Иднината на комуникацијата – Вештачката интелигенција и нејзиниот придонес за лицата со оштетен слух

Published by

on

Ai solutions transforming hearing impairment 2

Авторка Рунтевска Ана                                                                                  

Вовед 

Комуникацијата е важен основен столб на човековото живеење –  преку неа ги пренесуваме мислите, емоциите, потребите и идеите. За некои лица тоа е еден обичен процес од секојдневието, но за глувонемите лица тоа претставува сериозен предизвик. Остварувањето на ефективна комуникација создава проблеми кај овие лица, бариерите како што се употребата на знаковниот јазик во јавната сфера и недостапноста на преведувачи, го отежнуваат пристапот до информации, образование како и вклученост во општествените случвања. Со појавата и развојот на вештачката интелигенција, се отвораат нови можности за надминување на овие бариери.

Во време кога технологијата се развива и напредува со огромна брзина, вештачката интелигенција (ВИ) се истакнува како алатка која може драстично да го подобри квалитетот на животот на глувонемите лица. ВИ постепено почнува да се користи за препознавање на говор, визуелно толкување и интерпретација на знаковниот јазик и автоматско преведување на текст и аудио содржини. Овие технолошки решенија ветуваат поголема инклузивност за глувонемите лица и нивната иднина.

Целта на овој семинарски труд е да истражиме како вештачката интелигенција придонесува за унапредување на комуникацијата со глувонемите лица, нивните придобивки и ограничувања, но и потенцијалот што го носи иднината во ова поле. Поставен е фокус на можностите што ги нуди оваа технологија за поголема инклузија, независност и еднаквост во општеството. 

Главен дел

Пред појавата и развојот на напредните технологии, глувонемите лица најчесто се потпирале на неформални и ограничени начини на комуникација за да го искажат своето мислење или потреба. Најраспространета е употребата на знаковниот јазики, кој претставува визуелен систем од гестови, положби на рацете, мимики и движења на телото. Иако знаковниот јазик е богат и комплексен систем за изразување, неговата употреба е ограничена – најчесто само меѓу лицата кои активно го познаваат и користат, што претставува отежнување на комуникацијата со пошироката заедница.

Недостатокот на преведувачи е причина за поголем број од глувонемите лица да се соочуваат со социјална изолација, особено во институциите како што се болници, судови, образовни установи или некои јавни услуги.  За да биде поедноставна комуникацијата и да има позитивни ефекти, луѓето често користеле тетратки, белешки, слики и сл. што ја отежнувало и ограничувало интеракцијата.  

Дигиталните алатки кои постоеле пред појавата на ВИ – како статични преведувачи на знаковен јазик во вид на слики и реченици – биле неспособни да го доловат целиот контекст и динамика на живата комуникација. Со други зборови, постоела бариера не само во јазикот, туку и во пристапот до информациин и целосна општествена вклученост. 

  1. Глувонемите лица и нивните комуникациски предизвици

Глувонемите лица, односно лицата кои имаат тешкотии со слухот и говорот, комуникацијата често е сериозен предизвик кој не влијае само на нив лично туку и врз нивното образование, вработувања и целото општество. Овие предизвици се резултат на индивидуалните и структурните бариери во животот кои не се доволно адаптирани за различни форми на комуникација. 

Да се биде глувонемо лице значи да се живее со целосно или делумно оштетување на слухот, а тоа често води до потешкотија за развој на говорот, особено ако оштетувањето се јави уште при раѓање или во рана возраст додека не е развиен добро говорот. Овие лица неможат да се вклучат нормално во комуникацијата како и сите други преку слушање да бидат активни, туку користат алтернативни средства за изразување и разбирање на информациите. 

  1.  Знаковен јазик, пишан текст, гестови – основни начини за комуникација

За голем дел од лицата со оштетен слух, основен начин  за комуникација е знаковниот јазик – систем кој бара посебна едукација и општествена поддршка за да биде ефективно користен. За поголем дел од популацијата овој јазик е непознат па често доведува до честа социјална излолација на глувонемите лица, ограничена интеракција и тешкотии во пристапот до информации. 

Знаковниот јазик се базира на специфични движења со рацете, положби на телото и мимики, кои заедно создаваат граматички целосни и смислени изрази. Тој не е универзален, постојат повеќе верзии од истиот, зависно од државата или регионот каде живее лицето со оштетен слух. Овие лица се соочуваат со значителни потешкотии во образовниот процес каде што има недостаток од преведувачи за знаковен јазик како и слабата примена на визуелни наставни методи кои создаваат неповолна средина за учење. 

Покрај знаковниот овие лица користат и пишуван текст, особено при комуникација со други лица кои не го познаваат и разбираат знаковниот јазик, често пишуваат во тетратки или на листови, а во по новото време најбрзо се разбираат преку телефон со пишување на пораки. 

Спонтаните движења така наречени гестови им помагаат на лицата со оштетен слих во секојдневниот живот во многу ситуации пример кога одат во јавни установи па мора да импровизираат или да користат комбинации за да ги разберат. 

20250223-novata-alatka-za-veshtachka-inteligencija-na-nvidija-mozhe-da-poduchuva-znakoven-jazik-m.jpg
  1. Вештачката интелигенција: поим, развој и општа примена 

          2.1 Поим и суштина на ВИ 

Вештачката интелигенција (ВИ) претставува област од информатиката која се занимава со развој на системи кои можат да извршуваат задачи кои обично имаат човечка интелигенција. Овие задачи вклучуваат учење, препознавање на говор, разбирање и донесување одлуки и препознаваат слики. 

ВИ системите користат алгоритми за машинско учење кои им овозможуваат да учат од податоци и со тек на време да ја подобруваат својата прецизност и способност за препознавање на нови шеми. 

Развојот на вештачката интелигенција започнал уште во 50-тите години од 20 век, но својот врв го достигнува во последните две децении каде што се соочуваме со зналителен напредок во сите области. Благодарение на зголемената процесорска моќ и гоелмите количини на податоци, денес вештачката интелигенција е присутна во многу аспекти на секојдневниот живот, од мобилни телефони се до индустриските процеси. 

  1.  Вештачката интелигенција во секојдневието 

Денес вештачката интелигенција се користи во широк спектар на области, меѓу кои: 

  • Гласовни асистенти –  разбираат и одговараат на гласовни команди (Siri,  Alexa, Google Asistant) 
  • Преведувачи на јазик кои овозможуваат автоматско разбирање и преведување на текст и говор во реално време. 
  • Во образованието се користат интелигентни тутори кои се приспособуваат на потребите на ученикот 
  • Во медицината се коирстат за одредување на дојагноза, анализирање на слики и персонализирање на терапија. 

Со овие способности ВИ има потенцијал за подобрување на животот на лицата со пречки во развојот, вклучувајќи ги и лицата со оштетен слух. 

  1. Поврзаноста на вештачката интелигенција со комуникацијата кај глувонемите лица 

Вештачката интелигенција во секој миг постојано се развива, ги проширува своите можности и капацитети, ноис нови можности за лицата со оштетен слух особено кога станува збор за подобрување на комуникацијата со останатите членови во општеството. 

Преку различните технолошки решенија, денес вештачката интелигенција  овозможува автоматско препознавање на знаковниот јазик, преведување во реално време и трансформација на говорот во текст и обратно. 

           3.1 Препознавање на знаковниот јазик со помош на ВИ 

Најголема придобивка во оваа област е способноста на вештачката интелигенција да го препознае и толкува знаковниот јазик. Употребувајќи камери, сензори и алгоритми за препознавање на движење, системите на вештачката интелигенција можат да ги следат гестовите на рацете и истовремено да ги претвораат во текст или говор. 

Овој процес вклучува сложени анализи на формации на прсти, позиција на дланките, брзината на движењето и изразите на лицето – едни од клучните компоненти на знаковниот јазик. 

20230605-besplatni-onlajn-kursevi-za-veshtachka-inteligencija-m.jpg
  1. Комуникацијата во реалното време 

Новите современи апликации кои се засновани на ВИ овозможуваат интеракција во реално време помеѓу лицата со оштетен слух и оние лица кои не го познаваат знаковниот јазик. Користејќи ги мобилните уреди пораките лесно и брзо можат да се претворат во текст и обратно, а тоа овозможува ефективен дијалог. 

Оваа технологија е од особено значење во болниците, јавниот и услужниот сектор, образованието и други јавни места од секојдневието каде што лицата со оштетен слух се соочуваат со пречки. 

Лицата кои имаат делумно оштетување на слухот можат да користат и други средства за комуникација, пример вештачката интелигенција нуди алатка за автоматско претворање на говорот во текст, кои ги прикажуваат изговорените зборови во форма на текст кој може да се чита. Секако тоа може да биде и обратно, текстуалните пораки да се претворат во звучен говор кој ќе им  помага на глувонемите лица да комуницираат со лица кои имаат оштетување на видот. Тоа е идеално за секој поединец, секој би можел да се изрази на свој начин според можностите кои ги нуди вештачката интелигенција. 

Преку овие технологии, лицата со оштетен слух добиваат поголема самостојност, пристап до повеќе информации и социјална инклузија.  Самостојни би можеле да водат разговори, да учествуваат во различни активности, без да имаат потреба од преведувач или некој близок од своето семејство постојано да биде со нив. 

  1. Вештачката интелигенција во пракса: Апликации за олеснување на комуникацијата 

По брзото проширување на вештачката интелигенција „на пазарот“ се појавија голем број на апликации и уреди кои им овозможуваат на лицата со оштетен слух полесна и побрза комуникација. Овие решенија користат алгоритми за препознавање на знаковниот јазик, гласовно препознавање, визуелна анализа , со цел да ги намалат препреките помеѓу лицата со добар слух и лицата со оштетен слух.  

Како најдобри помеѓу огромниот број апликации се истакнуваат:

 4.1 SignAll 

СингАлл (SignAll) е систем што користи камери и вештачка интелигенција за автоматско препознавање на американскиот знаковен јазик и негово претворање во текст. Овој ситем ги анализира движњеата на рацете, положба на телото, изразите на лицето, овозможувајќи комуникација помеѓу лицата со оштетен слух и лицата кои слуштаат нормално, без да се јави потреба од човечки преведувач.  

  1. Ava 

АВА (Ava) – апликација која што овозможува препознавање на говор и негово претворање во текст во реално време. Оваа апликација е наменета за состаноци, предавања или секојдневни разговори. Лицето со оштетен слух може да ги чита изговорените зборови на својот екран и да учествува во комуникацијата со минимални пречки. 

4.3Hand Talk 

Ханд Талк (Hand Talk) – апликација која преведува текст или говор на бразилски знаковен јазик преку анимиран човечки лик. Концепти слични на овој се применуваат и во други земји, со идеја за автоматско прикажување на превод на знаковен јазик користејќи камера за визуелна интеракција. 

  1. Google Live Transcribe 

Google Live Transcribe  е апликација развиена од страна на Google која што нуди превод на говор во текст во реално време и поддржува повеќе јазици. Лесна е за користење, посебно во ситуации како јавни настани, посета на лекар, образовни средини и слично. 

  1. Истражувачки проекти во Македонија 

Македонскиот знаковен јазик (МЗЈ) не е вклучен во поголемите глобални апликации, но во земјава постојат значајни истражувачки иницјативи кои користат елементи од вештачката интелигенција: 

  • ФЕИТ – УКИМ  разви веб – апликација што автоматски го преведува македонскиот јазик во знаковен јазик, базирана на база од 200 знаци. 
  • GitHub содржи проект за реално – временско препознавање на македонскиот знаковен јазик, со користење на вештачката интелигенција и видео анализа .
  • 3Д виртуелниот тутор  кој преку анимиран човечки лик ги подучува корисниците на азбуката и основни знаци од македонскиот знаковен јазик. 

Овие иницјативи сеуште се во развој, но сепак имаат важна улога во локалната инклузија, отворајќи пат за идни дигитални решенија на македонски јазик.

  1. Придобивки и потенцијални предизвици од употребата на ВИ во комуникацијата со глувонемите лица 

Олеснувањето на секојдневната комуникација со глувонемите лица е резултат од се поголемата вклученост на вештачката интелигенција во секоја област. Иако овие технологии носат бројни позитивни промени, нивната примена претрпува и предизвици.

Придобивки од вклученоста на вештачката интелигенција: 

  • Олеснета комуникација: ВИ алатките овозможуваат автоматски превод на говор во текст или знаковен јазик што значително го намалува јазот помеѓу глувонемите и слушните лица. 
  • Подобра инклузија: со олесната интеракција, лицата со оштетен слух можат поактивно да учествуваат во работата, образованиети и секојдневните активности. 
  • Едукативна поддршка: апликациите со ВИ можат да им сличат на лицата со оштетен слух, но и на лицата со добар слух да го учат и увежбуваат знаковниот јазик.

Потенцијалини предизвици: 

  • Јазична ограниченост – македонскиот знаковен јазик не е доволно застапен. Голем дел од апликациите користат само знаковни јазици на пошироките говори. 
  • Технолошка неточност – системите не се секогаш точни и прецизни особено кога се предизвикани од сложени или сопствени индивидуални знаци.
  • Дигитална зависност – може да предизвика завист од технологија и да ја намали директната комуникација. 
Screenshot_4-4-2-739x750.jpg

Заклучок 

Кога размислувам за улогата на вештачката интелигенција во животот на лицата со оштетен слух, не можам, а да не се восхитувам на потенцијалот што оваа технологија го носи. Како општество одмна сме сведоци на разлики и нерамноправности кога станува збор за пристап до информаации и комуникација. За многу луѓе со оштетен слух, секојдневните ситуации – како одење на лекар, прашување за упатство или учество во настава – претставуваат огромен предизвик. Токму тука, вештачката интелигенција може да направи разлика. 

Од моја лична преспектива, сметам дека секоја технологија што овозможува подобро разбирање на луѓето, особено кога станува збор за ранливи групи, заслужува да биде поддржана и развиена во поголема мера. Апликациите кои го препознаваат знаковниот јазик или го претвораат во текст не се само технички иновации туку тие се алатки кои градат мост помеѓу два света кои пред тоа биле раздвоени. Тоа е еден голем напредок во човечноста. 

Но сепак не треба да се залажуваме дека технологијата сама по себе е доволна. Таа мора да биде придружена со општествени промени како што се зголемено изучување на знаковниот јазик, институционална поддршка на лицата со оштетен слух, активно вклучување на државата во инклузијата, но да се внимава и да не ја загрозиме приватноста и достоинството на корисниците. 

Се надевам дека во иднина ќе имаме повеќе решенија каде ќе биде вклучен и македонскиот знаковен јазик, бидејќи вистинскиот напредок се мери со тоа колку напредната технологија им помага на лицата кои имаат потреба од неа. Лицата со пречки не треба да бидат набљудувачи на технолошкиот развој туку тие треба да бидат активни учесници и корисници на истиот. Верувам дека иднината на комуникацијата ќе има само еден глас, без разлика дали е звучен, напишан или изразен со раце. 

Користена литература

  1. Здружение на глуви и наглуви лица на РСМ  

http://deafmkd.org.mk 

  1. Знаковен јазик 
  1. World Health Organization – Deafness and hearing loss 
https://www.who.int/news-room/fact-sheets/detail/deafness-and-hearing-loss
  1. https://www.microsoft.com/en-us/garage/wall-of-fame/seeing-ai 
  2. https://signall.world