AI на Филозофскиот факултет – Скопје

На оваа страна имате можност да пристапите до специјализираните ботови со вештачка интелигенција од области општествените науки и хуманистиката кои се во фокусот на Институтите на Филозофскиот факултет – Скопје. Овие ботови се развиени со цел да ви помогнат во различни области и да ви обезбедат интелигентни решенија за вашите научни или образовни потреби. Со помошта на напредните алгоритми и машинското учење, овие ботови се способни да обработуваат големи количества податоци и да генерираат точни и корисни одговори. Независно дали сакате да се консултирате за професионални совети, да добиете информации за патувања или да забавувате, на оваа страна ќе најдете одговори и решенија од врвен бот со вештачка интелигенција. .

Главна карактеристика на сите ботови е тоа што ja вклучуваат родова и феминистичка перспектива со што е имплементиран принципот на родова интеграција (gender mainstreaming) односно ја имплементираат родовата и/или феминистичката перспектива на научните полиња, подрачја и области. Преку вклучувањето на овие перспективи, ботовите помагаат во откривањето на нови начини за истражување и сознавање на научните теми. Ова придонесува за подигнување на свеста за значењето на родот како истражувачка категорија и зајакнувањето на позицијата на жените во научните заедници.

Translate »