“Учество на женскиот пол во СТЕМ : Застапеност и можности за напредок” 

Published by

on

Драгана Ристова

1. Вовед 

Во ера на технолошка револуција, една област се истакнува како клучна за  подготовка на младите умови за иднината – СТЕМ-едукацијата. Иако за  многумина акронимот СТЕМ може да звучи не познато, всушност, тој ги обединува  четирите најважни дисциплини во модерниот свет: наука (Science), технологија  (Technology), инженерство (Engineering) и математика (Mathematics). 

СТЕМ-образованието не само што ги покрива овие четири области, туку и нуди  мултидисциплинарен пристап кој ги обединува различните аспекти на учењето,  преминувајќи ги границите на класичните наставни предмети. Ова образование ги  подготвува младите да се соочат со брзо менувачкиот свет, кој бара иновации и  решенија за проблеми кои се уште не се решени. 

СТЕМ не е само учење на наука и математика. Тоа е и развој на животни вештини  како што се: 

∙ Решавање на проблеми 

∙ Креативност и иновации 

∙ Критичко размислување и анализа 

∙ Тимска работа и комуникација 

Во оваа работа ќе се осврнеме на важноста на СТЕМ-образованието, со фокус на  родовата еднаквост во овие области и како вештачката интелигенција може да  биде алатка за создавање еднакви можности за сите, без разлика на полот.[1] 

Слика 1. Четирите области на акронимот СТЕМ

2. Учество на женскиот пол во СТЕМ : Предизвици и можности за  напредок 

Во историјата на програмирањето и технологијата, жените одиграле важна улога,  но со текот на времето нивното учество значително се намалило. Пример за ова  се Ада Ловлејс, која се смета за првата програмерка, и Грејс Хопер, која го  измислила првиот компилатор. И покрај овие историски успеси, денес во СТЕМ секторите преовладува машката доминација, и жените сè уште се многу помалку  застапени.[3] 

Според податоците на Обединетите нации, жените сочинуваат само 20% од  работната сила во СТЕМ-областите и само 16,5% од пронаоѓачите на патенти.  Ова покажува дека постои огромен простор за подобрување кога станува збор за  учеството на жените во науката, технологијата, инженерството и математиката.[3] 

Слика 2. Girls who code

3. Родова застапеност на ФИНКИ и универзитетот во Охрид 

За подетално увидување на состојбата ќе ја искористиме анализата која била  спроведена за периодот помеѓу 2012 и 2022 година при што се земени предвид  само студенти кои се активни на факултетот. Како што е напоменато и во самата  анализа “Доколку се земат бројките од последните 10 години (од 2012-2022) на  запишани студенти на ФИНКИ, просекот покажува дека на овој технички  факултет се запишуваат 31% жени, а 69% мажи.” [5] 

Слика 3. Податоци од  

анализата 

Присутноста на жените во Универзитетот во Охрид 

Жените се способни да се докажат и во науката и во истражувањата и наставниот  процес. Овде застапеноста на студентки се истакнува со над 48%, кадешто  жените се присутни и во научно наставениот и администравиниот кадар. Од  голема важност претставува изјавата на факулетот “За следната академска  година одат во насока на отворање на 15 нови студиски програми, каде ќе се  обидат да ги привлечат жените програмери кои имаат ентузијазам да студираат  на овие смерови. А со тоа да се одржи, дури и зголеми родовата еднаквост.” [4]

4. Што значат жените во СТЕМ 

За дваесет и првиот век несомнено можеме да кажеме дека е период кој би го  карактеризирале како еден од најклучните, од аспект на научно-технолошкиот  развој, бидејќи сите ние сме сведоци на револуционерните откритија и дострели  кои секојдневно ги постигнуваат научниците, инженерите, математичарите,  програмерите, медицинарите. Позитивни примери за ова се напредоците во  областа на нанотехнологијата, потоа 3Д принтањето и роботиката,  градежништвото и во областа на медицината – вакцините и лековите кои беа  создадени за рекордно време. Сите овие откритија се благодарение на областите  СТЕМ. 

Жените во СТЕМ се силни двигатели на нови, иновативни идеи и изуми кои  всушност претставуваат чекор напред во научно-технолошкиот развој. Како што  велат, „разновидноста ја прави науката поуспешна“, така и жените ги прават STEM  областите поуспешни со нивните уникатни искуства, ставови и размислувања. 

Жените во СТЕМ исто така претставуваат инспирација за идните генерации.  Поточно, тие директно допринесуваат во одржливиот развој на земјите така што  ги мотивираат идните девојки да ги одберат овие области како следен чекор во  сложувалката наречена образование. Со зголемувањето на бројот на девојки во  СТЕМ образованието, ние добиваме поголем број на жени научнички,  програмерки, инженерки, кои пак во иднина ќе можат дополнително да го забрзаат  темпото и да помогнат да се надомести загубеното време во постигнувањето на  одржливиот развој. 

Од Радио Слободна Европа изјавуваат дека “„значењето на жените во STEM“ е  една листа која никогаш не завршува бидејќи жените секојдневно ни покажуваат и  докажуваат кое е нивното значење и зошто се потребни во овие области”. [7]

5. Родова нееднаквост во СТЕМ 

Со помош на анкетата која е спроведена во период од 6-ти февруари до 6-ти  март, 2019 и учество земаа вкупно 1.135 ИТ професионалци, од кои 856 во  дејностите девелопмент и програмирање, ние можеме да ги согледаме  резултатите кои значително укажуваат на родовата нееднаквост во областа на  природните јазици. Единствена разлика во оваа област забележавме во областа  на Дигитален маркетинг каде преовладуваaт жени. [6] 

Слика 4. Просек на учество  

на жени наспрема мажи во  

СТЕМ 

Слика 5. Просек на  

учество на жени  

наспрема мажи во  

Дигитален маркетинг

6. Родовите стереотипи во СТЕМ 

Еден од главните предизвици за жените во СТЕМ се родовите стереотипи. Овие  стереотипи влијаат на тоа како се развиваат технологијата и науката. Еден  пример е дигиталниот асистент Сири. Кога корисниците и упатуваат навреди,  Сири не реагира на начин што би се очекувал. Иако ова беше променето со  ажурирани алгоритми, сè уште постои проблем со вградената женска покорност во  технологијата. Ова покажува како родовите стереотипи влијаат на секојдневното  користење на технологијата и на развојот на дигитални системи. 

6.1 Дигиталниот јаз помеѓу половите 

Дигиталниот јаз помеѓу половите претставува значителна пречка за учеството на  жените во СТЕМ. Жените имаат 25% помала веројатност да користат основни  дигитални алатки во споредба со мажите. Исто така, имаат 4 пати помала  веројатност да знаат како да програмираат компјутери и 13 пати помала  веројатност да поднесат патент за нова технологија. Овој јаз продолжува да се  зголемува со текот на времето, што ја отежнува кариерата на многу жени во  СТЕМ-областите. Без соодветни дигитални алатки и вештини, жените имаат  ограничен пристап до напредни можности во науката и технологијата. 

6.2 Поддршка за жените во СТЕМ 

За да се справиме со овие предизвици, неопходно е да се развијат програми и  иницијативи кои ќе ги охрабрат жените да се вклучат во СТЕМ-секторите. Еден  пример за ваква програма е „Elevate“, која нуди стипендии за жени кои сакаат да  го продолжат своето образование и кариера во науката и инженерството. Оваа  програма е поддржана од австралиската влада и има за цел да поттикне учество  на жените од сите општествени слоеви. Слични програми има и во други земји кои 

се фокусираат на премостување на родовиот дигитален јаз и зголемување на  учеството на жените во технологијата и науката. 

Овие програми се од голема важност затоа што ја демонстрираат потребата за  заедничка соработка помеѓу владите, индустријата и образовните институции.  Само со координиран пристап ќе може да се создадат еднакви можности за сите,  без разлика на полот. 

6.3. Жените во СТЕМ: Претставеноста е важна 

Јас како иден Дипломиран инженер по информатички науки и компјутерско  инженерство, насока Примена на информациски технологии сметам дека ќе бидам  од голема полза за напредок и олеснување на многу научни проекти.  Зголемувањето на бројот на жени во СТЕМ овозможува не прекинат развој на  сите науки и технологии и истовремено се спречува дефицитот во истите. Пример  за тоа е заклучокот на физичарот Лори Локацио, која напишала: 

“Jас сум научник со докторат, член на Националната академија за инжењерство,  поддршител на трговија за стандарди и технологија и директор на Националниот  институт за стандарди и технологија (NIST). Сите овие се професионални улоги  кои ме исполнуваат и во кои сум неизмерно почестена да служам. 

Токму во текот на мојата кариера, забележав дека многу жени во науката,  технологијата, инженерството или математиката (СТЕМ), имале слични искуства  додека напредувале во образованието и на работното место: Недостатокот на  жени во СТЕМ значело дека некои од нашите највлијателни адвокати и ментори  биле луѓе различни од нас. 

Ова се менува со сè повеќе жени кои влегуваат во СТЕМ областите. Според  Националната научна фондација, работната сила во СТЕМ се зголемила за 20%  во деценијата која завршува во 2021 година. Иако жените сè уште не постигнале 

еднаквост со мажите во СТЕМ областите, бројот на жени кои влегуваат во СТЕМ  расте побрзо — за 31% — отколку бројот на мажи во СТЕМ (15%). Денес, повеќе  од било кога, жените можат да погледнат низ своите лаборатории и канцеларии и  да видат помлади верзии на себе, кои изведуваат експерименти, анализираат  податоци и дизајни, пишуваат кодови и еднаквости, и водат алгоритми.” 

Она што мене како студент ме радува исто така е нејзиното понатамошно  залагање во однос на развивањето и зголемувањето на жени во областа СТЕМ.  За тоа говорат и нејзините понатамошни активности во САД.  

Извадок од нејзиниот говор на Амбасадори на жени во СТЕМ на 18 март 2024  година.  

“На 18 март 2024 година, учествував во лансирањето на Програмата за  амбасадори на жени во СТЕМ. Овие амбасадори ќе учествуваат во програми во  училиштата, колеџите и на конференции за да го зголемат сознанието за  можностите за жени во индустријата за полупроводници и да инспирираат интерес  за инжењерство и сродни СТЕМ области. Како амбасадор, горда сум што сум дел  од оваа група и ќе продолжам да го користам мојот улог како директор на NIST за  да ги охрабриме жените да продолжат кариера во СТЕМ. 

Програмата за амбасадори на жени во СТЕМ, заедно со програмите за работната  сила на CHIPS за Америка, се многу повеќе од решавање на недостигот на  квалификувани професионалци. Програми како оваа помагаат во  функционирањето на нашата економија за сите наши граѓани преку проширување  на пристапот до добри работни места кои вклучуваат жени, луѓе од различни раси,  ветерани, лица со попреченост и рурални населенија.” [8]

7. Заклучок 

За постигнување на вистинска родова еднаквост во СТЕМ, потребно е да се  направи системски пристап кој ќе ги елиминира бариерите и предрасудите што ги  ограничуваат жените во овие области. Од значење е да се поттикнат нови  програми и иницијативи кои ќе им овозможат на жените да ги развиваат своите  вештини и да се натпреваруваат на рамноправни основи со своите машки колеги.  Вештачката интелигенција и новите технологии можат да бидат важни алатки во  овој процес, создавајќи нови можности за инклузивност и родова еднаквост.  Крајната цел е да се обезбеди рамноправен пристап до СТЕМ-секторите за сите,  за да се создаде поубаво и поефикасно општество. Истовременото користење на  машкиот и женскиот ум може значително да го зголеми и забрза развојот и  ефиктите од истиот.

БИБЛИОГРАФИЈА 

[1] https://www.fakulteti.mk/news/07092023/zoshto-stem-obrazovanieto-e-vazhno-za-sekoe-dete [2] https://mk.council.science/blog/achieving-gender-equality-stem/ 

[3] https://aigender.net/index.php/2024/06/03/program/ 

[4] https://antoris.mk/a/v/makedonija-prednici-po-procentot-za-zastapenost-na-zeni-vo-naukata-vo evropski-ramki 

[5] https://it.mk/kakva-e-rodovata-zastapenost-na-finki-analiza/ 

[6] https://it.mk/mapiranje-na-it-industrijata-vo-mk/ 

[7] https://www.slobodnaevropa.mk/a/31443524.html 

[8] https://www.commerce.gov/news/blog/2024/03/women-stem-representation-matters