Значењето на СТЕМ кај децата

Published by

on

Ива Гоческа

ВОВЕД

Зборот СТЕМ во буквална смисла значи наука, технологија, инженерство и математика. Може да ги инкорпорира сите овие дејности во едно, но може и да се проучуваат посебно како своја целина. СТЕМ работи на проекти и проучувања кои се залагаат за проучување и решавање на глобални проблеми како што се климатските промени, како и истражување и проучување на медицината. Но најпрво со СТЕМ се сретнуваме уште од најрана возраст, дури и пред да стапнеме во училницата. СТЕМ образованието не ги проучува само овие четири области (наука,технологија, инженерство и математика), туку преку него се учи за целокупниот свет.

ИЗЛОЖУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ КОН СТЕМ ОБРАЗОВАНИЕТО

Преку науката се учи за природниот свет преку набљудување и слушање, каде што вклучува класифицирање, експериментирање, правење хипотези, правење предвидувања и поставување прашања.
Преку технологијата се вклучува дизајнирање, планирање како и изработка на работи кои би не поддржале во работата во секојдневниот живот. Тука се подразбираат сите предмети кои се направени од човекот- дигитални и недигитални. Тука главни цели се да се биде креативен, иновативен и да се знае да се идентификуваат проблемите.
Преку инженерството се учи да се решаваат проблеми, се учи да се користат различни материјали и воглавно се учи како да се создаваат и градат работи кои функционираат. Тоа вклучува планирање, дизајнирање и работа во тим или група.
Преку математиката се учи да се решаваат проблеми, се учи да се бараат шеми и структури како и да се разбере мерењето, обликот и количината..
При изложување на учениците уште од најмала возраст на овие четири аспекти им се ствараат истражувачки нагони кои што надежно дека понатаму ќе продолжат да работат и да се занимаваат со овие области.

РЕЛЕВАНТВНОСТА НА СТЕМ ВО РАНОТО ДЕТСТВО

Како што спомнав и претходно науката, технологијата, инженерството и математиката можат посебно и изолирано да се учат, но најдобро е да се учат во интердисциплинарна настава бидејќи така им помага на децата да воспостават врски меѓу областите на учење и ја зајакнува склоноста за доживотното учење.
Децата се полни со љубопитност и интерес, па постојано го истражуваат својот свет и се обидуваат да го сфатат. Па затоа според овие основни концепти како истражувањето го буткаат детето за понатаму да истражува, да е креативно и иновативно. Со СТЕМ проучувањата кои се поврзани во секојдневниот живот на детето се зголемува и мотивацијата и ангажираноста во просторот.

РАЗВОЈ НА ЖИВОТНИ ВЕШТИНИ КАЈ ДЕЦАТА ПРЕКУ СТЕМ-ОБРАЗОВАНИЕ

Преку СТЕМ програмите во училиштата се развиваат многу повреќе вештини кои всушност се поважни за учењето. Тука спаѓаат:
• Критичкото размислување, кое што ги поттикнува децата да:

  1. Поставуваат прашања и да истражуваат- ги охрабрува децата да поставуваат прашања како „зошто“, „како“ „што ако“. Место да им е даден готов одговор тие треба да го пронајдат и да истражуваат за тој одговор
  2. Работат во тим- кога децата работат во тим или во група, учат заедно да ги разгледуваат проблемите од разилични гледишта. Исто така учат да дебатираат со аргументи и да прават заклучоци базирани на факти.
  3. Учат од грешките- овој процес ги учи децата да ги анализираат неуспесите и да размислуваат критички зошто нештото не успеало, и како да го подобрат.
  4. Користат податоци- во СТЕМ децата често собираат и анализираат податоци, како мерења, резултати…, што ги учи да носат заклучоци врз основа на докази а не на претпоставки.
    • Вештини за решавање проблеми, се случува преку:
  5. Работа со реални и конкретни примери од секојдневниот живот
  6. Поттикнување на иновација и креативност- тука се поттикнуваат децата да размислуваат на повеќе можни решенија, и да размислуваат надвор од рамката
  7. Учениците учат преку експериментирање- учениците преку тестирање и ревидирање на своите идеји учат како да ги подобруваат своите решенија и да размислуваат критички за секој чекор.
  8. Тимска работа и споделување на идеји- тука се развива способноста за колаборативно решавање на проблемите.
    • Иновација:
  9. Преку истражување и експериментирање каде што децата создаваат нешто ново
  10. Преку проекти базирани на предизвик, односно Challenge-based learning каде што децата добиваат отворени задачи, и тие треба да замислат нов производ или ново решение.
    • Креативност:
  11. Решавање задачи без однапред дадено решение каде што децата ќе треба сами да дојдат до решението
  12. Изработка на сопствени дизајни и модели каде што тие ќе треба првин да го замислат производот како ќе треба да личи и функционира па после да го реализираат
  13. Поттикнување на самостојност во процесот на создавање- имаат слобода да изберат материјали и методи кои што они ги сакаат
    • Информациска и медиумска писменост:
  14. Користење и анализа на информации од различни извори- тука децата се учат да бараат, селектираат и споредуваат информации од различни извори, како што се интернет, видеа, аплицкации…, каде што ова ги учи да препознаваат релевантни и точни информации и ги учи исто така да избегнат дезинформации и непроверени податоци.
  15. Разбирање и критичка анализа на дигитални медиуми, тука се учи како функционираат медиумите, како се креира содржина, како да ја проценат нејзината вредност и точност.
  16. Креирање сопствена дигитална содржина, да научат како се креира содржината и како да ја пренесат информацијата преку медиумите
  17. Етика и безбедност на информации- да се научат децата за авторски права, да почитуваат извори, да разликуваат факти од мислења и да се однесуваат одговорно онлајн
  18. Мултимодално учење- СТЕМ им нуди можност на децата да учат преку видеа, апликации, табели…
    • Комуникациски вештини:
  19. Преку тимска работа
  20. Преку презентиирање на своите идеји и решенија
  21. Преку употреба на визуелна и дигитална комуникација
  22. Преку размена на идеји и повратна информација, односно feedback
  23. Преку употреба на научен јазик се увежбува прецизната и структурираната комуникација
  24. И доколку има можност и интеркултурна комуникација кај глобалните СТЕМ проекти
    • Соработка преку:
  25. Работа во тим
  26. Планирање и носење одлуки заедно
  27. Решавање конфликти- сослушување меѓусебно па потоа доаѓање до заедночко решение
  28. Размена на знаења и вештини
  29. Тимски успех наместо индивидуална награда
  30. Развивање на емпатија и меѓусебна поддршка
    • Вештината самонасочено учење се развива преку:
  31. Учење преку проекти, каде што учениците сами го планираат процесот, сами си го распоредуваат времето и задачите и сами бараат знаење кое им недостасува
  32. Учениците треба да научат дека тие се истражувачи а не само слушатели кои што пасивно слушаат
  33. Наставникот не е главен извор на знаење, и учениците треба сами да си бараат решенија и да преземат иницијатива за своето учење
  34. Учениците треба да се рефлектираат и самопроценуваат- да размислуваат за својот процес на учење, да оценат што функционирало а што не, да се прилагодат за следен пат

ЗАКЛУЧОК

СТЕМ програмата треба да се имплементира и да продолжи да се користи што е можно повеќе уште од основно образование за на децата да им ги створи сите овие горенаведени вештини. СТЕМ програмата треба да се користи како во целина, а не во изолираност бидејќи сите тие гранки се меѓусебно поврзани и си се надополнуваат.

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

• https://www.engineeringforkids.com/about/news/2024/august/why-is-stem-education-so-important/
• https://www.fakulteti.mk/news/07092023/zoshto-stem-obrazovanieto-e-vazhno-za-sekoe-dete
• https://education.nsw.gov.au/early-childhood-education/leadership/news/growing-minds-the-importance-of-stem-in-early-childhood
• https://www.invent.org/blog/trends-stem/value-stem-education
• https://www.explorelearning.co.uk/free-resources/the-importance-of-stem-learning/
• https://en.wikipedia.org/wiki/Science,_technology,_engineering,_and_mathematics