Вештачката интелигенција како неповолност и предност за човекот

Published by

on

Благојче Богојевски

                   Речиси, сите денешно време сме до негде запознаени со поимот на вештачката интелигенција, кој повеќе — кој помалку, некој се бави со неа на професионално или аматерско ниво, додека некој едвај слушнал и најверојатно не ни разбрал. Што всушност значи за нас кога имаме алатка која може да ја обработи скоро секоја информација во најкус временски период (која секако доаѓа и со свои небрежности бидејќи е сè уште во недовршена состојба), нема да именувам или нагласувам некоја од нив бидејќи ќе ги земеме сите во општ предвид и ќе ги темелиме темите на дијалог во антрополошка,  социолошка и пред сè – во етички правец, односно како сето ова би можело да дејствува во долгосежната иднина, но и во кратката неизвесност на современоста. Воопшто нема да се обидеме да ја негираме корисноста на вештачката интелигенција и ќе се обидеме воздржано да не навлеземе во вообичаената тема како на пример “дали вештачката интелигенција е злобна?” или “дали ќе нѐ уништи?”. Засега, овие прашање ги ставаме во хибернација за да демнеат бидејќи моментално изгледаат малку гротесткно и апсурдно за да се развие мислење врз нив, но што сакаме да извлечеме од вештачката интелигенција – односно каде се наоѓа крајната цел и дали таа сноси некаква последица врз нас? Во однос на образованието,  доста професори и студенти  се запознаени  со злоупотребата на оваа алатка како начин на “скратен пат” за да се дојде до некаков успех – било тоа на искрен или неискрен начин. За среќа, пишаното може да се препознае од страна на алатката, но мудрувањето  нема граница и нема да биде долго пред да се откријат нови начини да се пренабрегнат сегашните методи за да се заменат со други. На површинско ниво би рекле дека не ја согледувате допирната точка дека тука всушност се работи за морална дилема, луѓето и порано и денеска  изнаоѓаат начини за да измамат некој друг, а притоа и себе си (дека воопшто постигнале нешто со тоа што го направиле). На микро план сето ова изгледа безобѕирно, неосновано и не сноси никаква штета, но вистината е дека ова што моментално го потенцирам се случува во самата мигновесност на читање на истава реченица. Не е никаква новост, се правеле нечесни работи порано — се прават и денеска, но земајќи го во предвид интернетот и неговата распространост, не се бавиме овде со некоја миниатурна ствар, туку со еден многу посложен систем; обработува информации многу побрзо отколку што може да се замисли, се храни со информации од секојдневието па скоро на овој начин би дошло и до негово очовечување (доколку веќе не сме блиску и до тоа).

Софтверот на вештачката интелигенција исто така се храни и со стереотипи од нашето општество и има задача да се справи со истите. Овде се забележува и нагласува родовата нееднаквост која ја има жената кога се мисли во областа на технологијата, таа се изоставува и честопати мора самата да се промулшне во доменот на областа, честопати ослововувана како “недоквалификувана и непрофесионална”. Доколку би ме прашале мене, јас мислам дека еден човек може да научи од сешто и секого, како што мажите имаат нешто во кое умеат така и жените, а особено нивните комуникациски вештини. Истите се премногу важни за развојот на вештачката интелигенција која ја познаваме ден денес и за тоа треба доста да се наградени оние кои го овозможиле истото да се случи. Како што велев, родовата нееднаквост е сѐ поприсутна во гранките на истражување и ширум отаде на таквите области. Ова може да доведе до понежниот пол да се чувстува изолирано и отпаднато од поголемите планови на општеството. Нивната неинволвираност може и ќе доведе до падем на работниот квалитет, работната техника и работниот дух. Но, повеќе да се образложи врз истово, вештачката интелигенција не поседува некаква морална предиспозиција каде што она знае што треба да стори, а што не треба, таа ги пласира податоците од секаков вид на информации ширум просторот на интернетот и самите извлечени податоци можат да бидат искористени против оној што ќе постави прашање во врска со истите, како на пример за веќеспомнатото – “стереотипите”.  Софтверот ги обработува и не им пружува достатно внимание односно се однесува безобѕирно на тоа дали истите се навредливи или не. Од друга страна, вештачката интелигенција може да се претстави во огромно позитивно светло и да даде нова смисла и надеж за општеството, поточно кога се работи за родовата еднаквост. Доколку алатката послужи за промовирање на трудот што го даваат обата пола, може да се постигне максимален ефект за инкорпорирање на сите луѓе во процесот кое ќе придонесе понатамошно подобрување и развивање на севкупниот напредок. Сето ова изгледа до некој степен “совршено”, но не треба да се заборават предизвиците кои демнеат во собата со отклучена брава, доколку навремено не се идентификуваат (а веќе и ги посочивме) можат да предизвикаат неизмерна штета, погоре наведениот пример за стереотипите е еден од нив. Алгоритмот на вештачката интелигенција е сè уште во развиток, обработувањето на информациите што ги добива од мноштво датотеки се сурови, а филтерот е далеку од подготвен за да се справи со нив на соодветен начин. Но, дали ова значи дека улогата на вештачката интелигенција е навистина “извештачена” како што самото име налага? Ова може да звучи доста глупо и бесполезно, но за алатка од ваков степен на елоквентност и квалитет би очекувале дека се залага за вистинити нешта — дека не е само еден обичен филтер на информации што ти дава да слушнеш или да видиш што ти сакаш да видиш или слушнеш. Колку што доликува да е концизна и егзактна алатката, толку би очекувал и да биде доволно достоинствена да биде извор на вистината, но тука се среќаваме со уште една етичка дилема – дали може вештачката интелигенција да ја поистоветиме со умот на еден човек? Па, до негде и некој од нас би се согласил дека не е надвор од можноста, сепак алатката е создадена од човек и до некој степен е создадена да размислува на човечен начин за да може да сочувстува со тоа што ѝ возвраќаме. Другото прашање што се промушнува е колку е добра (или недобра) цензурата за општеството? Потполно е субјективно и многумина би биле воздржани од давање некакво мнение, но гледајќи од перспектива каде интернетот го “доминира” светот и потполно сме инволвирани во таквото “самоуништување” не доведува до сценарио каде е неизбежно да се соочиме со ужасната реалност — нема што не сме виделе и какви тривијални глупоштини не сме чуле, често конзумираме доза од ствари што не прават никаква смисла и јавниот срам е на огромен плакат за да се види и бедноста кај човекот е се поистакната. Со оваа алегорија не се обидувам да направам никаква негативна конотација, не само што ова е веќе спомнато туку нема ништо позитивно ниту негативно во она што делумно содржни дури и најмала трошка вистина. Која е потребата на цензура ако нашите очи се соголени уште од одамна? Некој би се спротивставил велејќи дека мора да се зачуваат и оние што досега не виделе ниту чуле, зарем можеш да спасиш некој што веќе наминал, видел, чул и сега се прави дека ништо не разбира, ослепил и заглувел односно да се обидеме да спасиме нешто што веќе тоне. Поентата гласи дека е премногу доцна за воопшто да се земе прашањето за цензура во предвид, сите знаат ама исто така и сите молчат е премисот на нашата приказна, сето ова што сме го постигнале со технологијата е огромна почест за човештвото, но дали воопшто нешто сме добиле ако од истото сме на пат да загубиме? Дигитализираноста е огромен чекор и благослов, но тоа не мора да значи дека е беспрекорна во секој поглед, од социолошки аспект би значело опаѓање на човечката интеракција или пожаргонски кажано “спобудалев седејќи дома” што би рекле мои пријатели и познаници, за секој чекор напред има и уназадување за два чекора, истото може да се каже и за вештачката интелигенција — совршена низ секаков облик, корисна на човекот, обработува ствари побрзо од било кој човек и што не! Тоа е сосема во ред, ама што е следно? За ова е очевиден доказот како сме “носталгични” за минатите времиња или подобро кажано — поедноставните времиња, кога сме го немале овој степен на технологија, кога повеќе сме биле преостанати на себе и многу работи зависеле од нас, денешно време е доста тешко да се каже истото, со мало движење на прстите и дланките сме мали чекори понапред до стекнување информација која ја посакуваме. Враќајки се наназад во историјата, човекот успеал да направи од ништо нешто, баш бидејќи немал скоро никакви средства на располагање, но ја имал својата незаситена љубопитност и тоа било сосема доволно, зарем може да постои љубопитност ако мислиме дека сè сме осознале и нема потреба да продолжиме да прашуваме и да бидеме љубопитните суштества кои сме? Ако нешто по својата природа човекот најдобро го дефинира е токму неговата љубопитност, оваа карактеристика ја делиме исто така и со животните, но најголемата разлика е нашиот разум, и сега во раѓање е вториот разум кој ќе му служи на првиот, или сепак и ова е можно да постане спорно во иднина. Се подразбира дека изумите во антиката и изумите денешно време не можат да се мерат на иста вага, но секогаш ќе биде фасцинантно тоа што луѓето пред нас го откриле, и со истото се служиме до ден денес, ова се однесува на денешниот напреден развој кој го имаме во природните науки, медицината, инженерството, архитектурата, филозофијата, музиката итн. Развојот во денешницата се повеќе се темели во праволиниска траекторија низ формата на технологијата, секое достигнување е токму во тој домен. Ова изгледа малку апсурдно, бидејќи се занемаруваат и другите гранки на развој, како да немаме потреба од други разновидни изуми за постигнување на нашите цели туку сè се одвива преку дигитализација на средствата, нема небидница или небрежност што не може да се реши преку современиот модел на технологијата. Сето ова што е спомнато не значи дека ја оспоруваме генијалноста на новите изуми — поконкретно изумот на вештачката интелигенција, овој модел има премногу потенцијал и се надеваме дека во блиска иднина ќе се докаже како важен фактор за човековата благосостојба, дека ќе постане од многу голема корист за нас без многу недостатоци и жртвувања. Се обидувам да илустрирам што всушност сето ова би значело за нас, ненужно дека можам да ја предвидам иднината туку дека човекот си ги учи грешките од минатото, оти со секој изум како што веќе напоменав – можеби се оди еден чекор нанапред но и два чекори наназад, соодветен пример за ова би била денешната музика; порано во XVII и XVIII век се создавале едни од најдобрите композиции што се слушани дури до ден денес, имале брилијантен усул за музика и знаеле дека се добри во тоа што го правеле преку нивниот талент и трудољубивост, ги немале баш најдобрите средства за да творат, но и тоа што го имале го користеле најдобро што можеле, создавале иновативни начини како да се свират скалите, терците и интервалите, го познавале сиот материјал и теорија на музиката бидејќи не било лесно достапна и затоа биле мошне мотивирани да се здобијат со знаење за неа. Во современото време, скоро секој може да стане музичар, да се круниса и назначи со името и да се служи со него, но дали тоа всушност го прави тоа што мисли дека е? Многу е полесно да создадеш некаков вид на инструментал па дури и песна во денешно време, со помош на развиената технологија можеш да бидеш и пеач кој не знае воопшто да пее, но во пост-продукција може да се исполира гласот за да звучи доволно добро колку да не му го расипеш слухот на слушателот. На распологање имаме сосема сè, ама баш сè, но во стварност немаме ништо — знаењето сега нè поседува нас, а не обратно. Развојот на родовата еднаквост нема да го должиме исклучиво на технологијата, поточно на вештачката интелигенција, подемот треба да дојде отаде – преку разбирање и компромис, ова е чиста човечка должност, “човек на човека му е волк!”. Но и не мора да е така доколку не си ја преоставиме и запоставиме нашата должност како луѓе на една обична алатка која единствена цел и е да биде корисна на тој што ја создал. Зошто сме толку убедени дека поглаварот се нашите измислици, зарем човека стварно страда повеќе во својата фантазија отколку во реалноста? Како што веќе ја опфативме темата на нашата исклученост и поврзаност со надворешниот свет, прашањето повторно се враќа во полн круг и така би не гонело до бескрај. Мора да се соочиме со еден обостран проблем кој инволвира признавање и (не)негирање — сè што досега човека развил и осмислил е фантастично и тоа е сосема прифатливо и разбирливо и нема да го потфрлиме во прилог на негирање, но исто така нема да свртиме очи и мора да си признаеме едно нешто — човекот мора да продолжи да си го остри умот и да си го зацврсти телото бидејќи го чека долг и кобен пат, дали се исклучуваат овие две сценариа? Се разбира не, истите идат рака под рака, но под еден услов што веќе го напоменав погоре, дека стварно се работи за едно обострано сечило, можеби ќе се исечеме од него, можеби малку ќе се прокрвари и со надеж дека сè ќе успее најнакрај. Да се спуштиме малку од апстрактното и алегоричното кон поконкретното, сигурен сум дека вештачката интелигенција може да придонесе многу за човекот, тоа се случува и моментално, многу луѓе почнаа да се занимаваат во тој сектор и стварно се чини во вид на провидение дека тоа е самата иднина – следниот чекор нанапред. Вештачката интелигенција сè уште не може со својот алгоритам да измисли код без да направи грешка и затоа е потребна човечката помош. Дали ова значи дека после пост-усовршувањето на вештачката интелигенција истите луѓе што помогнале би останале без никаква работа? Се разбира не, тие сега го поседуваат најважното знаење во таа област, низ обид и грешки сега ги имаат упатствата или подобро кажано “нацртот”. Со вештачката интелигенција сега постојат работни места како што се; инженер за ВИ, инженер за машинско учење, инженер за роботика, инженер за податоци, софтверски инженер итн. Побарувачката во овие сектори ќе биде уште поголема во блиска и далечна иднина, интересот може да се каже дека доаѓа и од двата пола — па најдобро е да се надеваме дека ќе се изедначи критериумот на родовата еднаквост во доменот на ВИ поради вештините кои се бараат од жените, и секако од мажите. Во рацете ни претстои еден прекрасен модел со огромен потенцијал за унапредување на целото човештво, неповолноста би била заменување на некои работни места кои што во моментот се на работ на исчезнување како поддршка за комитенти и потрошувачи, продавачи, аналитичари на маркетот и други. За некого ова би значело чекор напред, дека се стремиме кон подобро и повисоко ниво, светот затвора но и отвора нова етапа, но за некои обеспокоени души ова би значело нивни крај, завршна функција и делумно отфрлање од процесот на општеството, иако тие биле темелот сега се скалила за прерипнување, тука би подвлекол и обележал уште една етичка дилема. Можеби е подобро и изгледа сосема иновативно да се замени човечкото со роботското, да се дојде до некаква прецизна но и истовремено извештачен механизам, да се загуби чувствителното (или емотивното) за да се замени со автоматското и бесчуствителното. Во ред, некој би аргументирал сосема против со тоа дека во вештачката интелигенција е вметнато и интегрирано комуникациски одлик на човек кој помага со емотивна и морална поддршка, но дали е всушност исто зборовите да ги чуете од човек-помазаник или машина со претпорачан алгоритам. Има уште многу други работни места кои се во тек да бидат заменети, но мислам во мое скромно мислење дека се скоро невозможни за да се заменат, едни од нив кои ми доаѓаат на ум би биле наставник и писател. Додека овие две работни позиции, на некој начин изводливо би било да се заменат и не го негираме фактот дека е возможно, воспитно-образовниот процес е огромен домен каде значително е потребен човечкиот фактор, начинот на кој го претставува материјалот, соработува со децата или повозрасна група на адолесцентни лица, укажува и поучува на грешки со учтивост, но најважно е што го поседува елементот на човечност, и ова не може доволно да се нагласи само колку е од исклучителна важност. Наставникот од крајот на денот е човек на кој многу луѓе им служи за добар пример и го следат во неговите чекори, тој е чекорот напред за општеството кој ги поучува и описменува неговите ученици за тие да станат еден ден како него или нешто приближно добро во негов одраз. Зарем вештачката интелигенција може сето ова да го достигне? Можеби, но можеби и не. Сега да прејдеме кон вториот пример, писателот; свесни сме, како што напоменав уште од почетокот на трактатот дека ВИ има извонредна способност да напише одреден текст за некаква тема, па дури и во ваквите случаеви каде што студентите треба да напишат нешто за да задоволат одредени услови кај професорот, се служат со услугите што ги нуди современото средство, на тој начин — злоупотребувајќи го. Но, има многу меѓа измеѓу што може да напише една машина и што може да напише еден обичен човек. Машината секако ќе биде прецизна, деликатна и елоквентна, но секогаш ќе и фали острилото на човековата мисла и никогаш не ќе може да мисли како човечки ум, иако многумина тврдат дека таа неизвесност стана реалност во денешницата. Вештачката интелигенција не може да го замени ова што во мигот се осмислува и пишува; човекот не е машина и машината не бидува да е човек. На човекот не може да му се одземе неговата мисла, неговиот миг, она што сака и она што презира, она што посакува, она што величи, она што го држи жив и во трепет — неговата волја. Поради истата причина, филозофијата останала на цедило, но никогаш не замрела и секогаш е во исчекување луѓето повторно да и се навратат, бидејќи преставува симбол на сиот човечки изум, неговата извонредна и незаменлива мудрост, раѓањето на идеали и нивната смрт, вештачката интелигенција е само мал чекор во целиот процес, бидувало да е пречка или скалило за прескокнување, човекот ќе пренабрегне повторно.  Најдобрите текстови засекогаш ќе бидат пишувани од мислите на брилијантни индивидуи и оние најдобри учители поседуваат големо срце за да поучат оскудна и потиштена душа — лекувајќи ја преку знаењето стекнато преку трудољубивост бидејќи доблестите се вкоренети во сржта и вдлабнатините на човековата психа. Овој напор не е постигнат преку ноќ, туку е долгорочен времеплов над милениумите поминати во суров потфат за изнајдување на знаење. Дали сето ова е наеднаш запрено? Делумно, но не доволно за да прекине, бидејќи верувам дека сѐ уште сме во транзиција во времето каде одлучуваме во која насока сакаме да тргнеме, или подобро кажано се наоѓаме пред неизвесна и замаглена раскрсница каде постојат насоките лево-десно, но правиот правец изгледа привидно – барем засега. Што и да правиме и каде и да одиме, треба да продолжиме да изнајдуваме решенија за да можеме да живееме складно со секој нов изум кој ќе ни претставува предизвик и тешкотија, бидејќи како што е вештачката интелигенција направена за да се развива постојано така треба да го следиме истиот пример и никогаш да не престанеме да чекориме нанапред – постојано изградувајќи се себе си, во добро и во лошо, во небидница или поволност, во добро здравје и здрав дух, мора да успееме.

Изработил:  Благојче Богојевски 

Студент по Филозофија со индекс број 25916/22

Библиографија

(2024). 6 Artificial Intelligence (AI) Jobs www.coursera.org/articles/artificial-intelligence-jobs

Бадаревски Боби (2023). РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ И ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА 793-804

Донев Дејан (2018). ВОВЕД ВО ЕТИКАТА 

Janine Berg (2024). Minimizing the negative effects of AI-induced technological unemployment https://www.ilo.org/resource/article/minimizing-negative-effects-ai-induced-technological-unemployment

The IoT Academy (2024). What is the Positive and Negative Impact of AI on Employment? https://www.theiotacademy.co/blog/ai-impact-on-employment/