,,Родовиот јаз во областа СТЕМ” 

Published by

on

Анастасија Пешевска 

Вовед 

Темата за родовата нерамноправност како во секојдневниот живот така и во науката,технологијата,инженерството и математиката станува сè поважна во многу  земји, вклучувајќи ја и нашата. И покрај позитивните промени во изминатите  години,можам да кажам дека жените се сè уште значително помалку присутни во СТЕМ(наука,технологија,инженерство,математика), како во образованието, така и  во професионалниот свет поврзан со овие дисциплини. 

Овој дисбаланс не се однесува само на бројот на жени и мажи кои работат во СТЕМ,  туку се поврзува и со пошироки општествени и економски импликации. Недоволната  застапеност на жените поттикнува стереотипи кои го ограничуваат потенцијалот на  општеството во целина. Доколку младите девојки немаат примери за жени кои се  успешни во СТЕМ, тие може да бидат помалку мотивирани да изберат кариера во  овие области. 

Намалениот број на жени во СТЕМ резултира не само со економски нееднаквости,  туку и со пропуштени шанси за иновации и напредок.Многу од истражувањата  покажуваат дека мешаните тимови, составени од мажи и жени, се поефикасни во  решавањето проблеми и развивањето нови технологии. Оттука, доколку жените не  учествуваат активно во СТЕМ, го ограничуваме напредокот и можностите за  создавање откритија кои можат да го обликуваат идниот свет,иднината. 

Оваа семинарска работа ја истражува родовата нееднаквост во СТЕМ, нејзините  последици и начините за намалување на оваа разлика преку иницијативи во  образованието и индустријата.

Содржина 

Причини за постоењето на родовиот јаз во СТЕМ 

Родовата нееднаквост во STEM (наука, технологија, инженерство и математика) е  резултат на бројни фактори кои влијаат врз образованието и професионалниот  развој. Уште од најрана возраст, децата се изложени на стереотипи кои ја  обликуваат нивната перцепција за активности, интереси и кариери. Во многу земји  и култури, се смета дека науката, технологијата и инженерството се „машки“  професии, додека уште од најран развој девојчињата се насочуваат кон занимања  како учителство, медицина или грижа за другите. Овие стереотипи можат  значително да ги ограничат изборите и амбициите на девојчињата, со што ретко ги  гледаат STEM како кариерна опција. 

Недостигот на женски примери и ментори во STEM дополнително ја влошува  ситуацијата. Без јасни примери за успешни жени во овие области, девојчињата  тешко можат да се идентификуваат со STEM и да веруваат во сопствениот успех.  Образовните институции, исто така, играат важна улога – и покрај еднаквите права  за образование, во пракса често се забележува различно третирање. Момчињата  се поттикнуваат да учествуваат во STEM активности, додека девојчињата се  помалку охрабрени. Во некои случаи, дури и наставниците несвесно  фаворизираат машки ученици, што дополнително ги демотивира девојчињата. 

Кога жените започнуваат кариера во STEM, се соочуваат со предизвици како  разлики во плата, ограничени можности за унапредување и нееднакви работни  услови и позиции. И покрај нивната компетентност, многу жени наидуваат на  бариери во развојот и напредокот. Покрај тоа, недостатокот на флексибилност во  работното време во STEM секторите создава дополнителен притисок за жените  кои балансираат помеѓу професионалните и семејните обврски. 

Исто така, финансиските ограничувања се честа пречка за жените кои сакаат да  продолжат со студии или истражувања во STEM. Многу од достапните стипендии  се недоволно достапни за жените, што дополнително ја намалува нивната  можност за образовен и професионален напредок. Како резултат на ова, многу 

жени ги одлагаат или се откажуваат од своите планови за кариера во STEM, со  што нивната застапеност во индустриите останува ограничена. 

Статистика за родовиот јаз во СТЕМ 

Девојките и жените се систематски оддалечувани од науката и математиката за  време на нивното образование, со што се ограничуваат нивните можности,  подготовка и пристап за да ги изберат овие полиња како кариерен пат. Според  статистиките, жените учествуваат со само 34% од работната сила во областите на  наука, технологија, инженерство и математика (СТЕМ), додека мажите значително  ги надминуваат бројките на жените кои завршуваат образование во повеќето  СТЕМ дисциплини. Родовите разлики се особено нагласени во некои од  најбрзорастечките и најплатените професии на иднината, како што се  инженерството и компјутерските науки. 

Слика бр.1 Приказ на проценти на жени кои се вклучени во STEM областа

Во изминатите седум години, бројот на жени кои се вклучени во инженерските  професии пораснал од 36.734 на над 62.000. Иако ова претставува позитивен  раст, севкупниот процент на застапеност останува многу низок. Напредокот во  

оваа сфера продолжува да се одвива со бавна динамика, со зголемување од само 1% на секои две години. 

Слика бр.2 Приказ на процентуална разлика на мажи и жени кои работат во  инженерството 

Во компјутерските науки, инженерството и технологијата, разликата во  застапеноста на мажите и жените е најочигледна. Овие сектори се  карактеризираат со најмала застапеност на жените, а истовремено нудат некои од 

најпрофитабилните и највисоко платените кариерни можности. За жал, ваквите  позиции најчесто се окупирани од мажи, додека жените обично работат во  помалку платени сектори како здравството и образованието. Оваа состојба  придонесува за економска нееднаквост и го продлабочува родовиот јаз во овие  критични и брзорастечки области. 

 Слика бр. 3 

Подобрување на можностите во СТЕМ областа 

За да се намали родовата нееднаквост во СТЕМ областа, неопходно е да се  обезбедат услови и можности кои ќе ја поттикнат самодовербата кај девојчињата и  жените. Клучно е да се подигне свеста дека девојчињата и жените се исто толку  способни како и мажите. Родителите играат значајна улога во охрабрувањето на  своите ќерки уште од мали нозе на ист начин како и синовите, особено во области  како математиката и науката, при тоа активно поддржувајќи ги низ нивниот  образовен и животен пат. 

Потребно е да се започне со промени уште од најрана возраст. Наставниците  треба да работат на подигање на свеста за капацитетите на девојчињата и да 

создадат училишна средина која обезбедува еднакви можности за сите.  Воведување на соодветни промени во практиките за образование во СТЕМ е  клучно за изградба на инклузивна и поддржувачка атмосфера. Со ова, може  значително да се намали родовата нееднаквост и да се овозможи жените да  остваруваат напредок во своите кариери. 

Промоцијата на менторски и сојузнички програми е исто така многу важна, бидејќи  тие играат значајна улога во регрутирање, поддржување и напредување на жените  во СТЕМ областите. Менторите кои инспирираат и ги насочуваат девојчињата и  младите жени кон успешни кариери во СТЕМ можат да имаат длабоко влијание.  Програмите за соработка и менторство помагаат во градење на самодоверба и  мотивација кај жените. 

Дополнително, работодавците во СТЕМ секторите треба активно да се залагаат за  еднакви плати, флексибилно работно време, силни политики за семејно и  здравствено отсуство, како и можности за менторство и развој на лидерски  вештини. Клучен аспект е и обезбедувањето повеќе стипендии, грантови и  финансиска поддршка, со цел да се изедначат можностите за образование и  истражување меѓу мажите и жените. 

Успешни иницијативи 

На глобално ниво постојат бројни успешни иницијативи и организации кои работат  на намалување на родовата нееднаквост во СТЕМ областите. Една од  најзначајните е Girls Who Code, основана од Решма Сауџани во 2012 година. Оваа  организација има за цел да ги инспирира девојчињата да се приклучат кон светот  на технологијата и компјутерските науки, преку обезбедување на можности за  едукација, менторство и практична работа. Програмите на Girls Who Code се  насочени кон развој на технички и меки вештини, како и градење самодоверба кај  девојчињата за нивниот успех во СТЕМ секторите.

Слика бр.4 Слика од основачката на организацијата Girls Who Code 

Women in Tech® Global е меѓународна организација која има за цел да ја намали  родовата нееднаквост и да ги поттикне жените активно да се вклучат во  технолошката сфера. Нивната работа се темели на четири главни столбови:  едукација, претприемништво, дигитална инклузија и застапување. Преку овие  области, организацијата се стреми да ги опреми жените со потребните вештини за  успешна кариера во СТЕМ, да ги поддржи женските претприемачи и лидери, да  обезбеди универзален пристап до дигитални ресурси и да се спротивстави на  родовите предрасуди кои постојат во технолошката индустрија. Нивната визија е  да создадат општество каде жените и девојките имаат можност да успеваат во  технолошките дисциплини, обликувајќи ја иднината со самодоверба и извонредност.

Слика бр.5 Woman in Tech Global 

Girl Develop It (GDI) е непрофитна организација која се фокусира на обезбедување  ресурси за жените кои сакаат да ја изградат својата кариера во софтверскиот  развој. Основана во 2010 година во Њујорк, оваа организација нуди достапни  програми наменети за возрасни жени кои се заинтересирани за веб и софтверски  развој, во поддржувачка и инклузивна средина. 

Мисијата на GDI е да им овозможи на жените, независно од нивната финансиска  состојба, етничка припадност, образовен статус или позадина, да стекнат  практични знаења за креирање веб-страници и програмирање. Преку своите  интерактивни часови и практични активности, организацијата ги инспирира жените  да ги развијат своите вештини и самодоверба во технолошката сфера.

10 

Поддршка на кариерата во инженерството во Северна Македонија 

Во Северна Македонија постои иницијатива која активно се залага за намалување  на родовата нееднаквост во инженерството и поддршка на жените кои го избрале  инженерството како своја кариера. Global Engineer Girls North Macedonia (GEG North  Macedonia) работи на обезбедување различни можности за личен и професионален  развој на студентките во СТЕМ образовниот систем. Според податоците на  Државниот завод за статистика, годишно се проценува дека Северна Македонија  губи 16% од БДП поради родовата нееднаквост. 

Целта на GEG е да ја подигне свесноста за значењето на родовата еднаквост и да  ги поттикне компаниите да ги преиспитаат и подобрат своите организациски  практики. Организацијата ги охрабрува жените да се насочат кон инженерството и  технолошките области, нагласувајќи ја нивната важност за развојот на општеството  и светот во целина. 

Покрај залагањето за намалување на родовиот јаз, GEG North Macedonia  обезбедува разновидна поддршка за студентките, меѓу кои: 

1. Стипендии: Финансиска помош за студентките кои се дел од СТЕМ и ја  избрале инженерската насока. 

2. Менторство: Поврзување со искусни професионалци кои даваат поддршка и  насоки за академскиот и професионалниот развој. 

3. Онлајн обуки: Програми за развивање на софтверски и дигитални вештини,  насочени кон современите барања во инженерството и технологијата. 4. Пракса: Можности за учество во практична работа во компании, со цел  стекнување работно искуство.

11 

Слика бр.6 Global Engineer Girls North Macedonia 

STEM IT Hub Macedonia е организација која активно се залага за промоција на  образование, иновации и напредок во областа на наука, технологија, инженерство  и математика (СТЕМ). Нивната главна цел е да ги поддржат младите, особено  девојките, и да ги поттикнат да се насочат кон СТЕМ дисциплините. Преку  организирање обуки, работилници, менторски програми и натпревари, STEM IT Hub  Macedonia создава можности младите да стекнат практични вештини и да се  подготват за успешни кариери во научно-технолошките области. 

Организацијата соработува со локални и меѓународни партнери за да обезбеди  ресурси, поддршка и мрежни можности за своите учесници. Иницијативата се  фокусира на намалување на родовата нееднаквост во СТЕМ професиите,  мотивирајќи ги девојките да се вклучат во активности како програмирање, роботика,  инженерски проекти и научни истражувања.

12 

Заклучок  

Улогата на жените во СТЕМ областа е бесконечно значајна, бидејќи секојдневно тие  ни демонстрираат и потврдуваат зошто нивното присуство е неопходно. Нивните  револуционерни достигнувања, откритија и иновации сведочат многу погласно од  какви било зборови. Оттаму, потребно е да се изгради систем што ќе им овозможи  на секоја жена и девојка да ги реализира своите амбиции и потенцијали, без оглед  на постојните стереотипи или предизвици. 

Со упорност и заеднички заложби секојдневно, можеме да очекуваме иднина каде  жените ќе играат уште поважна улога во најголемите достигнувања на СТЕМ полето.  Ова ќе покаже дека способноста не е определена од родот, туку од можностите и  поддршката што ја добиваат за да успеат.Ние сме тие што треба да ги направиме  промените,да го намалиме родовиот јаз во секоја сфера од животот,бидејќи секоја  промена треба да почнува од нас самите,за да може да ја очекуваме и од другите.

13 

Користена литература 

[1] https://professionalprograms.mit.edu/blog/leadership/the-gender-gap-in-stem/ [2] https://www.aauw.org/resources/research/the-stem-gap/ 

[3] https://www.aauw.org/resources/policy/position-stem-ed/ 

[4] https://www.stemwomen.com/women-in-stem-statistics-progress-and-challenges [5] https://www.aauw.org/resources/article/closing-the-stem-gap/ 

[6] https://northmacedonia.globalengineergirls.com/homepage 

[7] https://women-in-tech.org/who-are-we/ 

[8] https://macedonia2025.com/supporting-girls-in-stem/ 

[9] https://en.wikipedia.org/wiki/Girls_Who_Code 

[10] https://www.friends-of-education.org/stem-science-technology-engineering-and mathematics/

14