and other industries“ https://www.industry.gov.au/publications/stem-equity-monitor/workforce-data/gender-pay-gaps-stem-and-other-industries – пристапено март 2024
[8] автор: Statista Research Department, наслов:„Gender pay gap: earning difference between men and women in Germany 2002 to 2023“ https://www.statista.com/statistics/1407077/men-women-gender-pay-gap/ – пристапено март 2024
[9] автор: CV Garcia, наслов: „The Gender and Racial Pay Gap in Engineering“
https://alltogether.swe.org/2023/06/gender-racial-pay-gap-engineering/ – пристапено март 2024
[10] автор: Stephen Miller, наслов: “Gender Pay Gap Improvement Slowed During the Pandemic“ https://www.shrm.org/topics-tools/news/benefits-compensation/gender-pay-gap-improvement-slowed-pandemic – пристапено март 2024
[11] автор: Department of Labor, наслов: „THE GENDER PAY GAP IN THE PANDEMIC ERA“
https://nysdolreports.com/gwg/2023-gwgreport/ – пристапено март 2024
[12] автор: Charlotte Rogers, наслов: „Gender pay gap narrows amid ongoing Covid uncertainty“ https://www.marketingweek.com/gender-pay-gap-2022/ – пристапено март 2024
[13] автор: World Economic Forum, наслов: „Global Gender Gap Report 2023“
https://www.weforum.org/publications/global-gender-gap-report-2023/in-full/benchmarking-gender-gaps-2023/#:~:text=The%20Global%20Gender%20Gap%20score,compared%20to%20last%20year’s%20edition – пристапено март 2024
[14] автор: Nicola J White, наслов: „Gender pay gap in the UK: 2023“ https://www.ons.gov.uk/employmentandlabourmarket/peopleinwork/earningsandworkinghours/bulletins/genderpaygapintheuk/2023 – пристапено март 2024
[15] автор: Technojobs, наслов: „THE GENDER PAY GAP IN TECH: HOW DO WE CLOSE IT?“
https://www.womenintech.co.uk/the-gender-pay-gap-in-tech-how-do-we-close-it/ – пристапено март 2024
[16] автор: Caroline Ramade, наслов: „HOW TO CLOSE THE TECH GENDER PAY GAP BY 2050“
https://startupsmagazine.co.uk/article-how-close-tech-gender-pay-gap-2050 – пристапено март 2024
[17] автор: Sandra Petrova, наслов: „Gender Equality: Bridging the Wage Gap for Women in Tech“ https://adevait.com/blog/workplace/bridging-wage-gap-for-women-in-tech – пристапено март 2024