ChatBook

AI изданието на Вовед во феминистичка епистемологија, претстаува обид да се креира и генерира нов формат на текст, аналоген на форматот на книга. Ова издание има формат на „ai четкнига“ и како таква ја обединува технологијата на вештачката интелигенција и традиционално пишаниот текст што за предмет има одредена област и тема.

AI системот ги користи своите алгоритми и капацитети за машинско учење за да го анализира и толкува текстот од книгата од нејзиното електронско изадание, обработувајќи ги информациите од нејзината содржина, креирајќи нови контексти и врски помеѓу нив. Со помош на вештачката интелигенција, AI изданието на Вовед во феминистичка епистемологија претставува AI интерпретација на содржината на книгата, со што дополнително се обогатува и проширува смислата и значењето на содржината на темите и концептите.

За разлика од конверзациски четбот на кој е закачена некоја содржина, текстот за оваа ai издание е трансформиран и подготвен во посебна постапка на препроцесирање се со цел за успешна обработка на големите јазички модели со вештачка интелигенција. Книгата се проширува со ai генерираниот хипертекст со референците и библиографијата на почетниот текст

Во оваа прилика сакам да и се заблагодарам на м-р. Магдалена Стојмановиќ Констатинов за инспиративните разговори за статусот на значњето генерирано од страна на големите јазички модели и можноста да се содаде ваков формат на комуникациска соджина.

Оава издание е креирано со помош на ai платформата Dante, користи GPT-3.5 TURBO 16K техноогија. Тоа не значи дека во иднина ова издание нема да биде надоградено или тестирано со други технологии, што ќе претставува нова комуникациска авантура со базичниот текст.

Боби Бадаревски, Скопје 21.03.2024

Translate »