Марија Блажеска
1. Вовед
Години наназад, човечката популација ги одвојуваше поимите за двата пола, и тоа беше правено многу темелно. Возвишувањето на едниот пол стана нова норма, а критикувањето на неповолностите кај другиот стана изговор за присутната нееднаквост. Најчесто, мажите се претставувани како супериорни суштества, а жените како инфериорни во однос на нив во секој општествен, физички, политички и економски аспект, па таа неправда станала широко прифатлива меѓу масите во зачетоците. Трагите на таа нееднаквост оставија неоспорлив отпечаток во многу сфери од секојдневниот живот, вклучително и литературата.
Институционално, и покрај признавањето на постоењето на родова нееднаквост во функционалните владини системи, тоа не е забележано во рамките на образовниот процес. Учениците кои изучуваат предмети како историја, социологија или филозофија, забележуваат шема на потфрлање на одредени аспекти во предметите што се сметаат за поважни, како што е литературата. Ниту во основно, ниту во средно училиште не се споменува феминизмот во литературата, импактот на феминизмот во литературата, користење дела од женски автори, а единствениот момент кога ова се изучува е кога тие ќе станат студенти. Ова создава големо незнаење дека жените биле присутни во литературата толку долго колку и мажите.
Во училиште, на учениците им се даваат задолжителни дела за читање и во повеќе од деведесет проценти од случаите, книгите вклучени во наставната програма се напишани од машки автори. Некои се со сликовити теми и описи на машката супериорност или книги главно фокусирани на машки ликови и некои со недостаток на свест за социјалната неправда, книги што го опишуваат патријархатот во најдобро издание. Факт е дека на глобално ниво, книгите од машките автори ги засенија книгите напишани од женски автори, дури и ги дискредитираа кога се во жанр кој не се смета „типичен“ за една жена да пишува во него, што предизвика тие да бидат скриени и забранети.
За среќа, од бранот на феминистичкото движење кое ја поттикна феминистичката литература како начин за изразување на неправдата со која се соочуваа/се соочуваат жените, до денес, можеме да видиме сè повеќе дела напишани од жени, од перспектива и експертиза на жените. Книгите што некогаш биле скриени и забранети поради нивната „контроверзна“ природа, сега испливуваат на површина. Како што се менуваат
3
моралните вредности на тема феминизам, луѓето кои наидуваат на овие дела имаат проблем да препознаат зошто воопшто истите биле забранети, ако немаат историска временска рамка на која ќе се осврнат.
Сличен процес на исклучување, но во нова форма, денес се забележува и во полето на вештачката интелигенција. Како што литературниот канон со децении ги игнорирал женските гласови, така и современите AI системи, ако не се внимателно дизајнирани, можат да ги репродуцираат истите родови нееднаквости. Алгоритмите се обучени на податоци што често се производ на патријархални структури, што значи дека и покрај технолошкиот напредок, жените повторно се ставаат во позиција на инфериорност – овој пат не преку книги, туку преку код. Во многу случаи, AI модели за вработување, препораки или дури и безбедност покажуваат пристрасност против жени, особено оние од малцински заедници. Вештачката интелигенција не е неутрална – таа ги рефлектира вредностите на оние што ја создаваат, а токму затоа родовата перспектива мора да биде интегрирана во нејзиниот развој.
2. Феминистичко движење
Феминизмот е верување во
социјална, економска и политичка
еднаквост на половите. Иако во
голема мера потекнува од Запад,
феминизмот се манифестира низ
целиот свет и има корени уште во
најраните епохи на човечката
цивилизација. Жените се бореле за
еднаквост и против угнетувањето со
векови, и иако некои битки се делумно добиени – како што се правото на глас, правото на сопственост, остварување на работничкото право и еднаквиот пристап до образование – жените сè уште се непропорционално погодени од сите форми на насилство и дискриминација во секој аспект од животот. Всушност, да се биде феминист не е нешто специфично за кој било пол или род: постојат жени и мажи, и двајцата кои се сметаат себеси за феминистки.
Низ поголемиот дел од западната историја, жените биле ограничени на живот во рамките на домаќинството, додека јавниот живот бил резервиран за мажите. Во
4
средновековна Европа, на жените им било одземено правото да поседуваат имот, да учат или да учествуваат во јавниот живот. На крајот на 19 век во Франција, тие сè уште биле принудени да ги покриваат главите во јавност, а во делови од Германија, сопругот сè уште имал право да ја продаде својата сопруга. Дури и на почетокот на 20 век, жените не можеле ниту да гласаат ниту да држат изборни функции во Европа и во поголемиот дел од Соединетите Американски Држави (каде што неколку територии и држави им дадоа право на глас на жените долго пред федералната влада да го стори тоа). На жените им било забрането да водат бизнис без машки претставник, без разлика дали станува збор за татко, брат, сопруг, правен застапник, па дури и син. Мажените жени не можеле да вршат контрола врз своите деца без дозвола од своите сопрузи. Покрај тоа, жените имале мал или никаков пристап до образование и им било забрането да се занимаваат со повеќето професии. Во некои делови од светот, ваквите ограничувања за жените продолжуваат и денес.
Феминистичките движења водеа и продолжуваат да водат кампања за правата на жените, вклучувајќи ги правото на: глас, вршење јавни функции, работа, еднаква плата, поседување имот, образование, склучување договори, еднакви права во бракот и породилно отсуство. Феминистките, исто така, работеа на обезбедување пристап до контрацепција, легални абортуси и социјална интеграција, како и на заштита на жените и девојчињата од силување, сексуално вознемирување, семејно насилство и остри казни за фемицид. Промените во стандардите за облекување на жените и прифатливите физички активности за жените честопати беа идеен дел од феминистичките движења.
Иако феминистичкото застапување е, и било, главно фокусирано на правата на жените, некои феминистки се залагаат за вклучување на „ослободувањето на мажите“ во рамките на нивните цели, бидејќи веруваат дека и мажите се оштетени од традиционалните родови улоги. Феминистичката теорија, која произлезе од феминистичките движења, има за цел да ја разбере природата на родовата нееднаквост преку испитување на општествените улоги на жените и нивното животно искуство; феминистичките теоретичари развија теории во различни дисциплини со цел да одговорат на прашањата што се однесуваат на родот.
Феминистичкото движење најдобро може да се визуелизира со метафора на бран. Тоа сугерира дека секоја временска појава на феминизмот е бран, а секој бран на феминизам е монолит, со единствена унифицирана агенда. Контрадикторно на
5
монолитната теорија е дека историјата на феминизмот е историја на различни и конфликтни идеи.
Секој бран може да се сведе на претставување на одреден стереотип и да сугерира дека постои остра поделба помеѓу генерациите на феминизам. Контрадикторно на таа сугестија е постоењето прилично силен континуитет помеѓу секој бран – и бидејќи ниеден бран не е монолит, теориите/идеите што се модерни во еден бран често се засноваат на работата што некој ја работел на маргините на претходниот бран.
Манифестацијата на феминизмот обично е поделена на три бранови:
∙ прв бран феминизам – движења за право на глас на жените, од 19-ти и почетокот на 20-ти век, кои се занимаваат со правата на сопственост и правото на глас; ∙ втор бран феминизам, движењето за ослободување на жените, започна во 1960- тите, фокусирајќи се на социјална и правна еднаквост и антидискриминација, и ∙ трет бран феминизам, кој започна во 1990-тите како реакција на перцепираното привилегирање на белите, „стрејт“ жени од страна на вториот бран, фокусирајќи се на индивидуалноста и различноста.
Дополнително, некои се залагаат за постоење на четврти бран, почнувајќи од околу 2012 година, кој ги користи социјалните медиуми за борба против сексуалното вознемирување, насилството врз жените и културата на силување; најпознат е по движењето „Me Too“ (од англ. „И јас исто така“). Истиот овој четврти бран од 2016 е во голем степен предизвикан со зголемената употреба на вештачката интелигенција за
цели кои се далеку од легалн.
3. Бранови на феминизам
Постојат мал број на докази за ран организиран протест против таквиот ограничен статус на жената во општеството. Во неговата класика „Држава“, Платон пишува дека жените поседуваат „природни капацитети“, еднакви со мажите, за управување и одбрана на античка Грција. Не сите с е согласиле со Платон; кога жените од антички Рим организирале масовен протест против Опиевиот закон, кој го ограничувал пристапот на жените до злато и други добра, римските жени го исполниле ридот Капитол и ги блокирале сите влезови во
6
Форумот. Конзулот Марко Порциј Катон тврдел: „Штом ќе почнат да ви бидат еднакви, тие ќе станат ваши претпоставени!“ (И покрај стравувањата на Катон, законот бил укинат.)
3.1. Прв бран на феминизам
Борбата за правото на глас на жените на избори е позната како „движење на суфражетки“. До крајот на 19 век, ова движење стана распространето шитум светот, а зборовите „феминизам“ и „феминистичко движење“ почнаа да се користат од тој момент па натаму.
Овој прв бран на феминистички активизам вклучуваше масовни демонстрации и протести, објавување весници, организирање дебати и основање меѓународни женски организации. До 1920-тите, жените го добија правото на глас во повеќето европски земји и во Северна Америка. Приближно во исто време, жените станаа поактивни во комунистичките, социјалистичките и социјалдемократските партии бидејќи сè поголем број жени почнаа да работат надвор од домот, во фабрики и канцеларии. На жените за прв пат им беше дозволено да одат на универзитет на почетокот на 20 век, да имаат и кариера и семејство. Во одредени земји, кога фашистичките партии ја добија власта, феминистичкото движење беше забрането, а со тоа сè што беше постигнато, остана само идеал.
Жените повторно почнаа да се организираат по завршувањето на Втората светска војна и наскоро добија еднакви политички права во повеќето европски земји, при што еманципацијата на жените стана важна цел, а на повеќето жени им беше дозволено да работат со полно работно време, да се разведат од своите сопрузи и да се стекнат со високо образование.
3.2. Втор бран на феминизам
Во Западна Европа и САД, феминистичкото движење повторно се разгоре до 1970- тите. Иако овој втор бран на феминизам имаше за цел да постигне „ослободување на жените“, различни групи имаа различни идеи за тоа како треба да се направи тоа.
7
Либералните феминистки сакаа подобри закони за еднаквост и бараа реформи на институции како што се училиштата, црквите и медиумите. Радикалните феминистки тврдеа дека коренот на нееднаквоста на жените е патријархатот: мажите, како група, ги угнетуваат жените. Тие, исто така, се фокусираа на насилството врз жените од страна на мажите и почнаа да зборуваат за насилството во семејството и силувањето. Социјалистичките феминистки тврдеа дека комбинацијата од патријархатот и капитализмот е таа што предизвикува угнетување на жените.
Вториот бран на феминизам, исто така, резултираше со отпочување на нови области на науката: женските студии станаа дисциплина што требаше да се изучува на универзитетите, а почнаа да се објавуваат и книги за достигнувањата на жените во литературата, музиката и науката, евидентирање на претходно непишаната историја на жените, како и реобјавување и ставање фокус на претходно објавена литература од страна на жените.
Конечно, женското движење одигра важна улога во изготвувањето на меѓународни документи за правата на жените, како што се Универзалната декларација за човекови права и Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените (CEDAW, 1979).
3.3 Трет бран на феминизам
Третиот бран на феминизам главно се однесува на американското движење во 1990-тите и беше реакција на реакцијата на конзервативните медиуми и политичари кои го најавуваа крајот на феминизмот или се повикуваа на „постфеминизам“. Ова тешко дека беше нов феномен: женските движења отсекогаш биле пречекани со антагонизам. Сепак, во 1980-тите, институционализираните форми на напади врз женските права станаа посилни.
Третиот бран на феминизам може да се карактеризира со зголемена свест за преклопувачките категории, како што се раса, класа, род, сексуална ориентација. Поголем акцент беше ставен и на расните прашања, вклучително и статусот на жените во други делови од светот (глобален феминизам). Ова беше исто така момент кога беа основани голем број феминистички невладини организации, но фокусирани на
8
специфични феминистички прашања, наместо да тврдат дека претставуваат општи феминистички идеи.
Третиот бран на феминизам активно ги користи медиумите и поп-културата за да ги промовира своите идеи и да води активности, на пример преку објавување блогови. Се фокусира на приближување на феминизмот до секојдневниот живот на луѓето. Главните прашања за кои се загрижени феминистките од третиот бран вклучуваат: сексуално вознемирување, семејно насилство, јаз во платите меѓу мажите и жените, нарушувања во исхраната и слика за телото, сексуални и репродуктивни права, злосторства поврзани со честа и осакатување на женските гениталии.
3.4. Четврт бран на феминизам
Иако за некои, постоењето на четврт бран на феминистичкото движење е само пролонгација на третиот бран, неоспориво е постоењето на дејствување во периодото од 2012 година па до денес.
Пред вештачката интелигенција, тука беа само социјалните медиуми без неа. Забележително од 2012 година, социјалните медиуми почнуваат да се користат за борба против сексуалното вознемирување, насилството врз жените и културата на силување; најпознат е по движењето „Me Too“ (од англ. „И јас исто така“).
Основачка на „Me Too“ е Тарaна Берк, афроамериканска активистка, која го започнала движењето уште во 2006 година, со цел да им даде поддршка на жртви на сексуално насилство, особено млади девојчиња од малцински заедници. Во 2017, актерката Алиса Милано го објави твитот: „Ако сте биле сексуално вознемирени или нападнати, напишете ‘me too’ како одговор на овој твит.“ Овој твит ја направи фразата „#MeToo“ вирална и ја прошири на глобално ниво. Многу моќни личности беа разобличени и соочени со правни последици.
Вештачката интелигенција (AI) почнува да игра улога во злонамерни цели према жените откако станува широко достапна и комерцијализирана, особено по 2016 година, кога AI технологиите како deepfake, recommendation системи и автоматизирани ботови почнуваат да се користат на начини што директно ги загрозуваат жените. Процесите кои директно ги загрозуваат правата и автономијата на жената се: Deepfake порнографија(експлицитни видеа направени со генеративни модели врз кои се
9
вметнуваат туѓи лица, за одмазнички цели), алгоритамска дискриминација (базирана врз клучни зборови поврзани со жена), автоматизирано вознемирување преку ботови и AI и следење/контрола (надзорни системи кои таргетираат жени).
4. Феминизмот во литературата
4.1. Зачетоци на феминистичката
литература
Феминистичката литература има
корени што му претходат на движењето
на суфражетките. Во поголемиот дел од
запишаната историја, само изолирани
гласови се изјасниле против
инфериорниот статус на жените,
најавувајќи ги аргументите што доаѓаат. Во „Книгата на градот на дамите“, писателката од 15 век, Кристин де Пизан, протестирала против мизогинијата и улогата на жените во средниот век со смел повик за образование на жените. Ова го продолжила подоцна во векот Лаура Черета, венецијанка од 15 век, која го објавила „Epistolae familiares“(1488 од лат. „Лични писма“; Собрани писма на една ренесансна феминистка), том писма што се занимаваат со низа женски поплаки, од негирање на образованието и брачно угнетување, до лекомисленоста на женската облека.
Години подоцна, за време на просветителството, интелектуалките од просветителството брзо го истакнале овој недостаток на инклузивност и ограничениот опсег на реформистичката реторика. Писатели и филозофи како Маргарет Кавендиш, војвотката од Њукасл на Тајн, и Мери Волстонкрафт, авторка на „Одбрана на правата на жената“, значајното феминистичко дело на англиски јазик, објавено во Англија. Оспорувајќи ја идејата дека жените постојат само за да им угодат на мажите, таа предложи на жените и мажите да им се дадат еднакви можности во образованието, работата и политиката. „Жените,“ напиша таа, „се природно рационални како и мажите. Ако се глупави, тоа е само затоа што општеството ги обучува да бидат ирелевантни.“
Ерата на просветителството се претвори во ера на политички бранувања, обележана со револуции во Франција, Германија и Италија и подемот на аболиционизмот. Во Соединетите Американски Држави, феминистичкиот активизам се вкорени кога аболиционистките се обидоа да ги применат концептите на слобода и еднаквост во
10
сопствените социјални и политички ситуации. Нивната работа ги доведе во контакт со аболиционистките во Англија кои доаѓаа до истите заклучоци. До средината на 19 век, прашањата околу феминизмот додадоа на метежот од општествените промени, со размена на идеи низ цела Европа и Северна Америка.
Луиз Ото, Германка, се осмели да го потпише со свое име првиот феминистички напис. Откако париските феминистки почнале да објавуваат дневен весник насловен како „La Voix des femmes“(од фран. „Гласот на жените“) во 1848 година. Луиз Дитмар, германска писателка, го следела примерот една година подоцна со своето списание, „Soziale Reform“(од гер. „Социјална реформа“).
4.2. Феминистичката литература за време на феминистичкото движење Феминистичкото движење создаде феминистичка фикција, феминистичка нефикција и феминистичка поезија, што создаде нов интерес за женското пишување. Исто така, поттикна општо преиспитување на историските и академските придонеси на жените како одговор на верувањето дека животите и придонесите на жените се недоволно застапени како области од научен интерес. Исто така, постоеше тесна врска помеѓу феминистичката литература и активизмот, при што феминистичкото пишување обично ги искажува клучните загрижености или идеи за феминизмот во одредена ера. Голем дел од раната феминистичка книжевна наука беше посветена на повторно откривање и враќање на текстови напишани од жени.
Еквивалентно на овој раст на научен интерес, разни издавачки куќи ја започнаа задачата за повторно издавање текстови кои одамна не се печатат. Вираго Прес почна да го објавува својот голем список на романи од 19-ти и почетокот на 20-ти век во 1975 година и стана една од првите комерцијални издавачки куќи што се приклучи на проектот за враќање на авторитетот.
Порано, феминизмот беше ограничен само на некои писателки, но зголемениот број на писателки и застапеноста на женски ликови во светот на фикцијата привлече големо внимание во литературата. Еволуцијата на феминистичкото движење во литературата е како што следува:
∙ Во првиот бран
11
Во оваа рана фаза на феминистичката критика, критичарите го разгледуваат понижувачкиот третман или маргинализацијата на женските ликови од страна на машките романописци. Првиот бран на феминистичка критика вклучува книги како „Размислувајќи за жените“ (1968) од Мери Елман, „Сексуална политика“ (1969) од Кејт Милет и „Женскиот евнух“ (1970) од Жермен Грир. Пример за феминистичка литературна анализа од првиот бран би била критиката на „Кротењето на опаката“ од Вилијам Шекспир за злоупотребата на Катарина од страна на Петручио.
∙ Во вториот бран
Елејн Шоволтер е пионер во гинокритиката со нејзината книга „Литература за себе“ (1977). Гинокритиката вклучува три главни аспекти. Првиот е испитувањето на писателките и нивното место во литературната историја. Вториот е разгледувањето на третманот на женските ликови во книгите и од машки и од женски писателки. Третиот и најважен аспект на гинокритиката е откривањето и истражувањето на канон на литература напишана од жени; гинокритиката се стреми да ја присвои женската литературна традиција. Во „Литература за себе“, таа ги предлага следните три фази на женското пишување:
-Женствена фаза, во која писателките ги имитирале доминантните машки уметнички норми и естетски стандарди;
-Феминистичка фаза, во која се одржувал радикалниот пристап;
-Женска фаза, која првенствено се фокусирала на женското пишување и женските искуства.
∙ Во третиот бран
Уште на почетокот на третиот бран, феминистичките научници почнаа да објавуваат нова литература што им помогна на читателите подобро да ја разберат феминистичката теорија. Во 1989 година, адвокатката и теоретичарка Кимберле Креншо ја разви „интерсекционалноста“ за да покаже како различните идентитети на некого (раса, класа, пол, род итн.) се преклопуваат за да влијаат на тоа како се третираат во општеството. Оваа теорија доведе до „интерсекционален феминизам“, кој се формираше
12
како одговор на повеќекратните начини на кои жените се угнетувани, а исто така пристапи кон феминистичката теорија преку проучување на социјалните и политичките идентитети на жените.
∙ Во четвртиот бран
Феминистичката литература во четвртиот бран е разновидна и динамична, фокусирајќи се на интерсекционалноста воспоставена во претходниот бран, дигиталниот активизам и личните искуства на жените и маргинализираните групи. Овој бран, кој започна околу 2012 година, се потпира на интернетот и социјалните медиуми за ширење на феминистичките идеи и борба против родовата нееднаквост.
Некои значајни дела од овој период вклучуваат книги што ги истражуваат темите на родовата идентичност, сексуалното насилство, културата на силување и репрезентацијата на жените во медиумите. Феминистичката книжевна критика исто така игра важна улога, анализирајќи како литературата ги обликува и одразува родовите норми. Книгата „Bad Feminist“ (од англ. „Лош феминист“) на Роксан Геј ги истражува комплексностите на модерниот феминизам, културата и личните искуства. Геј признава дека никој не е совршен феминист, но тоа не значи дека борбата за еднаквост треба да престане.
Иако вештачката интелигенција не создава феминистичка литература во традиционална смисла, таа игра сè поголема улога во нејзиното проучување, дистрибуција, достапност и анализа. ВИ се користи за обработка и анализа на огромни архиви од женски текстови, особено од авторки чии дела биле игнорирани или недоволно изучувани кои се користат во големи веб библиотеки како што се HathiTrust, Project Gutenberg или The Women Writers Project. Преку natural language processing (NLP), ВИ може да идентификува теми, феминистички мотиви, па дури и пристапи кон родовите улоги низ различни епохи. Ова овозможува пообјективен увид во тоа како се претставени жените во литературата, а и како авторките се разликуваат од машките колеги.
ВИ генеративни модели можат да се користат како креативна алатка за пишување или инспирација на нова феминистичка литература. Истражувачки експерименти покажуваат дека кога ВИ е “феминистички обучен” (со дела од феминистички авторки),
13
може да генерира текст со посебен родов сензибилитет, но доколку не е етички обучен, може да репродуцира сексистички или стереотипни ставови во автоматски генерирани текстови. Затоа, феминистичките теоретичари инсистираат на етички развој на ВИ кој ќе ја почитува родовата еднаквост.
5. Заклучок
Историјата на феминизмот сведочи за долга и континуирана борба на жените за признавање, видливост и еднаквост во општествениот живот. Од раните суфражетки, преку теоретичарките на вториот бран, до интерсекционалните пристапи на третиот и дигиталниот активизам на четвртиот бран – феминистичкото движење се менувало, но секогаш останувало посветено на рушење на структурите што ја одржуваат родовата нееднаквост. Во таа борба, литературата отсекогаш била силна алатка за изразување, отпор и еманципација. Иако женските гласови долго биле маргинализирани, денес нивната книжевна продукција е сè поприсутна, а нивниот придонес во сферата на литературата добива заслужено внимание.
Но, борбата не завршува тука. Денешниот предизвик доаѓа во нова, подмолна форма – преку вештачката интелигенција. Иако ВИ има потенцијал да служи на прогресивни цели, нејзината злоупотреба или неетичка примена веќе доведе до појава на нови начини на дискриминација и насилство врз жените – од deepfake видеа, до алгоритамски пристрасности што ги ограничуваат шансите за вработување, кредити или видливост. Повеќе од очигледно е дека технологијата не е неутрална. Таа ги рефлектира вредностите, предрасудите и намерата на оние што ја создаваат.
Затоа, од клучна важност е феминистичката мисла да не остане ограничена само на книжевноста или теоријата, туку да се прошири и во технолошките простори. Жените мора да бидат активни учеснички во развојот на ВИ системи, а родовата перспектива мора да биде интегрирана во сите фази од креирање, примена и евалуација на нови технологии. Само така може да се осигураме дека иднината нема да ја повтори истата исклученост, само под нова, дигитална маска.
Конечно, борбата за еднаквост не смее да престане да се прилагодува на времето. Ако во минатото жените мораа да се борат за право на глас или пенкало, денес треба да се борат и за право на правична репрезентација во податоци и алгоритми. Бидејќи исто
14
како што книжевноста е одраз на културата, така и технологијата денес е одраз на моќта – и токму затоа мора да биде еднакво праведна.
6. Користена Литература
Anderson, K. и Smith, J. (2020). Artificial Intelligence and Feminist Literary Criticism: New Horizons in Digital Humanities. Journal of Gender Studies, бр. 29(3), стр. 302–318.
http://writersinspire.org/content/feminist-approaches-literature
https://www.coe.int/en/web/gender-matters/feminism-and-women-s-rights-movements https://www.history.com/topics/womens-history/feminism-womens-history
https://www.vox.com/2018/3/20/16955588/feminism-waves-explained-first-second-third fourth
wave#:~:text=Third%20Wave%20Literature&text=overlap%20to%20influence%20how%20t hey,of%20intersectionality%20into%20their%20work.
https://www.greelane.com/mk/%D1%85%D1%83%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8% D1%82%D0%B0%D1%80%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5-
%D0%BD%D0%B0%D1%83%D0%BA%D0%B8/%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE %D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B8-
%D0%BA%D1%83%D0%BB%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B0/feminist-literary criticism-3528960
15