Со промоцијата на Horizon Europe – клучната програма за финансирање за истражување и иновации (R & I) – во 2021 година, беше воведен нов критериум за подобност за зајакнување на родовата еднаквост како меѓусекторски приоритет: од организациите кои аплицираат за фондовите на Horizon Europe се бара да имаат план за родова еднаквост (ПРЕ). За повиците со рокови за поднесување во 2022 година и понатаму, критериумот за подобност на ПРЕ ќе важи за сите делови на Хоризонт Европа.
За да се нагласи важноста на родовото знаење и родовата свест, критериумот за подобност на Хоризонт Европа бара да се изготви и спроведе план за родова еднаквост (ПРЕ) кој вклучува мерки за подигање на свеста и обука за родовата еднаквост и несвесните родови предрасуди за сите кои се вклучени во истражувачкиот процес. Целиот персонал, лидерите и носителите на одлуки имаат улога во идентификувањето на практиките, културите и несвесните родови предрасуди кои ги ставаат жените во неповолна положба но и во спроведувањето на инклузивни пристапи.
Обуката за подигање на свеста и градење капацитети за родова еднаквост може да се спроведе на различни начини: кампањи преку кратки воведни сесии за одредени целни групи, семинари и обуки, предавања и наменски курсеви или летни школи.
Нашиот одговор на овој предизвик е користење на вештачката интелигенција во функција на спроведување на ПРЕ: обезбедување и дисеминација на знаење за интеграција на родовата еднаквост во истражувањето на сите нивоа преку користење на AI.
Трите основни области во родовата теорија поврзани со научното академско истражување се претставени со релевантни извори кои се обработени со вештачката интелигенција. На секоја страна е предложен извор и бот кој е трениран со информации со соодветната област. Можете да му поставувате прашања на ботот за дадената област како и за изворот прикачен на страната.