Тамара Србиноска
Современото дигитално општество, поимот за убавина се повеќе се моделира не само од медиумите, туку и од технологиите кои ние секојдневно ги користиме. Апликации како Instagram, TikTok, Snapchat, Face App ја обликуваат перцепцијата на тоа што значи да се биде „атрактивен„ и кои стандарди треба да бидат исполнети за да се постигне тоа. Целта на овој труд е критички да се анализира како вештачката интелигенција учествува во создавање, одржување и засилување на современите стандарди за убавина. Преку анализа на начинот на кој функционираат овие системи, ќе се обидеме да дадеме јасна слика за општествените последици од „алгоритамската убавина„.