Да се потсетиме на почетоците. Проектот „Идентификација (Mапирање) на потенцијалите во општествените и хуманистичките науки во Република Македонија за организирана научна работа во областа на когнитивната наука.“ Indentification (Мapping) of the potential of the social sciences and humanities for an organized scientific work in the field of Cognitive science in the Republic of Macedonia, беше почетокот на развојот на врските на родовте студии и вештачката интелигенција. Сите заслуги за прерано заминатиот проф. д-р Владимир Давчев, кој беше визионер во областа на општествените науки и хуманистиката.
Дисертацијата на д-р Боби Бадаревски од Институтот за родови со наслов „Компјутационализмот и феминистичко-родовата теорија на умот“, претставува пионерски обид за поврзаување на компјутационализмот во филозофијата на умот, инспириран од теоријата на вештачката интелигенција и родовите и феминистичките студии.
Како резултат на овие активности беше формиран ИНТЕРДИСЦИПЛИНАРЕН ЦЕНТАР ЗА КОГНИТИВНА НАУКА (ИЦКН) INTERDISCIPLINARY CENTER FOR COGNITIVE SCIENCE (ICCS). Иницијативата за формирање на Центарот беше поднесена од страна на проф. д-р Боби Бадаревски и проф.д-р. Владимир Давчев. Иницијативата е резултат на истражувачкиот проект – КОГНИТИВНА НАУКА ВО МАКЕДОНИЈА
ИСТРАЖУВАЊЕ НА МОЖНОСТИ на Институтот за родови студии, ФЗФ, во кој учествува проф. д-р. Владимир Давчев – Институт за родови студии, д-р. Боби Бадаревски – Институт за родови студии, д-р. Елена Ачковска Лешковска – Институт за психологија, Филозофски факултет, Скопје, д-р. Ана Димишковска, Институт за филозофија, Филозофски факултет, Скопје
Мисија на Центарот е да ја промовира и унапреди развојот на когнитивната наука во Македонија и во тој контекст да ја поттикне соработката меѓу истражувачите од областа на хуманистиката, општествените, природните и техничко-технолошките науки.
Главна цел на Центарот е: Да ја промовира Когнитивната наука како водечко интередисциплинарно поле на научно истражување и да ја доближи Когнитивната наука со хманистиката и социјално-бихејвиоралните науки во Р. Македонија преку развој на интередисциплинарна организирана научна работа.