Жените во СТЕМ: Како да се надминат родовите бариери?   

Published by

on

Моника Цанева

Вовед 

[1] СТЕМ е акроним за наука, технологија, инженерство и математика. Овие четири полиња  делат акцент на иновации, решавање проблеми и критичко размислување. 

Бидејќи овие области се меѓусебно поврзани и истите претставуваат клучни дисциплини за  технолошкиот и економскиот развој на општеството, тие играат важна улога во иновациите,  напредокот и решавањето на сложени глобални проблеми, како што се климатските  промени, медицинските истражувања и дигиталната трансформација. Покрај тоа, СТЕМ  професиите нудат висока побарувачка на пазарот на трудот и обезбедуваат широк спектар  на можности за личен и професионален развој. 

И покрај важноста на овие области за денешното модерно општество, учеството на жените  во СТЕМ останува на ниско ниво, што укажува на постоење на бариери кои што ги  спречуваат припадничките на женскиот пол да изберат професија во ова поле и да  напредуваат во истата. Ниската застапеност на жените во СТЕМ не е резултат на недостаток  на интерес или способности, туку претставува последица на различни фактори, како што се  родовите стереотипи, културните очекувања, чувство на неприпаѓање, ограничена поддршка во образовниот процес и предизвици во работната средина.  

Исто така, многу е често кај дел од жените чиј професионален пат подпаѓа под СТЕМ  областа, често да се соочуваат со предизвици како што се честа ревизија на нивните  способности, недостиг на поддршка за унапредување и несоодветни политики за  балансирање на работата и приватниот живот. Оваа родова нерамнотежа не само што ги  ограничува индивидуалните можности на жените, туку и го намалува потенцијалот за  иновации и развој, бидејќи разновидноста во тимовите е докажано поврзана со покреативни  и поефективни решенија. 

Целта на оваа семинарска работа е да ги анализира клучните фактори што ги  обесхрабруваат жените да изберат кариера во СТЕМ, како и да предложи стратегии за  надминување на овие бариери. Ќе се разгледаат повеќе предизвици, како и успешни  иницијативи и политики што можат да придонесат за поголема родова еднаквост во овие  области. 

3 | С т р а н а 

Важноста на СТЕМ за општеството 

СТЕМ е двигател на современиот свет, овозможувајќи напредок во различни области на  животот на секој поединец но и на колективно ниво. Од технолошки иновации и економски  развој до подобрување на здравството и заштита на животната средина, СТЕМ има огромно  влијание врз општеството. Глобалната економија се менува. Тековните работни места  исчезнуваат поради автоматизацијата и секојдневно се појавуваат нови работни места како  резултат на технолошкиот напредок. 

Постојаниот напредок во технологијата го менува начинот на кој учениците учат, се  поврзуваат и комуницираат секој ден. Вештините развиени од учениците преку СТЕМ им  обезбедуваат основа за успех на училишно но и на професионално поле. 

[2] Побарувачката на работодавачот за СТЕМ квалификации и вештини е висока и ќе  продолжи да се зголемува во иднина. Во моментов, 75 проценти од работните места во  најбрзо растечките индустрии бараат работници со вештини за СТЕМ. Луѓето кои имаат  

дипломирано во некоја област која е дел или има поврзаност со СТЕМ дисциплините, имаат можност да изградат кариера во различни  

[1] Слика 1: Табела за најпопуларни СТЕМ позиции

области, вклучувајќи приватни и  државни компании, непрофитни  организации, лаборатории, универзитети  и војска. Некои од нив се искачуваат до  менаџерски позиции, додека други  продолжуваат со постдипломски студии  за да се посветат на истражување. Според Бирото за трудова статистика  (BLS), постојат околу 100 различни  СТЕМ професии. Оваа табела прикажува  некои од најпопуларните СТЕМ кариери,  заедно со нивната просечна плата и  очекуваните можности за вработување. 

 

4 | С т р а н а 

Родова нееднаквост во СТЕМ 

Родовата нееднаквост во СТЕМ е сложен проблем кој произлегува од повеќе фактори,  вклучувајќи културни предрасуди, стереотипи и недостаток на женски примери за успех.  Според извештајот на УНЕСКО од 2022 година, постои околу 30% присутност на жени во  областите кои ги покрива СТЕМ на светско ниво, а во одредени земји, девојките завземаат 

само 3% од студентите на инженерски и информатички факултети.  

[3] Половите разлики кај оние кои студираат за СТЕМ дипломи се претвораат во родови  разлики кај оние кои се занимаваат со СТЕМ кариери, како што опишува годишниот извештај на УНЕСКО за 2024 година, кој го следи напредокот во образованието на глобално  ниво(GEM). Тој покажува дека жените завземаат помалку од 25% од работните места во  науката, инженерството и ИКТ во 2022 година. Исто така, се проценува дека жените во  просек завземаат околу една од можни пет технолошки позиции во дадена компанија. 

Слични разлики се среќаваат кај наставниците по предметиете кои го опфаќаат СТЕМ.  Резултатите од Меѓународното истражување за настава и учење од 2018 година покажа дека  во средните училишта 31% од професорите кои предаваат СТЕМ предмети се мажи,  наспроти 25% кои се жени. Големи родови разлики биле забележани во Данска (14  проценти), Бразил (10 проценти) и Словенија (8 проценти). 

Овие податоци покажуваат како општествените норми можат да влијаат врз изборот на  кариера кај младите жени, често намалувајќи ја нивната самодоверба и интерес за СТЕМ  дисциплините. Недостатокот на женски примери за поддршка и инспирација дополнително  го продлабочува овој проблем, создавајќи цикличен процес на генерациско ниво во кој  девојките имаат помалку можности да се идентификуваат со успешни професионалки во  овие области. 

Решавањето на оваа нееднаквост бара системски промени, како што се промоција на родова  еднаквост во образованието, охрабрување на девојките да изберат СТЕМ кариери и  создавање на повеќе можности за жените во овие сектори. Само преку вакви мерки може да  се постигне поинклузивно и избалансирано СТЕМ општество.

5 | С т р а н а 

[3] Слика 2: Процентна репрезентација на СТЕМ дипломирани женски студенти во 2022 во дадени земји.  Околу 35% од дипломираните се жени. Извор: датабазата на UIS

6 | С т р а н а 

Фактори што ја намалуваат застапеноста на жените во  СТЕМ 

Застапеноста на жените во науката, технологијата, инженерството и математиката (СТЕМ)  е значајна тема во современото општество, особено во контекст на родовата еднаквост и  инклузијата. И покрај напредокот во родовата еднаквост, жените сè уште се соочуваат со  бројни предизвици при вклучувањето во СТЕМ областите. Иако жените прават значајни  придонеси во овие области, статистиките покажуваат дека нивниот број е сè уште  значително помал во споредба со мажите. Општествените стереотипи, недостигот на  женски улоги за идентификација и родовите предрасуди во образованието и работната  средина се меѓу главните фактори што ја намалуваат нивната застапеност. Дополнително,  недоволната поддршка за балансирање на кариерата и семејниот живот, како и  ограничените можности за напредување, придонесуваат кон оваа нерамномерна  распределба. Разбирањето на овие фактори е клучно за создавање инклузивни политики и  стратегии кои ќе поттикнат поголема застапеност на жените во СТЕМ. 

[4][5] Некои од препреките со кои може една жена да се соочи доколку избере својот  кариерен пат да го изгради во областите на СТЕМ: 

Стереотипи и предрасуди – Предрасудите и стереотипите на родова основа за  жените во областа на СТЕМ претставуваат една од најголемите бариери за нивното  учество. Дури и денес, наставниците и родителите често ги потценуваат  способностите на девојчињата по природно-математичките предмети, што  негативно влијае на нивната самоперцепција, самодоверба и аспирации. Овие  стереотипи може да доведат до образовна средина во која девојчињата не се  чувствуваат поддржани или охрабрени за да ги следат своите интереси во овие  области, ограничувајќи го нивниот потенцијал и различност. 

Имплицитна пристрасност – Имплицитната пристрасност е сеприсутна пречка за  жените во СТЕМ. Може да влијае на одлуките за вработување, проценките на  перформансите и можностите за напредување во кариерата. Надминувањето на овие  пристрасности е од суштинско значење за жените да стигнат до лидерски позиции  врз основа на заслуги, а не на пол.

7 | С т р а н а 

Балансирање на приватниот и професионалниот живот – Балансот помеѓу СТЕМ  кариерата и семејните обврски може да биде голем предизвик за жените, особено  кога самата професија бара долги работни часови и чести патувања. Овие обврски  може да влијаат на нивниот напредок, ограничувајќи ги во постигнувањето лидерски  позиции и создавајќи дополнителен притисок на приватниот живот. За разлика од 

жените, мажите често имаат поголема поддршка за балансот помеѓу кариерата и  семејството, што може да им овозможи полесно напредување во овие индустрии. ∙ Недостиг на можности за градење професионални контакти – Инфилтрирањето  на работното место и имање чувство на припадност се едни од најважните фактори  за кариерен напредок, но жените во светот на СТЕМ често се соочуваат со  предизвици при пристапот до овие можности. Мрежите на контакти се најчесто  доминирани од мажи и тоа може да влијае на ограничување на нивното учество и да  го намали нивниот пристап до важни професионални контакти. Ова ја намалува  видливоста на жените и ја ограничува можноста за препознавање на нивниот талент  и достигнувања, што понекогаш води до потешкотии во нивното напредување во  кариерата. 

Недостаток на менторство и поддршка – Менторството и професионалната  поддршка играат клучна улога во развојот на кариерата. Жените со СТЕМ кариери  често се соочуваат со потешкотии во наоѓањето ментори и заштитници – искуствени  професионалци кои ќе ги водат и ќе го промовираат нивниот напредок, без да го  присвојат како свој. Корегирањето на оваа празнина е од суштинско значење за  создавање пат за новата генерација женски лидери во СТЕМ, кои ќе имаат вистинска  поддршка во својот професионален пат. 

Недоволно платени – жените во многу области, вклучувајќи ги и оние во СТЕМ,  често се соочуваат со платен дисбаланс во однос на своите машки колеги, и тоа за  истата работа и на исти нивоа на одговорност. [6] Родовата нееднаквост во платите  е глобален проблем кој постои во многу индустрии и региони. Иако постојат закони  и политики што предвидуваат еднаква плата за исто работно место, жените во пракса  често заработуваат помалку отколку мажите.

8 | С т р а н а 

Ограничена застапеност на жени на лидерски позиции – Жените сè уште се  минимално застапени на лидерски позиции, без оглед дали се работи за академски  сектори, истражувачки институции или технолошки компании поврзани со светот на  СТЕМ или надвор од него. Недостатокот на примери за жени на високи позиции,  како и ограничените можности за менторство и професионална поддршка, го  отежнуваат креирањето на визија за жените да се видат себеси како идни лидери.  Ова ги оставa без поддршка и насоки за развој на лидерски вештини, што ги  поставува пред дополнителни бариери во напредувањето во кариерата.

9 | С т р а н а 

Стратегии за елиминација на препреките за жените во  СТЕМ 

Надминувањето на бариерите со кои се соочуваат жените во своите кариери во СТЕМ е  клучно за создавање еднакви можности и инклузивни работни средини. Со примена на  различни стратегии во образованието, воспитувањето но и во самите компании можно е да  се зголеми застапеноста на жените и да се создадат поволни услови за нивен професионален  напредок. Неколку стратегии кои се препорачливи за имплементација се со цел создавање 

порамноправен и развиен СТЕМ сектор: 

Промена во начин на размислување – [7]подигнување на свеста кај девојчињата  дека девојчињата и жените се способни како момчињата. Промовирање на јавната  свест кај родителите за тоа како можат да ги охрабрат ќерките исто како и синовите  во математиката и науката, нудејќи еднакви можности за учење и афирмативни и  позитивни пораки за нивните способности и талент. 

Стипендии – [8] како резултат на родовата нееднаквост во областа на СТЕМ сега се  достапни програми за стипендии за жени за да помогнат во охрабрувањето на жените  да влезат на во светот на СТЕМ. Од голема важност е рекламирањето на овие  стипендии за полесно да се прошири оваа информација за секоја жена доколку сака  да аплицира. 

Менторства и креирање мрежа од контакти – [9] Креирање на контакти игра  клучна улога во професионалниот развој и напредок. Конференциите,  работилниците и настаните за менторство им нудат на жените во СТЕМ можност да  се стапат во контакт со врсниците и менторите, да се вклучат во дискусии и да бидат  во тек со трендовите во индустријата. Активното учество во овие настани им  овозможува на жените да ги покажат своите вештини, да се здобијат со новости од индустријата и да создадат вредни професионални врски. 

Еднаквост на работно место – Спроведувањето на политики за еднакви плати и  унапредување, како и обезбедување флексибилност за баланс помеѓу работата и  семејните обврски, е клучно за создавање на правични и поддржувачки работни  услови. Редовните ревизии на платите треба да гарантираат еднаква компензација и  еднакви можности за кариера, со транспарентни и објективни критериуми за  унапредување и зголемување на платите. Покрај тоа, понудата на флексибилни 

10 | С т р а н а 

работни опции, како што се адаптивни работни часови, работа од дома и проширено  родителско отсуство, ќе им помогне на жените да ги балансираат своите работни и  семејни обврски, намалувајќи ја стапката на откажување од СТЕМ професиите од  страна на женскиот род. 

Апелирање на работодавците за изедначување на родовиот дисбаланс – Работодавците треба да имаат за цел да го зголемат диверзитетот и да создадат  работни средини кои го поттикнуваат инклузивното размислување. Различните  перспективи и идеи кои доаѓаат од жени, мажи и други групи го збогатуваат тимот,  што доведува до поголема креативност и иновации. 

Програми за пробивање на бариерите 

Владите можат да ја обезбедат потребната рамка и регулаторна поддршка за да осигураат  дека иницијативите за еднаквост и инклузивност се достапни и праведни, додека  приватниот сектор, со својата ефикасност, агилност и иновативен пристап, да игра клучна  улога во брзо прилагодување и имплементација на решенијата. Во исто време, непрофитни  организации и партнери да обезбедат економска одржливост на проектите, осигурувајќи  дека тие ќе бидат во согласност со глобалните цели за одржлив човечки развој и ќе имаат  долгорочен позитивен ефект. Оваа соработка помеѓу различни сектори создава хармоничен  и ефективен пристап кон решавање на проблемот кој се јавува како пречка за да се разреши  родовата нееднаквост во СТЕМ. 

Програмата STEM Equity Pipeline е успешен пример кој ја зголемува квотата,  перформансите и задржувањето на интерес на девојчињата во СТЕМ курсеви. До сега оваа  програма се применува во 19 држави. Таа има за цел да ја намали родовата нееднаквост во  СТЕМ областите, обезбедувајќи посебни програми и ресурси кои ги охрабруваат  девојчињата да се запишат на СТЕМ курсеви, да ги подобрат своите резултати и да ги  поддржат во нивната академска и професионална кариера. 

Колеџот Харви Муд значително успеал во остварување на родова еднаквост во своите  курсеви по компјутерски науки и инженерство. Колеџот ги нагласува примените на  компјутерските науки и инженерството, вклучува женски модели на лидерство со тоа што  ги поставува студентките како асистенти или тутори, нуди опции за курсеви за студенти со 

11 | С т р а н а 

малку или воопшто немање позадина во програмирање, обучува професори за да ги  поддржат помалку искусните студенти и да им помагаат на студентите од прва година да  изградат мрежа од контакти за поддршка.  

Во Универзитетот Мичиген, Факултетот за инженерство, вовел мерки за еднаквост така што  сега половина од лидерите во факултетот се жени. Овие мерки вклучуваат поддршка за  развој на лидерски способности кај жените, како и стратегии за промовирање на родовата  еднаквост во инженерските и техничките области. Ова значително ги зголеми можностите  за жени да водат и да бидат активно вклучени во највисоките нивоа на управување и  одлучување во СТЕМ академските и професионални кругови на факултетот.

12 | С т р а н а 

Заклучок  

Надминувањето на родовите бариери во областите од СТЕМ е клучно не само за  постигнување еднаквост, туку и за поттикнување иновации и развој на технологијата како  и зајакнување на економијата во глобални рамки. Со создавање на можности и решавање  на системските бариери, можеме да изградиме поуспешна и подинамична индустрија. 

Патот кон поголема инклузивност на жените во СТЕМ бара заедничка работа на сите – поединци, компании, образовни институции и држави. Сите заедно во соработка можат да  изградат иднина во која сите, без разлика на полот, имаат еднакви можности да придонесат  за напредокот на технологијата. 

Жените кои сакаат да се вклучат во СТЕМ треба да се трудат да ги надминат предизвиците,  да се охрабрат да учат и да растат, да создадат силни контакти за поддршка околу себе и да  се инспирираат од успешните примери. Технологијата има потреба од нивните идеи и  креативност. Зголемениот диверзитет во компаниите во рамки на СТЕМ ќе ја зајакне 

работната сила, а инвестициите во жените ќе ја забрзаат иновацијата и решавањето на  проблемите.

13 | С т р а н а 

Референци 

[1] What Is STEM and Why Is It Important? – https://www.bestcolleges.com/blog/what-is-stem [2] Department of Education – https://www.education.wa.edu.au/what-is-stem 

[3] New UIS data show that the share of women in STEM graduates stagnant for 10 years – https://world-education-blog.org/2024/04/25/new-uis-data-show-that-the-share-of-women-in stem-graduates-stagnant-for-10-years 

[4] Women in STEM: Overcoming Gender Barriers to Leadership Roles – https://leadmag.co.uk/women-in-stem-overcoming-gender-barriers-to-leadership-roles 

[5] Breaking the glass ceiling: the STEM world and the gender gap – https://frontiere.io/breaking the-glass-ceiling-the-stem-world-and-the-gender-gap 

[6] Факти за родова нееднаквост во платите – https://kariera.mk/article/14351/fakti-za-rodova neednakvost-vo-platite 

[7] Closing the STEM Gap – https://www.aauw.org/resources/article/closing-the-stem-gap 

[8] Women in STEM. Overcoming the Barriers! – https://www.gbctechtraining.com/blog/women stem-overcoming-barriers 

[9] Strategies for Overcoming Barriers to Women in STEM Fields – https://www.ucats.org/strategies-for-overcoming-barriers-to-women-in-stem fields.html#The_Importance_of_Mentorship_Programs_in_STEM

14 | С т р а н а