Жените во дата секторот: Предизвици, можности и идни перспективи
Петар Малиновски
Вовед
Дигиталната ера донесе значителни промени во различни аспекти на општеството и ја револуционизира комуникацијата, овозможувајќи глобална поврзаност. Преку Интернет, подобрени комуникации и онлајн платформи, луѓето можат да се поврзат меѓу себе на далечина, поттикнувајќи соработка, вмрежување и размена на идеи. Дигиталната ера поттикна брзи иновации и технолошки напредок.
Новата индустрија на податоци или дата индустрија која се одделува од ИТ индустријата има централна улога во бизнис поредокот и го менува начинот на работење на бизнисите. Оваа индустрија обезбедува моќни алатки за аналитка дури и во сфери што не се поврзани со ИТ индустријата, како медицинската индустрија или финансиската индустрија (особено банките). Бизнисите бараат решенија коишто ги користат податоците генерирани од нивните системи за поефикасно работење или уредите собираат податоци за разни аналитики кои ги користат крајните корисници и слично. Во добата на податоците, дата експертите стануваат важен двигател во дата индустријата, особено во трендовите на вештачката интелигенција, затоа што без податоци и нивна правилна употреба, не би постоеле чет-ботови, генератори на слики, текст, видеа и слично, ниту пак системи за препорака, класификација или какви било предвидувања.
Она што е важно е да се разбере повеќекратната динамика која ги опкружува жените во дата индустријата, вклучувајќи го нивното зајакнување, предизвиците и идните перспективи. Жените доживеаја ново зајакнување преку зголемен пристап до информации, образование и можности. Дигиталните платформи обезбедија начини да се слушне гласот на жената, овозможувајќи им да се вклучат во онлајн активизам, застапување и претприемништво. Интернетот го демократизираше знаењето, дозволувајќи им на жените да стекнуваат вештини, да споделуваат искуства и да ги оспоруваат традиционалните родови норми. Дигиталните технологии овозможија флексибилни работни аранжмани, давајќи им можност на жените да ги балансираат личните и професионалните одговорности. И покрај позитивните аспекти, жените во дигиталната ера се соочуваат со многу предизвици.
3
1. Жените во улога на дата експерти
Дата секторот го менува светот во кој живееме, од влијание врз секојдневните активности на работната сила низ индустриите до обликување на иднината за тоа како компаниите создаваат вредност. Усвојувањето на генеративната вештачка интелигенција (GenAI) брзо се забрзува. Според Извршното истражување на KPMG GenAI 2024 година, приближно 77% од извршните директори веруваат дека GenAI материјално ќе влијае на општеството во следните три до пет години повеќе од која било друга технологија во развој. Луѓето кои развиваат и дизајнираат нови технологии имаат огромно влијание врз нивниот конечен дизајн, способности и апликации (KPMG, 2024).
Жените сочинуваат нешто повеќе од 1/3 од работната сила на дата индустријата. Кога ќе биде земена во предвид стратешката важност на експертите во овие области, разновидната застапеност на сите групи (вклучувајќи ги и жените) ќе биде од суштинско значење за диверзификација на иновативните и оперативните процеси за да се максимизира потенцијалната корист за организациите и општеството (KPMG, 2024).
Историски гледано, жените биле многу влијателни во STEM дисциплините на компјутерската наука, математиката, технологијата на податоци, визуелизацијата и статистиката. Во средината на 19 век, математичарката Ада Лавлејс (Ada Lovelace) била првата личност што напишала компјутерска програма. Во 1860 година, Флоренс Најтингел (Florence Nightingale), статистичар и медицинска сестра, го основала модерното медицинско сестринство и првото секуларно училиште за медицински сестри во светот. Во 1940 година, Гертруда Мери Кокс (Gertrude Mary Cox) го основала Одделот за експериментална статистика на Државниот универзитет NC. Неколку години подоцна, Грејс Хопер (Grace Hooper), додека служела во американската морнарица како компјутерски научник, го измислила првиот преведувач (Pugh, 2016).
Овие жени биле во првите редови на компјутерските науки, математиката и статистиката, а нивните достигнувања ги обликуваа можностите што им се денес достапни на жените кои работат во дата секторот (Agrawal, 2025).
4
Жените од секогаш биле малцинство во дата секторот, но според истражувањето спроведено од страна на American Association of University Woman (AAUW), нивниот број всушност е намален. Според слика 1, во 1990 година жените сочинувале 35% од занимањата со комјутери и математика, но во 2013 година тој изнесувал 26%, со оглед дека жените сочинувааат 57% од работната сила (Pugh, 2016).
Слика (1). Процент на жени во избрани STEM занимања помеѓу 1990-2013 година
Извор: (Pugh, 2016).
Според една статија на швајцарската фирма Делоид, во 2022 година, само 24% од лидерските позиции во технолошкиот сектор биле држени од жени. Конкретно за дата улогите, според извештајот 2022-2023 USA Diversity in Data Report, жените сочинуваат само 26% од работните места во дата секторот и аналитика, при што повеќето се на почетни позиции. Во 2019 година, еден од четири дата тимови воопшто немал жени. Овие бројки укажуваат на потребата од зголемување на женското учество во дата науката и технологијата, особено преку образование, политики за флексибилна работа и промоција на инклузивност во компаниите, објаснуваат од Делоид (Delloite, 2023).
5
Во големите технолошки компании како Amazon, Facebook, Apple, Google и Microsoft, жените сочинуваат 33%–45% од работната сила, но само 26%–34% од лидерските позиции.
1.1. Дата улоги
Како што секоја индустрија раѓа посебни улоги кои се фокусираат на разни делови од проблем што ги решава самиот продукт на индустријата, така и дата сферата има свои улоги: дата аналитичари, дата научници и дата инженери. Оваа калсификација служи како основна поделба на улогите според техничката спремност и финанската компензација која ја добиваат дата експертите.
Дата аналитичарите се занимаваат давање на одговор на прашања од минатото (на пример, Што се случило? Зошто се случило?), користејќи податоци коишто ги добиваат од самиот бизнис. Дата научниците пак, се занимаваат со предвидување на одредени прашања користејќи податоци (на пример, Што може да се случи? Во која мера, и со колкав интензитет?). Иако навидум делува дека овие типови на прашања се едноставни статистики, методите кои ги користат дата научниците во однос на дата аналитичарите, се разликуваат драстично. Често во литературата, кај дата научниците се сретнува терминот „модел“, кој е всушност статистички модел што користи податоци. Дата инженерите, претставуваат мост помеѓу првите две улоги, тие користат методи со кои податоците стануваат полесно достапни за обработка (за дата аналитичарите) или во формат потребен за предвидување (за дата научниците). Овие експерти имаат знаење не само од бизнисот и податоците, туку и поседуваат висока техничка спременост.
1.2. Затварање на родовиот јаз – пат за промена
Затворањето на родовиот јаз е предизвик за многу женски дата експерти. Жените како Клаудија Перлих (Claudia Perlich), една од најдобрите светски дата експерти, инспирираат и менторираат со споделување на нивните лични приказни за жените во дата секторот (Pugh, 2016).
6
Жените кои моментално се занимаваат или сакаат да бидат во дата секторот треба да бидат свесни за предизвиците со кои може да се соочат, иако можат да се радуваат и на можностите за раст, развој и успех (Pugh, 2016).
Извештајот за родовиот јаз од 2022 година (Gender Gap Report) сугерира дека родовата сегрегација во образованието продолжува, така што жените се најмногу запишани во образованието, здравствената и социјалната заштита, а недоволно застапени во информатичката, комуникациската технологија, инженерството и производството. Ваквите наоди укажуваат дека и жените и мажите продолжуваат да се запишуваат во таканаречените родово „традиционални“ занимања, што резултира со родов јаз во STEM вештините. Родовите разлики се присутни во однос на студиските области на жените и мажите, но тие се поизразени при запишувањето и исчезнуваат по дипломирањето (Trajanovska, & Mojsoska Blazevski, 2022).
Некои клучни предизвици со кои се соочуваат жените во дата секторот вклучуваат родова пристрасност, стереотипи и перцепција. Родовите предрасуди и стереотипи се обликувани од културата. Една студија на AAUW покажа дека родовите предрасуди и стереотипи може негативно да влијаат на жените во STEM индустриите од две перспективи: работодавачот и самите жени. Работодавачите може несвесно да ги потценат перформансите на жените во споредба со мажите. Жените, од друга страна, може да дозволат културните перцепции да влијаат на тоа како тие се доживуваат себеси, нивните способности и нивниот потенцијал за иден раст. На пример, студијата AAUW покажа начини на кои некои предрасуди се уште постојат (слика 2 и 3) (Pugh, 2016).
7
Слика (2). Пример за стереотипи и предрасуди за тоа како работодавачите ги оценуваат кандидатите од спротивниот пол и идентични резимеа Извор: Pugh, 2016
Слика (3). Пример за стереотипи и предрасуди за можноста за избор на вистинскиот кандидат
Извор: Pugh, 2016
8
Со цел да се поттикне учеството на жените во дигиталниот секторот, на предлог на Европската комисија, на 9 април 2019 година, 27 земји-членки на ЕУ и Норвешка ја потпишаа Декларацијата за посветеност на жените во дигиталниот сектор. Со оваа декларација, државите потписнички, членки на ЕУ, се обврзаа да ја поттикнат активната и важна улога на жените во дигиталното општество и да придонесат за постигнување на родова еднаквост во областа на ИТ преку соработка со јавниот и приватниот сектор и граѓанското општество. Според точките од Декларацијата за посветеност на жените во дигиталниот свет, секоја земја-членка работи на спроведување на целите преку својот национален акционен план.
Ниското учество на жените во дата индустријата има сложени и повеќеслојни корени. Главните пречки се родовите предрасуди и социокултурните конструкции, кои во различни фази од животот ги одвраќаат девојките и младите жени од запишување на студии и насочување кон кариера во науката, технологијата, инженерството и математиката (STEM). Потребно е да се интегрира знаењето за родовите предрасуди во сите релевантни сектори, вклучувајќи ја и почетната и континуираната обука на наставниците; да се справат со структурните бариери, како што се условите за работа и културата, што ги спречуваат девојките и жените да влезат во област каде што претежно доминираат мажите; и да се зголеми видливоста на потценетите модели на улоги за да се инспирираат девојките и жените. Во Европската Унија, жените сочинуваат 52% од населението, но само 17% од нив имаат работа поврзана со информатичка и комуникациска технологија. Исто така, во овој сектор, жените заработуваат 19% помалку од мажите и се особено недоволно застапени на лидерски позиции. Меѓу шефовите, ги има 19,2% во споредба со 45,2% во другите сектори. (Ministerstvo pravosuđa, uprave i digitalne transformacije, Republika Hrvatska, n.d.).
Дополнително, оваа ситуација е усложнета од фактот дека уште помалку жени достигнуваат лидерски позиции во овие домени, реалност што е соодветно прикажана во изреката „колку повисоко гледаш, толку помалку жени гледаш“ (Samuel et al., 2018).
9
Исто така, само 19% од претприемачите во дата секторот се жени во споредба со 54% во другите услужни сектори. Само еден од шест специјалисти во ЕУ, или еден од тројца дипломирани студенти во областите на науката, технологијата, инженерството и математиката (STEM), е жена (Ministerstvo pravosuđa, uprave i digitalne transformacije, Republika Hrvatska, n.d.).
Податоците за запишување во Македонија покажуваат дека 21% од жените се запишуваат на STEM програми, за разлика од мажите каде процентот изнесува 37%. Во STEM областите, официјалните податоци покажуваат дека во 2019 година, од 347 дипломирани студенти на STEM, 64% биле жени и 36% мажи во сите науки и математика, 52% жени и 48% мажи во техничките науки, а во рамките на техничките и технолошките науки, 57% биле мажи наспроти 43% жени (Trajanovska & Mojsoska Blazevski, 2022).
Трендот во Македонија е во согласност со глобалните наоди – жените се порамномерно застапени во природните науки и математиката, но не и во техничките и технолошките науки. Родовиот јаз кај магистерските студии е сличен – жените водат во природните науки и математиката со 67% жени и 33% мажи, во биотехничките науки со 46% жени и 54% мажи, а во техничките и технолошките науки постои и родова еднаквост. Конечно, во 2019 година, жените стекнале повеќе докторски дипломи од мажите: 70% од докторските дипломи по природни науки и математика ги стекнале жени во споредба со само 30% од мажи.
Слична е бројката и за биотехничките науки, каде што 67% од докторантите се жени, а 33% се мажи. Во областа на техничките и технолошките науки, 62% од вкупниот број докторати ги поседуваат мажи, во споредба со 38% жени. Генерално, младите Македонци имаат многу помала веројатност да дипломираат во STEM областите отколку нивните врсници од ЕУ. Бројот на дипломирани студенти од STEM на 1.000 млади луѓе во Македонија во 2020 година изнесувал 6,4, што е далеку под просекот од 18 дипломирани студенти од STEM на 1.000 млади луѓе во други земји (Слика 4) (Trajanovska & Mojsoska Blazevski, 2022).
10
Слика (4). Дипломирани студенти од STEM, по пол (2020)
Извор: Trajanovska & Mojsoska Blazevski, 2022
Уделот на дипломирани STEM студенти меѓу вкупниот број на дипломирани студенти во Македонија е низок и за мажите и за жените: 6,6 од 1000 млади жени (на возраст од 20-29 години) дипломирале во STEM областите, додека тој удел бил 6,2 за младите мажи. Родовиот јаз меѓу дипломираните STEM студенти е негативен и изнесува 0,4, што укажува дека повеќе жени дипломираат на STEM програми отколку мажи (Trajanovska & Mojsoska Blazevski, 2022).
2. Предизвици со кои се соочуваат жените во дата секторот
Дата секторот е едно од најдинамичните и најзначајните области на денешниот пазар на труд, но и понатаму е сериозно недоволно застапен кај жените. И покрај зголемената побарувачка за дата експерти, се предвидува дека ќе порасне за повеќе од 31% од 2020 до 2030 година, но сепак жените се
11
уште се соочуваат со значителни бариери за влез и напредок во оваа област (Forward Pathway, 2024).
Една од најзначајните пречки со кои се соочуваат жените во дата секторот се општествените очекувања за балансирање на професионалните амбиции со семејните обврски. Кариерните патеки што им се достапни на жените во дата секторот се разновидни и ветувачки. Од улоги на аналитичар на податоци и инженер за машинско учење до позиции во управувањето со податоци и вештачка интелигенција, можностите се големи, така што жените се во добра позиција да ја преземат водечката улога и поттикнат иновации во оваа област (Forward Pathway, 2024).
Родовиот јаз во дата секторот значително се прошири во последните две децении, поттикнувајќи глобална загриженост за инклузивноста во информатичката и технолошката индустрија. Повеќе од една деценија откако „Harvard Business Review“ ја нарече „најинтересна работа на 21 век“, застапеноста на жените во улогата на дата експерти останува загрижувачка, при што нивниот број потенцијално може да се намали и покрај нивното мнозинство во работната сила (Data Science Council of America- DASCA, 2024).
Неколку фактори имаат придонесено кон ваквиот феномен. Сè уште постои инхерентна пристрасност, наметната од застарени маркетиншки наративи кои ја прикажуваат технологијата како исклучиво машка домен, што потенцијално ги одвраќа жените од кариера во дата секторот. Проблемите со самодовербата исто така играат значајна улога, а истражувањата покажуваат дека жените често ги потценуваат своите програмски вештини во споредба со нивните машки колеги. Интернализираните стереотипи дополнително го попречуваат перцепираниот степен на соодветност на жените за успех во оваа област, што доведува до самонаметнати ограничувања. Сепак, предизвикот на родовата разновидност во технологијата и науката за податоци се протега подалеку од образовната изложеност (Duranton et al., 2020).
Регрутирањето и отпуштањето претставуваат дополнителни пречки, што резултира со намалување на бројот на жени на терен со текот на времето. Иднината на жените во науката за податоци зависи не само од нивното присуство, туку и од нивниот успех на извршни и лидерски позиции. За да се постигне ова, на жените во дата секторот им се потребни и образование и
12
самодоверба, клучни елементи што често се дискутираат во контекст на родовиот јаз во технологијата.
Во овој променлив пејзаж, да се биде дел од полето на дата секторот не значи само работа со податоци, станува збор за активно обликување на нејзината иднина (Data Science Council of America- DASCA, 2024).
2.1. Иднината на жените во дата секторот: трендови и можности
Иднината на дата секторот е подготвена за значајна трансформација, поттикната од интеграцијата на вештачката интелигенција (AI) и дата и аналитика (D&A). Бидејќи овие технологии се повеќе се вградени во практиките на дата секторот, тие не само што ги подобруваат способностите на професионалците за податоци, туку и создаваат нови можности за жените во оваа област. Интеграцијата на вештачката интелигенција и дата и аналитика во науката за податоци ги преобликува групите вештини потребни за успех. Од професионалците сега се очекува да имаат мешавина од техничка експертиза во програмските јазици како што се Python и R, заедно со силна основа во статистичка анализа и визуелизација на податоци.
Бидејќи организациите се повеќе се потпираат на донесување одлуки водени од податоци, најважна станува способноста да се користи вештачката интелегенција за предвидлива аналитика и автоматизација. Оваа промена не само што ја зголемува ефикасноста на обработката на податоците, туку и ја отвора вратата за жените да се вклучат во проекти од високата класа во кои претходно доминираа машките колеги. Сепак, напредокот на жените во дата секторот не зависи само од технолошките трендови; тоа е, исто така, под влијание на присуството на различности и иницијативи за вклучување во рамките на академијата и индустријата. Освен тоа, акцентот на различноста и вклучувањето во дата секторот не е само морален императив; тоа е и стратешка предност за организациите (Forward Pathway, 2024).
Како што се развива пејзажот на дата секторот, компаниите кои даваат приоритет на различноста ќе бидат подобро позиционирани да го искористат целосниот потенцијал на нивниот талент. Ова е аргумент за институциите и
13
организациите да инвестираат во иницијативи кои го поддржуваат напредокот на жените во дата секторот.
Додека гледаме кон иднината, важно е и за академските институции и за лидерите во индустријата да продолжат да поттикнуваат средини што ги поддржуваат жените во дата секторот. Ова вклучува не само програми за менторство, туку и политики кои промовираат рамнотежа помеѓу работата и приватниот животот, правични практики за вработување и можности за постојан професионален развој. Со активно работење на отстранување на бариерите и создавање инклузивни простори, можеме да обезбедиме дека жените не се само учесници во револуцијата на дата секторот, туку и лидери кои ја обликуваат нејзината траекторија. Со тоа, може да се изгради поразновидна и иновативна заедница на дата секторот што го одразува богатството на перспективи потребни за справување со сложените предизвици на нашето време (Forward Pathway, 2024).
Испитувањето на студии на случај на одредени земји фрла светлина врз чекорите што ги направиле жените и пречките со кои продолжуваат да се соочуваат на пазарот на трудот во дата секторот, како и варијациите во земјите, регионите и културите (Powell & Chang, 2016). Бразил е таква студија на случај, која ја избрав за мојот труд.
Софтверската индустрија се проширува во Бразил, а локалните компании, како и компаниите кои вршат аутсорсинг од поразвиените земји, создадоа побарувачка на пазарот за дипломирани студенти по компјутерски науки. Сепак, процентот на жени кој студирал компјутерски науки во 2000 година од 26,9%, во 2009 година бил намален на 16,6%. Како што е наведено во извештајот на Организацијата на Обединетите Нации за Образование, Наука и Култура (UNESCO), во Латинска Америка и Кариби „учеството на жените опаѓа во компјутерсите науки, поле кое глобално се шири како се зголемува неговата важност за националните економии, продирајќи во секој аспект на секојдневниот живот“. И покрај намалувањето на процентот на стидентки по компјутерски науки во Бразил, вкупната застапеност на жените во технолошките и информациски занимања била намалена од 33,3% во 2003 година, на 29,3% во 2010 година. Жените кои направиле обид да влезат во дата секторот во Бразил се соочуваат со недостатокт на примери, малку труд жените да бидат
14
заинтересирани за наука, стереотипи за тоа кои кариери се сметаат за „женски“, дискриминација и културолошки гледишта за супериорноста на мажите. И покрај јасната побарувачка за квалификувани работници во дата секторот, бразилската влада многу бавно развива иницијативи насочени на зголемување на учеството на жените во дата секторот (Powell & Chang, 2016).
15
Заклучок
Зголемената количина на податоци низ индустриите ја истакнува итна потреба повеќе научници за податоци, вклучително и жени, да го искористат својот потенцијал. Како што беше истакнато претходно, научниците за податоци се клучни во анализата, толкувањето и комуницирањето на значајни сознанија од огромни збирки податоци.
Помалата застапеност на жените на полето на податоци, аналитика (D&A) и вештачка интелигенција го нагласува критичниот јаз во различноста на работната сила, што го спречува целосниот потенцијал на технолошките иновации. И покрај тоа што расте академското и професионалното учество на жените во овие полиња, постојаните разлики, особено на високите нивоа, ја нагласуваат потребата за стратешка акција. За да се постигне напредок, организациите од сите големини мора активно да се заложат за затворање на родовиот јаз.
Со застапување на родовата разновидност и охрабрување на поголема застапеност на жените во оваа област, можеме да прифатиме поширок спектар на перспективи и концепти, поттикнувајќи иновации и ефикасност на решенијата.
16
Користена литература
Agrawal, R. (2025). Position of Women in the Digital Age: Challenges and Future Prospects. Indian Journal of Law and Legal Research, Vol. VI, issue VI, 2876-2885. Duranton, S., Erlebach, J., Brege, C., Danziger, J., Gallego, A., & Pauly, M. (2020). What’s Keeping Women out of Data Science? BCG. Boston Consulting Group. https://www.bcg.com/publications/2020/what-keeps-women-out-data-science Delloite. (2023). Women in Data – Or are they?
https://www2.deloitte.com/content/dam/Deloitte/us/Documents/consulting/us-ai-institu te-women-in-data-careers.pdf
Data Science Council of America (DASCA). (2024, March 04). Women in Data Science: Challenges, Opportunities, and the Path Forward. https://www.dasca.org/world-of-data-science/article/women-in-data-science-challeng es-opportunities-and-the-path-forward
Forward Pathway. (2024, September 27). Challenges and Opportunities for Women in Data Science. https://www.forwardpathway.us/challenges-and-opportunities-for-women-in-data-scie nce
KPMG (2024). Career outlook for women in D&A and AI. https://kpmg.com/kpmg-us/content/dam/kpmg/corporate-communications/pdf/2024/C areerOutlookforWomeninDataAnalyticsandAI_20240925_final.pdf Ministerstvo pravosuđa, uprave i digitalne transformacije, Republika Hrvatska. (n.d.) Žene u digitalnom svijetu (Women in Digital). https://mpudt.gov.hr/digitalna-transformacija/zene-u-digitalnom-svijetu-women-in-digit al/28689
Powell, C., & Chang, A.M. (2016). Women in Tech as a Driver for Growth in Emerging Economies. New York: Council on Foreign Relations (CFR). Pugh, B. (2016, June 2). Women in Data Science. Elder Research. https://www.elderresearch.com/resource/white-papers/women-in-data-science/
17
Samuel, Y., George, J., & Samuel, J. (2018). Beyond STEM, How can Women Engage Big Data, Analytics, Robotics and Artificial Intelligence? – An Exploratory Analysis of Confidence and Educational Factors in the Emerging Technology Waves Influencing the Role of, and Impact Upon, Women. Northeast Decision Sciences Institute, Annual Conference, 356-374.
Trajanovska, Lj. & Mojsoska Blazevski, N. (2022). Women in STEM: The Journey of women in STEM [Insights and recommendations from North Macedonia]. New York: UNDP.
18