“Користење на вештачка интелигенција за унапредување на родовата еднаквост во академските истражувања”
Институт за родови студии, Филозофски факултет Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј” -Скопје
Заради остварување и имплементација на Декларацијата и Акциониот план за родова еднаквост 2022-2025 на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” Линк до Планот за родова еднаквост на УКИМ стр.49 , целта на проектот е истражувачкиот тим на проектот од Институтот за родови студии, како одговорна страна од Акциониот план, да го испита потенцијалот и имплементацијата на ботовите за учење со ВИ (вештачка интелигенција) и да организира и спроведе онлајн обуки за родови прашања во истражувањето, преку креирање и одржување на онлајн платформа поддржана од технологијата на вештачката интелигенција.
Предмет на истражување
Проектот има за цел да истражи и имплементира користење на вештачката интелигенција (ВИ) во областа на родовата еднаквост во научното истражување. Конкретно, проектот ќе се фокусира на развој на ботови со ВИ и креирање на онлајн платформа за обуки и информирање за родовите прашања во научното истражување.
Опис на предметот на истражување
Проектот ќе истражи како ботовите со ВИ можат да бидат програмирани, и да пренесуваат знаење и информации од областа на родовата еднаквост во научното истражување на ефикасен и ефективен начин. Истражувањето ќе ги идентификува предизвиците и можностите поврзани со креирањето на онлајн платформа за обуки во областа на родовата еднаквост научното истражување.
Цели на проектот
Главните цели на проектот се:
- Испитување на потенцијалот и имплементацијата на ботовите со ВИ во областа на родовата еднаквост во научното истражување.
- Организирање и спроведување на онлајн обуки за родови прашања во научното истражување, преку креирање и одржување на онлајн платформа поддржана од технологијата на вештачката интелигенција.
Методологија на истражување
За истражувањето ќе се користат методи како што се преглед на постоечки истражувања и литература, систематска анализа и изработка на извештаи. За развојот на ВИ платформата ќе бидат користени веб базирани технологии, развој на апликации, машинско учење и бази на податоци.
Очекувани резултати
Р1 Идентификувани и евалуирани потенцијалите на ВИ ботови во промоција на родовата еднаквост во научното истражување. Преку анализа на постоечките истражувања и литературата од оваа област, ќе бидат откриени различни начини на кои ботовите со ВИ можат да се искористат за поддршка на обуки и информирање во областа на родовата еднаквост во научното истражување.
Р2 Креирана и имплементирана онлајн платформа: Главниот резултат од проектот е креирањето и имплементирањето на онлајн платформа за родови прашања во научното истражување. Оваа платформа е поддржана од технологијата на вештачката интелигенција и овозможува пристап до информации, податоци, обуки и други ресурси поврзани со родовите прашања.
Р3 Организирани и спроведени онлајн обуки: Проектот овозможува организирање и спроведување на онлајн обуки преку креираната платформа. Овие обуки треба да бидат насочени кон различни целни групи. Целта на обуките е да се подигне свеста и разбирањето за родовите прашања во научното истражување и да се промовира родовата еднаквост.
Публикување на резултатите
Резултатите од проектот можат да бидат комуницирани преку веб-страницата на единицата, линк кон веб-страницата на УКИМ, публикации во списанија или презентации на научни/стручни собири. Ова ќе овозможи споделување на резултатите со научната заедница и широката јавност.
Поврзаност со претходни истражувања на тимот во предлог-проектот.
Оваа година Институтот за Родови студии го одбележува својот 15-годишен јубилеј на успешна работа и придонес во областа на родовите студии. Во рамките на ова одбележување, Институтот ja креираше AI Платформата за Родовите студии, со цел да ги подобри и прошири своите активности и влијание во областа на родовите студии. AI Платформа за Родовите студии е независен проект на Институтот за Родови Студии (ИРС). https://rodovistudii.zapier.app/rodovistudii
Summary of the project “Using artificial intelligence to advance gender equality in academic research”
For the realization and implementation of the Declaration and Action Plan for Gender Equality 2022-2025 at the University “St. Cyril and Methodius” Link to the Gender Equality Plan of UKIM p.49, the goal of the project is the research team of the project from the Institute for Gender Studies, as the responsible party of the Action Plan, to investigate the potential and implementation of bots for learning with AI ( artificial intelligence) and to organize and conduct online trainings on gender issues in research, by creating and maintaining an online platform supported by artificial intelligence technology.
Subject of research
The project aims to explore and implement the use of artificial intelligence (AI) in the field of gender equality in scientific research. In particular, the project will focus on the development of AI bots and the creation of an online platform for training and information on gender issues in scientific research.
Description of the research subject
The project will explore how AI bots can be programmed, and transfer knowledge and information in the field of gender equality in scientific research in an efficient and effective way. The research will identify challenges and opportunities related to the creation of an online training platform in the field of gender equality scientific research.
Objectives of the project
The main objectives of the project are:
1. Exploring the potential and implementation of AI bots in the field of gender equality in scientific research.
2. Organizing and conducting online trainings on gender issues in scientific research, through the creation and maintenance of an online platform supported by artificial intelligence technology.
Research methodology
The research will use methods such as a review of existing research and literature, systematic analysis and report production. Web-based technologies, application development, machine learning and databases will be used for the development of the AI platform.
Expected results
P1 Identified and evaluated the potential of AI bots in the promotion of gender equality in scientific research. Through an analysis of existing research and literature in the field, various ways in which AI bots can be used to support training and outreach in the field of gender equality in scientific research will be revealed.
R2 Created and implemented online platform: The main result of the project is the creation and implementation of an online platform for gender issues in scientific research. This platform is powered by artificial intelligence technology and provides access to information, data, training and other resources related to gender issues.
R3 Organized and implemented online trainings: The project enables the organization and implementation of online trainings through the created platform. These trainings should be aimed at different target groups. The aim of the trainings is to raise awareness and understanding of gender issues in scientific research and to promote gender equality.
Publication of results
The results of the project can be communicated through the website of the unit, a link to the UKIM website, publications in journals or presentations at scientific/professional meetings. This will enable the sharing of results with the scientific community and the general public.
Link to the team’s previous research in the project proposal.
This year, the Institute for Gender Studies celebrates its 15th anniversary of successful work and contribution in the field of gender studies. Within this celebration, the Institute has already created the AI Platform for Gender Studies, in order to improve and expand its activities and influence in the field of gender studies. AI Platform for Gender Studies is an independent project of the Institute for Gender Studies (IRS). https://rodovistudii.zapier.app/rodovistudii
КОНТАКТ/CONTACT
Goce Delchev Blvd. 9A , Skopje, Republic of Macedonia, 1000
Address Skopje, Republic of Macedonia
02 311 6520 023116 520 локал: 164
Email e-mail: rodovistudii@fzf.ukim.edu.mk bobi@aigender.net martina@aigender.net
http://fzf.ukim.edu.mk/ https://rodovistudii.zapier.app
3 responses to “За проектот”
-
Многу ми се допаѓа идејата и реализацијата на проектот. Секоја чест за иницијативата да се промени најнова технологија во оваа насока.
-
Ви благодариме
-
-
Оваа иновативна пристапност е пример за тоа како современите технологии можат да помогнат во решавањето на општествено релевантни прашања
Leave a Reply