Што е промпт? Промпт е наредба или предлог кој се дава на ИРС ботот со вештачката интелигенција, како што е ChatGPT, за да генерира одреден излез. Промптот е начинот на кој корисникот комуницира со ботот и му кажува што точно сака да направи.
Каква е структурата на промпт? Промптот обично се состои од два дела: контекст и задача. • Контекстот го опишува сценариото или ситуацијата. Тоа може да биде вовед во темата, предметот на истражување или било каква информација која би помогнала на ботот да разбере што се бара од него. • Задачата е конкретната акција која треба да ја изврши ботот. Ова може да биде пишување на есеј, семинарска работа, истражување или составување на листа на содржина за текст.
Промпт инженеринг (prompt engineering) е техника за креирање и обликување на промптови (prompt) за да се добијат подобри и поквалитетни одговори од моделите за генеративна вештачка интелигенција како што е GPT-3. Основната идеја на промпт инженерингот е да се оптимизираат промптовите за да се искористи максималниот потенцијал на AI моделите. Некои клучни техники во промпт инженеринг вклучуваат:
Контекстуализација – Обезбедување релевантен контекст и бекграунд информации во промптот за да може моделот подобро да ја разбере задачата
Персонализација – Дефинирање специфична улога и карактеристики на AI асистентот во промптот
Примери – Вклучување конкретни примери за саканата форма на одговорот
Јасни инструкции – Давање директни и недвосмислени инструкции за задачата што треба да се изврши
Повратни информации – Коригирање и подобрување на инструкциите врз основа на добиените резултати
Со внимателно и итерационо подобрување на промптовите може значително да се зголеми квалитетот и корисноста на одговорите генерирани од AI.
Prompt генератор
Дефинирајте ја улогата на ботот. На пример, напишете „Ти си професор по социологија. Твојата експертиза е од областа од…
Опишете ја темата за која сакате да се креира инструкцијата. На пр. „родова еднаквост“ или „улогата на родовата еднаквост во образованието“
Изберете што сакате да постигнете со инструкцијата.
Изберете го стилот на дискурсот
Изберете на интонацијата на пораката и одговорот
Изберете ја публиката за која е наменет одговорот на ботот
©Институт за родови студии, Филозофски факултет Скопје