Авторка Теодора Стојановска
Во последната деценија, генеративната вештачка интелигенција (AI) сè повеќе добива примена во процесот на создавање креативни содржини. Со развојот на алатки како што се Midjourney, DALL E и Stable Diffusion, се појави нов и револуционерен начин за визуелна продукција на слики, видеа, текстови и музика. Тие нудат нови можности за уметници, дизајнери, маркетинг агенции и обични корисници кои сакаат за кратко време да добијат уникатна содржина. Благодарение на нив, креирањето содржина за анимирани серии, видеа за социјални медиуми или илустрации за книги станува побрзо, поедноставно и покреативно.