Како технологијата влијае на перцепцијата на женската убавина  

Published by

on

820d2229 a5d5 4f79 b859 e28e1ca73876

 

Исидора Алексиќ

1. Вовед 

Со секој изминат ден, технологијата се повеќе напредува, а ние, луѓето, се  подлабоко навлегуваме во дигиталниот свет. Дигиталниот свет не се состои само од  електронски уреди, туку и од сето она што тие го носат со себе. Несомнено е дека  технологијата значително го олесни нашиот секојдневен живот односно денес можеме да  пристапиме до информации за помалку од три секунди и да извршуваме бројни  активности побрзо и полесно што порано кога технлогијата не била достапна се  извршувало много потешко. Сепак, покрај бројните придобивки, дигитализацијата носи и  нови предизвици. Еден од нив е негативното влијание врз менталното здравје, особено  кај жените, предизвикано од употребата на технологии и социјалните мрежи. Затоа јас  преку моето истаржување ке пробам да навлезам подлабоко во оваа тема и да ги видими  причините, фактите и решението на овој голем проблем, кој што денеска е застапен 90%  во нашата популација. 

 2.1 Развој на технологија и појава на филтри за убавина 

Пред неколку години, со напредокот на мобилните телефони и развојот на  различни апликации, се појавија апликации кои се користеа главно за забава, како што се  сликање, прикачување на фотографии, видеа и други видови содржини. На почетокот,  овие апликации беа насочени кон забавување на корисниците преку додавање на  различни смешни или забавни ефекти. Со текот на времето, се појавија и филтри за лице  кои правеа различни гримаси, изрази и преувеличени анимации, и овие филтри станаа  многу популарни. Меѓутоа, со развојот на технологијата, филтрите почнаа да се менуваат  и да добиваат нови функции. Денес, тие не се користат само за забава, туку и за  уредување на фотографиите и видеа, со цел да создадат “совршен“ изглед [1] . Овие 

филтри ги прават лицата на луѓето да изгледаат поубаво, менувајќи ги карактеристиките  како што се избелување на забите, измазнета кожа без траги, зголемување на очите,  стеснување на носот, и зголемување на усните. Овие измени ги прикажуваат лицата како  “потполно совршени“, што може да создаде нереални стандарди за убавина. На  почетокот, овие филтри се користеа претежно за забавни и креативни цели, но со развојот  на платформите како Instagram, Snapchat и TikTok, нивната улога се промени. Наместо  само да додаваат забавни ефекти, денешните филтри се наметнаа како средство за  создавање и одржување на  

виртуелни стандарди за убавина,  

што влијае на тоа како луѓето,  

особено жените, се гледаат самите  

себе. И покрај тоа што сите го  

знаат негативното влијание од нив,  

денеска и со вештачката  

интелигенција масивно се  

креираат лажни слики за како  

треба да изгледа една жена, и  овие слики младите девојчиња  

Figure 1 Извор Medical News Today. (2022, December 16). Beauty  standards and mental health.

мислат дека се реални и си поставуваат стандарди кои не можат да се исполнат. 

 2.2 Психолошко влијание од дигиталните услуги врз жените и девојчињата Психолошкото влијание од дигиталните услуги врз жените и девојчињата е се  поприсутно, особено со растечката употреба на филтери и апликации за менување на  лицето и телото. Со брзиот развој на технологијата и се поголемото влијание на  медиумите како социјалните мрежи, телевизија и филмови, создаден е голем притисок  врз индивидуите, особено младите жени, да се усогласат со нереалните стандарди за  убавина, кои често подразбираат специфичен изглед и тип на тело. Овој притисок има  сериозно негативно влијание врз менталното здравје, предизвикувајќи намалена  самопочит, нарушување на сликата за телото, пореметувања во исхраната и депресија.  

Луѓето, а особено младите девојчиња, секојдневно се опкружени со дигитални слики и  видеа кои создаваат нереални претстави за тоа како треба да изгледаат. Ова води до  формирање на нереални стандарди кои е многу тешко да се постигнат, а самите напори за  достигање на такви идеали може сериозно да ја нарушат менталната и физичката  состојба. Многу девојчиња, под влијание на овие дигитални предизвици, се обидуваат да  постигнат “совршена” килажа, следејќи што се прикажува на интернет, преку екстремни  диети и нејадење, што може да доведе до сериозни здравствени проблеми како  нарушувања во исхраната, слабеење на имунолошкиот систем и други психосоматски  заболувања [2]. Растечката употреба на дигиталните услуги и нивното влијание на  самопочитта и здравјето на жените и девојчињата е сериозен проблем кој бара внимание  и решенија за намалување на неговите последици. Овој проблем оди толку длабоко што  луѓето денеска се срамат да постават слика на социјалните мрежи без користење на  дигиталните филтери[3]. 

 2.3 Родови аспекти за проблемот 

Зошто овој проблем највеќе ја погодува женската популација. Можеме слободно  да кажеме дека уште во историјата женската убавина било клучно нешто. Односно  жените најчесто се дефинирани по нивниот изглед, додека мажите се дефинирани по  нивните лидерски способности, интелигенција и успех. Оваа нееднаквост довела до  создавање на мисла дека секоја жена мора да е  

совшена односно тенка, со крупни очи и чиста кожа 

[4]. Но со вовлекување на дигиталниот свет во  

нашиот секојдневен живот, со користење на  

социјалните мрежи, со правење на различни  

апликации за лица, оваа нереална слика за жена  

стана се повеќе присутна и присутна. Филтрите и  

апликациите кои првично се направени за забава,  

Figure 2 Извор: Outside Insight, „Lil Miquela:  How a virtual avatar became one of Time’s 25  most influential people“

станаа основен дел од дигитална реалност. Овој  притисок на социјалните мрежи и во медиумите е  

многу поголем за жените, што создава одредени родови улоги кои диктираат што е  „прифатливо“ за една жена. Технологијата ја зајакнува оваа динамика, бидејќи жените  често се изложени на реклами, фотографии и видеа што ги промовираат нереални и  идеализирани слики на женската убавина. Жените се подложни на уникатен вид притисок  за да ги задоволат овие стандарди на убавина. Со секојдневното користење на дигитални  апликации жените и девојчињата се соочуваат со потсвестен стереотип дека нивната  вредност е поврзана со нивниот физички изглед што тоа воопшто не е точно . Преку  дигитланите филтри и вештачка интелигенција се создава една ера на нереални и  идеализирани претстави за тоа како треба да изгледа една жена. 

 2.4 Влијаението на вештачката интелигенција во оваа свера 

Целата наша популација е свесна за проблемите на денешниот свет. Но, наместо  да ги решиме од корен, ние дозволуваме тие уште подлабоко да се прошируваат.  Проблемот со влијанието на технологијата врз женската популација оди дотаму што дури  и самиот вештачки интелект има влијание врз неа. Имено, со современите технологии и  познавањето на AI се креираат лажни личности кои промовираат лажна “убавина“  совршени лица без никаква мана. Овие AI ликови имаат дури и свои социјални профили,  како на пример AI профилот на Lil Miquela, кој поседува лажни, AI генерирани слики што  изгледаат реално и претставуваат совршен живот и совршена убавина. И покрај сето ова,  овој профил е следен од милиони луѓе кои што мислат дека тој начин на живот  претставува она што би требало да биде реално [5]. Но и самите не сме свесни дека дури  и овој AI генериран профил може да предизвика голем број негативни реакции кај  девојчиња кои се несигурни во својот изглед. Сега главното прашање е “Дали ги  прифаќаме бидејќи изгледаат совршено или затоа што можат да бидат она што ние не  можеме?” [6]. Дополнително, ваквите содржини ја намалуваат вредноста на  автентичноста и индивидуалноста, претворајќи ја убавината во алгоритамски идеал каде  сите луѓе изгледаат совршено. Со тоа се отвора пат кон нов облик на психолошки  притисок таканаречена “AI дисморфија”, каде што луѓето започнуваат да се споредуваат 

со неостварливи, дигитално создадени стандарди [7] кои што не се можни за да се  остварат. 

 2.5 Можни решенија за борба против лажните генерирани слики 

Денес, и покрај многуте апликации кои користат вештачки технологии за  разубавување, постојат и многу платформи кои се свесни за овој проблем и се обидуваат  да ја намалат штетата. На пример, Instagram и TikTok, во своите најнови верзии, започнаа  да означуваат содржини кои користат филтри или слични ефекти, јасно предупредувајќи  ги корисниците дека тие фотографии и видеа не се природни. Ова е важен чекор кон  подигнување на свесноста за влијанието на дигиталната естетика и нејзините последици,  бидејќи сега корисниците можат да бидат свесни дека не се што гледаат онлајн е  вистинско, туку дека зад секоја совршена слика стојат филтри кои создаваат нереални  стандарди. Особено е значајно што овие големи апликации, кои ги користат милиони  луѓе, направија овој чекор, бидејќи тоа овозможува поголема свесност меѓу девојчињата  и жените, кои можеби не биле свесни за влијанието што овие филтри можат да го имаат  на нивната самопочит и перцепција за убавина. Во таа насока, еден период се појавија  слики на социјалните мрежи користејќи хаштагот #NoFilter, кои промовираа слобода,  прифаќање на природниот изглед и самопочит [8]. Оваа кампања доби огромна  поддршка од милиони жени низ светот, кои ја прифатија идејата за вистинскиот изглед и  самопочит без дигитални измени. Овој тренд исто така ја поттикнува идејата дека  вистинската убавина не треба да биде зависна од филтри и вештачки подобрувања, туку  од внатрешна самопочит и прифаќање на индивидуалните карактеристики и да се  прифатиме такви какви што сме. Важен чекор во спречувањето на оваа нова форма на  дигитален притисок е и едукацијата, која треба да започне уште од раната возраст.  Родителите, училиштата и различни организации треба активно да ја промовираат  свесноста за дигиталната реалност и влијанието на вештачката интелигенција и да им  помагаат на младите да го разберат влијанието на виртуелниот свет на нивната самопочит  и прихичкото здравје. Технологијата може да биде искористена како алатка за создавање  позитивни промени, преку подршка на реални и автентични идеали, наместо уште повеќе 

да создава проблеми. Технологијата може да биде моќен инструмент за промоција на  позитивни промени, но само ако ја користиме свесно одговорно. 

 2.6 Како младите можат да развијат здрав однос кон технологијата и дигиталните  медиуми во контекст на родова еднаквост? 

Дигиталните медиуми и технологијата се моќни алатки кои можат да влијаат врз  перцепциите на жените, децата дури и мажите за родот, идентитетот и убавината. За да  се развие здрав и критички однос кон овие платформи, жените треба да се охрабруваат  да ги користат технологијата на начин што ја потикнува нивната лична и слобода, наместо  

да бидат заробени во стереотипите и ограничувањата што често ги промовираат социјални медиуми. Прво, важно е жените да го разберат влијанието што дигиталните  содржини го имаат врз нивната самодоверба. Често платформите за социјални медиуми  ја прикажуваат „идеалната“ слика за убавина, како што спомнавме во претходните  подточни, која е тесно поврзана со родовите стереотипи на пример, дека жените мора да  изгледаат на одреден начин за да бидат вреднувани. Според мене најдобро и најпаметно  решение е дека женоте треба да се потикнуваат и да ја разгледуваат оваа содржина  критички, да сфатат дека голем дел од она што го гледаат е уредено, филтрирано или  едноставно нереално, и дека нивната вредност не се мери според тие стандарди. Второ,  жените треба активно да учат и развиваат дигитална медиумска писменост, која ќе им  овозможи да препознаат родово базирани предрасуди, дискриминација во онлајн  просториите. Со оваа свест, тие ќе можат да избираат и создаваат содржина која ги  промовира вредностите на еднаквост и почитување. Покрај тоа, младите треба да се  охрабруваат да користат технологијата како платформа за изразување на сопствените  таленти, интереси и ставови друри и покажување на внатрешна убавина повеќе него  надворешна. Тие можат да станат креатори на содржини кои ја рушат традиционалната  поделба на родови улоги. На пример, младите жени можат да споделуваат свои искуства  и идеи кои го разбијат стереотипот за тоа што значи да се биде „убава“ или „успешна“  жена, додека младите мажи можат да промовираат емпатија и чувствителност како  позитивни машки карактеристики. Здравиот однос кон технологијата значи и поставување  граници на нешто што нас не ни влијае добро, на пример, ограничување на времето 

поминато на социјални медиуми, избегнување на токсични онлајн средини и барање  подршка кога се чувствуваат дискриминирани или загрозени. Родителите, наставниците и  заедницата треба да помогнат во градењето на оваа поддршка и да создадат простор  каде младите можат отворено да зборуваат за своите искуства со родовите прашања во  дигиталниот свет. На крај, ние самите треба да бидат свесни дека технологијата може да ја користиме и позитивно, односно доклку знаеме дека голем број луѓе ја користат, тогаш  можеме сите ние заедно да се бориме против родовата нееднаквост. Онлајн платформи  овозможуваат брзо ширење на идеи, организирање на кампањи и поврзување со други  луѓе кои делат исти вредности, ставови и интерси. Со ова, тие можат да придонесат за  градење поинклузивно и праведно општество, каде секој ќе има можност да биде  прифатен и вреднуван без оглед на полот и без оглед на очекувањата на другите. Вакви  кампањи каде жените се подржуваат едни со други има и во Македонија. Една од  попознати кампањи е кампањата “Повеќе од убавина” организирана од страна на  Миннимал и од Божиновски часовници, кои за цел имаат да се подржи жената како  личност и се таа што носи со себе. Да не се гледа само надворешната убавина и  ненормалните стандарди со кои се соочуваат денеска сите жени. Односно за цел има да  им покаже на жените дека вредат многу повеќе него што мислат. 

 2.7 Капањата на Dove “Real Beauty” 

Што ке се случи кога сите ние би размислувале за решението на оваа тема, и сите ние би  се придржувале до не наршување на родовата еднакост, до не зголемувањето на негативно влијани од технологијата, туку обратно сите ние би се гришеле едина за други  со ширење на позитива и со ширење на реални факти а тоа е дека не е се како што  изгледа. Место сите ние да се правиме тоа што не сме, преку технологијата и вештачката  интелигенција да прикажуваме маска на светот “кои сме ние ” а всушност сме едни  несигурни лица кои не можат да објават фотографија од тоа што вистински сме, мислејќи  дека тоа што го покажуваме не е убаво и не е перфектно. Но во реалноста никој не бара  перфекција, тоа ние самите си го правиме самите на себе преку верување на лажниот  контекст на интернет и преку умерена употреба на апликации кои го подржуваат ова  негативно мислење. Истражувајќи на оваа тема дојдов до една светска кампања која и 

ден денеска и на високо ниво од своето прво појавување а тоа е кампањата на Dove кои  низ целиот свет пробуваат да кажат на жените дека тие се убави такви какви што се, без  филтери и без шминка и без додани апликации каде ги поправаат своите несигурности. За  разлика од традиционалните  

реклами каде доминираат модели  

со идеализирана убавина и слики  

направени со помош на интернет  

технологија, Dove користи  

вистински жени од различни  

возрасти, големини, етнички групи и  

типови на кожа. Кампањата има за  

цел да ги зголеми самодовербата и  

Figure 3Pardeshi, K. (2020, August 26). How Dove gave a new definition to  the “Beauty”. Medium. https://kananpardeshi7.medium.com/how-dove gave-a-new-definition-to-the-beauty-f4b1e47dac82

самопочита кај жените, посебно кај  младите, кои често се под притисок  

од медиумските стереотипи за убавина. Покрај тоа што Dove ја промовира природната  убавина, кампањата исто така ја подига свеста за важноста од прифаќање на сопствените  несовршености како дел од уникатноста на секој човек [9]. Ова не е само маркетинг  стратегија, туку и општествена мисија која го потикнува здравиот однос кон телото и  менталното здравје. Кампањата покажува дека вистинската убавина не е ограничена само  на надворешниот изглед, туку произлегува од внатрешната сигурност, прифаќање и љубов  кон себе. Исто така, Dove во своите кампањи користи податоци и истражувања кои  покажуваат дека голем дел од жените низ светот се незадоволни од својот изглед, што  негативно влијае врз нивната самодоверба и секојдневниот живот и последните години  процентот е зголем заради вештачката интелигенција[10]. Со тоа, тие ја отвораат јавната  дебата за влијанието на медиумите и технологијата врз перцепцијата на убавината,  охрабрувајќи ги луѓето да бидат критички кон содржините што ги консумираат и да бараат  реални и позитивни примери. На крајот, ваквите кампањи, како онаа на Dove, имаат силен  

долгорочен ефект , тие помагаат да се променат стандардите на убавина во општеството и  да се потикне почитување и разбирање. Секоја жена и секој човек заслужува да се  чувствува вредно и убаво, токму онаков  

каков што е без никаква маска. 

Најдоброто од се е тоа што Dove е  

вистински голема и влијателна компанија,  

а сепак решила да отвори ваква искрена и  

значајна дебата за природната убавина и  

самодовербата кај жените. Во време кога  

многу брендови главно се фокусираат на  

комерцијалните и паричните цели, Dove  

покажува дека е можно да се направи  храбар чекор кон промовирање на  вистински вредности. Со нивната порака  

Figure 4 Adobo Magazine. (2024, April 17). Dove continues to  champion real beauty amidst AI influence. Adobo Magazine.  https://www.adobomagazine.com/campaign-spotlight/dove continues-to-champion-real-beauty-amidst-ai-influence/

„стоп на филтерите, шминката и несигурноста“, тие испраќаат силен сигнал до женската  популација дека вредиме такви какви што сме, без маски и лажни слики создадени од  технологијата. Овој пристап не само што ги мотивира жените да бидат посамоуверени и  да се прифатат себе си, туку и создава нов стандард во индустријата на убавина, каде што  реалноста и искреноста почнуваат да имаат поважна улога од совршенството и илузиите. 

2.8 Како технологијата влијае врз стандардите за убавина во различни култури 

Технологијата многу влијае на тоа како гледаме на убавината. Таа не само што го  менува општото разбирање за убавина, туку и ги менува традиционалните обичаи и  начини на кои различни култури ја гледаат убавината. Во различни делови од светот,  идеалите за убавина се разликуваат, но затоа што сите сме поврзани преку интернет и  социјалните мрежи, тие идеали стануваат сѐ повеќе слични. Ова понекогаш води до тоа  да се заборават локалните обичаи и да се чувствува притисок луѓето да се прилагодат на  најпопуларните, најчесто западните, стандарди за убавина. Технологијата, преку филтри  за убавина, дигитални корекции и социјални мрежи, создава совршени и често нереални  

слики кои понекогаш се спротивставуваат на традиционалните вредности и локалните  идеали за убавина. Ова предизвикува конфликти помеѓу новите и старите начини на  гледање, особено кај младите кои најмногу го користат интернетот и социјалните мрежи. 

3. Заклучок 

Колку и да ни звучи нерелно, но навистина по сето ова што го напишавме можеме да  заклучиме дека и покрај сè, технологијата има влијание врз перцепцијата на женската  убавина. Колку и позитивни работи да гледаме од самата технологија и новитетите кои  излегуваат со AI, ги има и овие ситни, но големи работи кои влијаат на нашата психа и на  нашето здравје. Но според мене, со текот на времето мислам дека ќе излеземе од  трендот на вештачка убавина и ќе почнеме да се прифаќаме какви што сме. На секоја ера  ѝ доаѓа крај, така што верувам дека и на оваа ќе можеме брзо да ѝ ставиме точка. AI  можеби навлезе длабоко во сите аспекти од нашиот живот, но важно е да научиме да  поставуваме граници таму каде што влијанието почнува да ни штети, особено кога станува  збор за начинот на кој се гледаме себеси. Вистинската убавина е во тоа да се чувствуваме  добро во своја кожа и самоуверено, без филтри и без некакви очекувања. Кога ќе го  постигнеме тоа прифаќање, ќе создадеме посилно и поздраво општество каде секој ќе  може да се изрази слободно и без страв од осуда. Токму таквата автентичност ќе биде  најголемата победа на новото време. 

Користена литература: 

1. https://www.psychologytoday.com/us/blog/the-clarity/202303/can-beauty-filters damage-your-self-esteem 

2. https://www.medicalnewstoday.com/articles/beauty-standards-and-mental health#mental-health-conditions 

3. https://www.instyle.com/beauty/social-media-filters-mental-health 

4. https://masaar.net/en/digital-pressures-challenges-affecting-womens-mental-health-in the-virtual-world/

5. https://www.dazeddigital.com/beauty/article/61618/1/the-problem-with-ai-beauty influencers-we-cant-envy-them 

6. https://www.forbes.com/sites/mattklein/2020/11/17/the-problematic-fakery-of-lil miquela-explained-an-exploration-of-virtual-influencers-and-realness/ 7. https://aijourn.com/why-ai-is-fuelling-body-dysmorphia/ 

8. https://www.self.com/story/these-women-are-staging-a-nofilter-revolution-on instagram 

9. The Dove Code – Dove’s 20-Year Campaign for Real Beauty 

10. Dove embraces real beauty in the face of digital distortion – adobo Magazine