Никола Ѓешовски
Вовед
Во последните децении, вештачката интелигенција (ВИ) стана централна технологија која го трансформира општеството, економијата и секојдневниот живот. Една од клучните компоненти на оваа технолошка револуција е развојот на хардверски решенија, особено чипови дизајнирани за оптимално извршување на AI алгоритми. Oтпочнување на сопствен бизнис е еден од клучните начини за зголемување на претприемачката активност и потикнување на конкурентноста, a претприемачката активност е важна и за долгорочен економски раст и развој. Стартапите, како двигатели на иновацијата, играат суштинска улога во овој процес. Но, дали сите имаат еднаков пристап и поддршка во овој напреден сектор?
Имајќи во предвид дека генералната поделба на професии во нашите опшествени опкужувања, сеуште се делат на традиционално машки или традиционални женски професии, професијата поврзана со хардверот може да се разгледува како неутрално родова професија. Меѓутоа претпиемаштвото на Al хардвер стертапи е поврзано со многубројни предизвици (структурни, финансиски, логистички, културолошки и сл.) кои сами по себе го отежнуваат пристапот и успешноста до оваа професија. Посебно е интересно да се анализира начинот на кој се вклучуваат жените во оваа професија, како истите се вклопуваат во работното опкружување, колкава подршка добиваат во процесот на предприемаштвото во областа на технологијата и колку истите се соочуваат со одредени ограничување во текот на покренување на сопствен бизнис и негово успешно пласирање на пазарот.
Оваа семинарска работа има за цел да го анализира родовиот аспект во сферата на AI хардвер претприемништвото. Конкретно, ќе се истражат постоечките можности и ограничувања со кои се соочуваат жените-основачи на Al хардвер стертапи, позитивните примери во оваа област, како и тековните иницијативи за поддршка и унапредување на родовата еднаквост во технолошкиот сектор.
3
Што претставува AI хардвер стартап?
AI хардвер стартап е компанија во рана фаза која развива специјализирани чипови, архитектури или уреди што поддржуваат извршување на алгоритми за машинско учење и вештачка интелигенција. Овие компании често се фокусираат на оптимизирање на брзината, енергетската ефикасност и паралелната обработка на податоци – суштински аспекти за напредни AI апликации.
Овие стартапи ја трансформираат областа на вештачката интелигенција, овозможувајќи им на истражувачите и на цели индустрии да прават повеќе со помалку време и помалку ресурси. AI хардвер стартап компании развиваат и градат TPU (Tensor Processing Unit) чипови и друг хардвер, специјално дизајниран за машинско учење, што го забрзува тренирањето и перформансите на невронските мрежи и ја намалува потрошувачката на енергија.
AI чиповите, за разлика од класичните процесори, се дизајнирани за висока паралелна обработка, што ги прави исклучително ефикасни во извршување на длабоки невронски мрежи. Стартапите во оваа област настојуваат да креираат иновативни решенија кои ја надминуваат ограничената моќ на традиционалните хардверски системи, со фокус на “edge computing” (компјутерски раб), енергетски ефикасен дизајн, и прилагодување на архитектурата според специфични AI задачи.
Овие стартапи се соочуваат со сериозни предизвици – од скапи фази на истражување и развој, до потреба од капитал за производство, тестирање и комерцијализација. Затоа, често се потпираат на ризичен капитал (венчур капитал), академски партнерства и државни грантови за да ги реализираат своите цели. Покрај техничките и финансиските ограничувања со кои се соочуваат, важна улога во успешна работа на овие стартапи играат и стратегиите за стекнување доверба на пазарот. Ова особено е предизвикувачко за нови компании предводени од помалку застапени групи, како жените.
4
Родова застапеност во AI и хардвер стартапи
Прашање, кое може да се истражува е: зошто хардверот би бил област од посебен фокус за жените претприемачи. Како категорија, хардверот е широк, се вклопува во сите видови производи и како резултат на тоа се чувствува прилично родово неутрален.
И покрај глобалниот интерес за зголемување на родовата еднаквост во сите сфери на опшественото живеење и во технологијата, жените остануваат значително помалку застапени во хардвер инженерството и технолошкото претприемништво. Според податоци од PitchBook (2023), само 2% од венчур капиталот глобално оди кај компании основани исклучиво од жени. Во AI хардвер индустријата – која бара висока техничка експертиза и огромни инвестиции – оваа бројка е уште пониска.
Во Америка во 2025 година од топ 46 стартапи кои развиваат хардвер со вештачка интелигенција, речиси сите биле основани од мажи.
Главните пречки за жените претприемачи се мултидимензионални:
• Пристап до финансирање: Жените основачи се соочуваат со потешкотии при привлекување инвестиции, поради недоверба на инвеститорите, отсуство на репрезентација и постоечки мрежи што се доминирани од мажи.
• Системски предрасуди и културни бариери: Во традиционално „машки“ професии во кои може да се вброи и хардвер инженерството, жените често се соочуваат со недоверба во нивната техничка способност и лидерски капацитет.
• Недостиг на ментори и примери: Во споредба со софтверските компании, во хардвер стартапите е помал бројот на женски лидери што би послужиле како модели за позитивни примери и поддршка.
Овие предизвици особено се изразени кај AI хардвер стартапи, бидејќи развојот на чипови и специјализирани уреди бара не само длабоки инженерски знаења, туку и долгорочна финансиска одржливост. За младите жени кои сакаат да започнат стартап во оваа сфера, вообичаено потребно е двојно повеќе труд за да изградат кредибилитет, доверба и пристап до потребните ресурси.
Исто така, се појавува и феноменот на “симболична застапеност” – присуство на жени на пониски технички или административни позиции во компаниите, без реално влијание врз стратегијата или иновациските одлуки. Вистинската родова еднаквост не значи само присуство, туку и активно учество и лидерство во одлучувачките процеси.
Согласно извештајот „Политики за еднаква застапеност на жените на лидерски позиции во компаниите за ИКТ и поддршка на различностите“, подготвен во рамки на проектот
5
„Поттикнување на менаџмент и лидерство – Жени-лидери“, во ИКТ-секторот како една од најбрзорастечките индустрии која игра клучна улога во поттикнувањето на економскиот раст и иновациите, жените, остануваат значително недоволно застапени во секторот и претставуваат мал процент од вкупната работна сила, што е особено видливо на лидерските позиции. Истражувањето покажало дека генерално, ИКТ-секторот сè уште се перцепира како област во која доминираат мажи, а родовите стереотипи играат значајна улога во одржување на оваа слика. Жените кои влегуваат во секторот може да се соочат со бариери како што се несвесна родова пристрасност, дискриминација или недостаток на пристап до можности за менторство и вмрежување, што може значајно да го ограничи нивниот напредок и да влијае на нивното задржување на одредено работно место, но и во секторот генерално. Во најголем дел од анкетираните компании или 85.7% постои формална систематизација на работни позиции, како и формални политики за вработување (кај 87.8%), но само кај 14.3% се применуваат одредени родово-сензитивни политики или мерки на работното место, односно политики кои водат сметка за рамномерна застапеност и напредување и прилагоденост на работата според специфичните потреби на жените и мажите.
Во рамки на истражувањето биле спроведени и интервјуа со претставнички од-ИКТ секторот.
Според одговорите на интервјуираните, речиси во ниту една од компаниите во кои работат или работеле, воопшто не се разговара на темата односно за дискрепанцата во однос на родовата застапеност или пак родово сензитивните политики. Најголем дел од интервјуираните изјавиле дека темата несвесно се одбегнува, односно дека ја нема свесноста дека треба да се посвети внимание на проблемот заради тоа што нема импликации врз нивната работа.
– И покрај тоа што најголем дел изјавија дека нема родова поделба кога станува збор за вештините, сепак „меките“ вештини најчесто ги поистоветуваат со жените, додека техничките со мажите. Жените се повеќе застапени во ИКТ- секторот во професии поврзани со администрација, човечки ресурси и маркетинг, односно професии кои препоставуваат повеќе комуникација, емоционална интелигенција, соработка, додека технологијата сè уште се поврзува со мажите
6
Примери на успешни жени во AI хардвер
И покрај предизвиците, на глобално ниво, постојат истакнати примери на жени кои предводат иновации во AI хардвер. Во продолжение се прикажани неколку примери на успешни жени во предпиемаштвото на стертап Al хардвер:
• Weili Dai – ко-основач на Marvell Technology и Silicon Box. Таа е една од првите жени кои воделе мултинационална компанија за чипови, и има директно влијание врз комерцијализацијата на иновативни модуларен чип технологии. Silicon Box инвестира во производствени капацитети за нова генерација AI чипови, со фокус на намалување на трошоците и зголемување на пристапноста.
• Mary Lou Jepsen – основач на Openwater, каде развива уреди што комбинираат хардвер и AI за медицинска визуализација. Претходно била дел од Google X и Oculus (Facebook), каде водела хардверски проекти. Нејзината работа е пример за тоа како интердисциплинарен пристап може да доведе до хардверски иновации со општествено значење.
• Raquel Urtasun – основач на Waabi, стартап фокусиран на автономни возила. Нејзината компанија користи симулациски системи и сопствен хардвер за да обучува AI агенти за возење. Претходно била главен научник за Uber ATG. Нејзиниот пристап комбинира академско знаење со претприемачки дух.
• Kanjun Qiu – ко-основач на Imbue, стартап што обезбедува инфраструктура за ВИ агенти со пристап до илјадници GPU единици. Imbue собра над 200 милиони долари финансирање и има амбиција да создаде генеративни модели со долгорочна одржливост и транспарентност.
• Limor Fried, основач на Adafruit.
• Ayah Bdeir, основач и CEO на littleBits.
• Amanda Peyton, кo-основач и CEO на Grand St.
• Jenny Lawton, Претседател на Makerbot.
• Kegan Schowenburg, кo-основач и CEO на Sols.
• Helen Zelman, кo-основач на Lemnos Labs.
• Cheryl Kellond, кo-основач и CEO на Bia.
• Monisha Perkash, кo-основач и CEO на Lumo BodyTech.
• Daniela Perdomo, кo-основач и CEO на GoTenna.
7
• Mary Huang, кo-основач на Continuum Fashion.
• Meredith Perry, основач и CEO на uBeam.
• Julia Hu, основач и CEO на Lark.
• Debra Sterling, основач и CEO на GoldieBlox.
Овие примери, има подолга листа главно од САД, може да послужат како инспирација, и покажуваат дека жените можат не само да придонесуваат, туку и да водат технолошки напредок во една од најконкурентните области во ВИ индустријата. Нивните успеси ги отвораат вратите за нови генерации жени инженери, менаџери и истражувачи.
Позитивниот пример на жени основачи, на глобално ниво, укажува на можностите за пробив, но останува фактот дека системските фактори продолжуваат да ја отежнуваат рамноправната вклученост.
На локално ниво, конкретно во Македонија успешни жени кои може да се издвојат како предприемачи се:
Сања Митровска, ко-основач на Networker, посветено работи на пристап до инвестиции наменети за стартапи, комбинирајќи иновација, лидерство и страст за регионален развој.
Елена Панова, Ко-основач и член на Управен одбор на Македонската асоцијација за искуство на клиенти и вработени. Директор за маркетинг и дигитална трансформација во А1 Македонија, Телекомуникациски оператор во Македонија, дел од А1 Телеком Австрија Групација. Таа е одговорна за развој и спроведување на маркетинг стратегијата на компанијата, како и спроведување на дигиталната трансформација преку дигитални услуги и имплементација на алатки за роботизација и автоматизација.
Моника Ризовска Таневска, Амбасадорка на Жените во Технологијата во Македонија, Консултант за брендирање на работодавачи | Амбасадор на Жените во Технологијата | Страствена за градење заедници, стартапи и иновации. Нејзината мисија е да ги овласти жените во технологијата на глобално ниво, бидејќи цврсто верувам во моќта на технологијата да ги подобри животите и заедниците. Работи на промовирање и јакнењето на девојките и жените низ целата земја, со фокус на јакнење на жените и девојките да ја прифатат технологијата.
Александра Шолдова, Директор на програми, клучен член на „Жени во технологијата во Македонија“, одговорна за управување со програмите и координирање на сите активности за да се обезбеди непречено извршување.
8
Поддршка и иницијативи за жени во технолошко претприемништво
На локално ниво, потребни се систематиски промени во поглед на подршката и иницијативата за жени во технолошкото приемништо, воопшто. И покрај бројните недостатоци постојат примери кои работат на организирано делување на подобрување на условите за поддршка и иницијативи за вклучување на жени во технолошко претприемништво.
Национална платформа за женско претприемништво во рамки на своите активности организира тематски вебинари со цел да се зголеми свесноста за предизвиците и можностите со кои се соочуваат сите чинители во претприемачкиот систем, со посебен осврт кон жените претприемачи.
Фондација за поддршка и развој на женско претприемништво ЦЕНТАР ЗА ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ Скопје се залага за подобрување на условите за вклучување на жените претприемачи, воопшто, вклучително и во областа на технологијата.
Жени во Технологија Македонија е дел од меѓународната организација Women in Tech и се стреми да ги промовира жените и девојките во STEM преку разни проекти и иницијативи во Северна Македонија
Македонските универзитети и технолошки инкубатори сè уште ретко интегрираат родова перспектива во програмирањето, хардвер иновациите и стартап менторството.
На глобално ниво, неколку меѓународни програми и организации имаат за цел да ја намалат родовата нееднаквост:
• Women in Tech – меѓународна непрофитна организација со двојна мисија: да го намали родовиот јаз и да им помогне на жените да станат активни засегнати страни во STEM индустријата. Фокусира се на 5 области во кои работи: образование, претприемништво, социјална инклузија, наука, технологија и иновации. „Жени во Технологија“ има за цел да ги едуцира, поврзува и поддржува жените и девојките со потребните вештини и самодоверба за да успее во STEM образованието или кариерата.
• Women in AI – глобална мрежа за менторство, обука и едукација која организира настани, работилници и конференции. Таа има локални ограноци во над 100 земји и се стреми да ја зголеми застапеноста на жени во сите области на ВИ.
9
• AI4ALL – иницијатива што се фокусира на младинско образование, вклучително и за девојчиња и ученици од недоволно застапени заедници. Нивните програми имаат за цел да создадат идни лидери во ВИ преку летни кампови и училишни соработки.
• She Loves Tech, FemTech Collective и Women Who Tech – платформи што не само што нудат финансиска поддршка (преку натпревари и фондови), туку и активно промовираат родова еднаквост преку видливост, медиумска застапеност и инвестициско посредување.
• Rewriting the Code – организација што ги поврзува младите жени во технологијата со компании за практиканство, менторство и лидерски обуки.
Заклучок
Одговорот на прашањето во насловот — дали женските претприемачи добиваат поддршка — моментално би бил: не доволно. Поддршката постои, но е ограничена, недостапна или доаѓа доцна во фазите на развој на стартапот. Без конкретни, структуирани и долгорочни програми што таргетираат женски иноватори во хардвер индустријата, промената ќе остане спора и селективна.
Затоа, потребна е системска промена – од политика за финансирање, преку образовни стратегии до културна трансформација во технолошките заедници – за да се отвори простор за реална и рамноправна поддршка на жените во AI хардвер стартапите.
AI хардвер стартапите се клучна компонента во технолошкиот развој, но пристапот до ова поле не е подеднакво распределен. Жените се соочуваат со структурни, финансиски и културни предизвици кои ја ограничуваат нивната вклученост.
Сепак, постојат знаци на промена: инспиративни поединки, поддржувачки иницијативи и зголемен фокус на родовата еднаквост во технолошката свера.
Потребно е понатамошно вложување во образовна поддршка, менторство и политики за финансирање кои ја поттикнуваат женската иновативност. Само така може да се овозможи рамноправна иднина во еден од најважните технолошки сектори.
10
Користена литература
PitchBook (2023). “Venture Capital and Gender: Annual Report.”
Business Insider (2025). “Mira Murati is Asking Investors to Commit to At Least $50 Million.” Forbes Australia (2024). “AI Unicorn Imbue Raises $200 Million.”
Women in AI. https://womeninai.co/
AI4ALL. https://ai-4-all.org/
Time Magazine (2024). “Raquel Urtasun: One of the 100 Most Influential People in AI” OpenWater. https://www.openwater.cc/
Waabi. https://waabi.ai/
Silicon Box. https://www.siliconbox.com/
UNESCO (2023). “Gender and Technology in the AI Era.”
СТАРТАПИТЕ И МАЛИТЕ БИЗНИСИ КАКО ЛЕК ЗА НЕВРАБОТЕНОСТА ВО МАКЕДОНИЈА , b-IRC mk, јануари 2025
11