Родовата нееднаквост во СТЕМ

Published by

on

    Eвгенија Цветановска 

Вовед

Во екот на 21ви век, кога човечката цивилизација доживува експанзија на модерна технологија,усовршување на човечките можности,активно учество во развој и подобрување на општествениот,политичкиот,економскиот, научниот подем, човекот сеуште се судрува со старите стигми на општеството(родовата нееднактвост) која како болна нишка се провлекува низ вековите во сите сфери на општеството во сите држави во светот. Родовата нееднаквост како што е застапена во поголемите сфери на општестовото,таа е присутна исто така и  во СТЕМ(Science,Tehnology, Engineering,Mathematics). Иако технологијата и науката се алатка и ветуваат полесен пристап до образование,персонализирани и збогатени искуства за учење,сепак таа сеуште не е родово неутрална. 

Предмет на овој семинарски труд е поентирање на родовата нееднаквост во СТЕМ области а целите се  дефинирање на родовата нееднаквост и родовата нееднаквост на работните места, како и разработка на родовата нееднаквост во СТЕМ каде е  опфатена и родовата нееднаквост во областа на СТЕМ во високото образование а подоцна и  родовиот јаз на работни места од СТЕМ области. Целта е да се прикаже родовата нееднаквост во различни земји,причините за нејзиното присуство како и светски практики за нејзино надминување.

1.Дефинирање на Родова нееднаквост

Родовата нееднаквост се однесува на нееднаков третман и можности што ги доживуваат поединците врз основа на нивиот пол. Родовата нееднактвост е една најраспространетите форми на нееднаквост ширум светот,која поставува неколку предизвици во областа на човековите права,образование  и економските можности,пристап до ресурси,академски достигнувања,професионални аспирации,домашни улоги,сексуалноста и сексуалните предрасуди.Полот е основната статусна нееднаквост,тоа е систем на нееднаквост кој се заснова на култутните верувања на статусните разлики помеѓу луѓето – мажи и жени. Родовата еднаквост е едно од суштинските човекови права кои се заштитени од страна на ОН и основна вредност на Европската Унија. Родовата нееднаквост е една од најраспространетите форми на нееднаквост на глобално ниво и претставува сериозен предизвик во областа на човековите права, образовните и економските можности, мајчинската смртност, пристапот до ресурси, академските достигнувања, професионалните аспирации, социјалните односи, домашните улоги, сексуалноста и сексуалните предрасуди (Џоунс, Холмс и Еспеј, 2008; Расел, Кошив, Хорн и Саевик, 2010). Многу аспекти на родовата нееднаквост веќе се дискутирани — особено оние што ги засегаат девојчињата, како што се ограничениот пристап до образование. Подобрувањето на родовата нееднаквост може да се постигне и на национално и на институционално ниво,со обезбедување на соодветни активности и со вклучување на сите актери.Воспоставување на еднакви можности за жените и мажите во образованието, науката, работата е предуслов за еднакво позиционирање на рамноправна вклученост во сите сфери на општеството. 

2.Родова нееднаквост на работните места

И покрај големиот напредок во изминативе години,родовата нееднаквост на работното место останува постојан проблем.Родовата нееднаквост на работните места е термин кој се однесува на разликите, можностите како и условите за работа кои ги доживуваат жените како пол кој често пати се соочува со нееднаков третман за разлика од мажите. Голем број на истражвања укажуваат дека постои родов јаз во голем број Европски држави во однос на родовата нееднаквост на пазарот на труд. Посебниот систем на разлика и нееданквост што го нарекууваме род всушност е нееднаквост во статусот – нееднаквост меѓу културно дефинирани типови  на луѓе – а не само нееднаквост во материјалните ресурси и моќта што мажите и жените ги имаат како резултат на позициите што ги заземаат на пазарот на труд и други места. Ако родот е примарна културна рамка за координирање на социјалните односи меѓу индивидуи, тогаш лесно е да се види дека ќе биде вклучен и во организацијата на социјалните односи на работното местo. Највпечатливиот начин на кој пазарот на труд е структуриран според род е половата сегрегација на занимања и работни места. Едно работно место е родово сегрегирано кога поголемиот дел од луѓето во него се најчесто од еден пол, а не од другиот. Родовата сегрегација на работните места не значи нужно дека мажите и жените не се среќаваат на работното место, но тоа значи мажите и жените на работното место поретко се среќаваат како рамноправни колеги на иста позиција,а почесто како актери во различни и често нерамноправни улоги. Од друга страна типовите работни места каде што се концентрирани мажите и жените често изгледаат како да ги одразуваат културните верувања за родот, вклучувајќи ги статусните разлики меѓу половите и стереотипските претпоставки за специјализираните способности на секој пол. Во една студија за родовата составеност на занимањата во САД и други богати нации, социолозите Марија Чарлс и Дејвид Груски (2004) открија дека мажите почесто се концентрирани во занимања поврзани со стереотипски машки вештини, кои вклучуваат физички работни места и врвни позиции во секое занимање, додека жените почесто се наоѓаат во занимања поврзани со стереотипски женски вештини, кои вклучуваат многу услуги, како и во позиции со помала моќ и авторитет воопшто.

3.Родова нееднаквост во СТЕМ

СТЕМ областа не е исклучена од родовата нееднаквост. Оваа родова нееднаквост во СТЕМ се рефлектира на повеќе начини како  на нееднаквост во високото образование, на работните места по повеќе основи(плата, моќ, структура, позиција и сл.) Во продолжение на оваа точка следи елаборација на овие теми.

  1.  Родова нееднаквост во високото образование

За да можеме да ја откриеме која е причината за ваквите нееднаквости треба  да започенеме од родовиот јаз во високото образование од областа на СТЕМ. Варијациите во изборот  на дипломските студиски насоки претставуваат главен фактор што го движи родовиот јаз во платите-како индиректно,преку понатамошниот избор на професија така и директно,независно од факторите поврзани со работа. Во Македонија нема многу научни истражувања во поврзаност за родовата нееднаквост во високото образование, но во повеќето развиените држави како САД според овие истражувања, научните, технолошките, инженерските и математичките области се разликуваат. Додека научниците од високото образование имаат тенденција да го дефинираат STEM широко, истражувањата за родови разлики во високото образование сè повеќе прават разлика помеѓу различни групи на STEM насоки (Ceci, Ginther, Kahn, & Williams, 2014; Perez-Felkner et al., 2012; Riegle-Crumb & King, 2010). Родовиот јаз се разликува меѓу одделни STEM области – на пример, инженерство наспроти здравствени науки (Corbett & Hill, 2015; Schneider et al., 2015). Истражувањата за родовиот јаз во високото образование во областа на науката,технологијата,инженерството и математиката(СТЕМ) ретко ги земаат предвид двегодишните колеџи,иако повеќето од запишаните таму се жени. Жените во САД денес го надминуваат бројот на мажи кога станува збор за запишување на универзитети и стекнување на дипломи (DiPrete & Buchmann, 2013), но сè уште се недоволно застапени во високоплатените области како што се природните науки и инженерството (National Science Foundation, 2016). Оваа родова нееднаквост може да има пошироки економски последици, бидејќи жените имаат тенденција да се здобиваат со дипломи во области со најниски медијални приходи (Carnevale, Strohl, & Melton, 2011). Некои истражувања покажуваат дека типот на колеџ(конкретно во САД) за двегоднишни и четиригодишни студии има различно влијание во родовиот јаз во обласитите на СТЕМ, иако се смета дека двегодишните колеџи можеби го ограничуваат пристапот на жените до СТЕМ дипломи, одредени студии укажуват дека можат да бидат влезна точка за многу жени, но ваквите резултати се добиваат поради што голем број на истражувачи ги исклучуваат студентите од двегодишните студии при анализа на родовиот јаз во додипломските науки (СТЕМ обалсти). Во минатото се верувало дека двегодишните колеџи немале никакво значење за добивање на дипломи од области на СТЕМ, но ваквите верувања се менуваат. Половина од STEM работните места бараат само диплома од стручно училиште или двегодишен колеџ (Rothwell, 2013). Во 2009 година, 44.5% од студентите на традиционална возраст биле запишани во двегодишни колеџи (Dunbar et al., 2011). Овие трендови укажуваат на растечката важност на двегодишните колеџи во STEM образованието во САД.  Но иако жените се запишуваат на факултети во поголем број од мажите,сепак и понатаму тие се помалку застапени во високо платените СТЕМ области,особено во природните и инжинерските науки. Овие сознанија укажуваат на потребата од прецизно креирани образовни и институционални политики што ќе помогнат во намалување на родовиот јаз во СТЕМ. За таа цел, неопходно е подобро разбирање на тоа како различните типови на институции и студентските искуства влијаат на успешноста и задржувањето на жените во овие области. Само преку ваков пристап може да се обезбеди инклузивен и правичен СТЕМ систем кој вистински ќе ја одразува разновидноста на талентот во општеството.

 Како клучни наоди може да се искористат следниве податоци:

  • Типот на колеџ има различно влијание врз родовиот јаз во различни STEM области. Не сите STEM полиња се исти — потребно е нивно разграничување (на пр. инженерство vs. биологија). 
  • Родовиот јаз во завршени STEM дипломи не е фиксен, туку варира по област, институција и студентски искуства.
  • 2-годишните колеџи се сè поважен извор на STEM дипломци, бидејќи половина од STEM работните места бараат најмногу таква диплома.
  1.  Родов јаз на работните места од СТЕМ области

Многу истражувања се фокусирале на родовиот карактер на организациите, при што работата на мажите се оценува како „надредена“ и, како резултат на тоа, ним им се доделува привилегирана позиција преку регрутација, унапредување и награди, додека, обратно, се ограничуваат можностите за жените (Erin Demaiter и Tracey Adams, 2009). Malcolm Brynin (2006) ја нагласува дијалектичката врска помеѓу технологијата и родовите стереотипи и како претпоставките за односот на мажите и жените со технологијата ги зајакнуваат социјалните стереотипи и нееднаквости. Така, сè повеќе жени во секторот се вклучуваат во административна работа, продажба и менаџмент, наместо во техничка и напредна технолошка работа. Релативното отуство на жени во областите на СТЕМ и високите менаџерски работни позиции во него се објаснува со многу фактори и процеси. Недоволната застапеност на жени во СТЕМ во однос на работната сила, исто така, се припишува на улогата на социјалниот дискурс, балансот меѓу работа и приватен живот, вредностите и мотивациите поврзани со кариерата, социјалното вмрежување и културата. Garlos Iglesias-Fernández, Raquel Lorente-Heras и Diego Dueñas-Fernández (2010) го припишуваат концентрирањето на жените во пониско ниво на занимања во СТЕМ секторот на потценувањето на сопствените квалификации и тешкотиите во одржување на рамнотежа меѓу работа и приватен живот, независно од нивото на образование. Други разгледувани фактори се: преовладувачката организациска култура, работното време и организацијата на работа, како и социјалните мрежи доминирани од мажи.

Во литературата се користат голем број фактори за објаснување на родовите нееднаквости во ИКТ секторот (Abigail Cregory и Susan Milner, 2011; Appelbaum и др., 2011; Byrne и Staehr, 2011; Castaño и Webster, 2011; Eileen Trauth, Jeria Quesenberry и Allison Morgan, 2004: 117; Gilliard и др., 2008; Janneke Plantenga и Chantal Remery, 2006; Jill Rubery и Damian Crimshaw, 2009; Orser и др., 2012; Sappleton и Takruri-Rizk, 2008; Stainback и Kwon, 2012; Turnbull, 2008; Valenduc, 2011; Wynarczyk, 2010). 

Овие фактори може да се категоризираат во неколку пошироки групи: 

  1. Демографски карактеристики, како брачен статус, семејно потекло, област и ниво на образование, економско потекло;
  2. Лични карактеристики, како перцепции и аспирации за кариера, интереси и способности, личносни особини, животно и работно искуство, специфично професионално искуство, стаж во тековната организација, прекини во кариерата; 
  3. Организациски и секторски карактеристики, како тип и историја на индустријата и организацијата, големина на компанијата, норми во јавниот наспроти приватниот сектор, патеки на кариерен развој во секторот, титула и тип на работна позиција — со акцент на нејзината техничка природа — индивидуални и групни шеми за награди според перформанси, стратегии за менторство, работни услови, распореди на работно време, барање за целосна достапност и флексибилност, организациска политика и норми во врска со родовите прашања, неформални бариери и предрасуди во организациските практики и култура; 
  4. Социјални контекстуални фактори, вклучувајќи ја родово поделена улога во семејството и општеството, системи за грижа, културни ставови и вредности, родов идентитет и социјални модели за идентификација, социјални стереотипи, социјално потекло, различни улоги во приходот и сл.; 
  5. Економски контекстуални фактори, како стапки на вработеност по пол воопшто и во СТЕМ конкретно, просперитет на секторот и карактеристики на пазарот на труд, релативна големина на јавниот сектор, географска локација; 
  6. Политички и политиколошки прашања, како релевантни закони и политики, процедури за колективно договарање, застапеност на жени во синдикати, стратегии за вклучување на жените и политики за поддршка при грижа, како породилно отсуство, централизирана контрола на плати и др.

Заклучок

Во овој труд најпрво ја дефиниравме родовата нееднаквост, поаѓајќи од тоа ја дефиниравме родовата нееднаквост во високото образование како и родовиот јаз на работни места во СТЕМ области. Родовата нееднаквост во академските СТЕМ области е резултат на комплексна мрежа на индивидуални,културни,социјални,организациски фактори. Општо родовата нееднаквост е појава која е сеуште застапена во различни сфери во општеството. Од аспект на  родовата нееднаквост во образованието,иако жените повеќе доминираат во уписот на двегоднишни студии за разлика од мажите кои се подоминантни во четиригодишни студии, што може да влијае врз изборот на СТЕМ кариера, и покрај тоа нееднаквоста не е присутна само во обемот на учество туку и во видот на професиите кои ги избираат жените. Од друга страна иако жените се повеќе се образуваат и квалификуваат за кариера во овие области,сепак се соочуваат со одредени бариери и неможност за нивен напредок и задржување на својата професија што допринесува кон родов јаз и на работните места особено во одредени области како СТЕМ. На индивидуално ниво поголемиот број на жени имаат поголеми потешкотии кон усогласување на работата/кариерата и  кон грижата за семејство, но исто така влијанието на перцепцијата за своите способности. Поголемиот товар за неформална семејна грижа паѓа на жената што претставува поголема пречка што директно влијае на нејзината кариера и професионално унапредување. Како друг фактор кој допринесува за родова нееднаквост се културните и институционални бариери како родовите стериотипи,култури на нееднаквост кои допринесуваат до создавање на пречки за напредок на жените во во СТЕМ. Поради овие причини потребно е да се најдат решенија за надминување на родовиот јаз како во образованието така и во однос на застапеноста на повисоките работни места и напредок во својата кариера.Како потенцијални решенија кои можат да помогнат во подобрување на ваквата ситуација се на пример:

  • Препорака за политики и мерки- воведување на политики кои ќе ја промовираат еднакви можности на жените во СТЕМ(обуки за професионален развој,иницијативи за поддршка на жените на академските позиции)
  • Надминување на родовите стериотипи- бидејќи се често застапени може да се превземат иницијативи за нивно надминување т.е дестигматизација на родовите стериотипи во академските и  професионалните сфери.
  • Поддршка на родовата еднаквост во образованието(програми кои би ги мотивирале за нивна поголема вклученост да се насочат кон СТЕМ области)
  • Повеќе истражувања во однос на причните за родовата нееднаквост и конкретни решенија 

Користена литература 

  • Cecilia l. Ridgeway,(2011) Framed by gender, how gender inequality persist in the modern world, Oxford University
  • Corbett, C., & Hill, C. (2015). Solving the equation: The variables for women’s success in engineering and computing. Washington, DC: American Association of University Women (AAUW). 
  • Ilias Efthymiou, Chryssi Vitsilakis, Dimitrios Gakis (2012) , Horizontal and Vertical Gender Segregation in the ICT sector: a Greek Case Study, Journal of critical studies in business & society 
  • Kacey Beddoes and Alice L. Pawley (2014), Different people have different priorities’: work–family balance, gender, and the discourse of choice, School of Engineering Education, Purdue University,USA
  • Lara Perez-Felkner, Kirby Thomas, Samantha Nix, Jordan Hopinks, and Mitchell D’sa, (2018) The Journal of higher education , Institutional Variation and the Gender Gap in Undergraduate STEM Degrees, Florida State University
  • Rothwell, J. (2013). The hidden STEM economy. Brookings Institution.