Филип Ѓоргиев
1. Вовед
Работното место е основен социјален простор каде секој поединец треба да се чувствува безбедно, почитувано и еднакво третирано. Сепак, во денешно време среќаваме се повеќе случаи на говор на омраза, сексизам и родова дискриминација во професионалната комуникација. Дигиталната ера придонесе комуникациите на работните места сè повеќе и повеќе да се одвиваат онлајн и да се користат различни алатки од технологијата при комуникација. Појавите како говор на омраза, сексизам и родова дискриминација го нарушуваат психолошкото здравје на вработените, ја намалуваат продуктивноста и го нарушуваат интегритетот на работната култура.
Говор на омраза претставува секој вид на комуникација — вербална, пишана или однесувачка — која напаѓа или користи навредлив или дискриминаторски јазик кон поединци или групи врз основа на нивната: раса, етничка припадност, пол, религија, националност и други лични карактеристики.1 Говорот на омраза има потенцијал да поттикне насилство, дискриминација и социјална изолација. Тој често се користи за да се деградираат и маргинализираат ранливи групи во општеството, со што се нарушува социјалната кохезија и се создава токсична средина – било тоа во општеството, образовен контекст или работно место.
Родовата дискриминација се јавува кога одредени поединци се третираат неповолно врз основа на нивниот род, пол или родова изразеност. Таа вклучува сексистички коментари, деградирачки стереотипи и вознемирување кое најчесто има корени во длабоко вкоренети општествени предрасуди за тоа што значи „машко“ или „женско“ однесување 2. Овие предрасуди ја ограничуваат слободата на самоизразување и често ги маргинализираат оние кои не се вклопуваат во традиционалните норми.
2
Сексизмот, според Европскиот институт за родова еднаквост (EIGE) е поврзан со верувањата за основната природа на жените и мажите и улогите што тие треба да ги играат во општеството. Сексистичките претпоставки за жените и мажите, кои се манифестираат како родови стереотипи, можат да рангираат еден пол како супериорен во однос на другиот. Таквото хиерархиско размислување може да биде свесно и непријателско или несвесно, манифестирајќи се како несвесна пристрасност. Сексизмот може да ги засегне сите, но жените се особено погодени.3
Вештачката интелигенција(ВИ) претставува гранка на компјутерската наука која се занимава со создавање на системи и машини кои можат да извршуваат задачи што обично бараат човечка интелигенција. Овие задачи вклучуваат учење од податоци, препознавање на обрасци, обработка на природен јазик (NLP), донесување одлуки и решавање на проблеми. Во својата суштина, вештачката интелигенција (ВИ) ги реплицира умствените способности како што се расудување, логичко мислење, учење и перцепција. Поради порастот на масивните податочни множества (big data) и напредокот во компјутерските технологии, ВИ денес се применува во најразлични сфери — од здравствената заштита и банкарството до образовните институции и корпоративниот менаџмент.4
1 https://www.un.org/en/hate-speech/understanding-hate-speech/what-is-hate-speech 2 https://share.stanford.edu/education-and-outreach/learn-topics/gender-discrimination
3https://eige.europa.eu/publications-resources/toolkits-guides/sexism-at-work-handbook/ part-1-understand/what-sexism?language_content_entity=en
4 https://cloud.google.com/learn/what-is-artificial-intelligence
3
2. Форми на родова дискриминација, говор на омраза и сексизам во работната комуникација
Родовата дискриминацијата и сексизмот и понатаму се присутни во многу работни средини и покрај напредокот во корпоративните политики за еднаквост. Дискриминацијата, сексизмот и говорот на омраза често се манифестираат преку комуникацијата, формална и неформална, каде што говорот, изборот на зборови, тонот и однесувањето можат да го одразат односот кон одреден пол или родова идентификација. Овие појави, дури и кога се суптилни или несвесни, имаат значително влијание врз чувството на припадност, еднаквост и професионално вреднување кај вработените.
Говорот на омраза претставува секојдневна закана по безбедната и инклузивна работна средина. Во работниот контекст, тој се манифестира преку изрази, коментари или однесување што ги напаѓаат или деградираат поединци или групи врз основа на нивната раса, етничка припадност, религија, пол, родов идентитет, сексуална ориентација, националност, возраст или попреченост.5
Во деловната комуникација, говорот на омраза може да се појави: ● преку вметнување на навредливи изрази во е-пошта или четови,
● преку злобни или цинични шеги насочени кон одредени групи, ● преку негирање или омаловажување на туѓа припадност или идентитет.5
Според Обединетите нации, говорот на омраза не само што поттикнува дискриминација и насилство, туку и „го загрозува социјалниот мир и ја подрива демократијата“. На работното место, последиците вклучуваат отпор кон
4
различноста, маргинализација на вработени и намалена продуктивност.5
Сексизмот во комуникацијата се појавува во форма на:
● Шеги или коментари со сексуална конотација.
● Употреба на родово пристрасен јазик како на пример, претпоставување дека раководна улога секогаш ја извршува „тој“.
● Стереотипизирање – на пример, дека жените се „емоционални“ или помалку логични.
● Микроагресии, како изразување изненадување што жена добро се снаоѓа во техничка улога.
Овие форми на комуникација можат да се чинат банални, но имаат кумулативно влијание врз чувството на вредност и безбедност на вработените, особено кај жените и маргинализираните групи. 6
5 https://www.un.org/en/hate-speech/understanding-hate-speech/what-is-hate-speech
6https://eige.europa.eu/publications-resources/toolkits-guides/sexism-at-work-handbook/ part-1-understand/what-sexism?language_content_entity=en
5
3. Примена на вештачка интелигенција за мониторинг и детекција на говор на омраза, сексизам и родова дискриминација во работните средини
Во современите работни средини, каде што голем дел од комуникацијата се одвива преку дигитални платформи, вештачката интелигенција (ВИ) сѐ повеќе се користи како алатка за подобрување на меѓучовечките односи, следење на тонот на комуникација и детекција на неприфатливо однесување.
Преку напредни техники за обработка на природен јазик (Natural Language Processing – NLP) и анализa на сентимент (sentiment analysis), ВИ може автоматски да ги препознае обрасците на токсичен јазик, вклучително и говор на омраза, сексизам и микроагресии. Обработката на природен јазик (Natural Language Processing – NLP) користи машинско учење за да ја открие структурата и значењето на текстот. Преку апликации за обработка на природен јазик, организациите можат да анализираат текст и да извлечат информации за луѓе, места и настани, со цел подобро да го разберат сентиментот на социјалните медиуми и разговорите со клиенти.7
Неколку големи платформи и алатки веќе интегрирале AI технологии за следење на комуникациите на работните места:
● Microsoft Viva Insights: нуди алатки за анализа на комуникацијата меѓу вработените, како и препораки за подобрување на соработката и комуникацискиот тон.
6
● Slack користи интеграции со алатки како Greip и Profanity Blocker, кои анализираат комуникацијата во реално време и предупредуваат за можни случаи на непримерен јазик.
● Zoom и Gmail имплементираат филтри за непримерна содржина и алатки за флагирање на навредливи пораки.
ВИ системите користат NLP за да го “разберат” текстот што го пишуваат вработените, при што:
● Се анализира тонот и контекстот на пораката.
● Се идентификуваат клучни зборови што се поврзани со говор на омраза, дискриминација или сексизам.
● Се користат алгоритми за машинско учење што учат од огромен број примери на токсичен и нетоксичен говор. 7
Некои системи работат во реално време, а други периодично ги анализираат архивираните комуникации за да детектираат обрасци или скриени ризици.7
AI системите вообичаено собираат и анализираат: Текстуални пораки (од е-пошта, чет, документи), метаподатоци (време на испраќање, зачестеност на комуникација), повратна информација од HR тимови (на пр., кога одредена порака се пријавува како навредлива).
Кога ќе се детектира ризичен или навредлив јазик, системот може: ● Автоматски да ја означи пораката,
7
● Да испрати предупредување до администратор или HR тим, ● Да блокира содржина пред да биде испратена.8
Компаниите имаат корист од овие системи од повеќе причини како што се:
● Рано откривање на проблеми: Идентификување на тензии или конфликти уште кога се во зародиш, пред да се влошат.
● Позитивна работна средина: Градење на култура на отвореност и доверба меѓу вработените.
● Поддршка за сите тимски членови: Помош за работници кои се соочуваат со нееднакво третирање или чувство на отуѓеност.
● Одржлив раст: Намалување на ризикот од правни спорови или штета на репутацијата преку превентивни мерки.9
7 https://cloud.google.com/learn/what-is-natural-language-processing
8https://www.agilitypr.com/pr-news/pr-tech-ai/how-ai-powered-tools-will-transform-the-fut ure-of-workplace-communication/
9https://www.mckinsey.com/capabilities/mckinsey-digital/our-insights/superagency-in-the workplace-empowering-people-to-unlock-ais-full-potential-at-work
8
4. Придобивки и предизвици од употребата на вештачка интелигенција при мониторинг на работната комуникација
1. Придобивки од употребата на вештачката интелигенција при мониторинг на работната комуникација
– Вештачката интелигенција (ВИ) сè повеќе се интегрира во сите аспекти од нашето секојдневие, а нејзината примена во индустријата бележи значителен раст, овозможувајќи оптимизација на процесите и зголемување на ефикасноста. Една од најважните примени на ВИ во корпоративниот контекст е токму во мониторингот на работната комуникација, кој има клучно значење за одржување на здрава организациска култура и продуктивна работна средина.
– Здрава комуникација меѓу вработените е основа за хармонија, успешна соработка и долгорочен просперитет на една компанија. Од таа причина, многу современи алатки за деловна комуникација како Slack, Microsoft Teams, Zoom и Gmail веќе имплементираат вештачка интелигенција во своите системи со цел да го унапредат квалитетот на комуникацијата, но и да овозможат автоматска детекција на говор на омраза, сексизам и родова дискриминација.
– Овие интелигентни системи не само што ги анализираат пораките и содржината што се разменува, туку и активно придонесуваат за превенција и интервенција при појава на токсичен говор, сексизам и различен вид на дискриминација, создавајќи побезбедна и поинклузивна работна атмосфера. Сепак, заедно со придобивките, овие технологии носат и одредени предизвици кои мора внимателно да се разгледаат за да се обезбеди нивна етичка и ефективна примена.10
9
2. Предизвици при употребата на вештачката интелигенција при мониторинг на работната комуникација
– Лажни позитиви и контекстуални грешки се едни од најчестите проблеми што ВИ алгоритмите можат ги направат. Понекогаш овие алгоритми можат погрешно интерпретираат неутрални или саркастични пораки како говор на омраза или дискриминација. Овие лажни позитиви можат да доведат до неоправдани дисциплински постапки и да го нарушат меѓусебното доверие меѓу вработените и менаџментот11
– Приватноста и довербата на вработените е клучна во градење на здрава работна околина и подобрување на целокупниот перформанс. Постојаниот мониторинг на комуникацијата може да создаде чувство на надзор и недоверба. Вработените можат да се чувствуваат како нивните разговори постојано се „набљудувани“, што може негативно да влијае на слободата на изразување и на нивната креативност. Затоа е потребен транспарентен пристап и јасна политика за тоа кои податоци се следат и како се користат со цел да се спречат појави на сексизам, говор на омраза и различни типови на дискриминација.11
– Пристрасност во алгоритмите е уште еден предизвик кој значително може да влијае на дискриминација и сексизам во работната околина. Доколку ВИ моделите се тренирани на небалансирани податоци, тие можат да одразуваат или дури и да засилат одредени пристрасности. На пример, тие би можеле да бидат повеќе „строги“ кон одредени јазични групи, кон одреден пол или пак да занемарат специфични облици на дискриминација. Важно е ВИ системите да се градат врз разновидни и проверени податочни множества, и да се тестираат редовно за потенцијални пристрасности.12
10
10https://emtrain.com/blog/ethics-and-compliance/ai-surveillance-in-the-workplace/
11https://news.cornell.edu/stories/2024/07/more-complaints-worse-performance-when-ai monitors-work
12https://dialzara.com/blog/common-problems-ai-sentiment-analysis-solves-in-hr/
5. Заклучок
Воведувањето на вештачка интелигенција (ВИ) во работната комуникација претставува модерен и креативен пристап за следење и справување со говорот на омраза, родовата дискриминација и сексизмот. Во ера каде дигиталните канали се се повеќе употребувани во интеракциите меѓу вработените, од големо значење е да се имплементираат соодветни технолошки алатки кои овозможуваат навремено откривање на штетни содржини и обезбедување на безбедна и хармонична работна средина.
Користејќи методи како обработка на природен јазик (NLP) и сентимент анализи, ВИ овозможува автоматска идентификација на непримерени изрази, говор на омраза, различни типови на дискриминација и сексизам. Овие решенија носат повеќекратни предности за организациите: од превентивни мерки и заштита на тимскиот интегритет, до трансформација на корпоративната култура и минимизирање на потенцијални правни последици.
Сепак, примената на оваа технологија мора да се спроведува внимателно, со јасна 11
етичка рамка. Прашањата поврзани со приватноста на вработените, транспарентноста во начинот на мониторинг и ризикот од алгоритамска пристрасност треба да бидат во центарот на вниманието при дизајнирањето и користењето на ВИ системите. Токму затоа е неопходно да се воспостави рамнотежа помеѓу технолошката иновација и заштитата на основните човекови права. Вештачката интелигенција може да биде ефективна алатка само ако се користи одговорно и праведно. Само на тој начин, таа ќе придонесе кон превенција на говор на омраза, дискриминација и сексизам, и ќе помогне во градењето на безбедни, хармонични и продуктивни работни средини.
12