:
Драгана Трифунова
AПСТРАКТ
Некаде во залезот на 20-тиот век и започнувањето на 21-виот технологијата започна интензивно да ни го менува начинот на живеење. Луѓето имаа други сваќања и потреби од потребите пред неколку децении. Дедовците од минатиот век како главно превозно сретство го признаваат само коњот, за телефонски врски немаат слушнато а, интернетот и е мисловна именка. Затоа пак просечен дедо од 21-виот век веќе со години користи мобилен телефон а, за социални мрежи има слушнато. Малите деца добиваат телефон на предшколска возраст затоа што телефонот и е неопходен за менаџирање на нивните животни потреби а, неодамна се слушна гласот на последното откритие на денешницата, на нешто ново, на нешто невидено – Вештачката интелигенција.
Како студент на еден од факултетите за информатички науки го имав задоволството навреме да навлезам во суштината на вештачката интелигенција и да сонувам дека ќе придонесам за нејзиниот напредок. Но, неодамна задлабочувајќи се во новитетите и озборувањата за неа се фрапирав од еден неочекуван податок. Наводно „Жените имаат поголем скептицизам од развивањето на вештачката интелигенција од мажите“. Како девојка која постојано е преокупирана со унапредувањето на истата, бев извонредно изненадена.
Затоа решив малку да истражам и да се позанимавам со половите разлики на тема „Вештачка интелигенција“. Истражувањето и заклучоците од мојата работа ви ги приложувам во продолжение.
ВОВЕД
Истражувањето за тоа како жените реагираат на напредокот на вештачката интелигенција го реализирав преку две веродостојни статии на пребарувачот Google. Информациите кои ги пронајдов таму – што придонело жените да се однесуваат така, дали постои начин да се работи на исчезнување на овие стереотипи, колкава е разликата меѓу размислувањата на мажите и жените, се обработени во следните студии:
Студија број 1:Gender differences in artificial intelligence: the role of artificial intelligence anxiety
СТУДИЈА БРОЈ 1
Во првата студија се испитувала анксиозноста кон вештачката интелигенција, процентот на позитивни ставови како и знаењето и употребата на вештачката интелигенција на мажите и жените посебно.
Во истражувањето учествувале 335 возрасни лица од Италија со средна 30-годишна возраст. Од испитаниците 52 проценти биле жени и 48 проценти биле мажи. Како мерки биле користени:
- анкциозност во однос на вештачката интелигенција – Користеле АI скала на анкциозноста, скалата се состоела од 21 тврдење со кое анкетираните требало да кажат дали се согласуваат со него или не. Можеле да бираат од 7 одговори (1 – целосно НЕ се согласувам и 7 – целосно се согласувам)
- позитивни ставови кон вештачката интелигенција – Користеле 12 тврдења од скала за вештачка интелигенција која го мери ставот. Одговорите се оценувале на скала од 1 (целосно НЕ се согласувам) до 5 (целосно се согласувам)
- употреба на системи и технологии базирани на вештачка интелигенција – Ги прашале анкетираните дали некогаш користеле технологии/системи кои се базирани на вештачка интелигенција. Исто така на скала од 1 (никогаш) до 7 (често).
- перцепирано знаење за системи и технологии базирани на вештачка интелигенција – Им поставиле прашање за тоа дали знаат како функционираат системите/технологиите базирани на вештачка интелигенција, исто така на скала од 1 до 7
- социо-демографски варијабли – Исто така при анкетирање на испитаниците од нив биле земени информации како возраст, пол, образование, брачен статус, работен статус и националност.
Откако била направена анализата резултатите биле следниве:
– Позитивните ставови кон AI се позитивно поврзани со претходната употреба на AI и со перцепираното знаење.
– MANOVA (родови разлики) – Жените, во споредба со мажите, пријавиле: повисока анксиозност кон AI, пониски позитивни ставови кон AI, помала употреба на AI, и пониско перцепирано знаење за AI.
– Модерирачки модел – Генерално сите испитаници покажале помалку позитивни ставови кон AI но сепак, мажите имале повисоки позитивни ставови од жените. Оние кои претходно имале употребувано AI имале попозитивни ставови во однос на оние кои никогаш немале употребувано.
Според многу релевантни извори, ова е првото истражување кое истовремено ги испитува родовите разлики во различни индикатори на прифаќање на вештачката интелигенција (AI) и ја анализира врската меѓу анксиозноста кон AI и ставовите кон AI, земајќи ја предвид модераторската улога на родот.
Резултатите покажаа дека постојат разлики меѓу половите, како и дека родот има модерирачко влијание врз врската меѓу анксиозноста кон AI и позитивните ставови кон AI – при што овие родови разлики се поизразени кај пониски нивоа на анксиозност.
Оваа студија го разгледува спојот на две критични теми – вештачка интелигенција и родова еднаквост – и претставува основа за идни психолошки истражувања и социјална инклузија.
Статијата се базира на примерок од само 335 испитаници од Италија, што значи дека резултатите треба да се толкуваат со претпазливост. Ваквиот број на учесници не е доволно голем за да се извлечат општи заклучоци што важат за сите земји или култури. Дополнително, културниот контекст во Италија може да влијае врз начинот на кој луѓето ја доживуваат вештачката интелигенција, па затоа не треба пристрасно да се претпоставува дека истите родови разлики постојат и во други држави. Студијата претставува добра почетна точка, но се потребни пошироки и интернационални истражувања за да се потврдат ваквите наоди.
СТУДИЈА БРОЈ 2
Оваа студија како целна група испитаници ги зема студентите кои студираат за медицинска сестра/брат во Јужна Кореа. Просечната возраст на студентите била 22 години а, во истражувањето учествувале вкупно 180 лица.
- 86% од испитаниците биле претставници на женскиот пол и 28% од испитаниците се стекнале со некакво образование за вештачка интелигенција во минатото
- Студијата се обидувала да открие дали студентите кои имале попозитивна перцепција за AI имале и поголема намера да ја користат
- AI технологијата има потенцијал револуционерно да ја промени здравствената заштита, преку подобрување на превенцијата од болести, креирање персонализирани планови за третман, автоматизација на задачи и поттикнување соработка меѓу здравствените професионалци.
Сепак, изненадувачки податок е тоа што во САД, земја што е лидер во напредни здравствени технологии, 70% од медицинските сестри не биле запознаени со AI-технологии што се користат во здравството, а само 3.8% од студентите за медицински сестри/браќа добиле образование поврзано со AI за време на нивните додипломски студии. - Моделот на прифаќање на технологија (Technology Acceptance Model – TAM) е еден од најчесто користените истражувачки модели за предвидување на тоа колку луѓето ја прифаќаат и имаат намера да користат нова технологија, особено во здравствениот сектор, како кај медицинските сестри и пациентите. TAM предлага дека начинот на кој луѓето ја перцепираат новата технологија води до нејзино прифаќање, што потоа резултира со нејзино вистинско користење
- Оваа студија имала за цел да ги испита посредувачките ефекти на емоциите, односно анксиозноста и ставот за прифаќање, во врската меѓу перцепцијата и намерата за користење на AI-технологиите кај студентите по сестринство.
Мерења во ова истражување
- Перцепција за вештачка интелигенција (Имало 10 прашања од 2 категории: подготвеност за користење на вештачката интелигенција и професионално влијание од вештачката интелигенција. Користена е петстепена Ликертова скала (1 = „целосно не се согласувам“ до 5 = „целосно се согласувам“). Поголема оценка значи попозитивна перцепција кон ВИ.)
- Анкциозност кон вештачка интелигенција (Мерена според Technology Acceptance Model, скалата има 4 прашања кои мерат вознемиреност при користење ВИ технологии во здравството. Користена е петстепена Ликертова скала. Поголем резултат значи поголема анксиозност)
- Став за прифаќање на вештачка интелигенција (Исто така базиран на TAM, содржи 4 прашања за ставот кон ВИ технологии. Поголем резултат значи попозитивен став)
- Намера за користење на вештачка интелигенцијa (Скалата има 3 прашања, мерени на иста петстепена Ликертова скала. Поголем резултат значи поголема намера за користење)
- Етички аспекти (Сите учесници дадоа пишана согласност, беа информирани дека можат да одбијат учество без последици, а податоците беа анонимни и без лични информации.)
- Анализа на податоци (фреквенциска анализа и дескриптивна статистика)
Резултати
Резултатите покажале дека жените имале поголема анксиозност кон ВИ во споредба со мажите, што укажува на одредена родова разлика во начинот на кој студентите ја доживуваат технологијата. Студентите од втора година имале најпозитивна перцепција за ВИ и истовремено најпозитивен став кон прифаќање на ВИ, особено во споредба со оние од трета година. Интересно е што оние кои имале некакво предзнаење или образование за ВИ, покажале помала анксиозност, повисока перцепција и попозитивен став кон технологијата во споредба со оние без такво искуство.
Просечните вредности на измерените варијабли (на скала од 1 до 5):
| Перцепција за ВИ: 3.03 |
| Анксиозност за ВИ: 3.27 |
| Став за прифаќање на ВИ: 3.61 |
| Намера за користење ВИ: 3.59 |
Корелациската анализа покажала дека поголема перцепција за ВИ е поврзана со понизок степен на анксиозност и повисок степен на позитивен став и намера за користење ВИ. Исто така, анксиозноста негативно влијае на ставот и намерата за користење ВИ, додека позитивниот став го зголемува интересот и подготвеноста за користење на ВИ технологии.
Регресиската анализа потврди дека анксиозноста и ставот кон ВИ имаат медијаторска улога во врската помеѓу перцепцијата и намерата за користење на ВИ. Односно, студентите кои имаат пониска анксиозност и попозитивен став кон технологијата, покажуваат поголема намера да ја користат ВИ во иднина.
Вкупно гледано, резултатите покажуваат дека емоционалните фактори (како анксиозноста) и ставовите кон ВИ имаат важна улога во тоа колку студентите се подготвени да ја прифатат оваа технологија, при што познавањето и образованието за ВИ играат клучна улога во намалување на стравот и зголемување на позитивните перцепции.
Во оваа студија се истражува како анксиозноста и ставот кон вештачката интелигенција (ВИ) посредуваат во врската помеѓу перцепцијата за ВИ и намерата за нејзино користење кај студентите по медицинска нега во Јужна Кореја. Просечниот резултат за перцепција на ВИ бил 3.03, што е слично со резултатите кај други здравствени професионалци. Просечната анксиозност кон ВИ изнесувала 3.27, а само 27.8% од испитаниците имале формално образование поврзано со ВИ. Недостатокот на соодветно образование може да објасни зошто студентите чувствуваат поголема анксиозност и несигурност во врска со влијанието на ВИ во нивната професија.
Ставот за прифаќање на ВИ и намерата за користење биле 3.61 и 3.59, што укажува на релативно позитивен однос кон ВИ. Младата возраст и технолошката отвореност на студентите можеби придонеле за оваа поголема подготвеност да ја прифатат технологијата.
Студијата утврдила дека попозитивната перцепција за ВИ ја намалува анксиозноста, што пак доведува до поголема подготвеност за користење на ВИ. Исто така, позитивниот став кон ВИ има двојна медијаторска улога – директно влијае на намерата за користење, но и индиректно преку намалување на анксиозноста.
Авторите истакнуваат дека негативните перцепции, како стравот од губење работа поради ВИ, ја намалуваат подготвеноста за користење на технологијата.
Резултатите укажуваат дека образованието за ВИ во рамки на програмите за нега е клучно. Воведувањето на систематска обука, работилници и практични сесии може да помогне во намалување на анксиозноста, зголемување на знаењето и формирање позитивен став кон ВИ.
Студијата препорачува развивање на образовни програми за ВИ кои ќе им помогнат на идните медицински сестри да се адаптираат на четвртата индустриска револуција и да ги користат технологиите за подобрување на здравствената грижа и резултатите кај пациентите.
Главно ограничување на истражувањето е неговата пресечна природа, што не дозволува да се докаже причинско-последична врска, како и недостаток на практично искуство со ВИ кај студентите.
ЗАКЛУЧОК
Просечна жена има повисоко ниво на одбивност кон вештачката интелигенција од просечен маж поради помала самодоверба во технолошки знаења и помала изложеност на технологии поврзани со вештачка интелигенција.
Поголемата анксиозност кај жените не произлегува од нивна природна склоност кон страв, туку од структурни и образовни фактори:
- мажите имаат повеќе искуство и самодоверба во технологија,
- жените пореткo имаат формална или практична обука за ВИ,
- и постојат општествени перцепции дека технологијата е „машка област“, што несвесно влијае на нивниот став.
