Дејан Филипчев
Вовед
Вештачката интелигенција (ВИ) има значајна улога во унапредувањето на разновидноста, равноправноста и инклузијата (РРИ) но, исто така претставува предизвик поради можноста за пристрасности во системите што ја применуваат. Постојат бројни истражувања кои покажуваат дека ВИ може да го влоши постоечкиот проблем со пристрасностите во различни области како што се процесите за вработување. Зачувувањето на довербата во ВИ е од големо значење за нејзиното пошироко прифаќање, но недостатокот на јасност во работата на овие системи може да ја наруши таа доверба. Истата има за цел да ги унапреди принципите на РРИ, но истовремено носи предизвици како пристрасноста во алгоритмите и недостаток на транспарентност за истите. За да се надминат овие проблеми, се предлагаат “алгоритми кои се свесни за правдата”. За овие алгоритми ќе зборуваме малку подоцна. Истражувањата покажуваат дека различни тимови можат да ги препознаат и решат пристрасностите во ВИ системите, бидејќи секој тим визуелизира различни перспективи. Вклучувањето на маргинализирани групи во развојот на ВИ го зголемува шансата технологијата да биде фер и прифатлива за сите. Важно е етичките принципи како разновидност и инклузија да бидат интегрирани не само во дизајнот на ВИ, туку и во нејзиното применување како средства за промена и унапредување на РРИ во сите области на животот.[1]
Пристрасноста во вештачката интелигенција (ВИ) и нејзиното влијание врз разновидноста, равноправноста и инклузијата (РРИ)
3
Вештачката интелигенција игра голема улога во обликувањето на разновидноста, равноправноста и инклузијата во секојдневниот живот. Таа може да има и позитивно , но и негативно влијание, зависно од начинот на кој се дизајнира и користи. Од една страна, ВИ може да помогне во елиминирање на пристрасностите, подобрување на процесите за вработување и создавање поинклузивни работни места. Од друга страна, ако не се користи внимателно, таа може да ги засили постоечките предрасуди и да доведе до дискриминација. Оваа анализа ќе ги истражи двата аспекта – како ВИ може да се искористи за унапредување на РРИ, но и кои се потенцијалните ризици што треба да се адресираат од страна на професионалците, менаџерите и лидерите.
Позитивни цели:
• Намалување на несвесната пристрасност во вработувањето – ВИ алатките за регрутација можат да помогнат во елиминирање на
човечките предрасуди, фокусирајќи се на вештините,
квалификациите и искуството на кандидатите, наместо на лични фактори како име, возраст или изглед.
• Поттикнување на инклузивна комуникација – ВИ модели како ChatGPT можат да даваат повратни информации за тон, стил и
инклузивност, помагајќи вработените да комуницираат поефективно и да придонесат за подобра и подостапна работна средина.
• Идентификација на пристрасност во организациите – ВИ може да анализира податоци како плати, унапредувања и задоволство на вработените, помагајќи организациите да препознаат
неправилности и да преземат мерки за подобрување на РРИ.
4
Негативни цели:
• Пристрасност во алгоритмите – Бидејќи ВИ системите учат од постојните податоци, тие можат несвесно да ја пренесат или засилат веќе постоечката пристрасност, што може да доведе до несоодветни одлуки и задржување на нееднаквостите.
• Преголема зависност од ВИ – Иако ВИ може да помогне во
донесувањето одлуки, човечкиот фактор останува неопходен за да се обезбеди контекстуално и праведно толкување на препораките. • Ризик од губење на работни места – Автоматизацијата може да има
поголемо негативно влијание врз групите со ограничен пристап до технологија, дополнително продлабочувајќи ги постоечките
економски разлики.
• Нееднаков пристап до ВИ алатки – Доколку не се обезбеди еднаков пристап до ВИ ресурсите, одредени групи може да бидат
дополнително маргинализирани и да останат без можност да ги
користат придобивките од технологијата.
• Правни и етички предизвици – Отворени се прашања околу сопственоста на содржината генерирана од ВИ и одговорноста за нејзината точност. Ова може да создаде проблеми во
корпоративната средина, особено кога станува збор за
интелектуална сопственост, дезинформации или правни ризици.[2]
ВИ како алатка за унапредување на РРИ
Вештачката интелигенција има потенцијал да го унапреди напредокот на корпоративните РРИ иницијативи, помагајќи во решавањето на проблемите кои овие напори се обидуваат да ги адресираат. Една од главните причини за ова е што многу
5
компании ја усвојуваат новата технологија, со што ги модернизираат процесите. Писмените документи кои стануваат дигитални фајлови овозможуваат лесно копирање, преместување и менување, што создава поголема ефикасност и подобрена достапност за вработените.
Сега би сакал да издвојам неколку начини, поделби и насоки кои ја унапредуваат и олеснуваат работата за РИИ:
• Пристрасност:
o Алатки за генерирање на податоци за обука, алгоритми кои се користат може да бидат од голема корист.
o Корпоративни податоци можат да зачуваат историски
податоци и одлуки, како што се пониски стапки на
вработување или негативни повратни информации за
одредени групи.
o ВИ апликации, како алатките за препознавање лица, можат да ги погрешат сликите на жени и луѓе од различни раси, што
води до неправедни одлуки.
• Приватност на податоците и безбедност:
o Без соодветни контроли, поврзувањето на ВИ со
корпоративни системи може да ја загрози приватноста на
податоците и да создаде ризик од кражба на идентитет.
o Продавците на ВИ може да ги продаваат или неправилно
ракуваат со личните податоци.
o Можност за злоупотреба на лични податоци доколку истите
бидат споделени на несоодветни и несигурни извори.
6
• Дигитална поделба:
o Дигиталната поделба се создава помеѓу оние кои имаат
пристап до нови технологии и оние кои не имаат.
o Користењето на ВИ бара компјутер или мобилен уред,
интернет пристап и голема компјутерска моќ, што не е
достапно за сите.
o Напредните ВИ алатки бараат претплата, што ја ограничува
нивната достапност и брзина на користење.
o Дигиталната подела влијае и на професионалниот развој,
бидејќи луѓето кои не ја користат ВИ немаат исти можности за
напредок.[3]
Како што можеме да забележиме во денешницата, сè повеќе луѓе користат интернет, мобилни уреди и компјутери, со што им е овозможен широк пристап до ВИ. Да земеме пример – доколку наидеме на некаква пречка при решавање на одреден проблем, често пати знаеме да искористиме ВИ алатки како ChatGPT, Gemini и други. Но, дали навистина го користиме на правилен и етички начин? Зошто, наместо да го искористиме за учење и подобрување, често пати го сведуваме на наједноставниот начин „Copy – Paste“ без вистинска вредност односно вистинскиот начин за употреба?
Важноста на разновидни тимови во развојот на ВИ
Според изворот којшто го најдов можам да заклучам дека разновидноста на податоците е од клучна точка за развојот на ВИ. Зошто? Според мене ВИ системите служат за да изучуваат податоци коjшто се тешки и напорни за нормалниот човек, податоци кои би одземале многу време за да се обработат, доколку податоците не се
7
репрезентативни, концизни и точни ВИ ќе наиде на проблем па затоа ќе ги издвоиме следните подточки како главни:
• Пристрасноста во ВИ доаѓа од несубјективни податоци – Ако ВИ се потпира на податоци само од еднострани или ограничени извори, тој ќе ги зајакне постојните информации и ќе донесува неправедни и несоодветни одлуки.
• Разновидни тимови осигуруваат разновидни податоци – Тимови со различни искуства и перспективи можат полесно да препознаат недостатоци во податоците и да ги намалат предрасудите.
• Реални импликации – ВИ системите во здравството, регрутацијата и правосудството можат да предизвикаат штета ако не се базирани на инклузивни податоци кои ги претставуваат сите групи во општеството.
• Постојано подобрување – ВИ моделите треба редовно да се ажурираат и надградуваат со разновидни податоци и надградување на системот и базата на податоци за да останат праведни, ефективни, точни и концизни.
Од тука заклучуваме дека разновидноста на тимовите е од големо влијание врз квалитетот и пристапот на ВИ во реалниот свет, со самото донесување на одлуки од различни тимови добиваме повеќе мислења што ја подобрува технологијата кон понадежна, попрецизна и поточна со информации за луѓето.[4]
Во меѓувреме според други статии заклучуваме дека се одредуваат други под точки од главен фактор за разновидноста на тимовите, но можеме да кажеме дека и според првата статија погоре и според втората за која што ќе опфатам во наредниот пасус има сличности и недостатоци, односно се надополнуваат една со друга што
доведува до крајните клучни точки. Главните под-точки според оваа статија се:
• Разновидноста води до подобри перформанси на ВИ – ВИ моделите се попрецизни и поправедни кога се развиваат од тимови со различни
8
искуства, бидејќи тоа овозможува поширока перспектива при донесување одлуки.
• Етички аспект на ВИ – Разновидна работна средина помага во предвидување и спречување на можни пропусти во ВИ системите кои можат да доведат до дискриминација.
• Регулаторни и репутациски ризици – Компаниите можат да се соочат со правни последици и загуба на доверба ако нивните ВИ системи носат пристрасни одлуки.
• Иновација преку инклузивност – Тимови со различно културно и професионално потекло развиваат покреативни и поефективни решенија за ВИ.
Со ова докажуваме дека разновидноста на тимовите не е само од етичка гледна точка, туки и од стратешка. Зошто е тоа така? Бидејќи гледано и од етичка и од стратешка гледна точка добиваме поиновативни, поправедни, поточки, попрецизни концепти за тоа како треба да се развива еден ВИ систем.[5]
Вештачка интелигенција и одржливост: Можности, предизвици и влијание
Вештачката интелигенција (ВИ) има голем потенцијал да понуди решенија за глобалните еколошки и социјални предизвици, како што се намалување на отпадот, подобрување на енергетската ефикасност и унапредување на одржливото земјоделство. Меѓутоа, истовремено носи и предизвици, како што е зголемената
9
потрошувачка на енергија, која може да стане значајна, споредувајќи ја со потрошувачката на цела нација. За да се осигура дека ВИ позитивно ќе придонесе за одржлив развој, важно е да се вклучат етички принципи и да се управува со нејзиното влијание на животната средина.
Сепак, за ВИ да има целосен позитивен ефект на одржливоста, важно е да се обезбеди и родова еднаквост во овие области. Жените се слабо застапени како во ВИ, така и во одржливост и корпоративна одговорност (ESG). Нивното вклучување е клучно, бидејќи жените носат уникатни перспективи кои можат да бидат пресудни за донесување одлуки кои имаат општествено влијание, како и за изградба на етички рамки за ВИ и процената на климатските ризици. Поголемото вклучување на жени во развојот и примената на ВИ технологии ќе резултира во попрецизни и инклузивни стратегии за одржливост, кои ќе ја подобрат праведноста и ефикасноста на решенијата за глобалните предизвици.
Со тоа, комбинирањето на потенцијалот на ВИ за решавање на еколошките проблеми со родовата еднаквост може да создаде поинклузивен и праведен свет, во кој ВИ ќе работи во корист на сите, без да остави никого зад себе.[7][8]
10
Заклучок
Вештачката интелигенција има значајна улога во унапредувањето на разновидноста, равноправноста и инклузијата, но истовремено носи и предизвици, како што се несоодветните и неконцизни одлуки во алгоритмите, како и ризикот од нееднаква застапеност на различни групи. За да се искористи полниот потенцијал на
11
ВИ за создавање праведни работни средини, важно е да се дизајнира и применува со внимание, интегрирајќи етички принципи. Вклучувањето на разновидни тимови во развојот на ВИ е од суштинско значење за откривање на скриени пристрасности и развој на праведни решенија за сите. Кога ВИ се користи мудро и со етичка свест, тоа може да придонесе за изградба на поинклузивна иднина, во која секој поединец ќе има еднакви шанси, без оглед на нивната позадина или идентитет. [9]
Користена литература
1. https://link.springer.com/article/10.1007/s43681-023-00362-w
2. https://www.enei.org.uk/resource/blogs/breaking-bias-how-ai-can-revolutionise diversity-equity-and-inclusion/
3. https://www.mercer.com/insights/talent-and-transformation/diversity-equity-and inclusion/ai-and-dei/
4. https://build5nines.com/importance-of-diversity-of-data-in-ai-systems/
5. https://www.shrm.org/mena/topics-tools/flagships/ai-hi/why-diversity-in-ai-makes better-ai-for-all–the-case-for-inclus
6. https://www.ey.com/en_nl/insights/climate-change-sustainability-services/ai-and sustainability-opportunities-challenges-and-impact
7. https://www.ey.com/en_nl/insights/climate-change-sustainability-services/ai-and sustainability-opportunities-challenges-and-impact
8. https://cfotech.com.au/story/women-ai-and-the-future-of-esg-why-diverse perspectives-matter
9. https://www.techuk.org/resource/embracing-ai-a-step-forward-for-diversity-equity and-inclusion.html
12