Дуел или дует? Родови разлики во комуникацијата: Можности за решавање на конфликти преку ВИ

Published by

on


    Ивана Стојановска 

Вовед

   Да се води расправа дали мажите или жените се посупериорни е исто како да се расправа за релативната надмоќ на животните и растенијата. Секој е моќен на свој начин, а и двете се комплементарни.“

                                                                            — Patrick Geddes and John Arthur Thompson

   Разликите во комуникациските стилови помеѓу мажите и жените претставуваат не само биолошка и еволутивна карактеристика, туку и фактор кој има значително влијание во модерните брачни односи. Во книгата Duels and Duets од John L. Locke, авторот ја истражува оваа динамика, анализирајќи како мажите и жените развиле различни стилови на комуникација, кои во многу случаи доведуваат до конфликти, а на крајот можат да бидат и основа за разводи.

   Locke ги нарекува стиловите на комуникација „двобои“ (за мажите) и „дуети“ (за жените). Според него, машкиот стил на комуникација е ориентиран кон натпревар, доминација и агресивност, додека женскиот стил повеќе се карактеризира со емпатија, соработка и поврзување. Овие разлики во стиловите често водат до недоразбирања и неразрешени конфликти, што може да резултира во разводи.

   Комуникациските стилови се само еден од факторите што влијаат на зголемената стапка на разводи, но современата технологија, особено вештачката интелигенција, нуди нови можности за подобрување на комуникацијата и за медијација на конфликти. Целта на оваа работа е да се разгледа како AI може да помогне во решавање на конфликтите помеѓу партнери, базирани на родови разлики, преку апликации, форуми и блогови.

Родови студии и комуникациски разлики

  Родови студии истражуваат како разликите во биолошките, социјалните и културните фактори влијаат на однесувањето, вклучувајќи ги и комуникациските стилови. John L. Locke во своето дело ги истражува специфичните стилови на комуникација помеѓу мажите и жените, поврзувајќи ги со нивните еволутивни улоги. Мажите, како ловци и војници, ги развиле стиловите на конфронтација и натпревар, додека жените, кои биле одговорни за домашните и социјални задачи, се опишуваат како оние кои соработуваат и кои се емоционално интелигентни во нивниот говор. Овие разлики, иако не се супериорни, често доведуваат до недоразбирања и емоционални конфликти во интимните врски.

Дуели (Duels) – Стил на комуникација на мажите:

  Locke го користи терминот „дуел“ за да ја опише комуникацијата која е конкурентна и натпреварувачка. Овој стил на комуникација најчесто се поврзува со мажите и е насочен кон освојување, победа и доминација. Мажите, според оваа теорија, се склонни да комуницираат на начин кој се базира на стратешки цели, покажување сила или постигнување на нешто конкретно. Тоа може да значи дека ќе се обидат да ја убедат другата страна дека нивната позиција е „поумна“ или „посилна“, што може да биде корисно во професионални контексти, но во личните односи може да создаде напнатости и конфликти. Што треба да биде согледана и рационално прифатена од страна на партнерката, дека не треба да се сфаќа лично.

Карактеристики на „дуелот“:Cowboy Pop Stock Illustrations – 896 Cowboy Pop Stock Illustrations,  Vectors & Clipart - Dreamstime - Page 8

  • натпреварувачка природа;
  • фокус на победата и на тоа кој има повеќе право;
  • нессодветно изразување на чувствa, пр. преку критика;
  • често се случува да не се слуша партнерот, бидејќи акцентот е ставен на самото изразување на личен став и доминантност во конфликтот. 

 Дуети (Duets) – Стил на комуникација на жените: 

1950s Unlimited

  Locke го користи терминот „дует“ за да ја опише комуникацијата која е соработничка, емпатична и кооперативна. Овој стил на комуникација обично се поврзува со жените, кои имаат тенденција да бидат почувствителни на чувствата на другите и да ги истражуваат ситуативните аспекти на разговорот. Иако доста впечатлива е карактеристиката на манипулација и наметливост, како дел од комуникацијата,  исто и како механизам за остварување на одредена цел. Жените обично комуницираат со цел да постигнат разбирање и поврзување, а не со цел да победат во спор. Стилот на комуникација во “дует” е повеќе фокусиран на соработка, мир и хармонија. 

Карактеристики на „дуетот“: 

  • Слушање и емпатија. 
  • Нагласување на заедничкото и соработката. 
  • Споделување на чувства и размислувања, а не толку фокусирање на победа или надмоќност. 
  • Прифаќање компромис, но без наметливост од спротивната страна. 

Како дуелите и дуетите влијаат на односите?

   Разликите помеѓу стиловите на комуникација – „дуел“ и „дует“ – често доведуваат до недоразбирања во меѓусебните разговори. На пример, кога еден партнер има тенденција да води дијалог со став на доминантност во конфликт, а другиот има поголема потреба за слушање, разбирање и можеби мала егоцентричност, заедно, тоа може да доведе до чувството на незадоволство и предизвици. Ако овие различни стилови не се препознаат и не се прилагодат на едно соработничко ниво, тие можат да создадат оддалечување меѓу партнерите.

Разводи и комуникациски бариери

   Еден од главните фактори што придонесуваат за разводите е неуспешната комуникација меѓу партнерите. Многу парови се разведуваат не поради недостаток на љубов, приврзаност или почит, туку затоа што не можат правилно да се разберат еден со друг. Комуникацијата не значи само размена на зборови, туку и разбирање на емоциите, потребите и ставовите. Разликите во стиловите на комуникација – кои често се засноваат на културни, лични или родови очекувања – можат да создадат недоразбирања и чувство на отуѓеност. На пример, мажите традиционално се охрабрувани да бидат рационални, да избегнуваат емоционално изразување, и да решаваат проблеми директно, додека жените почесто се воспитуваат да бидат емпатични, емоционално отворени и повеќе насочени кон слушање. Овие разлики можат да предизвикаат ситуација каде што едниот партнер чувствува дека не е слушнат или разбран, додека другиот чувствува дека секоја дискусија се претвора во критика или напад. Со тек на време, ако овие недоразбирања не се решат, тие се акумулираат во форма на тивка фрустрација, повлеченост или отворени конфликти, што може да резултира со емоционално отуѓување, па дури и развод. Дополнително, современиот животен стил, стресот, технолошката зависност и недостатокот на квалитетно заедничко време, само ја влошуваат оваа комуникациска празнина. Многу парови, иако физички присутни еден со друг, емоционално се оддалечуваат и се чувствуваат како странци во сопствениот брак.

Улогата на вештачката интелигенција во решавање на конфликти

    Со оглед на фактот дека денес луѓето, сè помалце читаат книги, драстично е намален бројот на луѓе кои ќе одат до библиотека или издавачка куќа за да побараат некоја книга/прирачник за предизвиците во нивното секојдневие. Доста попристапно би им било да декодираат некоја нејасност, да ја изразат фрустрацијата истржувајќи на интернет форуми, блогови и слично. Последователно на ова, вештачката интелигенција сè повеќе се вклучува како иновативна алатка во поддршката на партнерските односи и решавањето на конфликти. Таа може да игра значајна улога нудејќи објективни, емпатични и стратешки решенија базирани на анализа меѓу партнерите. Преку специјализирани AI апликации и дигитални платформи, паровите можат да добијат конкретни повратни информации за тоа како комуницираат – дали нивниот тон е конфронтативен, дали се прекинуваат меѓусебно, или пак дали избегнуваат важни теми.

Понатаму, AI може да предложи индивидуализирани совети и техники за подобрување на меѓусебната комуникација, како што се вежби за активно слушање, асертивно изразување или техники за смирување при конфликтни ситуации. Некои напредни системи дури можат да препознаат емоционални сигнали преку говорот или текстот, како на пример гнев, тага или анксиозност, и соодветно да одговорат со предлози што поттикнуваат разбирање и емоционална поврзаност.

   Во ера кога технологијата често се обвинува за отуѓување, AI има потенцијал да стане алатка што повторно ќе ги поврзе луѓето – преку поттикнување искрен дијалог, намалување на недоразбирањата и градење здрави односи. Иако не може да ја замени човечката емпатија, таа може да биде мост до неа – особено кога комуникацијата е нарушена, а потребата за разбирање е најголема.

 Апликации, форуми и блогови за поддршка

   Во современото дигитално време, сè повеќе апликации, форуми и блогови развиени со помош на вештачка интелигенција нудат поддршка за парови кои сакаат да ја подобрат својата комуникација и да ги надминат предизвиците во врската. Овие платформи овозможуваат пристап до персонализирана помош, често достапна 24/7, што е особено значајно за парови кои немаат можност да посетуваат терапевт или советник. На пример, симулатори на разговори користат AI за да создадат реалистични сценарија во кои корисниците можат да вежбаат позитивни комуникациски стратегии, како што се активно слушање, асертивен говор и ненасилно изразување на чувства. Овие симулатори не само што нудат практична вежба, туку и анализа на реакциите на корисникот, со предлози како да се подобри комуникацискиот пристап. Форумите и блоговите, пак, служат како заедници за поддршка, каде партнерите можат да споделат искуства, да постават прашања и да добијат совети од други луѓе што поминале низ слични ситуации. AI ги анализира објавените текстови, коментари и разговори, и врз основа на тоа дава повратни информации, предлага техники за подобра комуникација или препорачува релевантни статии и ресурси.

   Ваквите дигитални алатки не само што го олеснуваат пристапот до поддршка, туку и создаваат чувство на заедништво и разбирање. Во комбинација со човечка волја за подобрување на односот, тие можат да бидат силна алатка за изградба на посилна и посензитивна врска.

Заклучок

   Како што беше нагласено во воведот, разликите во комуникациските стилови помеѓу мажите и жените претставуваат значаен фактор во настанувањето на конфликти во брачните односи, што често резултира со развод. Овие конфликти ретко произлегуваат од недостаток на љубов, туку најчесто од недостиг на разбирање и недоволно развиени комуникациски вештини. Со појавата и напредокот на вештачката интелигенција, се отвораат нови можности за анализа, поддршка и подобрување на интеракциите помеѓу партнерите. AI-алатките и платформите нудат практични и ефикасни начини за идентификување на комуникациски бариери, за вежбање на стратегии за решавање конфликти, како и за унапредување на емоционалната писменост кај паровите.

  Доколку се користат внимателно и со свест за нивната улога како дополнување – а не замена – на човечката интеракција, овие технологии можат значително да придонесат за подобрување на квалитетот на брачните односи. Потенцијалот на вештачката интелигенција во овој контекст лежи во нејзината способност да понуди структурирана, објективна и персонализирана поддршка, што може да биде клучен елемент во намалување на стапката на разводи и градење посилни партнерства засновани на разбирање, доверба и комуникација.

This may contain: a painting of two people sitting at a table with wine glasses in front of them

Користена литература