Автор Слободан Спасовски
Вовед
Моето истражување е базирано врз примена на вештачка интелегенција кај роботи и нивни способности, ставови и мислења на денешни научници за ВИ како и нивната историја. Долго време се интересирав за тоа што се можат да сторат роботите, какви се нивните способности, ги пратев нивните најнови постигнувања, како и нивните иноватори кои ме доведоа да ја одберам оваа тема и да го извршам следново истражување.
Вештачка интелигенција (ВИ) е интелигенција претставена од машини и софтвер и е гранка од компјутерската наука која развива машини и софтвер со интелигенција. Најголемите истражувања како и објавените трудови за ВИ истата ја дефинираат како проучување и дизајн на интелигентен агент, каде под интелигентен агент се подразбира систем способен за перцепирање на околината и превземање на активности кои му ги максимизираат шансите за успех.
Централниот проблем (или целта) на ВИ истражувањето е интеграција од резонирање, знаење, планирање, учење, комуникација, перцепција како и способност за движење и манипулирање со предмети. Општата интелигенција (или цврста интелигенција) се уште е долготрајна цел во оваа област. Тековно популарните пристапи вклучуваат статистички методи, компјутерска интелигенција и традиционален симбол ВИ (AI). Огромен е бројот на алатките користени во ВИ , вклучувајќи видови пребарувања, математичка оптимизација, логика, методи базирани на веројатност и економика, и многу други. Овој дел од комјутерската наука се заснова на ставот дека круцијалната карактеристика на луѓето, интелигенцијата – разумот на хомосапиенсот – може да биде прецизно обработена, до тој степен, да може да биде симулирана од страна на некоја машина.
Историја
ВИ како истражувачка област била основана на конференција во кампусот во Дартмунт Колеџ во лето 1956. Присутните, вклучувајќи ги и John McCarthy, Marvin Minsky, Allen Newell и Herbert Simon, станале лидери во истражувачката областа на ВИ за многу наредни декади. Тие и нивните студенти напишале програми, кои за повеќето луѓе, биле вистинско чудо: компјутерите решавале теоретски проблеми во алгебра, докажувајќи логички теореми, зборувајќи на англиски јазик. Основачите на ВИ биле вистински оптимисти за иднината на новоразвиената научна област: Herbert Simon предвидел дека машините во следните 20 години ќе бидат способни да ја извршат секоја работа за која е способен човекот додека пак, Marvin Minsky запишал дека со генерации проблемот на креирање на ‘вештачка интелигенција‘ во целост ќе биде решен. Но, во 1974 тие биле подложени на притисок од страна на Американскиот Конгрес со цел финансирање на попродуктивни проекти, и така двете влади Британската и Американската го прекинуваат финансирањето на истражувањата во областа на ВИ. Следните неколку години биле нарекувани „зима за ВИ“, период кога било тешко да се најде финасирање на проекти во делот на ВИ. Во раните 80-ти, истражувањата од ВИ биле ревитализирани преку комерцијалниот успех на експертски системи, форма на програм од ВИ која симулирала знаење и аналитички вештини на еден или повеќе експерти. До 1985 пазарот на ВИ достигнал преку билион долари.
Во исто време, Проектот на петта генерација јапонски компјутери ги инспирирал Американската и Британската влада да ги обноват фондовите за академските истражувања во истата област. Во секој случај, почетокот со колапс на Lisp Machine на пазарот во 1987, повторно ја фрла ВИ во период на дисрепутација, односно,во нова долготрајна зима за ВИ. Во 90-тите , раниот 21-ви век, ВИ го достигнува нејзиниот најголем успех, иако некако како зад сцената.
Примена на вештачка интелегенција
Вештачката интелигенција се користи во логиката, во генерирање на нова од постоечките информации во компјутер, медицинска дијагностика и многу други области од технолошката индустрија. Успехот главно се должи на неколку фактори: зголемување на сметачката моќ на компјутерите, поинтензивна нагласеност на решение на специфични подпроблеми, креирање на нови врски меѓу ВИ и други науки кои работат на слична проблематика, како и новата истрајност на истражувачите кон цврсти математички методи и строги пропишани стандарди.
На 11 мај 1997, Deep Blue станал прв компјутер, со вграден систем за играње шах, кој го победил светскиот шампион во шах, Garry Kasparov.
Во 2005, роботот Stanford ја освоил престижната награда DARPA Grand Challenge возејќи самостојно 131 миља низ непозната пустина.
Две години подоцна, тим од CMU ја освојува наградата за урбана средина DARPA Urban Challenge кога нивниот автомобил, управуван автоматски, поминал 55 миљи во урбана средина прилагодувајќи се на сообраќајниот метеж и почитувајќи ги сообраќајните знаци.
Во февруари 2011 во квиз шоуто Jeopardy во јавен дуел, системот за одговарање на прашања, Watson ги победил двајцата најголеми шампиони на ова шоу, Brad Rutter и Ken Jennings со значителна разлика гласови.
Kinect преку кој е овозможена 3D слика на тело во движење за потребите на Xbox 360, исто како и Siri на iPhone, користи алгоритми кои произлегле од долготрајни истражувања во делот на ВИ.
Роботиката како област е блиску поврзана со ВИ. Интелигенцијата им е потребна на роботите за да се справат со задачи како што се манипулирање со предмети и навигација, под-проблеми како локализирање (знае каде е, или открива каде се одредени нешта), мапирање (учи за нештата околу него, гради мапа за околината), план на движење (открива како да стигне до некаде), или планирање на маршута (одење од една до друга просторна точка, што може да вклучува и посуптилни движења – каде роботот се движи правејќи физички контакти со други предмети).
Роботот Софија
Софија е социјален хуманоиден робот развиен од Хонгконгската компанија Hanson Robotics. Софија беше активирана на 19 април 2015 година и го направи своето прво јавно излагање на Јужниот југозападен фестивал (SXSW) во средината на март 2016 година во Остин, Тексас, САД. Таа може да прикаже повеќе од 62 изрази на лицето.
Софија ја пратат медиуми низ целиот свет и има учествувано во многу интервјуа. Додека новинарите од целиот свет биле импресионирани од софистицираноста на многу од одговорите на Софија на нивните прашања, поголемиот дел од значајните изјави на Софија, експертите сметаат дека се некаде запишани.
Во октомври 2017 година, роботот Софија стана државјанин на Саудиска Арабија. Таа е првиот робот кој добил државјанство на која било земја. Во ноември 2017 година, Софија беше прогласена за прва иновативна шампионка на Програмата за развој на Обединетите нации и прв не-човек кој добил титула од Обединетите нации.
Роботот Ерика
Ерика ужива театарски и анимирани филмови, би сакала да ја посети југоисточна Азија и верува дека нејзиниот идеален партнер е човек со кого таа лесно може да разговара.
Меѓутоа, таа е помалку очекувана, на прашањето на нејзината возраст таа да одговори: “Тоа е малку грубо прашање … Претпочитам да не кажам”. Додека нејзиниот засрамен соговорник се свртува настрана и се бори да го врати разговорот на пријателска основа, Ерика ја врти главата и со нејзините очи го следи секој негов потег.
Сето тоа е доста вознемирувачко, но ако новата генерација на интелигентни роботи на Јапонија некогаш ќе ги предизвика луѓето како партнери за разговор, можеби тоа е онака како што треба да биде.
Ерика, која, како што излегува, има 23 години, е најнапредниот хуманоид кој излезе од заеднички напор меѓу универзитетите во Осака и Кјото, како и со Меѓународниот институт за телекомуникациски истражувања (АТР).
„Детето“ на Google
Истражувачите од Google Brain создале вештачка интелигенција (AI) наречена AutoM, AI која е способна да создава свои AIs. Неодамна, Google го откри својот најголем предизвик на AutoM и се разбира, создаде уште едно “дете”, АI што е засрамено од сите свои човечки колаборативни AIs. Истражувачите на Google рекоа дека “детето” АI и создавањето на AutoM (AI), има задача да препознае објекти – луѓе, автомобили, семафори, рачни торби, ранци, во видео во реално време. AutoML ќе ја процени работата на NASNet на задачата, потоа ќе ги користи информациите собрани од податоците за да го подобри своето “дете”, дури и да го повторува процесот “одново и одново”.
сл.5 „Детето“ на Google
Чат-GPT
Чат-GPT не е робот во физичка смисла на зборот (нема тело, сензори и не се движи), но тој е “робот” во смисла на интелигентна машина. Всушост тоа е „дигитален асистент“ – софтверска програма, односно вештачка интелигенција развиена од OpenAI. Служи како виртуелен асистент способен за разбирање и генерирање на текстуални одговори на јазик кој го говориме. Благодарение на неговата способност за разбирање на контекстот, може да води разговори кои се блиски до човечката комуникација. Може да одговара на прашања, пишува текстови, пишува есеи, преведува, да создава содржини и да асистира во различни задачи – анализира податоци.
Чат-GPT е трениран на големи количини текстуални податоци од интернет, што му овозможува да предвидува и генерира соодветни одговори. Кога корисникот внесува прашање или барање, моделот го анализира внесот и генерира одговор базиран на неговото претходно знаење и разбирање на јазикот. Кратко кажано работи како „брзо пребрување“. Наместо да бараме по пребарувачите за нештата кои ни се потребни ние на кратко користејќи ја оваа алатка можеме да добиеме побрз одговор, со помалку мака и барање со помалку потрошено време.
Еве неколку примени на дел од областите со чат-GPT:
Образование: Помага на ученици и студенти со објаснување на концепти, решавање на задачи и подготовка за испити.
Бизнис: Се користи за автоматизација на клиентска поддршка, креирање на содржини и анализа на податоци.
Креативно пишување: Асистира во пишување на статии, блогови, приказни и поезија.
Програмирање: Помага на програмери со објаснување на код, дебагирање и генерирање на скрипти.
Предности:
Ефикасност: Брзо обезбедува информации и решенија.
Достапност: Достапен 24/7 за различни задачи.
Флексибилност: Може да се прилагоди на различни потреби и индустрии.
Недостатоци:
Приватност: Постојат грижи за тоа како се користат податоците на корисниците.
Зависност: Научниците предупредуваат дека прекумерната употреба на алаткава може да доведе до зависност и намалување на критичкото размислување.
Достапност: По одредено време на користење на алаткава добиваме информација дека сме го исполниле дневниот лимит односно сме го „ преоптеретиле “.
Како што вештачката интелигенција станува сè поинтегрирана во секојдневниот живот и работата, важно е да се подготвиме за новите предизвици. Клучно е да се развиваат вештини кои не можат лесно да се автоматизираат, како што се креативноста, емоционалната интелигенција и способноста за решавање на комплексни проблеми.
Чат-GPT претставува моќна алатка која може значително да го олесни и подобри начинот на кој работиме и учиме. Сепак, важно е да се користи одговорно и свесно, имајќи ги предвид потенцијалните ризици и етичките импликации.
Мое лично мислење е дека сепак треба да пробаме самите да се справуваме со проблемите, не да научиме како да се справуваме само со нив туку да научиме и како да ги решаваме. Сепак подобро е самите да се обидеме, да побараме помош или совет од некој друг, па задната опција би била некоја алатка како што е ова. Се надевам дека уште можеме да останеме луѓе, да сме свесни се што може да се случи со вештачкава интелегенција и да се бориме за подобро утро и за да останеме ние тоа што сме.
Ставови на денешните научници и иноватори во врска со Вештачка интелегенција
“Потполниот развој на вештачката интелигенција може да го навести крајот на човечката раса” – Стивен Хокинг
„Имам увид во најновата вештачка интелигенција и мислам дека луѓето навистина треба да бидат загрижени за тоа. Постојано предупредувам, но додека луѓето не видат како роботите шетаат по улица и убиваат луѓе, не знаат како би реагирале бидејќи сето тоа им се чини нереално“ – Илон Маск
„Мислам дека можеме да изградиме вештачка интелигенција што ќе работи за нас и ќе ни помага. Некои луѓе се плашат од тоа дека вештачката интелигенција е огромна опасност, но мене ми се чини дека тоа е нереално и помалку веројатно од катастрофите како епидемии, насилство и слично.” – Марк Зукерберг
„Верувам во Вештачката, но не и во Интелигенцијата. Машините не се ниту блиску до интелигенцијата, затоа што тие едноставно не можат да се споредуваат со човечкиот мозок“ – Стив Вознијак
Заклучок
Вештачката интелигенција се смета за позитивен исчекор кон иднината, но воедно и закана. За едните претставува технолошка промена која ја намалува вработеноста но ќе револуционизира многу индустриски гранки, а тоа значи дека ќе можеме да се посветиме на други работи како што се иновациите, развојот и глобалните прашања. Од друга страна развојот на вештачката интелигенција ќе придонесе за голема невработеност – постои можност од загрозување на најразвиените земји во рамки на производство и индустрија. Технологијата и автоматизацијата ја зголемиле продуктивноста за 80%, а платите на работниците пораснале само за 10%. Нееднаквост, општествена подвоеност, намалена улога на човечкиот труд, па дури и екстремизам – војна помеѓу богатите и сиромашните се можни сценарија.
Моја претпоставка за брзиот развој на технологијата, посебно вештачката интелигенција, е дека може да остави негативен белег врз човештвото така што вештачката интелигенција би можела да стигне до степен да ја совлада човечката мисловна способност, што ќе значи фатална последица за човечкиот род.
Имајќи предвид дека се стремиме кон свет во кој сè ќе биде поврзано и во кој технологијата ќе одигра клучна улога, се повеќе и повеќе ќе биде сигурно дека ваквите глобални системи ќе бидат потешки за заштита, кои можат да бидат многу ранливи на злонамерни хакери и криминалци.
Зголемувањето на бројот на хакерски напади е се поизразен и овој тренд сигурно ќе продолжи и во иднина. Но, она од што најмногу се плашиме е моментот кога криминалците за нивните несакани дејства ќе почнат да користат вештачка интелигенција.
Сè на сè, проблемите кои доаѓаат со вештачката интелигенција се многубројни, а сега е вистинското време да се постават некои закони и правила во чии рамки вештачката интелигенција ќе мора да работи.
Ова истражување ми овозможи да се стекнам но и надополнам со нови знаења и искуства во оваа насока, направи да сум заинтересиран но и да продолжам со понатамошни истражувања. Сметам дека развојот на вештачката интелигенција лошо ќе влијае врз нашиот живот, како што би можело и целосно да ја загрози нашата безбедност како што на интернет така и во реалностa.
Верувале или не, сепак вештачка интелегенција е доста застапена во нашиот живот, секоја година се надоградува со нови нешта, пораспространета е, има и ќе има се поголема и поголема улога во понатамошниот живот.
Користена литература
- https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%92%D0%B5%D1%88%D1%82%D0%B0%D1%87%D0%BA%D0%B0_%D0%B8%D0%BD%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%B3%D0%B5%D0%BD%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0
- https://www.google.com/search?q=artificial+intelligence&rlz=1C1GGRV_enMK751MK751&source=lnms&tbm=isch&sa=X&ved=0ahUKEwj9rbvEhszZAhWCjiwKHc–CHIQ_AUICigB&biw=1024&bih=662
- https://www.techworm.net/2018/03/microsofts-co-founder-wants-teach-ai-common-sense.html
- https://www.techworm.net/2018/01/sophia-citizen-robot-training-walk-big-revolution-ai.html
- http://enauka.mk/veshtachkata-inteligentsija-denes-veke-pretstavuva-seriozna-zakana-za-choveshtvoto/
- https://inspireacademy.mk/ai-i-idninata-na-rabotata-kako-da-se-podgotvite-za-novite-predizvici/
- https://www.fakulteti.mk/news/09052023/chet-gpt-povekje-nema-da-gi-koristi-podatocite-na-klientite-shto-plakjaat
- https://tocka.com.mk/vesti/515771/naucnicite-predupreduvaat-na-zagrizuvacki-trend-bidete-vnimatelni-so-chat-gpt
- http://enauka.mk/robotot-erika-ke-stane-voditelka-na-vesti-vo-japonija/
- https://www.facebook.com/NowThisFuture/videos/1987140874660416/
- https://www.facebook.com/NowThisFuture/videos/1975032585871245/
- https://www.facebook.com/NowThisFuture/videos/1963736573667513/
- https://www.facebook.com/futurism/videos/928581050654428/
- https://www.facebook.com/NowThisFuture/videos/1681794555190214/
- https://en.wikipedia.org/wiki/Sophia_(robot)
- https://www.theguardian.com/technology/2015/dec/31/erica-the-most-beautiful-and-intelligent-android-ever-leads-japans-robot-revolution