Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ се декларира и залага за промовирање и примена на еднакви права и можности помеѓу жените и мажите во истражувањето и иновациите на студентско, академско и кадрвско ниво на целиот универзитет. Дополнително, Универзитетот поддржува еднаква рамнотежа во лидерските и одлучувачките позиции и се стреми кон обезбедување на недискриминација и забранува родово базирано насилство.
Стремежот е да се поврзат европските вредности и принципи во сите активности преземени од Универзитетот и како високообразовна институција-учесничка во Рамковната програма
,Хоризонт Европа”, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се обврзува да донесе и имплементира План за родова еднаквост (ГЕП) на универзитетско ниво, кој ќе биде објавен и видлив на веб-страницата на Универзитетот (www.ukim.edu.mk), а ќе биде дистрибуиран и достапен на академско и студентско ниво.