Викторија Страторска
Вовед
Науката (Science), технологијата (Technology), инженерството (Engineering) и математика (Mathematics), заедно уште наречени и СТЕМ (STEM) се области на образованието или професионални полиња во кои почесто преовладува машкиот пол. Знаеме дека најголем дел од научниците и математичарите за кои имаме слушнато како и софтверските инженери на најголемите фирми денес се од машки пол, а јас како студентка на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство самата имам приметено разлика во број на машки и женски студенти на нашиот факултет. Иако досега немам слушнато за родова нееднаквост во ИТ кај нас, сепак се запрашувам дали преовладува машкиот пол и дали всушност постојат родови нееднаквости, а се прикриени, каква е ситуацијата во нашата земја, а каква низ светот и каде стоиме ние во споредба со земјите кои имаат развиено подобро право за родова еднаквост. Според одредени статистички истражувања направени во 2024 година, на глобално ниво скоро 40% од мажите работат во СТЕМ, за разлика од жените кои ги има малку над 20% [1]. Добрата вест е што овој процент со текот на годините расте, а уште подобра вест е дека Македонија е една од европските земјите со релативно висок процент на жени во СТЕМ полиња и тоа околу 49% во 2023 година. Држави во кои овој процент бил највисок во 2023година се Монголија со 57% и Белорусија со 54% на жени во СТЕМ [2].
3
Историја на жени во СТЕМ
Жените биле дел од СТЕМ полињата многу одамна низ историјата, но за жал, многу помалку се слуша за што жените придонеле во светот отколку мажите. Сите имаме слушнато за Алберт Ајнштајн, Стивен Хокинг или некој од поново време како Марк Цукерберг и многу други познати научници и инженери мажи кои придонеле многу за светот во кој живееме денес. Нивната работа е извонредна и навистина е нешто за кое треба да се зборува, но постојат и голем број на жени чија извонредна работа не е доволно ценета и за која малку се слуша.
Иако денес на чело на најголемите софтверски компании стојат мажи, интересен факт е дека првата компјутерска програма наменета за модерниот компјутер била напишан во 1843 година од страна на Ада Лавлејс, уште наречена и првата програмерка. Ада која уште на дванаесет години била заинтересирана за машини и наука, го напишала алгоритмот за пресметување на броевите на Бернули, а во нејзина чест програмскиот јазик Ада го носи нејзиното име. Достигнувањата на Ада се навистина импресивни уште повеќе поради општествениот отпор со кој се соочувале жените научници во тоа време. Ада е навистина важен пример за жена во СТЕМ која со својата посветеност и визија го отворила патот за илјадници жени во ИТ индустријата низ историјата [3].
Марија Кири е сигурно најпозната жена во СТЕМ. Нејзиниот придонес за физиката и хемијата бил огромен. Марија е заслужна за откривањето на радиоактивноста, а добитничка е и на две Нобелови награди во полето на физиката и хемијата. Марија е уште една жена научник која се интересирала за наука во време во кое машкиот пол бил доминантен во тоа поле, но тоа не ја спречило да постигне огром број на успеси во текот на нејзиниот живот.
Уште една жена за чија работа не се зборува доволно е Кетрин Џонсон, математичарка која била дел од НАСА. Нејзините пресметки и анализи за како да се пратат вселенски летала во вселената помогнале да се испратат првите астронаути на месечината [4].
Маргарет Хамилтон е жена научник од сферата на компјутерските науки која е заслужна за развојот на софтверот кој ги однесе првите астронаути на месечината. Таа го водела развојот на софтверот за Аполо програмата, а стана позната откако се
4
рашири фотографијата на која таа стои покрај огромниот број на книги наредени една над друга во кои е напишан софтверот развиен од неа и нејзиниот тим.
Ова се само мал дел од жените кои низ историјата направиле чуда, но поради некоја причина за нивната огромна работа не се зборува многу. За жал оваа може да биде демотивирачки за младите девојки и жени кои размислуваат за кариера во СТЕМ, но не сакаат да бидат жртва на родовата нееднаквост во овие полиња.
Предизвици за жените во СТЕМ
Како што веќе напоменав, порастот на женскиот пол во СТЕМ е видлив, но голем дел од предизвиците со кои се соочуваат тие сè уште постојат. Најпрво ќе се надоврзам на претходната тема. Младите девојчиња немаат доволно примери за жени научници и инженери во книгите или низ медиумите. Поради тоа тие не се чувствуваат сигурни во своите способности и губат самодоверба за започнување на кариера во машко доминантна струка. Друг предизвик би бил помалите плати на жените за разлика од мажите, а со тоа и помалите можности за напредок во хиерархијата на компанијата. Според едно истражување направено од British Council, 30% од жените на возраст над 35 години се се уште на јуниорски позиции додека 85% на мажите до 34 години се веќе сениори [5]. Работата на жените е често потценувана така што нивните лични придонеси и достигнувања се препишани на тимска работа или на нивните колегите. Ваквата родова пристрасност како и стереотипите за способностите на жените ги турка нив подалеку од СТЕМ. Уште еден предизвик за жените во СТЕМ е политиката за родителско отсуство. Жените можат да бидат заменети и да го загубат своето работно место поради родитлско отсуство и бременост додека мажите немаат таков предизвик. Сите овие предизвици претставуваат препреки во напредувањето во кариерата за жените со кои нивните колеги мажи не се соочуваат.
5
Родова не/еднаквост во СТЕМ
Различниот процент на машкиот и женскиот пол во СТЕМ е загрижувачки и го ограничува потенцијалот на СТЕМ професионалните полиња. Недостатокот на различност и инклузија доведува до прашања за дали постои родова еднаквост во СТЕМ и дали жените во овие професии се заштитени со правото колку и мажите.
Родовата нееднаквост во СТЕМ се согледува преку стереотипите. И покрај огромниот напор на жените кои одбираат СТЕМ професија, сепак многу луѓе сè уште ги нарекуваат овие полиња како машки и ги обесхрабруваат жените дека тоа не е за нив. На жените секогаш им било предодредено да размислуваат за семејство и мајчинство, а не за градење на кариера. Ваквите предрасуди и стереотипи се лоши и доведуваат до родов јаз во ваквите полиња.
Исто така, како што веќе напоменав, родовата нееднаквост се согледува и од различните плати меѓу мажите и жените. Истражувањата покажуваат дека на жените во СТЕМ им се нуди помали почетни плати за разлика од мажите со кои имаат исти познавања и квалификации. Оваа разлика е навистина зачудувачка, а истражувачи од Стенфорд решиле да навлезат подлабоку за да разберат зошто постои кавка нееднаквост. Истражувањата покажале дека причина поради која постои разлика во почетните плати всушност е присуството на самодоверба кај мажите. Тие откриле дека мажите се сигурни во своите можности и во исполнување на очекувањата додека пак жените изразуваат сомнежи [6]. Младите девојки и жени ја губат својата самодоверба поради предизвиците и стереотипите со кои се соочуваат одалечувајќи ги од високо платените позиции, позиционирајќи ги да заработуваат уште помалку поради што нееднаквоста во платите се уште постои.
Патот до родова еднаквост во СТЕМ е сè уште долг, но постојат одредени фирми кои превземаат разни иницијативи за да се постигне еднаква вклученост и задржување на жените во СТЕМ.
SKY TV има воведено програма Women into Leadership, а како резултет на оваа програма над 500 лидери во компанијата сега се жени. Network Rail е уште една организација која има направено напор да привлече женски вработени и да ја зголеми
6
застапеноста на жените во фирмата. Компанијата за развој на хардер и софтвер Cisco е рангирана на второто место на листите на Fortune за 100 најдобри работни места за различност. Нивната глобална иницијатива Girls Power Tech (GPT) е уште еден пример за правење напор за родова еднаквост, инспирирајќи ги младите девојки и жени да продолжат кариера во СТЕМ [7].
Ова се само неколку примере кои даваат надеж дека ситуацијата се подобрува, но сметам дека отстранувањето на стереотипите како и позачестеното прикажување на жени во СТЕМ на младите девојчиња ќе придонесе уште повеќе за постигнување на посакуваната родова еднаковст.
СТЕМ во светот
На глобално ниво се гледа пораст на жените во СТЕМ. Според Национално Научната Фондација, бројот на жени кои започнуваат кариера во СТЕМ се зголемува побрзо за 31%, за разлика од бројот на мажите [8]. Зголемувањето на бројот на жените во СТЕМ е позитивен фактор не само заради поттикнување на родова еднаквост, туку и поради тоа што присутноста на различности во фирмата придонесува за поголема креативност, иновативност и подобри решенија. За Меѓународниот ден на жените и девојките во СТЕМ е избран датумот 11 февруари кој претставува прослава за сите оние жени кои успеале во СТЕМ, но и повик и инспирација за сите оние кои се двоумат дали да ја започнат својата кариера во тој правец.
Постојат меѓународни иницијативи за поддршка на родовата еднаквост во СТЕМ:
• SAGA (СТЕМ и родово напредување) – Иницијатива за глобална политика Оваа иницијатива управувана од UNESCO им помага на владите да собираат податоци за справување со родовите нееднаквости. SAGA има за цел им помогне на владите преку давање препораки за како да ја креираат својата политика за намалување на родовата нееднаквост во СТЕМ.
• Girls Who Code – Глобална образовна програма
Оваа програма се залага за намалување на родовата нееднаквост во
7
технологијата и поттикнување на жените да учат компјутерски науки преку нудење на бесплатно образование и менторство за истите.
СТЕМ во Македонија
Ситуацијата во Македонија изгледа подобра од некои други држави во Европа. Во периодот од 2010 до 2020 година имало пораст во бројот на дипломирани студенти во СТЕМ кои се жени и тоа од 40% на 50%. Студиите покажуваат дека бројот на мажите кои се запишуваат на додипломски студии во СТЕМ се уште е поголем од бројот на жените, но сепак тие доминираат кога станува збор за дипломирање што значи дека голем дел од мажите се откажуваат или не дипломираат [9]. Поддршка за жените во СТЕМ во нашата држава постои и тоа преку неколку програми:
• Global Engineer Girls (GEG) North Macedonia
Оваа програма ги поддржува женските студенти во инженерските струки и им обезбедува стипендии, менторства, тренинзи и разни прилики.
• STEM education and career – a challenge for girls and young women (WomenInStem)
Оваа програма ги промовира СТЕМ кариерите од успешни жени од овие полиња што би дало поттик до младите девојки дека и тие би можеле да изградат успешна кариера во СТЕМ.
• Women in Tech
Оваа иницијатива има за цел да ја затвори родовата нееднаквост и да им помогне на жените да станат дел од СТЕМ индустријата. Women in Tech има за цел да ги едуцира и подржува жените и младите девојки но, и да им влева самодоверба дека можат да успеат во СТЕМ образование или СТЕМ кариера.
8
Заклучок
Родовата еднаквост и правата на жените во СТЕМ се уште е загрижувачка тема во многу држави низ светот. Големите напори направени од многу жени и поддржувачи на жените во СТЕМ има добар ефект, но патот е сè уште долг. Предизвиците, стереотипите и предрасудите со кои се среќаваат жените се уште постојат, а во многу држави нема доволно иницијатива за оваа ситуација да се промени. За среќа, ситуацијата не е така лоша насекаде и се појавуваат разни програми и организации кои сакаат да направат промена, да ги потикнат жените да градат кариера во СТЕМ и да ги помогнат истите. Нашата држава е еден пример за држава во кој ситуацијата се подобрува, а јас лично како студентка во СТЕМ образование сум пресреќна за ваквата позитивна промена и уште повеќе мотивирана да ја започнам мојата кариера како млада девојка во СТЕМ поле. Половата еднаквост во СТЕМ е од клучно значење не само за жените туку и за напредок и иновација на компаниите. Доколку кај жените се појави самодоверба, а се изгуби стравот за градење кариера во СТЕМ, тие ќе ги искористат своите вештини максимално и ќе успеат да придонесат многу за научниот и технолошкиот напредок ширум светот.
9
Користена литература
[1] Statista, “Workers with occupations within science, technology, engineering, and mathematics worldwide in 2024, by industry and gender”, 2024
[2] Statista, “Share of women working in STEM fields in 2023, by country”, 2025 https://www.statista.com/statistics/1116527/share-women-stem-country/
[3] Max Planck Society, “Ada Lovelace and the first computer programme in the world”, 2024
[4] Post University, “How Women in STEM Have Changed”, 2024
[5] British Council, “Gender gap in Science and IT”, 2024
https://www.britishcouncil.mk/en/programmes/education/21st-century-schools/women in-science/gender-gap
[6] Stanford GSB “What’s Behind the Pay Gap in STEM Jobs?”, 2021 https://www.gsb.stanford.edu/insights/whats-behind-pay-gap-stem-jobs
[7] Voice at the Table, “Meet the Smart Companies that are Recruiting More Women for STEM Careers”, 2021
https://www.voiceatthetable.com/blog/meet-the-smart-companies-that-are-recruiting more-women-for-stem-careers/
[8] U.S. Department of Commerce, “Women in STEM: Representation Matters”, 2024 https://www.commerce.gov/news/blog/2024/03/women-stem-representation-matters
[9] UNDP, “Women in STEM”, 2022
03/The%20Journey%20of%20Women%20in%20STEM.pdf
10