Жените во стем и издавачкиот јаз: борба за еднаква застапеност

Published by

on

9y4t9uwf

Антоанета Јорданова 

1. ВОВЕД 

Жените опфаќаат скоро половина од светскиот СТЕМ кадар и значително  придонесуваат за развојот на науката, технологијата, инженерството и математиката (Global STEM Workforce, 2023). Но, и покрај значителниот придонес на жените во СТЕМ, тие и понатаму се недоволно застапени на високи позиции. Иако стапките на  дипломирање меѓу половите се скоро исти, мажите заземаат поголем дел од  вработувањата (JEM, 2020).  

До сега биле преземени безброј иницијативи за борбата за еднаквост на родовите, но  сепак, во СТЕМ дисциплините сè уште предоминира машкиот пол, особено во  академското издаваштво и истражувачките дејности. Јазот најмногу се забележува  во хирургијата, компјутерските науки, физиката и математиката на авторски  позиции поврзани со стаж, како и општо низ страниците на престижните научни  списанија (Holman et al., 2018). Голем број на извршени студии укажуваат на тоа  дека мажите уживаат два пати повеќе можности за објавување на научни трудови од  жените со што се истакнува пристрасноста во рамките на академското издаваштво  (Holman et al., 2018). Субјективноста уште повеќе се забележува при анализа на  кадарот на истражувачките факултети за СТЕМ дејностите. Секоја година, бројот на  доделени дипломи на жени значително расте, но нивното присуство на факултетите  се намалува или останува непроменето. Според спроведени истражувања, жените  претпочитаат да одбегнуваат истражувачки и академски позиции поради  негативните родови стереотипи, дискриминаторските практики и суптилните родово  пристрасни знаци кои придонесуваат за чувството на исклученост (Casad et al., 2020).  

Како што може да се забележи, и покрај зголеменото учество на жените во СТЕМ  областа, тие сè уште се соочуваат со значителни пречки, особено во академското  издаваштво и на високи истражувачки позиции. Овој труд ќе ги разгледа главните  аспекти поврзани со родовата нерамноправност во СТЕМ: од нивната вкупна  застапеност и предизвиците во објавувањето, до напорите за надминување на јазот  и специфичната состојба со жените во СТЕМ во Македонија.

Антоанета Јорданова – Жените во СТЕМ и издавачкиот јаз: Борба за еднаква застапеност 

2. ГЛАВЕН ДЕЛ 

2.1 УДЕЛОТ НА ЖЕНИТЕ ВО СТЕМ 

Во последните децении, бројот на жените во СТЕМ дисциплините бележи постепен  пораст, но родовата нееднаквост и понатаму останува изразена, особено во одредени  области и на повисоки академски и раководни позиции. Според податоците, жените  сочинуваат околу 27-35% од научниот кадар во СТЕМ на глобално ниво, при што  нивната застапеност значително варира по дисциплина и по држава. На пример, во  физиката и компјутерските науки, учеството на жените е околу 15-20%, додека во  биолошките науки и психологија процентот е драстично повисок.(Luke Holman et al.,  2018) (Junming Huang, Alexander J. Gates et al., 2019). 

Во денешно време, иако жените дипломираат во СТЕМ области, во слични или дури и  повисоки стапки од мажите во одредени дисциплини, нивната застапеност на повисоки  академски позиции, како и во истражувачките и раководни улоги, останува ниска. На  пример, според податоците од Европската унија за 2021 година, жените сочинуваат  32,8% од сите дипломирани во СТЕМ на високо образование, со највисоки стапки во  Романија (42,5%), Полска (41,5%) и Грција (40,9%), но и со земји каде овој удел е  значително понизок, како Белгија (27,4) и Германија (27,7%). Сепак, оваа застапеност  се намалува на раководни и академски позиции, само 25,9% од лидерските улоги во  СТЕМ ги заземаат жени. Направени се многубројни истражувања за САД, каде жените  сочинуваат само 26-28% од вработените во СТЕМ, од кои само 25% достигнуваат до  лидерски позиции (Clara Piloto, Massachusetts Institute of Technology, 2023) (Annual  report on the Federal Workforce, US Equal Employment Opportunity Commission, Special  Topic: Women in STEM, 2023). Дополнително, иако жените сочинуваат околу 50% од  асистентите во СТЕМ во САД, нивниот удел опаѓа на 45,4% кај вонредните професори  и само 32,8% кај редовните професори во рамките на СТЕМ факултетите. Најголем јаз  има во областите како компјутерските и инженерските науки и физиката, каде што  помалку од 25% од редовните позиции се пополнети со жени (Danielle J. Galvin, Susan  C. Anderson et al., 2024). Овие бројки покажуваат дека и покрај напредокот во  образованието, жените и понатаму се соочуваат со значителни бариери за напредување  во академската хиерархија и лидерството во СТЕМ.

Антоанета Јорданова – Жените во СТЕМ и издавачкиот јаз: Борба за еднаква застапеност 

Како гранка на СТЕМ се јавува СТЕМ издаваштвото. Бројот на објавени трудови на  годишно ниво се нарекува годишна продуктивност. Годишната продуктивност на  жените е речиси идентична со онаа на мажите, но жените имаат значително пократки  академски кариери и повисоки стапки во напуштање на академските позиции, што  резултира со помал број на објавени трудови и помалку цитати во текот на кариерата,  феномен е познат како „leaky pipeline“ (Lena Greseka, 2023). 

Овој феномен не е резултат на индивидуалните избори на жените туку е збир од лични,  институционални и општествени фактори кои влијаат врз жените на сите академски и  научни нивоа. Истражувањата покажуваат дека жените почесто се соочуваат со стереотипи, недостаток на менторство, ограничен пристап до финансии и ресурси, како  и зголемени семејни и професионални обврски, што ги мотивира да ги напуштат  нивните академски позиции (Lauren Jakobs, 2025). Овие, така наречени, „leaky pipelines“,  се јавуваат уште од раните фази на академскиот пат: изборот на студии, магистерски,  докторски и постдокторски позиции, па се до напредувањето до улогите на професори  и лидери (Karen Olrogge, Malte Roswag, Bettina Hannover, 2022). Дополнително, жените  често добиваат помалку признание за нивниот труд, се соочуваат со пристрасност при  доделувањето на грантови и имаат помалку можности за напредување. Сите овие  фактори го засилуваат феноменот на „leaky pipelines“ и ја намалува застапеноста на жените во СТЕМ. 

Од тука можеме да закличиме дека, и покрај зголемувањето на бројот на дипломирани  жени во СТЕМ, нивната застапеност и влијание значително се намалуваат во  академските и лидерските позиции. Овие бројки укажуваат дека навистина постојат  длабоки и трајни бариери кои ги спречуваат жените целосно да го реализираат својот  научен потенцијал. Овие бариери не се однесуваат само на пристапот до работни места,  туку и на можностите за напредување, видливост и признавање на нивниот труд. Ова  прашање станува уште поочигледно кога ќе се разгледа начинот на кој жените се  застапени во академското издаваштво – област која има клучна улога во градењето на  научната кариера и углед.

Антоанета Јорданова – Жените во СТЕМ и издавачкиот јаз: Борба за еднаква застапеност 

2.2 ЈАЗОТ ВО АКАДЕМСКОТО ИЗДАВАШТВО 

Како што веќе спомнав претходно, родовата нееднаквост е особено изразена во  академското издаваштво, што претставува клучен фактор за напредување во  академската кариера и стекнување на научен престиж. Бројот на жени кои активно  учествуваат во истражувања и објавуваат научни трудови е во пораст, но, за жал,  анализите во рамките на издаваштвото покажуваат дека жените се значително помалку  застапени како авторки, особено на позиции кои носат најголем престиж и влијание. Исто така, на многу мал број од научните трудови објавени во престижните научни 

списанија, жена е наведена како последен автор (раководителот на истражувањето се  става последен), како и како единствен автор. Овој тренд е особено изразен во  престижни списанија како Nature, Lancet и BMJ, кои имаат премногу мал број на жени  наведени како единствени или последни автори, а уште помал е бројот на жени како  поканети автори. Според истражувањата, мажите добиваат двојно повеќе покани за  објавување и покрај тоа што годишната продуктивност на жените е речиси идентична  со онаа на нивните колеги – мажи (Paul Sebo, Joëlle Schwarz, 2023) (Tessa ES  Charlesworth, Mahzarin R. Banaji, 2019). На пример, во списанијата Nature и Science,  само 18-22% од поканетите автори се жени, додека мажите ги заземаат преостанатите  78-82% (Holman et al., 2018; Jaramillo et al., 2025). Оваа пристрасност не се однесува  само на авторството, туку и на процесот на рецензија, само 27% од рецензентите во  списанијата со висок фактор на влијание се жени (JEM, 2020). Оваа нерамнотежа влијае  на тоа чии гласови и перспективи во научната заедница се слушаат, а чии се маргинализирани. 

Јазот се забележува и во составот на уредничките одбори на научните списанија.  Жените се ретко застапени како главни уреднички или членки на уредничките тимови,  што дополнително ја намалува нивната моќ да влијаат врз уредничката политика и  процесот на селекција на трудови. Само околу 14-24% од уредниците се жени, додека  пак, на највисокото ниво во издаваштвото, на позицијата CEO на научните списанија,  жените се застапени со само 8% од вкупниот број (Sarah Fahim, Assoiciation for Women  in Science, 2023). Истражувањата покажуваат дека присуството на жени во уредничките  одбори е поврзано со зголемена застапеност на женски авторки, што укажува на тоа  колку е важна родовата разновидност во процесот на уредување и рецензија. Кога 

Антоанета Јорданова – Жените во СТЕМ и издавачкиот јаз: Борба за еднаква застапеност 

уредничките тимови се поразновидни, се зголемува и шансата за фер и инклузивна  проценка на трудовите, што придонесува за намалување на пристрасноста (Fengyuan  Liu et al., 2023). 

Дополнително, застапеноста на жените во топ 1% од најцитираните трудови е премногу  мала. Според анализите, само 12-15% од највлијателните трудови се жени додека  мажите доминираат со 85-88% (Mike Thelwall, 2020). Оваа разлика се зголемува во  текот на кариерата. Жените добаиваат 10-20% помалку цитати по труд во споредба со  мажите (Tessa ES Charlesworth, Mahzarin R. Banaji, 2019). 

Една од причините за овој јаз е и нееднаквиот пристап до професионални мрежи и  меѓународни соработки. Мажите почесто се поканети да учествуваат во големи  истражувачки тимови и се стекнуваат со повеќе професионални контакти, што им  овозможува поголема видливост и влијание во научната заедница. Студиите  покажуваат дека мажите учествуваат во 30% повеќе меѓународни соработки од жените,  што им овозможува пристап до повеќе ресурси, престижни проекти и можности за  објавување (Proffesor Sofia Bapna, University of Minnesota, 2024).  

Исто така, шансите за објавување на научни трудови, напишани од жени, се премногу  мали во однос на оние на мажите дури и кога темите на трудот и квалитетот на истиот  се исти или слични (Markus Hellmer et al., 2017). Оваа пристрасност шесто се засилува  и преку стереотипите за “традиционални“ машки и женски работни позиции и улоги во  СТЕМ, што уште повеќе ги спречува жените да напредуваат во своите полиња.  (Fengyuan Liu et al., 2023). 

Идентичната продуктивност кај мажите и жените не овозможува еднакви можности за  двата рода. Системските пристрасности во поканувањето за издавање на научни  трудови во влијателни научни списанија, уредувањето и можностите за  интернационална и меѓународна соработка продолжува да ги ограничува кариерните  патеки на жените во СТЕМ. За надминување на овој јаз, потребни се структурирани  промени во начинот на кој се уредуваат, рецензираат и објавуваат научните трудови,  активно промовирање на родовата разновидност и вклученост во академската заедница,  како и постепено искоренување на стереотипите поврзани со работните позиции,  задачи и кариери и кај двата пола.

Антоанета Јорданова – Жените во СТЕМ и издавачкиот јаз: Борба за еднаква застапеност 

2.3 НАПОРИ ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА ЈАЗОТ 

Во последните години, преземени се многубројни инцијативи за намалување на  родовиот јаз во СТЕМ и академското издаваштво, со фокус на системски и  институционални промени. Постојат неколку програми, како на пример NSF  ADVANCE во САД, која уште од 2001 година инвестирала над 135 милиони долари во  проекти за зголемување на застапеноста и напредувањето на жените во академските  СТЕМ кариери. Програмата се фокусира на промена на академската култура преку  обука на комисиите за избор и вработување, препознавање и намалување на  имплицитните пристрасности, воведување на политики за поддржување на семејниот  живот и зголемување на бројот на жени во лидерски и одлучувачки позиции. Според  резултатите од анализите, институциите кои учествувале во ADVANCE имаат поголем  број жени на раководни позиции и поинклузивна академска клима (AAS, NASA, 2015). 

Дополнително, менторските програми се покажале и како ефикасни за поддршка на  жените во СТЕМ. Програми како CyberMentor во Германија, кој ги поврзува  девојчињата на возраст од 10 до 18 години со индивидуални менторки од СТЕМ  индустријата, овозможиле поголема заинтересираност кај женскиот пол да започнат  СТЕМ кариера, како и придонеле за поголема самодоверба да навлезат во полиња каде  предоминира машкиот пол. Била спроведена студија која ја тестирала ефикасноста на  програмите од овој тип, конкретно за ефикасноста на програмата CyberMentor. Како  менторки биле избрани жени научна или професионална позадина во СТЕМ  (истражувачки кадар, професорки или студентки од најмалку трета година на студии.  За време на студијата, на секоја менторка и било доделено по едно девојче според  нивните заеднички интереси во СТЕМ областите. Со согласноста на менторките да  учествуваат во програмата, тие се обврзале да бидат контакт лице на девојчињата во  период од една година, по 30 минути, еднаш неделно во живо и во постојан контакт  преку е-пошта. Според програмата, менторките биле достапни за консултации во врска  со кариерата, помош при домашните задачи, дополнителни индивидуални истражувања  и проекти итн. Секој пар од ментор и ученик биле споени со друг пар од истото поле со  цел иницирање на колаборациски вештини и размена на знаења и мотивација помеѓу  учениците. Исто така, девојчињата имале можност да се вклучат во групни онлајн  дискусии, да добијат совети од други менторки, да учествуваат во специјализирани 

Антоанета Јорданова – Жените во СТЕМ и издавачкиот јаз: Борба за еднаква застапеност 

настани , да изработуваат лабораториски вежби и да посетуваат институти од различни  СТЕМ дејности. На крајот од годината, сите учеснички на програмата имале можност  да ги презентираат своите проекти и да го споделат искуството од програмата со своите  врсници. Според студијата, девојчињата кои учествувале во програмата изразиле  зголемена намера да изберат СТЕМ предмети и повисоко знаење. После успехот на  програмата и оваа студија, во 2005 година, програмата продолжила активно да се воведува во училиштата. Според последното спроведено истражување за оваа  прогрмата, 70% од девојчињата кои учествувале во програмата избрале кариера во  СТЕМ индустријата. 

Во поглед на академското издаваштво, со цел намалување на јазот, некои списанија  вовеле така наречена двојно слепо рецензирање, каде не се знае идентитетот ни на  авторите, ни на рецензентите. Со овој начин на спроведување на процесот на  рецензирање била значително намално нивото на родовата пристрасност при  објавувањето. Исто така, многу научни списанија активно работат на зголемување на  бројот на жени во уредувачките одбори и рецензенти. 

Покрај сето ова, постојат и програми како NESET и STEM Coalition кои се иницијатива на Европската Унија и се фокусираат на поттикнувањето на жените да изберат кариера  во рамките на СТЕМ, како и промоција на успешни жени научници од СТЕМ.  

Но, за жал, и покрај напредокот, анализите покажуваат дека имаме уште многу работа  за да постигнеме родова еднаквост во рамките на СТЕМ индустријата, особено во  физиката, компјутерските науки и математиката. Според најскорешните анализи, ќе  бидат потребни децении за да се достигне посакуваното ниво на еднаквост во овие  полиња, со претпоставка дека системот ќе продолжи активно да се менува и  прилагодува, акко и дека процесот на поголема интеграција и застапеност на жените ќе  остане транспарентен во сите области на СТЕМ и академското издаваштво. 

2.4 ЖЕНИТЕ ВО СТЕМ ВО МАКЕДОНИЈА 

Според податоците на Евростат (2020), во Македонија, 44.1% од жените на возраст од  25-34 години имаат завршено високо образование, во споредба со 31.6% кај мажите, со

Антоанета Јорданова – Жените во СТЕМ и издавачкиот јаз: Борба за еднаква застапеност 

што е заклучено дека кај нас жените достигнуваат повисоко образование отколку  мажите. Но, исто така, покажале дека стапката на жени кои ја избираат СТЕМ  индустријата е многу мала, односно само 11% од жените во Македонија избираат СТЕМ  област за високо образование, додека пак, кај мажите, оваа стапка е два пати поголема.  Оваа разлика е особено забележителна во инженерството и технологијата, каде жените  сочинуваат помалку од 25% од студентите (The International Bank for Reconstruction and  Development – The World Bank, 2024).  

Освен, квалитетот на образованието, жените во Македонија се покажале и како подобри  во рамки на спроведените ПИСА тестирања (2022). Според нив, девојчињата ги  надминуваат момчињата во математика, наука и читање (со разлика од 6, 16 и 25 поени,  соодветно). Но, за жал повторно, овој успех не придонесува да жените започнат кариера  во некоја од областите на СТЕМ. Иако во Македонија стапката на луѓе запишани во  СТЕМ областите е драстично под стандардите на онаа во Европската Унија, малата  стапка на жените во СТЕМ е загрижувачка. И, со оглед на согледувањата од претходно  спомнатите истражувања, донесен е заклучок дека ниската стапка не жени во СТЕМ во  Македонија се должи на социјалните и општествените норми и стереотипите кои  постојат во овие области. 

УНДП (United Nations Development Programme), програма за развој на Обединетите  нации, идентификувала три главни пречки за жените во Македонија: стереотипите,  недостатокот на менторство и пример за успех и дискриминација и омаловажување на  работните места. 

Како прва пречка ги навеле стереотипите. Според нивните истражувања, семесјствата  и училиштата ги поттикнуваат девојчињата кон “женски“ кариери, како здравство,  образование итн. , додека пак машките ги насочуваат кон техничките области со  зборовите дека техничките области се “прљави“, тешки или премногу досадни за  жените. На пример, според студијата „Македонија2025“, 68% од учесничките изјавиле  дека се соочиле со коментари од типот „Зошто го избра ова? Ова не е професија за жени…“, “СТЕМ е само за мажите“, „Ова не е работа за девојка“, „Претешка професија  за жени, нема да успееш“ и други слични коментари. Исто така, оние кои веќе работат 

Антоанета Јорданова – Жените во СТЕМ и издавачкиот јаз: Борба за еднаква застапеност 

во индустријата, се изјасниле дека често нивните мислења и идеи се потценети  (Macedonia2025, 2023). 

УНДП забележале и дека училиштата во Македонија не соработуваат со програми и  асоцијации кои имаат за цел да ја зголемат стапката на жени во рамките на СТЕМ  индустријата (УНДП, The Journey of Women in STEM – Insights and Recommendations  from North Macedonia, 2023).  

Дополнително, како втора причина, го навеле недостаток на менторство и промоција на влијателни и успешни жени од Македонија од областа на СТЕМ. Многу од младите  девојки, кои биле дел од истражувањето, се изјасниле дека не познаваат жени на високи  позиции кои работат во Македонија и затоа не сметале дека доколку останат во  Македонија и изберат област од рамките на СТЕМ, ќе имаат еднаква шанса за успех и  високи достигнувања како и нивните врсници. Исто така, се изјасниле дека познаваат  само една програма, независна од образовните институции која нуди поддршка на  жените од СТЕМ. Додека пак, испитаниците кои се веќе во полето на СТЕМ се  изјасниле дека како модел за успех избираат жени од СТЕМ кои работат и потекнуваат  од странство. Седумдесет проценти од нив се изјасниле дека нивниот кариерен успех  се должи на поддршка и менторство од пријатели-жени, кои работат во СТЕМ  индустријата и сметаат дека поддршката и разбирањето се неопходни за успех во СТЕМ  областите, во Македонија. 

Како трета, и последна причина, биле наведени дискриминацијата и омаловажувањето  на работното место. Според истражувањата, жените во СТЕМ во Македонија се  соочуваат со системска дискриминација манифестирана преку сексизам, платни  разлики и ограничувања во кариерниот развој. Студиите покажале дека жените скоро  секојдневно се среќаваат со отворени или суптилни форми на сексизам. На пример, во  истражување од 2019 година, една од испитаничките изјавила дека при интервју за  работа била веднаш одбиена со реченицата дека таа позиција не може да ја пополни  жена бидејќи жените се помалку интелигентни од мажите. Во ИТ секторот, 70% од  компаниите признале дека имаат многу мал број на жени вработени во нивните  компании, делумно поради перцепцијата дека жените не им одговарале на компаниите за бараните позиции. Според Евцропската анкета за приход и услови за живот (EU-

10 

Антоанета Јорданова – Жените во СТЕМ и издавачкиот јаз: Борба за еднаква застапеност 

SILC), жените во Македонија заработуваат 18-19% помалку од мажите во исти работни  позиции, што е многу повисоко од просекот на ЕУ. Жените се наоѓаат и на  нископлатените и помалку видливи позиции. Според веќе спроведени истражувања има  три причини поради кои се ограничени можностите за напредок. Првата е феноменот  на „стаклен плафон“ , односно “постои“ невидлива вертикална граница до која може да  стигнат жените во рамките на една компанија. Како втора се наведени неформалните  бариери, односно отсуството на можности за вмрежување на пазарот и недостаток на  формални програми за лидерски развој. И како трета, но не помалку важна, семејните  обврски. Многу од жените во Македонија забележале високо ниво на дискриминација  откако станале мајки. Изјавиле дека според полисите на дел од компаниите тие немаат  никаква заштита и има огромен ризик од губење на работата или одземање на  лидерските позиции по враќањето.  

Според Светската банка (2024), Македонија губи околу 16% бруто-домашен производ  годишно поради родовите нееднаквости во вработувањето и продуктивноста, што се  должи на неискористениот потенцијал на жените и професионална сегрегација. 

Во последните години, биле започнати неколку програми за промовирање на родовата  еднаквост во СТЕМ. Како пример ќе ги наведеме STEMEquality (овозможува  менторство за млади девојки и благодарение на оваа програма, 62% од учесничките  изјавиле дека се запишале на СТЕМ студии) и Обучувањата за BIM технологија (120  ученички од различни средни технички училишта учеле да дизајнираат 3D модели).  Исто така, биле воведени и некои наставни реформи, односно воведување на програми  само за девојки, како на пример програмата „ STEM it like a girl“ која помеѓу 2020 и  2023 година придонела за пораст од 12% на запишувањето на жени на техничките науки (Macedonia2025, 2023).

11 

Антоанета Јорданова – Жените во СТЕМ и издавачкиот јаз: Борба за еднаква застапеност 

3. ЗАКЛУЧОК 

Иако учеството на жените во СТЕМ дисциплините бележи континуиран пораст, нивното  присуство и влијание на водечки академски и истражувачки позиции останува ограничено  поради длабоко вкоренети структурни и културни бариери. Системската пристрасност,  недостигот на менторство, ограничените можности за професионално вмрежување и  доминантните стереотипи не само што ја намалуваат видливоста на жените во академското  издаваштво, туку и го ограничуваат нивниот целосен научен потенцијал. Искуствата од  Македонија дополнително потврдуваат дека социјалните норми и дискриминаторските  практики имаат значајно влијание врз ниската застапеност на жените во СТЕМ, и покрај  нивните високи образовни достигнувања. Напредокот е видлив преку иницијативите за  поддршка, менторство и институционални промени, но вистинската родова еднаквост ќе  биде возможна само преку долгорочна, системска и инклузивна трансформација на  академската и професионалната средина, која ќе обезбеди еднакви можности и признавање  за сите.

12 

Антоанета Јорданова – Жените во СТЕМ и издавачкиот јаз: Борба за еднаква застапеност 

4. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА 

1. “Gender disparity in scientific publishing: What can we do?” – ЈЕМ (2020) 2. “The gender gap in science: status and trends” – UNESCO (2024) 

3. “Empowering Women in STEM: Addressing Challenges, Strategies, and Future  Directions” – Shalini Garg and P.K. Jain (2024) 

4. NIH Data Book: Data by Gender – National Institutes of Health (2020) 5. Women, Minorities, and Persons with Disabilities in Science and Engineering – National Science Foundation (2019) 

6. Global STEM Workforce 

7. “Closing the Racial and Gender Gap in Science” – Olivia Alvarez et al. (2019) 8. “The gender gap in science: How long until women are equally represented?” – Luke Holman et al. (2018) 

9. “Gender inequality in academia: Problems and solutions for women faculty in  STEM” – Bettina Casad et al. 

10. Gender equality and empowerment of women in science education – Dr. Abigail M.  Osuafor 

11. “Systematic comparison of gender inequality in scientific rankings across  disciplines” – Ana Maria Jaramillo, Mariana Macedo, Marcos Oliveira, Fariba  Karimi, Ronaldo Menezes (2025) 

12. Charlesworth TES, Banaji MR. Gender in Science, Technology, Engineering, and  Mathematics: Issues, Causes, Solutions. J Neurosci. 2019 Sep 11;39(37):7228- 7243. doi: 10.1523/JNEUROSCI.0475-18.2019. Epub 2019 Aug 1. PMID:  31371423; PMCID: PMC6759027. 

13. Increasing gender diversity in the STEM research workforce. – Greider, Carol &  Sheltzer, Jason & Cantalupo, Nancy & Copeland, Wilbert & Dasgupta, Nilanjana  & Hopkins, Nancy & Jansen, Jaclyn & Joshua-Tor, Leemor & McDowell, Gary &  Metcalf, Jessica & McLaughlin, BethAnn & Olivarius, Ann & O’Shea, Erin &  Raymond, Jennifer & Ruebain, David & Steitz, Joan & Stillman, Bruce & 

13 

Антоанета Јорданова – Жените во СТЕМ и издавачкиот јаз: Борба за еднаква застапеност 

Tilghman, Shirley & Valian, Virginia & Wong, Joyce. (2019). Science. 366. 692- 695. 10.1126/science.aaz0649. 

14. The Gender Gap in STEM: Still Gaping in 2023 

15. Annual report on the Federal Workforce in the US – Special Topic: Women in  STEM 

16. https://www.aiprm.com/women-in-stem-statistics/Comparative analysis of gender  disparity in academic positions based on U.S. region and STEM discipline – Danielle J Galvin, Susan C Anderson, Chelsi J Marolf, Nikole G Schneider, Andrea  L Liebl 

17. Women in academia: Why and where does the pipeline leak, and how can we fix  it? 

18. The Leaky Pipeline of Women in STEM – Lauren Jakobs 

19. What makes the pipeline leak? Women’s gender-based rejection sensitivity and  men’s hostile sexism as predictors of expectations of success for their own and the  respective other gender group – Karen Ollrogge, Malte Roswag, Bettina Hannover 

20. Leaky Pipelines or Broken Scaffolding? Supporting Women’s Leadership in STEM 21. Gender in Science, Technology, Engineering, and Mathematics: Issues, Causes,  Solutions – Tessa ES Charlesworth, Mahzarin R Banaji 

22. The level of the gender gap in academic publishing varies by country and region of  affiliation: A cross-sectional study of articles published in general medical journals  – Paul Sebo, Joëlle Schwarz 

23. Data-driven study finds gender inequality in academic publishing by Syracuse  University 

24. The Great Imbalance: Gender Inequality in Academic Publishing – Sara Fahim 25. Gender inequality and self-publication are common among academic editors by  Fengyuan Liu, Petter Holme, Matteo Chiesa, Bedoor AlShebli & Talal Rahwan 26. Gender differences in citation impact for 27 fields and six English-speaking  countries 1996–2014 by Mike Thelwall 

27. CyberMentor and CyberMentorPlus programsУНДП – The journey fo women in  STEM 

28. Macedonia2025 study

14