Секојдневно секој од нас познава или се среќава со одредена личност која има попреченост.
Попреченост или инвалидност може да биде развојно, интелектуално, ментално, телесно,
сетилно или комбинирано. Исто така, попреченоста кај лицето може да е присутна од самото
раѓање или пак да се добие во текот на животот. Без разлика каква и да е попреченоста кај
единката, секој човек кој има попреченост е еднаков со оние кои немаат. Исто така во
денешно време поради унапредена технологија е полесно правилно да се развиваат лицата
со попреченост и да се олесни нивното секојдневие.