ЛГБТK+ идентитети и користење Вештачка Интелигенција за нивно разбирање

Published by

on

Јакимовски Дончо 

Вовед 

ЛГБТК+ е кратенка која се почесто се користи современото општество во кое живееме. Иако многу од луѓето мислат дека се работи за нов термин, концептот наа различни сексуални ориентации и идентитети има корени кои датираат уште од пред 20ти век низ повеќе цивилизации. Секоја буква во оваа кратенка претставува одредена група од луѓе чија сексуална ориентираност или идентитет не се вклопува во општествените стандарди. Поради големиот обем на групи неможе да се вклопат во кратенката па се користи “+” за инклузивност и признавање на широкиот спектар. Со развојот на општеството и напредокот на технологијата, а особено со подемот на вештачката интелигенција имаме повеќе ресурси со чија помош можеме полесно да ја разбереме оваа група, со кои проблеми се соочува и да сфатиме зошто оваа група е различна. Наместо да се гледаат како абнормални важно е да сватиме дека оваа група се дел од природната разновидност или варијација на човечките идентитети и дека инклузивноста и новното разбирање води до похумано и праведно општество. 

Историја 

Луѓе кои припаѓале на овие групи постоеле во заедници уште во антички Рим и Грција за кои има докази во различни уметности кои датираат од тоа време. Уште тогаш дел од луѓето прифаќале истополови врски. Во некои култури истополовите врски меѓу мажи, биле прифаќани затоа што останувале повеќе жени за хетеросексуалните мажи. Со појавата на христијанството и исламот како доминантни религии, односите што не биле хетеронормативни почнале да се сметаат за гревовни. 

Во средновековна Европа, законите против „содомија“ биле често користени за казнување на ЛГБТК+ лицата. Инквизицијата и црковните авторитети спроведувале казни против оние кои биле осомничени за такви односи. Во Османлиската империја исламот забранувал истополови односи. 

До 19-ти и 20-ти век, ЛГБТК+ луѓето биле жртви на медицински и правни репресии. Хомосексуалноста се сметала за ментално нарушување и била криминализирана во многу држави. Со текот на времето, активизмот почнал да се зголемува, особено со

Стоунволските нереди во 1969 година во Њујорк, кои го означија почетокот на современото ЛГБТК+ движење за права. 

Денес, многу земји ги признаваат правата на ЛГБТК+ лицата, но борбата за еднаквост сè уште трае. Историскиот развој покажува дека прифаќањето и разбирањето се менуваат со времето, а свеста за различноста сè повеќе се зголемува. 

Дефинирање на ЛГБТК+ 

ЛГБТK+ е кратенка од лезбијка(lesbian), геј(gay), бисексуалец(bisexual), трансродова личност(trans or transgender), квир (queer) и “+” кој вклучува и други идентитети како интерсексуални, асексуални, небинарни и други (intersex, asexual, non-binary, etc.). Оваа заедница не се вклопува во традиционалната дихотомија на полот каде има машко или женско и тие се заемно исклучиви, односно сме во точно една од двете категории и нема преклопувања или исклучоци. 

Ќе навлеземе во основите зошто луѓето од оваа заедница се само различни а не абнормални(природна варијација), што значи секој од нив и како користејќи вештачка интелигенција можеме да се информираме без да имаме одредени предрасуди кон ова општество. Секоја подгрупа од ЛГБТК претставува сексуална ориентација или пол. Лезбејка – 1732 година – терминот лезбејка првпат го употребил Вилијам Кинг во неговата книга „Таст“, објавена во Англија, што означувала жени кои сакаат жени.[1] Хомосексуалец – 1869 година – унгарската новинарка Карл-Марија Кертени првпат го употреби терминот хомосексуалец.[1] 

Бисексуалец – 1894/1967 година. 1872 година – памфлетот „Психопатија сексуална“ беше преведен од германски и еден од првите пати беше употребен терминот бисексуалец. 1967: Формирана Лига за сексуална слобода во Сан Франциско за поддршка на бисексуалците.[1] 

Геј – 1955 година – терминот геј се користеше низ Европа порано, но ова е годината што повеќето се согласуваат дека геј означува истополови врски меѓу мажите.[1]

Трансродови – 1965 – Џон Оливен, во својата книга, Сексуална хигиена и патологија, го користел терминот трансродови за да значи лице кое се идентификува со пол различен од оној што му бил доделен при раѓање.[1] 

Квир(Queer) – Термин што луѓето често го користат за да изразат флуидни идентитети и ориентации. Често се користи наизменично со ЛГБТК 

Небинарни – Придавка која опишува личност која не се идентификува исклучиво како маж или жена. Небинарните луѓе може да се идентификуваат како маж и жена, некаде помеѓу, или како целосно надвор од овие категории. Додека многумина се идентификуваат и како трансродови, не сите небинарни луѓе го прават тоа.[2] 

Трансродови лица и процесот на транзиција 

Трансродовите лица се поединци чиј родов идентитет не се совпаѓа со полот кој им бил доделен при раѓање. Можно е да се родени како биолошки машки но да се идентификуваат како женско, или да се родени како женски а да се идентификуваат како машки. Ги спомнуваме трансродовите луѓе посебно бидејќи се група спрема која се појавува најмногу говор на омраза и за разлика од пример геј, тие поминуваат низ многу повеќе од стравот и последиците од неприфаќање бидејќи доживуваат физичка промена. 

За многу трансродови луѓе, процесот на транзиција е важен чекор во изразувањето на нивниот вистински идентитет. Овој процес може да вклучува интерна, социјална, медицинска и правна транзиција. 

Социјалната транзиција значи промена на името, заменките, облеката и општиот израз на родовиот идентитет во секојдневниот живот. 

Медицинската транзиција може да вклучува хормонска терапија (тестостерон за транс мажи и естроген за транс жени) и хируршки интервенции како што се операција на градите или генитална реконструкција, во зависност од желбите на поединецот. Ова е една значително тешка фаза гледано од медицински аспект. Дури и по успешна хируршка интервенција процесот не завршува тука. По успешна операција следи цела терапија за телото да се навикне на промените.

Правната транзиција, пак, подразбира промена на личните документи, како што се пасоши и лични карти, за да го одразат вистинскиот родов идентитет. 

Важно е да се нагласи дека не сите трансродови лица избираат или имаат можност да поминат низ целиот процес на транзиција. Секое транс лице има уникатно искуство, а нивниот идентитет е валиден без разлика на тоа кои чекори од транзицијата ќе ги преземат. 

Природна варијација 

Природната варијација е концепт со што може да ја опишеме различноста кај живите организми меѓу кои се и луѓето. Иако ова асоцира само на физички карактеристики меѓу кои се бојата на кожа, боја на коса, биолошки функции, градба, туку и на различни аспекти на човечкото искуство, вклучувајќи сексуална ориентација и родови идентитети. Истражувањата во биологијата, генетиката и ендокринологијата(наука за изучување на болестите на жлездите со внатрешна секреција) покажуваат дека сексуалната ориентација и родовиот идентитет не се резултат на избор, туку дел од природниот спектар на варијација на човечката природа. Секој човек е уникатен и има свои биолошки и психолошки основи кои ја дефинираат неговата сексуалност и родова припадност. Ова значи дека, исто како што некои луѓе се високи, а други ниски, некои луѓе се хетеросексуални, додека други се геј, лесбијки, бисексуални или трансродови (ЛГБТК+). Иако уште се истражува може да кажеме дека овие разлики се природни и не треба да се гледаат како нешто ненормално или погрешно само едноставно различно. Наместо тоа, треба да ги прифатиме како дел од природната разновидност која постои во човечката популација. Разбирањето на оваа природна варијација и нејзината интеграција во нашето секојдневно разбирање на светот може да помогне во намалувањето на предрасудите и создавањето на инклузивно општество во кое сите личности, без разлика на нивниот родови или сексуален идентитет, се почитуваат и прифаќаат.

Научни истражувања 

Научните истражувања во областа на сексуалната ориентација, родовиот идентитет и ЛГБТК+ заедницата започнале многу порано, но во последните децении доживеале значителен напредок. Истражувањата од различни области, како што се биологија, психологија, социологија и ендокринологија, понудиле нови сознанија кои помагаат да се разберат основите на сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Во биологијата, многу студии се фокусирани на генетските и хормоналните влијанија кои може да го обликуваат родовиот идентитет и сексуалната ориентација. На пример, постојат теории кои сугерираат дека генетските фактори играат улога во дефинирањето на сексуалната ориентација, додека хормоните во текот на развојот во утробата можат да влијаат на тоа како ќе се развие родовиот идентитет кај индивидуа.[5] Некои студии исто така покажуваат дека постојат различни невронаутски разлики во мозокот на ЛГБТК+ лица во споредба со хетеросексуалните лица, што може да укажува на биолошки основи за сексуалната ориентација. Освен биологијата, истражувањата во психологијата и социологијата исто така даваат важни увиди во искуствата на ЛГБТК+ лица во различни култури и општества. Психолозите се занимаваат со разбирањето на емоционалните и психолошки аспекти на процесите на самоидентификација, како и со предизвиците со кои се соочуваат ЛГБТК+ лица во однос на менталното здравје, дискриминацијата и стигмата. 

Многу истражувања покажуваат дека ЛГБТК+ лицата се соочуваат со поголем ризик од депресија, анксиозност и самоповредување поради социјалната дискриминација и невклученоста. Истовремено, наоѓаат значителни предности од позитивната поддршка и инклузивните општествени структури кои им помагаат да го прифатат својот идентитет и да се чувствуваат безбедно и подржано. Во последниве години, развојот на вештачката интелигенција (АИ) и машинското учење донесе нови алатки за анализирање на големи количини податоци кои можат да помогнат во разбирањето на потребите и искуствата на ЛГБТК+ заедницата. АИ може да се користи за анализирање на медиумски извори, за да се разберат трендовите во прифаќањето на различни идентитети, како и за мониторирање на

говорот на омраза и дискриминација на интернет. Исто така, АИ е искористена во развој на платформи за ментално здравје, кои обезбедуваат виртуелни терапии и ресурси за поддршка на ЛГБТК+ индивидуи кои може да не се чувствуваат удобно во традиционалните општества или да немаат лесен пристап до професионална помош. Пример за тоа е платформата за вештачка интелигенција и родова еднаквост[6] од Институт за родови студии, Филозофски факултет Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј” -Скопје. Проектот има за цел да истражи и имплементира користење на вештачката интелигенција (ВИ) во областа на родовата еднаквост во научното истражување. Конкретно, проектот ќе се фокусира на развој на ботови со ВИ и креирање на онлајн платформа за обуки и информирање за родовите прашања во научното истражување. Не можеме да тврдиме дека секој има личност со која може да разговара на тема идентитет и сексуална ориентираност. Доколку имаме прашања и сакаме да се образуваме на таа тема, ботовите од ВИ се добар извор за добивање релевантни информации. 

Научните истражувања покажуваат дека сексуалната ориентација и родовиот идентитет не се само социјални конструкти, туку се длабоко вкоренети во биолошки, психолошки и социјални фактори. Секое истражување придонесува за понатамошно разбирање на комплексноста на човечката сексуалност и помага да се ослободиме од предрасудите и стереотипите што ги спречуваат ЛГБТК+ личностите да бидат целосно прифатени во општеството. Иако овие истражувања не се завршени, тие даваат основа за понатамошно истражување и поддршка на ЛГБТК+ заедницата во целост. 

Вештачка интелигенција и ЛГБТК+ заедницата 

Во современото општество, вештачката интелигенција (ВИ) игра сè поголема улога во разбирањето, поддршката и застапувањето на ЛГБТК+ заедницата. Од анализа на податоци за дискриминација до создавање на инклузивни технологии, ВИ има потенцијал да помогне во подобрување на квалитетот на животот на ЛГБТК+ лицата. Една од најзначајните употреби на ВИ е анализата на податоци за идентификација на дискриминација. ВИ може да обработува големи количини на информации од социјални мрежи, извештаи за насилство и истражувања за да препознае шеми на говор на омраза,

Дискриминација и општествени предрасуди

Едно истражување за обработка на природен јазик (NLP) анализирало милиони твитови за да препознае говор на омраза насочен кон ЛГБТК+ заедницата.[8] Оваа технологија може да помогне во подобрување на онлајн безбедноста и развој на поефикасни политики за заштита.. 

Многу алгоритми за машинско учење имаат историски пристрасности, бидејќи се тренирани на податоци кои не вклучуваат разновидни родови идентитети и сексуални ориентации. ВИ може да помогне во создавање поправедни системи преку: 

● Поинклузивни бази на податоци – Со додавање на повеќе репрезентативни примери од ЛГБТК+ заедницата во модели за препознавање на лица, гласовни асистенти и јазични алгоритми 

● Поправедни алгоритми за регрутација на работни места – Стандардните алгоритми често фаворизираат хетеронормативни профили, но со подобрување на дизајнот, ВИ може да помогне во намалување на пристрасноста. 

Емпатија и разбирливост 

Промовирањето на емпатијата е клучно за подобро разбирање на ЛГБТИ+ заедницата и градење на поинклузивно општество. Наместо да се фокусираме на разликите, можеме да се обидеме да замислиме како би се чувствувале ако нашиот идентитет не е прифатен, ако сме осудувани само поради тоа кои сме, или ако се чувствуваме принудени да се прилагодиме на стандарди што не ја одразуваат нашата вистинска природа. Животот во средина каде што нечии искуства се негираат или омаловажуваат може да доведе до изолација, анксиозност и депресија, бидејќи чувството на припадност е суштинска човечка потреба. Истражувањата покажуваат дека лицата кои се соочуваат со дискриминација и отфрлање имаат поголем ризик од ментални здравствени проблеми, но истовремено, поддршката од семејството, пријателите и пошироката заедница има моќ да ги намали овие ризици и да создаде чувство на сигурност и вредност. Наодите овде силно ја одразуваат важноста на семејството како потенцијално безбедна и конзистентна основа за

заштита на менталното здравје на младите ЛГБТК+ и заштита од ризик од самоубиство.[6] Секој има одговорност да придонесе за подобро општество, а тоа почнува со обидот да ги разбереме искуствата на другите луѓе. Дали би сакале да живееме во свет каде што мораме 

да криеме дел од себе за да бидеме прифатени? Ако одговорот е не, тогаш треба да се запрашаме зошто истото тоа го очекуваме од ЛГБТИ+ лицата. Емпатијата не значи само да се согласи некој со нечии убедувања, туку да се препознае дека секој човек има право на почит и среќа. Само преку разбирање, поддршка и прифаќање можеме да изградиме општество каде секој може да живее слободно, без страв од осуда или дискриминација. Создавањето на ваква средина не е само корист за ЛГБТИ+ заедницата, туку и за целото општество, бидејќи кога сите луѓе се чувствуваат прифатени и безбедни, тие можат да дадат поголем придонес и да водат поисполнет живот 

Заклучок 

Претставници на ЛГБТК+ заедницата постојат од дамнешно минато кога и всушност не било дефинирано како таква група. Луѓето припаѓале на оваа заедница без да се категоризираат и да им се дава толку голема важност, но со развојот на технологија и комуникација и појавата на активизмот денес се пораспространети и се истражува повеќе за нив. Истражувањата во биологијата, генетиката и ендокринологијата покажуваат дека сексуалната ориентација и родовиот идентитет не се резултат на избор, туку дел од природниот спектар на варијација на човечката природа. Благодарение на напредокот на вештачката интелигенција во денешно време имаме нови алатки за разбирање и анализа, да се информираме и оформиме појасно мислење за каде и како оваа заедница се вклопува во денешницата. 

Вештачката интелигенција има потенцијал значително да придонесе за правата и инклузијата на ЛГБТК+ заедницата. Со внимателен развој и надзор, ВИ може да помогне во намалување на дискриминацијата, подобрување на репрезентацијата и создавање посигурни и поправедни системи за сите. Пред се и тие се луѓе и заслужуваат да бидат прифатени без оглед на нивниот идентитет или сексуалната ориентираност. Разликата во

нивната сексуална ориентираност односно идентитет не е причина за дискриминација и не е нешто толку многу поразлично од на пример разликата во боја на очи или доминантна рака. Сочувствувањето со нив и нивно разбирање е клучно за нивна подршка и не треба да бидат лишени од чувството на припадност. Целиме кон средина не со толеранција туку оваа заедница ќе се чувствува прифатена и безбедна, со што и тие би давале поголем придонес и би воделе поисполнет живот.

Референци

1. https://lgbtqhistory.org/lgbt-rights-timeline-in-american-history/ 

2. https://www.colorado.edu/cisc/pride-office/lgbtq-resources/lgbtq-definitions#:~:tex t=LGBTQ%20%7C%20An%20acronym%20for%20lesbian,a%20man%20or%20 a%20woman. 

3. https://www.sciencedirect.com/science/article/pii/S0018506X19304660 4. https://www.sciencedirect.com/science/article/abs/pii/S009082581731510X 5. Sanders, A. R., et al. “Genome-wide scan demonstrates significant linkage for 

male sexual orientation.” Proceedings of the National Academy of Sciences, vol. 112, no. 39, 2015, pp. 12348-12353 

6. https://www.tandfonline.com/doi/full/10.1080/27703371.2024.2344595#d1e777 7. https://www.tandfonline.com/doi/full/10.1080/13558358.2020.1818541#d1e107 8. https://courses.cs.umbc.edu/graduate/691/spring21/pdf/14955-Article%20Text-18 474-1-2-20201228.pdf 

9. https://www.plannedparenthood.org/learn/gender-identity/transgender/what-do-i need-know-about-transitioning 

10.https://pmc.ncbi.nlm.nih.gov/articles/PMC5649411/#:~:text=Transgender%20pers ons’%20expectations%20of%20rejection,(Klonsky%20and%20May%202015).