Менталните нарушувања претставуваат еден доста сериозен глобален проблем. Дијагностиката и третманот на овие нарушувања се клучни за подобрување на животот на пациентите, но традиционалните методи често не се доволни за прецизна проценка. Вештачката интелигенција (ВИ) овозможува нови можности за трансформирање на оваа област, овозможувајќи побрзо и поефикасно препознавање на симптомите и помагајќи во креирањето на персонализирани третмани. Со развојот на машинското учење, ВИ системите добиваат способност да анализираат големи количини податоци и да откриваат патерни кои се тешко достапни за традиционалните методи