Информациски и комуникациските технологии, родовата еднаквост и социјалната работа 

Published by

on

61fkh4u0e+l. sl1500

Авторка Емилија Бошевска

1

1. Вовед 

Во време кога секојдневно се менуваат начините на комуникација, пристапот до информации и начинот на функционирање на институциите, прашањето за тоа како технологијата го обликува општествениот живот станува се почесто. Информациските и комуникациските технологии (ИКТ) не се само техничка алатка, тие се иднината, огледалото на современата култура и социјалната поврзаност. Како социјален работник, прашањата кои ме поттикнаа да ја истражувам оваа тема се дали технологијата може да помогне во намалување на социјалната исклученост и дали може да промовира еднакви можности за сите? Родовата еднаквост, како концепт, како идеја бара урамнотежен пристап кон правата, обврските и шансите на жените и мажите, а сето тоа во дигиталната ера добива нова димензија. Технологијата може да биде клуч што отвора врати, но и таков кои засекогаш ќе ги затвори. За жените, особено оние кои потекнуваат од социјално и економски маргинализирани средини, ИКТ може да претставува врата кон образовни, професионални и лични можности што претходно им биле недостижни. Во оваа смисла, социјалната работа станува клучен фактор. Професијата која по дефиниција е насочена кон поддршка на ранливите и кон промена на општествените нееднаквости, мора да го препознае и искористи потенцијалот на ИКТ за унапредување на родовата еднаквост. Социјалните работници се почесто стануваат дигитални посредници, едукатори, застапници. Нивната улога денес вклучува и разбирање на дигитална исклученост и неправда и безбедност во онлајн просторот. Оваа семинарска работа има за цел да го истражи поврзувањето на овие три елементи : ИКТ, родова еднаквост и социјалната работа и да покаже како преку нивната интеграција може да се овозможи поефикасна поддршка за сите родово маргинализирани групи. Ќе се разгледаат позитивните практики, пристап до информации, но и ризиците што ги носи новиот дигитален свет. 

2. Теоретска основа 

2.1 Информациски и комуникациски технологии 

2

Информациски и комуникациски технологии или скратено ИКТ се однесуваат на низа технологии и алатки кои се користат за креирање, собирање и пренесување информации и знаење. Некои дефиниции го објаснуваат поимот како збирен назив кој ја нагласува улогата на обединетите комуникации интегрирањето на телекомуникациите и сметачите како и потребната програмска основа и системи на складирање коишто им овозможуваат на корисниците да пристапат, да ги складираат, да ги пренесуваат и да ги менуваат информациите, други пак под ИКТ подразбираат опрема и програма (хардверска и софтверска) за комуникација со податоци- информации. 

ИКТ, претставува важен дел од современото општество кое влијае на развојот во образованието, здравството, бизнис светот, а исто така го промени и начинот на живот, комуникација и работа кај луѓето. Еден од главните придонеси на ИКТ е во комуникациската трансформација. Пронајдокот на мобилни телефони, е-пошта, видео конференции и социјалните медиуми ја олеснија комуникацијата ширум светот. Во образованието, ИКТ го олеснува пристапот до матријали за учење преку е-книги, онлајн курсеви и придонесе во воведување на интерактивни методи како што се виртуелни училници, смарт табли и слично. Во здравството пак, го подобрува пристапот на пациентите до услугите и им помага на докторите за подобро мапирање на заедницата преку телемдицината и дијагностичките алатки. 

2.2 Родова еднаквост 

Според УНИЦЕФ, родовата еднаквост подразбира дека интересите, потребите и приоритети на жените, мажите, девојчињата и момчињата се земени  предвид, препознавајќи ја различноста на различни групи и дека сите човечки суштества се слободни да ги развиваат своите лични способности и да прават избор без ограничувања кои се поставени од стереотипите и предрасудите за родовите улоги. Половата еднаквост е прашање на човековите права и се смета за предуслов и индикатор за одржлив човечки развој. Родовата еднаквост е, еднаквото вреднување од страна на општеството на сличностите и разликите на мажите и жените и улогите што ги играат. Се заснова на тоа дека жените и мажите се целосни партнери во домот, заедницата и општеството. Еднаквоста не значи 

3

дека жените и мажите ќе станат исти, но дека правата, обврските и можностите нема да зависат од тоа дали тие се раѓаат како машко или женско. Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) говори дека родовата еднаквост е, пред сè, човеково право. Тоа имплицира дека жените, мажите, момчињата и девојчињата од сите класи и раси учествуваат како еднакви и имаат еднаква вредност. Тие уживаат еднаков пристап до ресурси, слободи и можности за вршење контрола. Родовата еднаквост значи дека правата, одговорностите и можностите на поединците нема да зависат од тоа дали се машки или женски, хендикепирани или работоспособни, млади или постари, бели или црни или од рурални или урбани средини. Жените имаат право да живеат во достоинство, безбедност и сигурност. Зајакнувањето на жените и девојките е неопходна алатка за унапредување на развојот и намалување на сиромаштијата. ООН смета дека родовата еднаквост треба да е поважна од кога и да било доколку сакаме да создадеме просперитетни економии и здрава планета. 

2.3 Социјална работа 

Националната Асоцијација на социјална работа, социјалната работа ја дефинира како професионална активност за помагање на индивидуите, групите или заедниците за зголемување или обновување на нивните капацитети за социјално функционирање и создавање на погодни општествени услови за живот. 

Социјалната работа како професија обезбедува основни знаења, теоретски концепти, специфични функционални вештини и есенцијални социјални вредности кои се користат во спроведување на општествена задача за обезбедување корисни, конструктивни и безбедни социјални услуги. Социјалните работници се залагаат за поддршка на ранливите категории граѓани и маргинализираните групи, како што се лица во сиромаштија, жртви на насилство, деца без родители и родителска грижа, стари лица, лица со попреченост. Современата социјална работа се соочува со нови предизвици како што се дигиталната ексклузија, менталното здравје, миграцијата и климатските промени (зелена социјална работа) што бара интегрирање на нови пристапи, меѓу кои се и употребата на информатичко-комуникациски технологии. Токму ИКТ стануваат важна алатка во 

4

дигиталната социјална работа, овозможувајќи подобра комуникација со клиентите, достапност на услуги на далечина и иновативни решенија за социјални проблеми.  Со преминот на социјалната работа во дигитална средина, термините „е-социјална работа“ или „Дигиталната социјална работа“ е воведена како нова гранка на социјалната работа. 

3. Врската помеѓу ИКТ, родовата еднаквост и социјалната работа 

Социјалните работници имаат клучна улога во унапредувањето на социјалната правда во општеството. Нивната работа покрај поддршката на ранливи и маргинализирани групи, го вклучува и елиминирањето на родовата нееднаквост. Покрај индивинуалната поддршка која ја пружат, социјалните работници учествуваат во креирањето на политики и програми кои промовираат родова еднаквост. Во новата ера, каде технологијата го доживува својот раст, сметам дека социјалните работници треба сè почесто да користат и  информатичко-комуникациски технологии за да допрат до поширока популација, особено до жени и девојки, што дополнително ја засилува нивната улога во борбата за родовата еднаквост. Социјалните работници, во својата работа ги користат алатките кои новата технологија ги нуди за поефикасно справување со проблемите. ИКТ им помага во ефикасно комуницирање со клиентите, водење евиденција, спроведување на истражувања, онлајн советување, детектирање на случаи како и едукација за темите кои се важни поврзани со човековите права, социјалната заштита и социјалната правда. Преку онлајн платформи, апликации, социјални медиуми и дигитални мрежи, жените и девојките можат да се информираат за своите права, да бараат помош, да се вмрежуваат и да се зајакнуваат. Дигиталните алатки овозможуваат пристап до социјални услуги и информации за лица кои живеат во рурални, маргинализирани или тешко достапни средини. Ова е особено важно за жените или девојките кои се уште се исклучени од новитетите кои ги носи новиот век. Преку развојот на нови алатки и платформи, поддршката на жртвите на насилство, особено во места каде пристапот до физички услуги е ограничен, станува се подостапна. Со помош на 

5

информатичко-комуникациските технологии, жените и девојките изложени на семејно, родово или сексуално насилство сега имаат побрз, побезбеден и поанонимен начин да побараат помош. Ваквите алатки се особено важни во ситуации кога жртвата е изолирана или контролирана од страна на сторителот, како што се случува често во семејно насилство. Онлајн платформите нудат: анонимно пријавување на насилство, пристап до итни совети и психосоцијална поддршка, практични информации за правата на жртвите, пристап до невладини организации и бесплатни правни служби. Покрај директната поддршка, ИКТ овозможуваат и онлајн кампањи за подигање на свеста, обука на професионалци од областа на социјалната работа за работа со жртви преку дигитални канали. 

Пример за ваков пристап е мобилната апликација „Bright Sky“, која е достапна во повеќе земји и нуди безбеден начин за едукација, идентификација на ризици и поврзување со локални поддржувачки сервиси. Bright Sky е безбедна, лесна за употреба апликација i веб страна која обезбедува практична поддршка и информации за тоа како да се одговори на семејното насилство. Bright Sky нуди помош во тоа како да се забележат знаците на злоупотреба, како да се реагира и да се најде безбеден пат до помош. Bright Sky апликацијата е развиена од организацијата „Hestia“ со поддршка од „Vodafone Foundation“ и „Hope After Harm“. Фондацијата Vodafone е регистрирана добротворна организација во Велика Британија и ја користи моќта на поврзувањето на Vodafone за решавање на некои од најспецифичните проблеми во светот, со поддршка на одржливи проекти кои користат технологија за да обезбедат јавен бенефит во обем. Технологијата и поврзувањето се суштински алатки за поддршка на преживеаните од семејно насилство и злоупотреба, помагајќи да се обезбеди безбедна рута за помош, па дури и спасување животи. Кога ќе се отвори веб сајтот на Bright Sky, може да се забележи дека нуди број за итни случаеви, копче кое може веднаш да те исклучи од сајтот и да те пренасочи на веб сајт за вести (претпоставувам дека целта на тоа е насилникот да не види дека жртвата пребарува) и различни совети и насоки како да се забележи насилник и да се пријави. 

Апликацијата „Easy Rescue“, развиена од Фондацијата Vodafone- Турција овозможува лесeн пристап до помош во заштитата на жените од насилство. 

6

Посредникот или „Interface“ на Easy Rescue им овозможува на жените брзо да стигнат до полицијата или до нивните роднини во момент на насилство. Safetipin апликацијта собира податоци од корсници за безбедноста на јавните места овозможувајќи им на жените да изберат безбедни рути за движење. Слично, апликацијата Walk Freely овозможува дискретно пријавување на сексуално вознемирување на интерактивна мапа. Сите овие алатки ја прикажуваат улогата на ИКТ во заштита на жените од родово базирани насилство и поврзување со институциите. 

4. Придобивки и можности од ИКТ за родовата еднаквост и вклученоста на социјалните работници 

Со забрзаната дигитализација и достапноста на интернетот, создадени се нови можности за жените да се вклучат и активно да учествуваат во образованието, на пазарот на трудот, активизмот. Придобивките од ИКТ се тоа што може да помогнат во надминување на традиционалните бариери што ги спречувале жените да ги користат своите потенцијали. Со пристапот до информации и можноста за дигитална поврзаност, жените стануваат повидливи и поактивни во борбата за еднакви права и можности. За почеток, пристапот до образование е една од главните придобивки. Преку различни онлајн платформи, жени од рурални и маргинализирани заедници имаат шанса да се стекнат со знаења кои претходно им биле недостапни. Бесплатните или нискобуџетни курсеви, вебинари, дигитални обуки и ресурси овозможуваат еднаков пристап до учење, што е клучен предуслов за личен и професионален развој. Стекнувањето на дигиталните вештини им овозможуваат на жените подобро да се вклучат на пазарот на трудот што ќе им донесе финансиска независнот. Потоа, ИКТ создаваат простор за зголемено учество на жените во јавниот живот. Преку социјалните медиуми жените стануваат се погласни и повидливи, ги споделуваат своите приказни и отворено говорат за проблемите со кои се соочуваат. Активизмот во дигиталниот свет е особено важен за подигање на свеста за родовата нееднаквост, за сексуално и семејно насилство, дискриминација и ограничувањата што ги наметнуваат родовите стереотипи. ИКТ им овозможуваат на жените 

7

пристап до нови можности, вклучувајќи работа од дома (што може да биде, според мене, колку придобивка толку и предизвик и ризик), флексибилни работни услови и отворање сопствени е-бизниси. Преку платформите за е-трговија и социјалните медиуми, жените можат да се претсават и да се пласираат на пазарот на трудот. Ова претставува голема предност, особено за мајки, жени со попреченост, или оние кои живеат во подрачја со ограничени можности за вработување. Онлајн платформите и мобилните апликации им овозможуваат на жените брз и лесен пристап до информации поврзани со нивните права, здравствена грижа, услуги за поддршка при семејно насилство и ментално здравје. Интернетот овозможува жените да се вмрежуваат, да создаваат меѓународни контакти, да се поддржуваат меѓусебно и да разменуваат искуства и знаења. Друг аспект што може да се разгледа е тоа дека социјалната работа игра суштинска улога во тоа да ја приближи технологијата до ранливите групи. Социјалните работници се важен посредник помеѓу дигиталниот свет и корисниците кои најчесто се соочуваат со нееднаквост и исклученост. Тие можат да обучуваат, информираат и поддржат жени и девојчиња да стекнат дигитални вештини и да се вклучат во програми што нудат онлајн образование, психо-социјална поддршка, или пристап до правни и здравствени информации. Преку дигитални кампањи, едукативни видеа, блогови и подкасти, социјалните работници можат да шират пораки за еднаквост, толеранција и инклузивност. Интернетот овозможува жртвите на дискриминација или насилство да бидат слушнати, а социјалната работа преку овие медиуми станува простор за мапирање, поддршка и застапување на правата. Дополнително, платформите за дигитална поддршка и советување, како што се мобилни апликации за пријавување насилство, онлајн психолошко советување, или анонимни форуми за жртви, се значаен ресурс што го олеснува пристапот до услуги. Социјалните работници, користејќи ги овие технологии, можат да воспостават директна комуникација со корисници кои инаку би биле недостапни поради срам, страв или социјална изолација. На институционално ниво, ИКТ им овозможува на социјалните работници да креираат бази на податоци како и електронски системи за следење случаи. Овие алатки овозможуваат поефикасна интервенција, 

8

подобро насочување на ресурсите и креирање политики базирани на податоци. Сепак, за ИКТ да придонесуваат кон родова еднаквост и ефективна социјална работа, мора да се води сметка за дигиталната писменост, пристапот до интернет и заштитата на податоците. Јасно е дека постојат предатори во дигиталниот свет па затоа улогата на социјалните работници е и едукативна и заштитничка. Тие треба да се стремат кон тоа да ги обучат жените како безбедно да ги користат дигиталните ресурси и да бидат претпазливи. 

5.Предизвици и ризици од користење на ИКТ во унапредување на родовата еднаквост и социјалната работа 

И покрај многубројните придобивки кои ги носат информатичко-комуникациските технологии, нивната примена во контекст на родова еднаквост и социјална работа не е без предизвици и ризици. Несоодветната употреба, нееднаквиот пристап и злоупотребата на дигиталните алатки можат да доведат до нови форми на исклучување, дискриминација, па дури и насилство – особено кон ранливите категории, меѓу кои и жените и девојчињата. Меѓу предизвиците се наоѓа дигиталната нееднаквост. Иако технологијата е достапна во развиените средини, многу жени, особено од рурални, сиромашни или маргинализирани заедници, немаат пристап до мобилни телефони, интернет или едукација. Ова ја продлабочува постојната родова нееднаквост, создавајќи нова форма на исклучување, дигитална. Социјалната работа овде игра клучна улога во идентификување на овие бариери и креирање програми за едукација и дигитално вклучување на маргинализираните жени и девојки, но и мажите кои би можеле да се социјални исклучени. Друг значаен ризик е сајбер-насилството и дигиталната виктимизација. Сајбер- насилство е кога некој постојано и намерно вознемирува, малтретира или исмејува друго лице на интернет или додека користи мобилни телефони или други електронски уреди. Според истражување кое го споревело „Центарот за истражување на сајбер-насислтво“ од САД минатата година, стапките на сајбер- насилство значително се разликуваат според полот. Адолесцентните девојки имаат поголема веројатност да доживеат сајбер-насилство во нивниот живот, 59,2% жени наспроти 49,5% мажи и во текот на претходните 30 дена , 28,6% жени наспроти 24,2% мажи. (Слика 1) Според нивното истражување, типот на 

9

сајбер-малтретирање има тенденција да се разликува по пол. Поголема е веројатноста девојчињата да кажат дека некој шири гласини за нив на интернет, додека момчињата се со поголема веројатност да кажат дека некој им се заканил дека ќе ги повреди на интернет. Жените и девојчињата се чести жртви на онлајн вознемирување, злоупотреба на лични податоци, сексуално изнудување, сајбер-следење и говор на омраза. Овие форми на насилство често остануваат непријавени поради недоверба во институциите, страв од осуд, срам. Социјалните работници, особено оние кои работат со жртви на насилство, имаат задача не само да ги поддржат жртвите, туку и да лобираат за поефикасни политики за заштита на дигиталните права и приватност. Друг проблем кој се јавува, како што напоменав во претходниот дел е недостатокот на дигитална писменост. Без основно познавање на безбедносните аспекти, жените можат лесно да станат жртви на измами, злоупотреба на лични информации или лажни вести кои шират дезинформации за нивните права. Во оваа сфера, социјалната работа треба да делува превентивно, преку спроведување едукативни кампањи и работилници за безбедно користење на интернет и заштита на личните податоци. Гледано од аспект на социјалните услуги, голем предизвик претставува и зависноста од технологија при обезбедување услуги посебно ако таа технологија е недостапна за некои корисници. Онлајн консултациите, дигиталните платформи за поддршка и е-сервисите за жртви на насилство се корисни алатки, но не секогаш се практични или доволни. Во некои случаи, недостигот на директен човечки контакт може да го отежне воспоставувањето доверба, која е клучна за ефективна социјална работа. Тука, улогата на социјалниот работник е да најде баланс помеѓу дигиталното и личното, адаптирајќи ги услугите според потребите на корисникот. Нешто кое не треба да се изостави е постоењето на правниот и етичкиот ризик поврзан со користење ИКТ. Без јасна законска регулатива, заштита на лични податоци или дефинирани механизми за одговорност при дигитална злоупотреба, постои простор за манипулација и повреда на човековите права. Социјалната работа мора да биде заснована на етички принципи, што значи дека секоја употреба на технологија во работата со луѓе треба да биде транспарентна, доброволна и со целосно почитување на приватноста. 

10

6. Заклучок 

Оваа семинарска работа ја отвори перспективата дека ИКТ може значително да придонесе за унапредување на родовата еднаквост – преку пристап до образование, економски можности, простор за активизам и пристап до услуги, особено за жени од маргинализирани заедници. Но, оваа трансформација не се случува сама од себе. Таа бара етичка рамка, дигитална писменост, инклузивен дизајн и најважно, човечки посредник што ги разбира комплексностите на социјалниот контекст. Тука социјалната работа има суштинска улога. Социјалните работници се активни учесници во создавањето на општество каде што технологијата не ја охрабрува дискриминацијата туку ја укинува. Социјалната работа, ИКТ и родовата еднаквост се меѓусебно поврзани преку заедничка цел а тоа е овозможување еднаков пристап до права, ресурси и поддршка за сите граѓани, без оглед на родот, економската положба или социјалниот статус.  Заклучокот што произлегува е јасен, ИКТ не смеат да бидат привилегија. Тие треба да се гледаат како инструмент на правичност, кој низ призмата на социјалната работа ќе стане достапен, безбеден и корисен за сите, без разлика на пол, социјален статус или географска положба. Само така, дигиталната трансформација ќе стане алатка за социјална еднаквост, а не уште еден извор на поделби. 

11

7. Прилог: 

(Слика 1) 

12

8. Користена литература: 

● проф . д-р Димитријоска Сунчица (2016) . Социјална работа со поединец Cyberbullying Data. Cyberbullying Research (2024). Patchin, J. W. & Hinduja, S. https://cyberbullying.org/2023-cyberbullying-data (пристапено на 25 мај 2025) ● https://en.wikipedia.org/wiki/Information_and_communications_technology (пристапено на 24 мај 2025) 

● https://esaro.unfpa.org/en/topics/gender-equality (пристапено на 25 мај 2025) ● Glossary of Terms and Concepts (2017). UNICEF Regional Office for South Asia November 

https://www.unicef.org/rosa/media/1761/file/Genderglossarytermsandconcepts.pd f (пристапено на 25 мај 2025) 

Role of Information and Communication Technology in Modern Society (2024) Sahil Khan. 

https://medium.com/@cricke5544/role-of-information-and-communication-technol ogy-in-modern-society-1472b8bfd540 ( пристапено на 24 мај 2025) ● https://www.stat.gov.mk/dokumenti/8.1.15.29_m.pdf (пристапено на 24 мај 2025) 

● https://www.shs-conferences.org/articles/shsconf/pdf/2024/04/shsconf_shw2023 _05005.pdf (пристапено на 25 мај 202 

● https://turkiyevodafonevakfi.org.tr/en/projects/easy-rescue (пристапено на 25 мај 2025) 

● https://uk.bright-sky.org/en/home (пристапено на 25 мај 205) 

● https://www.un.org/en/global-issues/gender-equality (пристапено на 25 мај 2025) 

13