Љубомир Николов
Вовед
Денес живееме во време кога технологијата се развива побрзо од кога било.Во регионот на Блискиот Исток, оваа дигитална трансформација го менува општеството, економијата и секојдневието.Но, додека новите технологии носат многу нови можности, не сите имаат еднаков пристап до нив.За жал, жените во овој регион често се оставени зад сцената.Иако се сe образовани, многу од нив и понатаму немаат пристап до основни дигитални алатки или можност да учествуваат во дигиталната економија.
Оваа да ја наречам родова дигитална поделба, односно разликата помеѓу мажите и жените во пристапот до интернет, технологија и дигитални вештини станува се поголем проблем.Тој не само што ги ограничува жените да напредуваат професионално, туку ги спречува и во секојдневниот живот.Почнувајки од барање на информации до пристап до образование па се до пристап до здравствени услуги. Пандемијата со КОВИД-19 само ги заостри овие проблеми.Додека целиот свет се бореше со здравствени и економски последици, жените во Блискиот Исток беа уште поранливи, особено оние што веќе живееја на маргините на општеството.
И покрај тоа што се повеќе девојки се запишуваат на факултети и стекнуваат високо образование, тоа не се одразува и на нивната застапеност во платената работа особено во технолошкиот сектор.Земји како Јемен имаат поразителни бројки, само 6,3% од жените се дел од работната сила.Дополнително, анкетите покажуваат дека околу 56% од жените во регионот дури и не се сметаат за интернет-кориснички, што значи дека тие буквално се исклучени од дигиталниот свет.
За ова да се промени, неопходно е да се вложат сериозни напори.Жените преку обуки, дигитална едукација, пристап до интернет и политики треба навистина да се вклучуват во пазарот на денешната дигитализација.Само ако се создаде фер и инклузивен дигитален простор, ќе можеме да зборуваме за вистински напредок, не само во технологијата, туку и во човековите права и еднаквост.
2
Состојбата на жената во делот на ИКТ секторот на Блискиот Исток
Во последните децении, регионот на Блискиот Исток бележи напредок во образованието и здравството, но кога станува збор за економската инклузија и учеството на жените во технолошки сектори овој напредок е бавен и нерамномерен. Жените и натаму се соочуваат со сериозни пречки во влезот и напредувањето во ИКТ секторот, кој е еден од најдинамичните и најбрзорастечки сектори денес.
Според податоци на UN Women и ESCWA, пристапот на жените до интернет и дигитални алатки во регионот е значително понизок од оној на мажите.На пример, пристапот до интернет кај жените варира драстично од само 11% во Судан до 99.8% во Кувајт.Овие разлики не се само технички, туку најчесто се резултат на културни бариери, социјални ограничувања и родови норми што ја ограничаваат женската употреба на технологија.
Во многу земји од регионот, постои перцепција дека технологијата е „машка работа“. Ова доведува до тоа жените поретко да избираат студии и кариери поврзани со информатика, инженерство и технолошки развој.На пример, во некои земји од заливот, образовните програми за техничко и стручно образование се строго поделени по пол, односно жените се насочуваат кон “соодветни” области како дизајн, администрација или педагогија, додека ИКТ, електроника и инженерство остануваат машки домени.Покрај тоа, дури и кога жените имаат високо образование во технички области, тоа не гарантира дека ќе најдат соодветна работа.Истражувањата покажуваат дека жените со високо образование во регионот на Блискиот Исток имаат највисоки стапки на невработеност, каде во 90% од земјите, тие имаат двојно поголема веројатност да бидат невработени во споредба со мажите со исти квалификации.Тоа укажува на системски пречки, како што се ограничувачки закони, неповолни работни услови и отсуство на политики за родова инклузија.
Еден позитивен пример доаѓа од Бахреин, каде иницијативата “Forsati for Her” е создадена специјално за да им овозможи на младите жени да добијат дигитална обука и да се вклучат во економски активности.Преку оваа програма, жените имаат можност да стекнат знаења во областа на софтверски решенија и дигитални вештини, со што се зголемува нивната шанса за вработување во приватниот сектор.
3
Слика 1 (Извадок од весник)
Дополнително, една од клучните бариери за жените во ИКТ е безбедноста на интернет.Многу жени се воздржуваат од користење на дигитални платформи поради страв од онлајн насилство, говор на омраза и сајбер-вознемирување, проблеми кои ретко се решаваат со соодветни закони и механизми за заштита.Социо-културните норми играат огромна улога.Во многу семејства, особено во рурални или конзервативни заедници, користењето на мобилен телефон или интернет од страна на жена се гледа како непотребно, па дури и ризично.Тоа значи дека жените не само што немаат пристап до технологии, туку и немаат контрола кога, како и зошто да ги користат.Иако некои држави во регионот вложуваат во подобрување на ИКТ инфраструктурата во училиштата, тоа не секогаш значи и квалитетна дигитална едукација.Како што покажуваат податоците, самата ИКТ опрема не значи и напредна примена во образовниот процес, особено кога наставата останува традиционална и неангажирана, без фокус на критичко размислување или родова еднаквост.Во крајна линија, за жените од регионот да можат целосно да учествуваат во дигиталната економија, потребни се не само технолошки решенија, туку и структурни промени во образованието, законодавството, работната култура и општествените норми.
4
Фактори клучни за настанување на овие поделби
Иако жените во регионот на Блискиот Исток постигнуваат сe поголеми успеси во образованието, тоа не се одразува пропорционално во нивното учество на пазарот на труд, особено не во ИКТ секторот.Постои серија на длабоко вкоренети фактори кои што ја одржуваат родовата поделба и го ограничуваат пристапот на жените до дигиталниот свет.
Прво, многу девојки и жени немаат доволен пристап до соодветно образование во областа на технологијата.Образовните програми често не се прилагодени на нивните потреби, а во некои случаи, дури и тешко достапни, особено за оние што живеат во рурални средини или потекнуваат од маргинализирани заедници.Финансискиот аспект исто така игра голема улога. Жените во регионот имаат помал пристап до финансии, кредити, па дури и до основни ресурси како што се сопственост или банкарски сметки. Тоа значи дека дури и кога постои интерес и потенцијал, многу жени немаат начин да го следат својот пат во ИКТ полето.
Дополнително, традиционалните социјални и културни норми сè уште влијаат врз тоа како општеството ги гледа жените и нивните кариери. Во многу земји, работата надвор од домот или вклучувањето во одредени професии како што е технологијата се смета за несоодветно за жени.Овие ставови не само што ги ограничуваат можностите, туку и влијаат врз самодовербата уште од млади години.
Слика 2 (приказ на користење на интернет)
5
Друг проблем е недостатокот на родово раздвоени податоци.Без конкретни информации за тоа каде и како жените се исклучени, тешко е да се донесат ефективни политики или да се следи напредокот.Дополнително, недостигаат и женски модели за угледување, што значи дека младите девојки ретко гледаат примери на жени што успешно се изградиле во оваа индустрија.Исто така, иако дигитализацијата напредува, многу жени сè уште немаат сигурен пристап до интернет или немаат доволно дигитална писменост за да ги користат технолошките алатки на исто ниво како мажите. Оваа дигитална поделеност станува уште поизразена во заедници погодени од сиромаштија или конфликт.
Стратегии за подобрување на родовата еднаквост
Подобрувањето на родовата еднаквост, особено во дигиталната сфера, бара стратешки и системски пристап кој го признава постоењето на длабоки, структурни нееднаквости.Жените и родово разновидните групи се соочуваат со низа бариери од пристап до интернет и дигитални алатки, до онлајн насилство и исклучување од креирањето дигитални содржини. За да се промени оваа реалност, неопходно е спроведување на следниве стратегии:
1. Интеграција на родовата перспектива во сите политики
Најважниот чекор за подобрување на родовата еднаквост е да се вклучи родовата перспектива во секој аспект на планирањето и создавање на јавните политики.Често заедничките политики за информациски и комуникациски технологии се сметаат за родово неутрални, но во реалноста тие може да ги репродуцираат и да ја зацврстуваат постојната нееднаквост.Од почетниот дизајн на јавни услуги, преземањето на законодавни мерки и креирањето на програмски интервенции, секој чекор треба да биде осмислен така што спецификите и потребите на жените и родово разновидните групи ќе бидат враќани во приоритет.
2. Примена на човековите права како основ
Родовата еднаквост не може да се постигне без почитување и заштита на основните човекови права.Дигиталната ера донесе нови форми на изразување, интеракција и економска активност, но и нови ризици. Сите наши политики треба да се засноваат врз
6
принципите на праведност, недискриминација и заштита на приватноста.Жените имаат право на слобода на изразување, безбедна онлајн средина и пристап до информации, што се клучни услови за нивната лична и професионална самосвест.
3. Применување на интерсекционалниот пристап
Секојдневницата на жените не може да се разгледува како едноставна и униформна. Различни фактори како што се расата, економската состојба, географската локација, возраста и образованието создаваат комплексна мрежа од предизвици која влијае на нивните можности во дигиталниот свет.Применувањето на интерсекционалниот пристап значи да се разгледаат сите овие аспекти, за да се сознае вистинската слика на пречките со кои се соочуваат различните групи жени. Само така може да се создадат политики кои ќе бидат прилагодени и ефективни за сите, без да се остави некоја група.
4. Обезбедување на смислена поврзаност
Достапноста на интернет и технолошките уреди е само почеток, тие мора да бидат достојни за активно и смислено корисничко искуство. Жените често се поразлични од мажите во пристапот до мобилни уреди, брз интернет и модерни технологии, особено во економски потиснати заедници.Затоа, државите треба да се стремат кон обезбедување на достапност, прифатливост и квалитет на поврзување, така што секоја жена да има можност да ги користи сите придобивки на дигиталната технологија, како што се еден стабилен домашен интернет, пристап до мобилни апликации, и квалитетна опрема која да ја поттикне нивната иновација и креативност.
5. Поддршка на дигиталната писменост и едукација
Образованието е клучно за совладување на новите технологии.За жените, особено во потиснати заедници, обуката во ИКТ може да ја отвори вратата кон нови економски и лични можности.
∙ Основни вештини:Жените треба да знаат како да користат компјутери и мобилни уреди, да се приклучат на интернет и да користат онлајн алатки за секојдневна комуникација и трансакција.
7
∙ Напредни технички вештини:Соодветни обуки и тренинзи за програмирање, веб дизајн или дигитален маркетинг можат да ги поттикнат жените да влегуваат во полето на технологијата и да создаваат сопствени дигитални стартапи.
Исто така, неопходно е наставните програми да бидат соодветно дизајнирани за да се надминат родовите стереотипи, како и да се обезбеди континуирана поддршка преку менторски програми и работилници.
Слика 3
6. Креирање на релевантна и инклузивна содржина
Една од клучните предизвици е да се осигура дека дигиталниот простор ги одразува и ги исполнува потребите на жените.Тоа вклучува креирање содржини на локалните јазици, што ги охрабрува жените да учествуваат и да станат дел од процесот на социјален и културен дијалог.Освен тоа, поддржувањето на женските медиуми, блогови и платформи за креативно изразување е есенцијално за изградба на една инклузивна онлајн заедница.
7. Финансиска поддршка и инвестирање во инфраструктурата
Без финансиска поддршка, модерните технолошки решенија нема да бидат достапни за сите.Затоа, државите треба да ја прифатат идејата за јавни фондови и субвенции кои ќе ги намалат трошоците за интернет и технолошки уреди за жените.Овие инвестиции
8
може да бидат реализирани преку: Национални програми и фондови каде се одредува дел од буџетот за проекти кои директно се фокусираат на дигитална инклузија на жените.Потоа преку партнерства со приватниот сектор каде преку заеднички проекти ќе се овозможи развој и имплементација на јавни Wi-Fi мрежи, дигитални училишта и
центри за обука во заедниците.
8. Партнерство и соделување на искуства
Изградбата на еднакво општество бара соработка меѓу многу актери.Организации за граѓански права, женски групи, академски институции, владини тела и приватниот сектор треба да работат рака под рака за да ги идентификуваат проблемите и да развијат иновативни решенија.Споделувањето на искуства, знаење и најдобри практики ќе им помогне на сите актери да се надополнуваат и да создадат интегриран, пристап кон родовата еднаквост.
Организации и иницјативи на Блискиот Исток
Во контекст на предизвиците со кои се соочуваат жените во ИКТ секторот на Блискиот Исток, посебно значење имаат иницијативите што активно се борат за нивна видливост, вклученост и овластување.Преку инспиративни приказни, менторство и создавање на можности, неколку организации придонесуваат кон градење на поинклузивна и еднаква дигитална иднина.Особено се истакнуваат Womenpreneur Initiative и TechWomen Program, кои во последните години имаат трансформирано многу животи на жени низ регионот.
Womenpreneur Initiative е непрофитна организација основана во 2016 година со мисија да ја зајакне улогата на жените во технологијата, претприемништвото и иновациите во регионот на Блискиот Исток и Северна Африка (MENA).Основачката, Сана Афуаиз, започнала со визија да ги разбије родовите бариери и да овозможи простор каде што жените можат да се развиваат, созреваат и водат.
Организацијата не е само платформа, туку движење кое ги инспирира жените да ја откријат својата сила, креативност и лидерски потенцијал.Womenpreneur нуди едукативни програми, инкубатори за стартапи, обуки за дигитални вештини и пристап
9
до ресурси и мрежи што им помагаат на жените да изградат успешни бизниси и кариери во технологијата.Преку нивните активности, досега се поддржани илјадници жени во земји како Мароко, Либан, Јордан и Тунис.
Слика 4
Она што ја прави оваа иницијатива особено значајна е нејзината фокусираност на личниот развој, заедницата и контекстуалната реалност на жените во MENA регионот. Таа им дава глас на оние кои често се игнорирани и креира безбедна средина каде што можат да сонуваат и да ги остварат тие соништа.
TechWomen пак е меѓународна програма за размена, финансирана од американскиот Стејт департмент, која има за цел да ги поврзе жените лидери во областа на STEM (наука, технологија, инженерство и математика) од Блискиот Исток, Африка и Централна Азија со нивни колешки и ментори.
Програмата нуди уникатна можност на учесничките односно тие поминуваат пет недели во реномирани технолошки компании како Google, Twitter, Microsoft и Intel, каде што работат на реални проекти, развиваат лидерски и технички вештини, и градат долготрајни професионални релации.Дополнително, тие се дел од културна размена што ги зближува жените од различни средини и создава глобална мрежа на поддршка и солидарност.
TechWomen не е само програма за развој, тоа е искуство што им помага на жените да веруваат во себе, да се охрабрат да превземат лидерски улоги и да станат агенти на промена во своите заедници.Многу од поранешните учеснички по завршувањето на
10
програмата иницираат образовни проекти, водат стартапи или се залагаат за политики што ја подобруваат родовата еднаквост во технологијата.
Слика 5
11
Заклучок
Родовата нееднаквост во ИКТ секторот на Блискиот Исток и понатаму претставува сериозен предизвик.Иако технологијата нуди огромни можности, многу жени сè уште се соочуваат со бариери што ги спречува да го искористат својот целосен потенцијал. Културните стеги, економските ограничувања и недостатокот на женски модели за угледување ја намалуваат нивната видливост и учество во овој клучен сектор.А кога нема еднакви можности, страдаат не само жените, туку и општеството во целина.
Но има и надеж.Преку инспиративни иницијативи како Womenpreneur Initiative и TechWomen Program, гледаме дека промената е возможна.Овие програми не само што им нудат на жените менторство и ресурси, туку и ги охрабруваат да веруваат во себе, да бидат лидери и да го освојат дигиталниот свет со својата визија и креативност.
За да се надмине оваа дигитална поделеност, потребен е заеднички напор, не само од владите и институциите, туку и од приватниот сектор и самите жени.Потребни се образовни можности, инклузивни политики и пред сè, промена на општествените ставови.Со вистинска поддршка и волја, можно е да се создаде еднаква и праведна дигитална иднина за сите , иднина во која секоја жена ќе има можност да го искористи својот потенцијал и да направи разлика.
12
Користена содржина:
1 “Youth Blog: The Gender Digital Divide in the MENA Region: Innovation in Times of Crisis.” UN Women. – Afouaiz, S. (2021).
2 “Information and Communication Technologies: Prospects for Promoting Gender Equality in the Arab Region “ by United Nations and ESCWA – January 2020, “Situational Analysis of Women and Girls in the MENA and Arab States Region” by UN Women – November 2021.
3 “Youth Blog: The Gender Digital Divide in the MENA Region: Innovation in Times of Crisis “– UN Women Arab States – 2021, Middle East and North Africa Gender Innovation Lab (MNAGIL) – World Bank 2023
4 “Gender and ICT Policy Playbook” – World Wide Web Foundation – September 12 2021
5 “TechWomen Program – https://www.techwomen.org/ ” , “Womenpreneur Initiative – https://womenpreneur-initiative.com/ “
13
14