Влијанието на вештачката интелегенција во здравството 

Published by

on

Ана Боцевска

Вовед 

Што е вештачка интелегенција? 

Вештачката интелегенција е дефинирана како широка гранка од компјутерската наука  која се занимава со градење на машини кои имаат способности да ги имитираат  човечките особини како што се логичното размислување,учење и планирање.Таа им  овозможува на техничките системи да согледаат она што е околу нив, и потоа да се  справат со она што го перцепираат за да на крај можат да решаваат проблеми за да ја  постигнат целта. 

Концептот на вештачка интелигенција првично е заснован на системи и компјутерски  програми кои имаат способност за извршување сложени задачи, односно симулации  на функционирањето на човековото размислување.Технологијата на вештачката  интелегенција е широко користена во здраството,индустријата како и во науката. 

3

Примери за вештачка интелегенција  

Наједноставно кажано машинското учење користи алгоритми кои се обучени за збирка податоци за да може да се создаде машинското учење со кое им се овозможува на  компјутерските системи да прават одредни работи како што се смислување на песни  или пак преведување од еден на друг јазик.Најчести примери на вештачка  интелегенција кој ги сретнуваме се: 

1.Chat GPT-ни дава одговор на различни прашања или пак некој коментари за  одредена тема. 

2.Google Translate-преведување од еден на друг јазик 

3.Tesla-користење на компјутерска визија со цел да ги наполни функциите за  самостојно управување на автомобилите. 

4

Вештачката интелегенција во здраството 

Вештачката интелегенција секојдневно се користи во многу области на модерното  здраство,најпрво од онлајн услуга за закажување на преглед па се до детален преглед  на пациентот.Лекарот е оној кој ќе ја земе анамнезата на пациентот,ќе ги види  тековните симптоми на пациентот и лабарсториските резултати за да може да ја  одреди дијагнозата и за да издаде правилен план за лекивање.Системот на вештачката  интелегенција ќе го направи истиот процес но со системите на вештачката  интелегенција се има поголема прецизност и можат да допрат до повеќе значајни  информации.Ова всушност е мала област во која вештачката интелегенција има голема  улога. 

Други области во кој вештачката интелегенција е вклучена се медицински  слики,хирургија како и онлајн консултации и давање терапија.Најголем скок во  примената на вештачката интелегенција можеме да забележиме во радиологијата со  самото стекнување на попрецизни слики за здраствената состојба на пациентите.Исто  така AI е на пат да помогне да се намали обемот на работа на радиологија така што ќе  има побрза идентификација на негативните испити.Длабокото учење(DL) може да се  користи при откривањето на лезии,составувањето на извештаи и креирањето  дијагнози.Исто така развивањето на ВИ помогна и во CAD во гастроентерологијата.Со  примена на вештачка интелегенција може да се направи колоноскопија која помага за  идентификација на малигно или бенигно дебело црево.Исто така со примена на ВИ  може да се направи разлика помеѓу панкреатитис и рак на панкреасот. Почнувајќи од  урологијата и гинекологијата роботските раце се патот на иднината за операциите.Тие  се поставени за да ги имитираат рацете на хирургот но со попрецизни движења. 

5

6

Предности на ВИ во здраството 

Имаме неколку предности на примената на вештачката интелегенција во здраството: 

1.Таа помага за побрзо дијагностицирање на рак,кардиваскуларни болести како и  некој невролошки заболување. 

2.Со помош на вештачката интелегенција се намалило времето на чекање за добивање  на дијагноза на пациентите 

3.Со помош на вештачката интелегенција се подобрува и самата грижа кон  пацинетите,оваа е од голема помош за медицинските сестри.Има вклучено роботи кои  се грижат за потребите на пациентите. 

4.Предност на вештачката интелегенција е брзата адаптација 

5.Со вештачката интелегенција може побрзо да се идентификува сет на невобиичаени  симптоми за разлика од лекар или лабараторија каде што треба повеќе време. 

7

Недостатоци на ВИ во здраството 

Со намера да се вклучи вештачка интелегенција а да се направи фундаментален столб  во здраството забележени се неколку недостатоци и тешкотии во примената на ВИ во  здраството.Такви тешкотии можат да бидат релевантна достапност на  податоци,загриженост за клиничката имплементација како и етичките дилеми помеѓу  ВИ и пациентите. 

Според досегашните истражувања за моменталните способности на вештачката  интелегенција негативните страни ги надминуваат позитивните.Користењето на  вештачка интелегенција во здраството исто предизвикува и загрижување за  клиничката имплементација.Како што е прикажано во некој од филмовите или пак  научно фантастичните приказни луѓето имаат голем страв дека со самата примена на  вештачката интелегенција или пак роботите можат да останат без своите работни  места.Исто така негативна страна е тоа што може да дојде до загрозување на  приватноста на пацинетите од страна на некој хакери. 

8

Заклучок 

На крајот можеме да заклучиме дела вештачката интелегенција има големо влијание  во здраството.Помагање на лекарите во точна брза дијагноза како и во развој на  ефективни третмани за лекување како и помагање на медицинските сестри за грижата  кон пацинетите.Но сепак покрај позитивните страни и придобивки од вештачката  интелегенција имаме и некој недостатоци што треба да се разгледаат и да се работи на  подобрување на она што не е во ред за да може успешно да се применува вештачката  интелегенција во здраството.Исто така треба да нагласиме дека вештачката  интелегенција е многу важна и вредна технологија која нуди многу решенија за  потребите на здраството.Таа исто така отвара нови можности за индвидуализирани  пристапи за третмани кои се прилагодуваат во однос на индивудални пациенти. 

9

Користена литература 

1.https://sr.wikipedia.org/wiki/%D0%92%D0%B5%D1%88%D1%82%D0%B0%D 1%87%D0%BA%D0%B0_%D0%B8%D0%BD%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B8 %D0%B3%D0%B5%D0%BD%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0 

2. 

https://www.europarl.europa.eu/topics/de/article/20200827STO85804/was ist-kunstliche-intelligenz-und-wie-wird-sie 

genutzt#:~:text=K%C3%BCnstliche%20Intelligenz%20ist%20die%20F%C3%A4hi gkeit,ein%20bestimmtes%20Ziel%20zu%20erreichen. 

3. https://www.coursera.org/articles/what-is-artificial 

intelligence?msockid=02569751fe6f6ecc352a9819ffaa6f74 

4.https://pmc.ncbi.nlm.nih.gov/articles/PMC10804900/pdf/10.1177_2632010 X241226887.pdf 

5. https://www.researchgate.net/figure/A-summary-of-the-drawbacks-of-AI in-healthcare-from-multiple-perspectives_fig3_354006928 

10