Лепа Симоновска -ФИНКИ
Вовед
Што тоа претставува родова еднаквост?. Сите ние имаме човечки права, право на глас, право на избор, право на слобода. Може да се каже дека на еден начин и родовата еднаквост претставува човечко право. Родовата еднаквост е многу битна со цел да се направи некаков баланс и мир во светот. Тоа значи дека машката популација и женската популација треба да имаат еднакви права и можности.
Иако во последните години родовата еднаквост се подобруваа таа и понаката претставува голем предизвик. Постојат жени кои не можат да си ги задоволат своите права. Околу 35% од жените најчесто се таргет за сексуално и физичко насилство што им го нарушува правото на слобода и мир.
Покрај тоа, девојчињата и жените често не добиваат поддршка кога избираат да го надоградат своето знаење во областа на STEM (наука, технологија, инженерство и математика).
Културните норми често ги принудуваат девојчињата да стапуваат во брак на млада возраст, што доведува до тоа да мораат да го напуштат образованието.
Не секогаш се само жени жртви, има фамилии кои немаат доволно средства за да опстанат, па наместо своите деца да ги испратат на училиште одлучуваат да ги испратат на работа со цел да може да опстанат. При што може да се случи да момчињата да мора да работат тешки и доста ризични работи уште од мали години.
Постојат организации кои се борат за родова еднаквост и им помагаат на жените да ги добијат своите права. Овие организации се залагаат за еднакви права и пристап до образование и работни услови за сите, без оглед на полот.
Постојат и жени и девојчиња кои покрај се успеваат да ги надминат сите стереотипи и предрасудите и да започнат со свои кариери во компјутерскоте науки.
Родова еднаквост во компјутерските науки
Порано, жените покажувале исто толку интерес за компјутерските науки како и мажите. Сепак, се соочувале со значајна пречка: поискусните машки програмери не сакале да соработуваат со програмери кои имале помалку вештини во кодирањето, што често ги вклучувало жените. Овој проблем се влошил кога пазарот почнал да бара повеќе програмери.
Ова довело до тоа да огласите кои се пишуваат за барање на програмери да бидат напишани на начин кои се бараат вештини кој најчесто мажите ги поседуваат. Па така да кажеме поради некои стереотипи можно е девојчињата да не се чувствуваат како да припаѓаат во таа област.
Може да кажеме дека овие стереотипи кои им го менуваат мислењето на девојчињата да не продолжат со учење на компјутерските науки и софтверското инженерство, се наметнуваат од страна на повозрасните луѓе околу нив и медиумите. Ретко може да се види на телевизија доколку има некоја емисија за програмирање и претставување на програмери, жена која што е програмер. Што на еден начин им предизвикува на девојчињата да се двоумат за нивната успешност во ова поле.
Сите ние имаме слушнато од постари лица дека има професии кои се наменети само за мажи и професии кои се наменети за жени. Најчесто сите професии кои се поврзани со некакви науки, лидерски позиции се верува дека се посоодветни за мажи. Додека пак професии каде што има повеќе комуникација, се смета дека се посоодветни за жени. Што пак ќе кажам уште од мали години околината ни прави да имаме некои ограничувања за што би можеле да работиме кога ќе пораснеме а што не.
Самото тоа што било непознато која е причината за тоа да девојчињата имаат помал интерес од машките, довело до тоа да се разгледа и истражи што е тоа што им смета на девојчињата да се одлучат да нивната кариера биде поврзана со компјутерските науки или софтверското инженерство. Според нивните истражувања девојчињата сметаат дека можат да се видат себе и да имаат подобра кариера во некоја друга област, и дека причината за недостаток на девојчиња не заради тоа што се чувствуваат несигурни во себе дека ќе успеат.
Постојат жени кои успеваат да ги надминат предрасудите и прават промени во поле на компјутерските науки. Овие жени заслужуваат посебно внимание поради нивниот огромен придонес, можеме да спомнеме неколку.
Radia Perlman е една од тие жени кои донеле голем придонес во компјутерските науки. Таа е позната по развивањето на нови протоколи и го усовршила начинот на кој мрежите комуницираат меѓусебно. Perlman е авторка на две книги и има предавано на Универзитетот во Вашингтон, каде што инспирира многу студенти да се занимаваат со компјутерски науки.
Annie Easley е уште една истакната жена во оваа област. Како составен дел од NASA, таа има напишано код кој подоцна бил користен во различни истражувања и довел до создавање на батерии за електрични возила. Easley има голема улога и во развојот на временските сателити и значително им помогнала на војските. На почетокот на својата кариера, била позната како „човек-компјутер“, што укажува на нејзината способност да извршува сложени пресметки. Независно од нејзината раса, боја на кожата и пол, таа успеала да ги надмине сите предрасуди и да направи значајни промени во областа на компјутерските науки.
Родова еднаквост во софтверското инженерство
Во софтверското инженерство исто така е мал процентот на жени кои работат. Студиите покажуваат дека само околу 10% од вработените во софтверското инженерство се жени. Постојат повеќе причини кои би можеле да доведат до тоа да што помалку жени работат како софтверски инженери. Има жени кои завршуваат со студии на поле на софтверско инженерство, но мал број продолжуваат да го работат тоа. Ова се случува поради тоа што не се сигурни во себе да продоложат во оваа насока. Односно сметаат дека оваа насока е повеќе ориентирана спрема машкиот пол. Самото тоа што оваа професија има повеќе машки членови, повеќето жени кои работат на ова поле се наоѓаат во околини во кои мажите е се подоминантни. Што доведува до тоа да бидат малтретирани поради нивниот пол и изглед.
Фактот дека оваа професија е доминирана од мажи создава работни средини каде што жените се малтретирани поради нивниот пол и изглед. Оваа машка доминација ги потиснува жените, спречувајќи ги да се истакнат и да бидат промовирани. Исто така, тие често не се вклучени во процесот на донесување одлуки, што може негативно да влијае на нив и да ги натера да помислат дека оваа кариера не е за нив.
Интересно е дека порано ситуацијата била поинаква. Во раните години на компјутерските науки, жените биле доминантни.
Некој од попознатите жени кои може да ги одвоиме се:
Adda Loverance – се смета за една од првите програмери, Таа е позната по пишувањето на првиот алгоритам дизајниран за извршување од страна на машина, кој помогнал во пресметувањето на Бернулиевите броеви.
Grace Hoopper – позната е по тоа што е основач на „програмскиот преведувач“. Таа сметала дека кодовите можат да бидат напишани на англиски јазик и подоцна со помош на „програмскиот преведувач“ преведени на јазик разбирлив за компјутерите. Покрај тоа таа има доста успешна кариера во поле на информатиката.
Жените биле заинтересирани за софтверското инженерство, се додека не започнале неправдите спрема нив. Една од главните причини за намалениот интерес на жените за оваа професија е разликата во платите. Се смета дека жените изгубиле интерес кога нивните плати почнале значително да се разликуваат од платите на машките колеги. Според податоците од 1969 година, жените за извршување на иста работа заработувале дури 5000 долари помалку од мажите.
На страницата „Society of Engineers“, во статијата „Earnings Gap“[14], наидов на интересна слика која ја прикачив погоре. Сликата покажува статистика за разликата во платите помеѓу мажите и жените во различни области. Можеме да забележиме дека сè уште постојат разлики во платите помеѓу мажите и жените, иако тие ја извршуваат истата професија.
Некои од причините за оваа разлика во платите се поврзани со сигурноста и способността. Жените често се за понесигурни во себе кога станува збор за пишување на кодови. Оваа несигурност се одразува и на нивната самопроценка на способностите и подготвеноста да ги прифатат предизвиците. Од друга страна, мажите се перципирани како посигурни и спремни да се соочат со тешки задачи.
Овие перцепции влијаат на начинот на кој работодавците ги оценуваат и наградуваат своите вработени. Жените често добиваат помали плати и помалку можности за напредување, дури и кога имаат исто ниво на вештини и искуство како нивните машки колеги. Оваа дискриминација не само што ги демотивира жените, туку и создава бариери кои ги предомислуваат од кариера во софтверското инженерство.
Според други статистики[16] можеме да го видиме процентот на жени и процентот на мажи кои работат во софтверското инженерство. Отприлика 75 % од вработените се од машкиот пол додека пак има вработени жени околу 25%.
И на следната статистика која е превземена од статија на Zippia[16] има интересен факт кој што е напишан а тоа е дека за секој еден долар кој што би го заработил вработен од машкиот пол. За истата работа вработен од женскиот пол доибива 93 центи, Што на крај во вкупната сума на платата вработен од машкиот пол зема околу 6000 долари повеќе.
Како можеме да се справиме со родовата нееднаквост во софтверското инженерство
Ако сакаме да ја намалиме родовата нееднаквост во софтверското инженерство, треба да започнеме со промени уште од самите почетоци. Потребно е да го измениме начинот на предавање, со цел да ги охрабриме девојчињата дека оваа професија е токму за нив. Преку соодветен пристап, треба да им дадеме самодоверба и увереност дека можат да направат големи промени и да изградат успешна кариера во ова поле.
Постојат жени кои се успешни во софтверското инженерство, иако се во помал број, тие треба да бидат инспирација за останатите. Успешните жени во оваа област можат да играат клучна улога во охрабрувањето и поддршката на младите девојчиња и жени, покажувајќи им дека и тие можат да бидат исто толку успешни.
Дополнително, процесот на вработување треба целосно да се промени. Фокусот треба да биде на техничките способности и знаењето на кандидатите, а не на нивната историја или пол. Иако не намерно, полот често игра улога во донесувањето на одлуките за вработување, што треба да се избегне.
Исто така, начинот на кој се пишуваат огласите за работа треба да се промени. Жените често не се чувствуваат доволно сигурни да се пријават на огласи доколку не ги исполнуваат сите наведени барања. Затоа, огласите треба да бидат формулирани така што ќе поттикнуваат поголема самодоверба и ќе охрабруваат повеќе жени да аплицираат, дури и ако не ги исполнуваат сите критериуми 100%.
Со овие промени, можеме да создадеме праведна средина во софтверското инженерство, каде што сите, без оглед на полот, ќе имаат еднакви можности за успех.
Заклучок
Родовата еднаквост во софтверското инженерство е од суштинско значење за создавање на иновативни технолошки решенија кои ги рефлектираат потребите на различните корисници. И покрај значителниот напредок постигнат во последните години, индустријата се соочува со предизвици во однос на родовата балансираност и еднаквите можности за жените. Жените сè уште се недоволно застапени во технолошките компании, особено на лидерските позиции и во развојните тимови, што укажува на потребата од системски промени.
Едно од клучните решенија е вложувањето во образование и обука на девојките и жените во областа на STEM (наука, технологија, инженерство и математика). Поддршката и охрабрувањето од рана возраст можат да ги инспирираат младите жени да изберат кариера во софтверското инженерство.
Компаниите исто така треба да ги преиспитаат своите практики за вработување и напредување.Создавањето на работна култура која го почитува и вреднува различното мислење и искуство е од клучно значење.
- https://www.unicef.org/gender-equality
- https://www.unicef.org/protection/female-genital-mutilation
- https://www.unicef.org/education/girls-education
- https://www.un.org/sg/en/content/sg/speeches/2020-02-27/remarks-new-school-women-and-power
- https://www.weforum.org/agenda/2016/11/gender-equality-good-business-us-election/
- https://uh.edu/news-events/stories/05082023-coding-gender-stereotype.php
- https://www.openaccessgovernment.org/gender-inequality-computer-science-early-elementary-school-years/159177/
- https://today.ttu.edu/posts/2021/09/Stories/why-is-computer-science-unpopular-among-women
- https://www.computerscience.org/resources/most-influential-women-computer-science/
- https://en.wikipedia.org/wiki/Radia_Perlman
- https://jetrockets.com/blog/women-in-tech-why-are-only-10-of-software-developers-female
- https://en.wikipedia.org/wiki/Ada_Lovelace
- https://en.wikipedia.org/wiki/Grace_Hopper
- https://swe.org/research/2023/earning-gap/
- https://whoisnnamdi.com/age-race-gender-software-engineering-pay/
- https://www.zippia.com/software-engineer-jobs/demographics/
- https://capgemini.github.io/culture/software-engineering-gender-gap/
- https://www.forbes.com/sites/forbestechcouncil/2023/03/14/creating-an-inclusive-workforce-closing-the-gender-gap-in-software-engineer-hiring/?sh=3eef89d64207
- https://www.egtechnology.co.uk/the-gender-gap-in-engineering-solving-problems-in-a-problem-solving-career/
- https://www.learning.com/blog/gender-parity-software-engineering/
- https://xam.com.au/how-can-we-close-the-software-engineering-gender-gap/