Темата за родовата еднаквост во областа на вештачката интелигенција, информатичките технологии и
СТЕМ-дисциплините е од исклучителна важност во современото општество. Во време кога технологијата
има сè поголемо значење во секој аспект од нашиот живот, важно е да разгледаме дали придобивките
што произлегуваат од нејзиниот развој се рамномерно распределени и пристапни за сите луѓе. Оваа
работа ќе ги анализира причините и последиците од родовиот јаз во технолошките дисциплини, како и
успешните стратегии и препораките за подобрување на родовата еднаквост во овие области. Преку
детална анализа на конкретни примери, ќе дадеме придонес за подобро разбирање и решавање на овој
значаен општествен предизвик