Автор Мартин Бошков
1. Вовед
Во последните децении, има преголем напредок во технологијата кои го промени начинот на кој што живееме, работиме и учиме. Особено, вештачката интелигенција (AI) кои станува дел од секојдневните активности на нашиот живот како – препораки за алгоритми и препораки на социјални мрежи, одлуки во здравство, образование и финансии. Во исто време, родова еднаквост останува голем предизвик, особено во полето на STEM (Science, Technology, Engineering и Mathematics), каде што жените и понатаму се дискриминирани. Со овој труд го истражуваме пресекот помеѓу вештачката интелигенција и родовата еднаквост, со тоа како ние можеме да влијаеме позитивно или негативно на оваа тема. Ќе ѓи разгледаме темите и предизвиците, како и можностите што ние ги нудиме за намалување на родовата нееднаквост, особено во STEM. Со напредокот на технологијата, вештачката интелигенција станува клучна за општествениот развој. Но, ако не ги примениме принципите на инклузивност и разновидност, постои ризик да создадеме системи кои ќе ги покажи истите нееднаквости што ги забележуваме во општеството. На пример, една студија на MIT Media Lab покажа дека алгоритмите за препознавање на лице имаат значително повисока точност кај белите мажи отколку кај жените со темен тен. Овој наод укажува на длабока вградена пристрасност во самите алгоритми, што ја нагласува потребата од диверзитет и етичка одговорност во развојот на AI.
Овој вовед е само почеток на една поширока дискусија за одговорниот развој на технологија која ќе служи на сите подеднакво – без оглед на полот, етничката припадност или социјалниот статус.
2.Родова еднаквост во STEM и ИКТ: Состојба и предизвици Родовата еднаквост во STEM сè уште е далеку од реалноста. Иако има напредок во некои земји, според податоци на UNESCO, помалку од 30% од научниците и инженерите на глобално ниво се жени. Во ИКТ, тој број е уште помал. Причините за оваа разлика се :
– Социјални стереотипи и очекувања
– Недостаток на женски модели за идентификација
– Политики кои не обезбедуваат еднаков пристап и можности
Дополнително, работната средина во многу технолошки компании не е секогаш инклузивна, што води до поголема шанса на откажување од кариера во STEM кај жените.
Истражувањата покажуваат дека постои дискриминаторен систем во процесот на вработување, каде истото резиме е поразлично го оценуваат во зависност од тоа дали има женско или машко име. Исто така, многу жени се соочуваат со недостаток на поддршка и можности за унапредување во кариерата.
Потребно е да се вложат повеќе напори во креирање на образовни политики каде што гсе мотивираат жените да се занимаваат со STEM од рана возраст. Програмите за менторство и стипендии се само дел од алатките кои можат да помогнат во зголемување на женското учество во овие области.Покрај тоа, важно е да се охрабрат образовните институции да интегрираат родова перспектива во наставата и наставните материјали. На пример, спомнување и изучување на придонесите на жени научнички низ историјата може да ја зголеми самодовербата кај ученичките. Исто така, потребно е да се организираат јавни кампањи, и натпревари специјално наменети за млади девојки, кои би им овозможиле по лесен начин да се превземат со технологијата и практична примена на знаењето. Покрај образование, потребно е и подигнување на свеста кај родителите и заедницата за важноста на поддршката на девојчињата во изборот на технички и научни насоки.
3.Вештачката интелигенција и родовите пристрасности Еден од по битните аспекти на ВИ е тоа што алгоритмите се градат врз основа на податоци – на пример, ако се базирани на историја каде мажите доминирале во одредени професии – алгоритмите ќе ги реплицираат или дури може да сезасилат тие нееднаквости.
Примери:
– ВИ системи за регрутирање кои преферираат мажи бидејќи се тренирани на историјат каде повеќе мажи биле вработувани
– Гласовни асистенти кои автоматски користат женски гласови и на тој начин репродуцираат родови стереотипи
– Системи за кредитен скоринг кои можат да дискриминираат жени поради разлики во претходно финансиско однесување
Оваа може да има сериозни последици врз животот на луѓето. На пример, ако ВИ се користи за одлучување за прифаќање на апликации за работа, за кредити или за образовни можности, жените можат да бидат систематски оневозможени. Потребна е транспарентност во алгоритмите, одговорност на развивачите и активна проценка на влијанието на ВИ системите врз различни демографски групи. Во спротивно, ВИ ќе биде алатка за продолжување, а не решавање на дискриминацијата. Дополнително, многу од овие системи се создаваат без доволно тестирање на различни групи луѓе. Тоа значи дека во старт се прескокнуваат перспективи кои се важни, особено кога станува збор за жените. Исто така, не треба да се заборави дека и корисниците имаат одговорност – ако не знаеме како функционираат овие технологии, тешко ќе препознаеме кога се прават предрасуди. Образованието за етичка употреба на ВИ треба да биде дел и од формалното образование. Битно е и да се охрабрат повеќе жени да учествуваат во развојот на ваквите системи, за да има подобар баланс и разбирање на сите страни. Колку повеќе различни гласови учествуваат во креирањето на технологија, толку помалку шанси има таа технологија да биде нефер.
4.Позитивни примери: Жени во ВИ и STEM
И покрај предизвиците, постојат многу инспиративни примери на жени кои придонесуваат во развојот на ВИ:
– Timnit Gebru – истражувачка во етичка вештачка интелигенција – Fei-Fei Li – пионерка и иновативец во областа на компјутерски науки и основачка на AI4ALL
– Организации како Women in AI, AI Now Institute и Black in AI – кои работат на инклузивност и родова застапеност
Постојат и бројни иницијативи за промоција на жените во STEM, како Girls Who Code, Technovation Challenge, и Women Techmakers. Тие создаваат платформи каде девојките можат да научат нови вештини, да се поврзат со ментори и да добијат поддршка за нивните иновации.
Институционалната поддршка, стипендии, јавни признанија и лидерски позиции во компании и академија се клучни за долгорочен напредок.Со зголемување на видливоста на жените во AI и STEM, се менуваат и општествените перцепции за тоа кој може да биде успешен во овие области. Затоа е важно ваквите иницијативи да се поддржуваат, но и да се надградуваат со локални програми и политики што се прилагодени на контекстот на секоја земја. Освен овие иницијативи, мислам дека многу важна улога имаат и медиумите, бидејќи тие можат да влијаат на тоа како се гледаат жените во технологијата. Ако повеќе зборуваме и пишуваме за успешни жени во овие области, тоа ќе ги мотивира и другите девојки да се охрабрат. Исто така, и училиштата и факултетите треба да бидат место каде што секој ќе се чувствува прифатен, без разлика на пол. Наставниците треба да ги охрабруваат сите ученици подеднакво, а не само тие што традиционално се гледаат како „за техника“. Ако жените имаат поддршка уште од мали, ќе се чувствуваат посигурно да продолжат во STEM. Со тоа ќе имаме поразновидни тимови кои ќе прават подобри и поправедни технологии. Сепак, за вакви промени треба време и вистинска желба да се смени системот.
5.Политики, образование и инклузија
За да се надминат родовите разлики, потребен е системски пристап: – Едукација: Програми за охрабрување на девојчиња од млада возраст да влезат во STEM области
– Институционални политики: Закони и регулативи кои бараат транспарентност и етичко користење на ВИ
– Менторство и поддршка: Поврзување на девојки со жени-менторки и платформи за поддршка
Образованието мора да биде инклузивно и да ги адресира културните бариери и родовите стереотипи. Обуките за наставници и родители, како и јавни кампањи, можат да придонесат кон промена на перспектива за тоа што е „соодветна“ професија за жените.
Компаниите, исто така, треба да спроведат програми за разновидност, да го следат родовиот баланс во тимовите и да обезбедат фер практики на вработување и напредување.Освен политиките и образованието, работната средина има огромно значење за родовата еднаквост. Ако жените не се чувствуваат прифатени, почитувани и безбедни на своето работно место, тие почесто се соочуваат со стрес, дискриминација или несигурност, што може да доведе до напуштање на кариерата во STEM области. Затоа е важно компаниите да создадат култура на инклузивност, каде што сите вработени, без разлика на полот, имаат еднакви можности за изразување и напредување. Важно е овие промени да бидат долгорочни и постојани, бидејќи не може да се смени културата преку ноќ. Само со координирани напори од сите страни – образование, институции, компании и општество – може да се создаде навистина еднаков и инклузивен простор за жените во STEM и AI. На крајот, тоа не е само прашање на правда, туку и на квалитет – различноста во тимовите носи поиновативни решенија и подобри резултати за сите нас.
6.Предлози и препораки
За да се постигне поголема родова еднаквост во сферата на вештачката интелигенција и STEM, потребно е да се преземат конкретни чекори на повеќе нивоа. Еве неколку предлози што мислам дека ќе помогнат:
• Да сеи нтегрира родова анализа во развојот на ВИ системи – При дизајнирање на нови алгоритми и модели, треба да се вклучи проверка дали постои родова дискриминација и како може да се елиминира.
2. Поддршка за истражувања кои ги откриваат дисцкиминацијата на алгоритмите – Истражувачите треба да добијат ресурси и поддршка за да откриваат како и зошто некои алгоритми се неправедни кон одредени групи, особено жени.
3. Јавно финансирање на инклузивни AI и STEM програми – Владите и институциите можат да обезбедат финансиска поддршка за програми што ги вклучуваат женските заедници во технологија и наука.
4. Поголема видливост на женски улоги во технолошкиот сектор – Преку медиуми, конференции и образовни материјали треба да се истакнуваат успешни жени од ова поле како инспирација за идните генерации.
5. Образовни програми насочени кон девојчиња и жени во сите возрасни групи – Важно е пристапот до технологија и вештини да не биде ограничен само на младите, туку и постарите жени да добијат шанса да учат и да се развиваат.
6. Воведување правила за одговорно користење на вештачка интелигенција – Потребно е да постојат закони што ќе обезбедат ВИ системите да се користат на етички начин, без дискриминација.
7. Поддршка за технолошки иницијативи кои помагаат во решавање на проблеми со родова еднаквост, како насилство, образование и здравство.
Овие чекори можат да помогнат да изградиме пофер и поинклузивно општество, каде што секој има еднаква можност за успех.
7.Историски преглед на жените во технологијата
Иако денес технологијата често се поврзува со машки професии, жените имаат значајна улога уште од самиот почеток на технолошкиот развој. Една од првите жени што се смета за програмер е Ada Lovelace, ќерка на поетот Лорд Бајрон. Во 1843 година, таа напишала белешки за аналитичката машина на Charles Babbage и во нив опишала како може да се програмира. Нејзината работа се смета за прва компјутерска програма во историјата, додека тогаш такви машини сè уште не постоеле.
Друг пример е Grace Hopper, компјутерска научничка и офицерка во американската морнарица(Navy Seals). Таа учествувала во развојот на еден од првите компјутерски јазици – COBOL, и со тоа овозможила полесно програмирање за луѓето. Позната е и по тоа што го употребила зборот „debugging“, откако пронашла инсект во компјутерот кој предизвикал проблеми.
Во 1960-тите и 1970-тите години, многу жени работеле како програмери, математичари и инженери. На пример, во NASA, жените како Catherine Johnson, Dorothy Von и Mary Jackson биле клучна улога во мисиите на САД за испраќање луѓе во вселената. Поради нивните пресметки и нивен труд било возможно да слетат на месечината безбедно.
Сепак, покрај овие големи придонеси, историјата често ги игнорирала жените. Нивните имиња не биле спомнувани, а заслугите честопати им се прeпишувале на мажите. Денес сe повеќе се зборува за овие жени и нивната важна улога. Жените и понатаму се борат за еднаква застапеност и признание во технолошките области.
Историјата ни покажува дека жените секогаш биле способни и креативни, и кога ќе им се даде можност, тие можат да донесат огромен придонес. Затоа е важно да се раскажуваат овие приказни и да се истакнува нивната вредност – не само како потсетување за минатото, туку и како мотивација за иднината. Инспиративните приказни на овие жени можат да охрабрат нови генерации девојчиња да влезат во STEM и да веруваат дека и тие можат да бидат лидери во технологијата.
8.Улогата на медиумите и јавниот дискурс
Медиумите имаат голема моќ да влијаат на тоа како ние ја гледаме реалноста и што мислиме за светот околу нас. Преку телевизија, радио, весници, портали и социјални мрежи, секој ден слушаме и гледаме информации за случувањата во светот, но и за вредностите што се важни. Затоа, начинот на кој медиумите
зборуваат за жените, вештачката интелигенција и технологијата има големо влијание врз родовата еднаквост.
Често пати медиумите прикажуваат стереотипи – на пример, мажите ги гледаме како научници, инженери или техничари, додека жените најчесто ги прикажуваат како негувателки, учителки или модели. Ова создава лажна слика, особено кај девојчињата, дека тие не се дел од STEM областа.
Јас лично имав една пријателка што се двоумеше дали да се запише на компјутерски науки или нешто порвзано со медицина, затоа што мислеше дека тоа е „машка“ професија. Ваквите мисли влијаат на самодовербата и изборите што ги правиме.Исто така, медиумите влијаат и на тоа како ги прикажуваат жените кои веќе работат во технологијата. Ако се зборува само за нивниот изглед, а не и за нивните постигнувања, тоа испраќа порака дека нивниот труд не е доволно важен.
Позитивните приказни за успешни жени во STEM се многу важни за да ги мотивираат идните генерации. Затоа мислам дека медиумите треба да ги прикажуваат жените во технологијата на правилен и фер начин и да ја поддржуваат родовата еднаквост.Обштеството исто така игра голема улога во тоа како се зборува за овие теми. Кога се занемаруваат проблемите со дискриминација или кога се вели дека „жените не се заинтересирани за наука“, тоа само ги зацврстува постојните предрасуди.
Потребно е да се создаде простор каде жените ќе можат да ги споделат своите искуства и гласови, и каде што еднаквоста ќе се промовира.Медиумите и јавниот дискурс можат да бидат силни алатки за промена. Кога се користат правилно, тие помагаат да се зголеми свеста, да се образуваат луѓето и да се мотивираат да се создаде пофер општество. Затоа е важно сите ние да бидеме критички кон тоа што го гледаме и слушаме, и да се залагаме за подобра, поинклузивна медиумска култура.
Верувам дека промените почнуваат од нас .Од начинот на кој зборуваме, од начинот како ги подржуваме и мотивираме. Секој може да помогне да создадеме средина каде што нема стереотипи и дискриминација, и каде што сите се чувствуваат прифатени.За да успееме, треба да работиме заедно – училишта, компании и медиуми – за да направиме простор каде што секој има еднакви шанси. Само така можеме да ги искористиме сите можности што ги нуди вештачката интелигенција и STEM за подобро и пофер општество.
9. Иднината за жените во STEM и вештачката интелигенција Иднината за жените во STEM и вештачката интелигенција изгледа добра. Сè повеќе девојки и жени учат за компјутери, роботи и наука. Тие можат да работат на паметни машини и да прават нови работи.
Потребно е да ги охрабриме девојките да не се плашат и да се обидуваат во овие области. Понекогаш е тешко затоа што има стари идеи дека момчињата се подобри за овие работи, но тоа не е вистина.
Ако повеќе жени се вклучат, технологијата ќе биде поинаква и подобра за сите. Иднината може да биде светла ако сите работиме заедно и им даваме шанса на жените.
10. Зошто е важно повеќе жени да работат во технологијата? Повеќе жени треба да работат во технологијата затоа што така ќе има повеќе идеи и различни гледишта. Кога има повеќе жени, може да се направат подобри и поправедни технологии.
Жените носат свои искуства и можат да помогнат да се решат проблеми што можеби не ги гледаат само мажи. Ако само мажи создаваат технологии, може да се направат системи што не работат добро за сите.
Затоа е важно да ги поддржуваме жените да учат и работат во STEM области, за да имаме подобар и поинклузивен свет.
11. Како технологијата може да им помогне на жените? Технологијата може да им помогне на жените да учат нови работи, да работат од дома и да се поврзат со други луѓе. На пример, интернетот и мобилните телефони им даваат можност да следат онлајн курсеви и да добијат знаење без да одат на училиште.
Вештачката интелигенција може да создаде алатки што ќе им помагаат на жените во работата и во секојдневниот живот. Но, треба да внимаваме технологијата да биде направена така што ќе ги почитува и правата на сите, без разлика на полот.
12. Како технологијата може да помогне жените во STEM Технологијата, особено вештачката интелигенција, може многу да помогне жените кои работат или сакаат да работат во STEM областите. На пример, со помош на AI, може да се создадат алатки кои ќе им помагаат на жените да учат побрзо и полесно, или да добиваат повеќе информации и поддршка за нивната кариера.
Покрај тоа, технологијата може да помогне да се откријат и отстранат предрасудите во работното место. На пример, алгоритми кои не дискриминираат по пол, или системи кои ќе ги препознаваат талентите без оглед на полот.
Сепак, за да се случи ова, важно е жените да имаат пристап до технологии и обука, и да бидат дел од развојот на овие системи. Ако само мажите го создаваат ова, ризикуваме технологијата да ги повторува старите грешки.
Затоа, технологијата не само што може да им помогне на жените, туку и тие самите треба да бидат дел од технологијата за да можеме да имаме подобар и поправеден свет.
13.Заклучок
Во оваа семинарска работа разгледавме како вештачката интелигенција и родовата еднаквост се поврзани и зошто е важно да обрнеме внимание на оваа тема. Видoвме дека и покрај напредокот, жените сeуште се соочуваат со многу пречки во STEM и AI, како што се стереотипите и пристрасностите во алгоритмите. Исто така, научивме дека има многу позитивни примери на жени кои прават големи достигнувања и дека е важно да се поддржуваат ваквите иницијативи.
Потребно е да се вложат повеќе напори во образованието и создавањето на фер и инклузивна работна средина. Само така можеме да го намалиме јазот помеѓу половите и да изградиме технологија која ќе им служи на сите, без разлика на полот. На крај, ако сакаме ВИ да биде корисна и праведна, мора да работиме заедно за да ги отстраниме нееднаквостите и да обезбедиме еднакви шанси за сите.
Библиографија
1. UNESCO Institute for Statistics. (2019). Women in Science.
2. West, S. M., Whittaker, M., & Crawford, K. (2019). Discriminating Systems: Gender, Race and Power in AI. AI Now Institute.
3. Buolamwini, J., & Gebru, T. (2018). Gender Shades: Intersectional Accuracy Disparities in Commercial Gender Classification. Proceedings of Machine Learning Research, 81, 1–15.
4. Li, F.-F. (2020). The Role of Diversity in AI. AI4ALL. https://ai-4-all.org
5. Girls Who Code. (2023). Closing the Gender Gap in Tech.
6. European Institute for Gender Equality (EIGE). (2021). Gender Equality and ICT. https://eige.europa.eu
7. Technovation. (2022). Empowering Girls to Become Tech Leaders. https://technovationchallenge.org
8. Noble, S. U. (2018). Algorithms of Oppression: How Search Engines Reinforce Racism. New York University Press.
9. Ada Lovelace Foundation. (2020). Ada Lovelace: The First Computer Programmer. https://adalovelace.org
10.O’Neil, C. (2016). Weapons of Math Destruction: How Big Data Increases Inequality and Threatens Democracy. Crown Publishing Group.
11.Women in AI. (2023). Promoting Inclusive AI Development.