Развојот на вештачката интелигенција и нејзиното влијание врз професиите

Published by

on

 Ирина Јованоска 

Вовед

Во последниве години сите сме сведоци на големиот напредок на вештачката интелигенција, на нејзините предности но и недостатоци. Преку неа многу побрзо се добиваат напишани текстови за говор, текстови за реклами, веќе напишани компјутерски кодови, а сведоци сме и на жалењето на професорите како учениците и студентите ја користат со цел побрзо да состават есеј, да напишат домашна работа или пак да направат семинарска. 

Постојат многу апликации кои сите работи кои нас би ни одзеле повеќе часови или можеби и денови ги составува за неколку минути, па така сите се залажуваме и наместо да се трудиме да правиме и создадеме нешто наше, ние користиме апликации кои се ќе сработат за нас. Но не размислуваме дека со сето ова што го допуштаме да се развива може да придонесеме во губење на многу работни места кои ќе ги замени вештачката интелигнеција. 

Кои професии се најмногу загрозени и најлесно заменливи од страна на вештачката интелигенција? 

3

Индекс за ризик за одредени професии

Дарио Флореано и неговиот тим истражувале кои професии се во ризик поради вештачката интелигенција. 

Тие како група дошле до следните заклучоци и според нив овие три професии може да се сретнат со проблем во иднина. 

  1. Месарска професија

Месарската професија ја сметале за најзагрозена, со индекс на ризик за автоматизација од 78%. Под ова се подразбира дека роботите имаат 78 отсто од потребните вештини и знаења за месар. 

  1. Физичари 

Индексот на ризик кај физичарите е 43%. Тоа значи дека машините веќе имаат пола од знаењето и вештините кои треба да се поседуваат за да се  извршува најбезбедната професија.

  1. Модели 

Моделите би можеле да се сретнат со проблем, бидејќи веќе имаме примери како постојат AI модели, кои не треба компаниите да ги плаќаат што за нив е полесно затоа што со неколку клика на компјутерот имаат модел. Но, за веќе постоечките и реални модели ова ќе биде заплашувачки дека може да останат без работа. 

  1. Во долната средина на табелата се шанкерите и работниците за лична нега. Уште понесигурни се работите на касиерите, мијачите на садови или таксистите кои во меѓувреме веќе можат да се заменат со автомобили во кои не е потребно некој да го управува возилото. 

Истражувачите од старт-ап компанијата ОпенАИ (Универзитет во Пенсилванија), дошле до различни резултати од истражувањето и тие сметаат дека следните професии се во ризик:

  • Програмери 
  • Математичари 
  • Сметководители 
  • Толкувачи 
  • Писатели 
  • Новинари 

4

Професии кои вештачката интелигенција нема да ги промени

При истражување во кое Chat GPT бил прашан кој професии според него нема да може да ги замени ВИ, тој пратил ваков одговор:

  1. Креативни професионалци – пистаели, уметници, дизајнери 

Вештачката интелигенција ќе може да креира содржина, но нема да може да вметне креативност, емоционална длабочина и уметничка визија. Кои се возможни да излезат само од чобекот. 

  1. Здравствени работници 

Вештачката интелигенција може да помогне само во дијагностиката, се останато како грижата за пациентите, емпатија, етички одлуки и сложени интерперсонални вештини не може да ги замени. Хирурзите, професионалците за ментално здравје и медицинските сестри се потпираат на човечкиот допир и сочувство, што ги прави нивните улоги незаменливи.

  1. Занаетчиски професии

Тешко е да се автоматизираат физичките работи кои бараат решавање проблеми во непредвидливи средини (на пр., поправка на одредени системи во домовите). 

  1. Лидерски и стратешки улоги 

Да донесеш одлука на високо ниво вклучува етика, културно разбирање, долгорочна визија, а ова се области кои може да ги поседува само човекот. 

  1. Совијални работници и советници 

Вештачката интелигенција не може да ги замени емпатијата и поддршката кои му се потребни на поединци во кризни ситуации или лични борби. 

  1. Истражувачи и новинари 

ВИ може само да ја забрза анализата на податоците, но не и да покажи љубопитност, интердисциплинарно размислување и етички размислувања, затоа што тие особини ги поседуваат само луѓето. 

5

  1. Правни проефсионалци – судии, адвокати 

ВИ не може да го замени толкувањето на законот, преговарањето и управувањето со случаевите.

  1. Забавувачи и изведувачи 

Изведувачите во живо, комичари, музичари постигнуваат успех преку интеракција со публиката и спонтаноста, а ВИ тоа не може да го повтори. 

Професии кои ќе ги создаде вештачката интелигенција

  •  Службеници за етика на вештачката интелигенција

Со зголемената интеграција на вештачката интелигенција во секојдневниот живот, етичките размислувања станаа најважни. Таквите т.н. службеници за етика се одговорни за тоа да ја осигурат јавноста дека системите за вештачка интелигенција се дизајнирани и користени на начин што е усогласен со етичките стандарди и општествените вредности. Тие тесно соработуваат со програмерите, правните експерти и политичарите за да создадат рамки што адресираат проблеми како што се пристрасност, приватност и одговорност во користењето на технологијата.

  •  Раководители со податоци

Подемот на вештачката интелигенција доведе до експлозија на податоци. Раководителите со податоци играат клучна улога во управувањето со нив, обезбедувајќи квалитет, релевантност и пристапност.. Оваа професија е особено важна во секторите како здравство и финансии, каде што точноста на податоците е од клучно значење.

  • Обучувачи на вештачка интелигенција и експерти за објаснување

Обуката на вештачка интелигенција бара уникатен сет на вештини. Обучувачите се одговорни за приспособување на моделите за машинско учење, обезбедувајќи ги потребните податоци и повратни информации за подобрување на нивните перформанси. 

6

  • ВИ продукт-менаџер

Како што производите со вештачка интелигенција стануваат сè поприсутни, потребата за специјализирани продукт-менаџери расте. Ваквиот персонал ги надгледува развојот и распоредувањето на производите со вештачка интелигенција, од почетниот концепт до финалната имплементација. 

  • Дизајнери за интеракција меѓу луѓето и ВИ

Интеракцијата помеѓу луѓето и системите за вештачка интелигенција е критична област на фокус. Дизајнерите за интеракција создаваат кориснички интерфејси и искуства што ја олеснуваат беспрекорната комуникација меѓу луѓето и машините.

  • Специјалисти за автоматизација на роботски процеси 

Автоматизацијата на роботски процеси (Robotic Process Automation – RPA) вклучува користење софтвер за автоматизирање повторливи задачи. Специјалистите за RPA ги дизајнираат, развиваат и имплементираат овие ботови, помагајќи им на организациите да ги насочат своите операции и да ја подобрат ефикасноста. Оваа улога е особено важна во индустриите како производство, логистика и грижа за корисници.

  • Креативни улоги засилени со вештачка интелигенција

ВИ не е само за податоци и алгоритми, таа наоѓа свое место и во креативните полиња. Креативците може да користат алатки со вештачка интелигенција за нови достигнувања во уметноста, музиката, литературата и дизајнот. Тие истражуваат нови форми на изразување и креативност, често соработувајќи со вештачката интелигенција за да генерираат идеи и дела. 

  •  Инженери за безбедност на вештачката интелигенција

Како што системите за вештачка интелигенција стануваат покомплексни и автономни, грижата за нивната безбедност станува сè поважна. Инженерите за безбедност на вештачката интелигенција се одговорни за идентификување на потенцијалните ризици и развивање мерки за нивно ублажување. Тие работат на креирање решенија за дефекти, системи за следење и протоколи за да се спречат несакани последици и да се осигури дека системите за вештачка интелигенција работат безбедно и сигурно.

7

  • Советници за политики во однос на вештачката интелигенција

Брзиот напредок на технологијата за вештачка интелигенција води до зголемена вклученост на политиката за нејзина регулација. Советниците за политики работат со владите, организациите и лоби-групите за да ги обликуваат законите и регулативите поврзани со вештачката интелигенција. Тие обезбедуваат експертиза за импликациите од вештачката интелигенција, помагајќи да се креираат политики што промовираат иновации со гаранција за заштита на јавниот интерес.

  •  ВИ здравствени специјалисти 

Во здравството, вештачката интелигенција ги трансформира дијагностиката, планирањето на третманот и грижата за пациентите. ВИ здравствените специјалисти се медицински професионалци обучени да работат со системите за вештачка интелигенција. Тие користат алатки за да ја подобрат нивната клиничка пракса, од толкување медицински наоди до предвидување на исходите за пациентот. Оваа улога бара спој на медицинско знаење и експертиза за вештачката интелигенција.

8

Како вештачката интелигенција ќе не промени психички? 

Скромност и завист кон вештачката интелигенција

  • Како што вештачката интелигенција станува помоќна и поавтономна, можеби ќе станеме поскромни. Оваа промена може да не принуди да го преиспитаме нашето место во универзумот и да не поттикне да развиеме поголема емпатија за другите форми на живот.
  • Како што растат способностите на вештачката интелигенција, така се зголемуваат и чувствата на завист. Можевме да се восхитуваме на нејзините способности додека истовремено негуваме гнев поради нејзината супериорност.

Стравови и фобии поврзани со вештачката интелигенција

  • Стравот може да се појави ако се чувствуваме засенети од вештачката интелигенција. Ова може да доведе до импостер синдром, кога се сомневаме во своите вештини, таленти или достигнувања, во кој се чувствуваме недостојни.
  • Вештачката интелигенција може да ги влоши фобиите како страв од неуспех, несовршеност и страв од тоа дека ќе се биде заборавен или заменет.

ВИ во физичките односи и довербата

  • Во однос на физичките односи, вештачката интелигенција нема да предизвика вообичаени стравови како што се однесуваат на бакнежи или допир. Но, како што вештачката интелигенција станува помоќна, би можело да дојде до проблеми со довербата.
  • Луѓето би можеле да станат недоверливи кон другите или да развијат ксенофобија кон вештачката интелигенција, гледајќи ја како „најголемиот друг“.
  • Способноста да се разбере вештачката интелигенција може да предизвика да станеме лојални на одредена вештачка интелигенција, што може да ни го отежне менувањето или растењето надвор од тој однос.

9

Филофобијата и маѓепсаниот круг на социјална изолација

  • И покрај оваа потенцијална емоционална поврзаност, некои може да развијат филофобија, страв од заљубување, бидејќи вештачката интелигенција ги комплицира односите.
  • Вештачката интелигенција, исто така, може да придонесе за „човечкиот маѓепсан круг“, каде што поминуваме толку многу време со машините што стануваме социјално и физички изолирани, што може да доведе до депресија и деградација на околината.
  • Нашата зависност од вештачката интелигенција може да доведе до когнитивна атрофија, бидејќи ќе ги делегираме задачите и ќе ја изгубиме менталната острина. Алтернативно, вештачката интелигенција би можела да ги подобри нашите когнитивни способности, спојувајќи ја човечката и вештачката интелигенција во нов, синтетички ум.

Влијанието на вештачката интелигенција на работното место и професионалниот живот

  • На работното место, можеби ќе претпочитаме менаџери со вештачка интелигенција пред човечки колеги поради нивната доследност и објективност. Сепак, ова може да доведе и до намалено задоволство од работата, бидејќи вработените може да чувствуваат дека нивните вештини се недоволно искористени и одвоени од нивната работа.

10

Заклучок 

Вештачката интелигенција претставува револуција која неизбежно ќе влијае на секоја професија. Не треба да се плашиме од нејзиниот развој, туку баш напротив треба да ја прифатиме како можност за напредок.  Само така ќе можеме да го искористиме полниот потенцијал на оваа моќна технологија во служба на подобра иднина за сите.

11

Користена литература

  1. https://rabotnik.com.mk/%D0%B0%D0%B8-%D0%BE%D0%B4%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%84%D0%B5%D1%81%D0%B8%D0%B8-%D1%9C%D0%B5-%D0%B3%D0%B8-%D0%B7%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D0%B5/
  2. https://www.dw.com/mk/kako-vestackata-inteligencija-ke-go-promeni-raboteneto/a-65490830
  3. https://krenizdravo.dnevnik.hr/zdravlje/mentalno_zdravlje/kako-ce-nas-ai-promijeniti-psihicki-u-2025-godini
  4. https://mk.bloombergadria.com/tehnologija/digitalizacija/64144/vestackata-inteligencija-kje-zgasne-mnogu-rabotni-mesta-no-kakvi-kje-sozdade/news

12