Ива Костадинова
1. Вовед
Науката (Science), технологијата (Technology), инженерството (Engineering) и математиката (Mathematics) ,заедно дефинирани како STEM (СТЕМ), несомнено се темел и двигател на современиот свет .
СТЕМ професиите играат клучна улога во обликувањето на иднината на глобално ниво. Сите промени се постигнуваат преку иновации кои го трансформираат начинот на живеење и обезбедуваат континуиран напредок на човештвото. Исто така, овие професии се карактеризираат со високо ниво на комплексност
и потреба од прецизност, аналитичко размислување и постојано усовршување на вештините, кои се наопходни за успешно справување со секојдневните промени и предизвици. Кога станува збор за работни услови и можности за напредување, бројни истражувања укажуваат на загрижувачки трендови на родова нееднаквост. Поедноставно кажано, еден од клучните прашања што произлегуваат се однесува на разликата во платите и нееднаквото вреднување на трудот меѓу жените и мажите во СТЕМ индустријата.
2. Историски контекст
Историски гледано, мажите доминирале во СТЕМ професиите, а жените често се соочувале со бариери кои им го отежнувале пристапот до образованието и работните можности во овие области.
2
Иако уште од тогаш имало влијателни жени чии придонеси биле револуционерни, тоа не било доволно за целосно да се отстранат сите бариери. Посериозни промени започнале да се случуваат дури во средината на 20-тиот век, кога жените почнале масовно да се вклучуваат во научни и инженерски проекти, особено за време и по Втората светска војна. Овој период претставува пресвртница во борбата за родова еднаквост во науките.
3. Причини за родова нееднаквост во СТЕМ професиите
Дури и покрај значителни иницијативи за постигнување на родовата еднаквост, разликите во можностите и застапеноста на жените во овие професии сè уште се предмет на дискусии и истражувања.
Со детална анализа на оваа проблематика можеме да воочиме дека разликата е одраз на длабоко вкоренети општествени и институционални нееднаквости. Оваа состојба поттикнува прашања за родовата еднаквост и воедно ја нагласува потребата од системски реформи. Целта е да се спречи секаков облик на дискриминација и да се обезбедат еднакви можности за сите .
3
3.1 Општествени очекувања и стереотипи
Првата бариера се општествените очекувања и стереотипи кои заземаат важна улога во обликувањето на секоја една индивидуа уште од најрана возраст. Подоцна овие влијанија се рефлектираат врз аспирациите и изборот на кариера на поединецот.
Историската перцепција на СТЕМ како „машка професија“ има долгорочни последици, бидејќи ги обесхрабрува жените да се вклучат и да останат во овие полиња, што резултира со значителен родов јаз.
Во моментов, жените сочинуваат само 29% од научниците и истражувачите во СТЕМ ширум светот, иако претставуваат половина од населението. Покрај тоа, застапеноста на жените варира во различни области: тие се почесто присутни во биолошките науки, но мажите доминараат во физика, компјутерски науки и инженерство.
Како резултат на културни предрасуди, жените кои се одлучуваат за кариера во СТЕМ професиите често се соочуваат со различни предизвици, меѓу кои:
– Потценување на нивниот труд и способности, иако студиите покажуваат дека нивната продуктивност и влијание во истражувањата е еднаква на онаа на мажите.
– Пониски почетни плати во споредба со нивните машки колеги, што влијае на финансиската нееднаквост во професиите.
– Побавно напредување во кариератa, и покрај нивните квалификации и компетенции
4
3.2 Образовни трендови
Директна последица од општествените очекувања и стереотипи е влијанието врз изборот на образование и кариера на младите. Поради ова, може да се забележи дека образовниот тренд во СТЕМ областите се одликува со недоволна застапеност на жените.
Трендови во високото образование
Претставена е визуелизација од истражување спроведено во два временски периоди, со разлика од приближно 10 години, при што резултатите се споредени со цел утврдување на трендовите во образованието. Споредбата е направена во контекст на полот и степенот на образование.
Графиконот прикажува позитивен тренд во постепеното зголемување на учеството на жените во сите образовни нивоа. Иако мажите сè уште доминираат во сите категории, јасно е дека родовиот јаз постепено се намалува, што укажува на одредено подобрување во родовата еднаквост во високото образование.
Сепак, и покрај тоа што жените успешно завршуваат висок степен на образование, не многу од нив успеваат да напредуваат во кариерата на исто ниво како нивните машки колеги. Жените често се соочуваат со недостаток на менторство, професионална поддршка и можности за унапредување,
5
Овој тренд, во комбинација со фактот што многу жени не се охрабрени да ги преземат лидерските улоги, придонесува за родовата разлика во платите што е дополнителна бариера.
Истражување -Процент на жени дипломирани во СТЕМ образование во различни земји
Според друго истражување прикажано на сликата погоре, се потенцира застапеноста на жените во СТЕМ образованието во различни земји во периодот од 2016 до 2018 година. Според дијаграмот, учеството на жените во овие области значително варира меѓу земјите, при што во некои региони е забележан растечки тренд, додека во други останува релативно непроменето.
На пример, Индија и Нигер се со повисок процент во споредба со останатите земји, што може да укаже на различни образовни политики и културни фактори кои влијаат врз вклученоста на жените во овие дисциплини. Во повеќето земји, процентот на жени дипломирани во СТЕМ постепено расте, што сугерира дека се преземаат мерки за зголемување на нивната застапеност.
Сепак, и покрај позитивниот тренд, и понатаму постојат значителни разлики помеѓу земјите, што укажува на потребата од дополнителни иницијативи за поттикнување на родовата еднаквост во СТЕМ образованието.
6
3.3 Нееднаквост во платите меѓу мажите и жените во СТЕМ професиите
Еден од најголемите проблеми е родовиот јаз во платите, кој ја одразува разликата во заработката помеѓу мажите и жените. Овој јаз не само што го спречува индивидуалниот професионален раст, туку има и пошироки општествени импликации, како што се намалување на економската ефикасност и на иновативниот потенцијал.
Според истражувањата, жените во СТЕМ заработуваат само 72% од она што го заработуваат нивните машки колеги, што значи дека за секој 1$ што го добива маж, жената добива само 72 центи. Оваа разлика има сериозни последици врз економската сигурност на жените и нивната мотивација за напредок во овие области. Иако просечната годишна заработка во СТЕМ се зголемува со текот на времето, податоците покажуваат дека растот е мал и дека родовиот јаз останува константен. Додека на национално ниво жените заработуваат околу 78-82% од платата на мажите, оваа бројка е уште пониска во СТЕМ секторите.
Родов јаз во платите во СТЕМ
7
3.4Недостаток на истакнување на успешни жени
Недостатокот на успешни жени во СТЕМ, или поточно кажано, недоволното истакнување на жените кои пробиваат бариери, ги обесхрабрува жените да се посветат на овие професии. Жените кои се на почетокот од својата кариера често се соочуваат со потешкотии да го замислат својот успех поради недостигот на жени со лидерски позиции во СТЕМ индустријата. Присуството на успешни жени во овие области е ограничено, што создава впечаток дека тие не припаѓаат таму или дека успехот во СТЕМ е предвиден само за мажи.
Иако постојат многу жени-ментори, пристапот до нив е често ограничен, што дополнително ги намалува можностите за развој на младите жени во овие професии. Жените без соодветни примери за следење и ментори можат да се чувствуваат изолирано и да се соочуваат со потешкотии при изнаоѓањето на својот пат кон успехот во СТЕМ областите.
3.5Нерамнотежа помеѓу работата и животот:
СТЕМ кариерите може да бидат напорни, што создава предизвици за многу жени кои се обидуваат да балансираат меѓу кариерата и семејните обврски.
8
Како резултат, дел од жените се принудени да изберат скратено работно време или целосно да се откажат од кариерата, што директно влијае врз нивните можности за професионален раст
4. Податоци од истражувања за присутноста на родовата нееднаквост:
Овие графици прикажуваат процент на жени кои изјавиле дека се соочиле со одредени предизвици на работното место поради нивниот пол, споредувајќи ги жените во СТЕМ професиите со оние во не-СТЕМ професии. Најголемата разлика е забележана кај платите, каде што 29% од жените во СТЕМ професиите изјавиле дека заработуваат помалку од мажите на истата позиција, во споредба со 24% од жените во не-СТЕМ професии. Исто така, 29% од жените во СТЕМ биле третирани како да не се компетентни, што е повисоко во однос на 22% во другите професии.
Останатите категории, како повторливи негативни искуства, недостаток на поддршка од повисоки позиции, изолација, недоделување за важни задачи, одбивање при вработување и ускратување на можноста за унапредување, исто така покажуваат негативни искуства, но со помали процентни разлики. Овие податоци ја нагласуваат родовата нееднаквост во работната средина, особено во СТЕМ професиите.
9
5. Заклучок
5.1 Решенија за намалување на родовата нееднаквост во СТЕМ професиите
За да се постигне вистинска промена и да се зголеми учеството на жените во СТЕМ, потребни се конкретни реформи на различни нивоа:
• Политики и институционални промени
– Воведување на еднакви можности за вработување и унапредување во компаниите
– Применување на транспарентни критериуми за плати и кариерен напредок
– Зајакнување на законите против дискриминација на работното место
• Поголема застапеност на жени во СТЕМ образование – Организирање на работилници, стипендии и програми за
девојчиња од најрана возраст
– Промовирање на успешни женски модели во науката и
технологијата
– Борба против родовите стереотипи во училиштата и универзитетите • Поддршка на работните места
– Воведување на флексибилно работно време и можност за работа од далечина
– Поддршка за жени во лидерски позиции преку програми за развој
• Менторство и вмрежување
– Создавање на менторски програми кои ќе ги поврзат младите жени со искусни професионалци
– Охрабрување на компании и универзитети да формираат групи за поддршка и вмрежување
10
– Поттикнување на жените да учествуваат во големи проекти и
истражувања
• Медиумска претставеност и јавна свест
– Повеќе медиумско внимание на успешните жени во СТЕМ – Борба против „стереотипот на генијален научник = маж“ – Промоција на еднаквоста во науката преку јавни кампањи и иницијативи
Решавањето на родовата нееднаквост во СТЕМ бара заедничка акција од владите, образовните институции, компаниите и општеството. Со вистинска поддршка, девојчињата и жените ќе можат да ги реализираат своите потенцијали, што ќе доведе до подобар развој на науката и технологијата во целост.
Библиографија:
[1] The Gender Gap in STEM | MIT Professional Education
[2] Women in STEM: Bridging the Gender Gap for a Diverse Future – EduBirdie.com [3] Data visualization: Women in STEM :: Behance
[4] Gender Pay gap in STEM fields: Barriers and opportunities.
[5] Gender Disparity in UK STEM: Unpacking the Great Statistics – LearningMole [6] Women Fighting Stereotypes and Systemic Discrimination in STEM
[7] Percentage of women graduates in STEM education in various world countries. | Download Scientific Diagram
11