Во последните децении, вештачката интелигенција и машинското учење
значително се појавија во различни аспекти на секојдневниот живот и овозможија
автоматизација на бројни процеси. Препораки на содржини, помош при
донесување одлуки во критични области како што се вработување, здравство,
правосудство и слично. Алгоритмите имаат сè поголема улога во општеството,
иако често се сметаат за објективни. Системите можат да ја одразат, а понекогаш
и да ја засилат постоечката пристрасност, вклучувајќи ја и родовата
дискриминација.