Веќе неколку децении, IT и STEM (science, technology, engineering and mathematics)
играат клучна улога во развојот и обликувањето на современото општество. Сепак и
покрај нивниот брз напредок, овие области сè уште се соочуваат со разни
предизвици и предрасуди поврзани со родовата нееднаквост. Студиите покажуваат
дека конкретно компјутерските науки, инженерството и технолошките области
покажуваат најголема полова небалансираност, од моментални студенти, па се до
дипломирани и вработени. Жените сеуште се обесхрабрувани, соочувајќи се со
бариери, во започнување СТЕМ кариера.