Мост или бариера?Вештачката интелигенција и иднината на родовата еднаквост

Published by

on

Борис Гошевски

Апстракт

Вештачката интелигенција (ВИ) е една од највлијателните технологии денес и истата поседува потенцијал да го обликува општеството кон поголема еднаквост или пак да ги продлабочи постоечките разлики меѓу луѓето. Оваа семинарска работа ја разгледува двојната природа на ВИ како можен мост кон една иднина што ќе биде исполнета со правдина или бариера што ги зацврстува нееднаквостите. Преку историска анализа на развојот на компјутерската технологија, од првите алгоритми на Ада Лавлејс до работата на Грејс Хопер на компајлери, се согледува како минатото влијае врз системите што ги користиме денес. Понатаму, ќе ја погледнеме и современата примена на ВИ како и нејзините можности за подобрување на пристапот до ресурси и информации за сите, но и предизвиците поврзани со пристрасност и ограничена разновидност во нејзиниот развој. Ќе погледнеме како технологијата се развивала низ годините, како го достигнала она што е денес и како може да влијае на сите нас – без разлика дали сме мажи, жени или од каде доаѓаме. Целта е да се разбере дали иднината на ВИ ќе донесе повеќе правда или ќе ги засили поделбите, при што се нагласува дека исходот зависи од тоа како луѓето ќе ја насочат оваа технологија. Со растечката потреба за еднаквост во светот, ВИ може да биде алатка за инклузија, но само ако се надминат ризиците од нејзината неконтролирана употреба.

Историјат

Развојот на компјутерската технологија, која е основа на денешната вештачка интелигенција, има доста долга и многу сложена историја што го одразува односот на општеството кон еднаквоста. Еден од првите значајни моменти во историјата е во 19 век, кога младата Ада Лавлејс, математичарка од Англија, го напишала првиот алгоритам наменет за машина – аналитичката машина на Чарлс Бабиџ. Во 1843 година, таа видела дека машините можат да прават многу повеќе од едни обични пресметки и имала идеја дека еден ден луѓето би можеле да создаваат многу посложени работи. Нејзините белешки се сметаат за еден огромен чекор кон програмирањето, иако во нејзино време не биле целосно признати и не биле сфатени сериозно како што требало. Ова покажува дека уште од почетокот, луѓето коишто придонесувале важни чекори и идеи во врска со технологијата, биле многу често занемарени и нивниот глас не бил ниту слушнат, ниту почитуван. Во раниот 20ти век, компјутерите веќе почнале да се развиваат како големи машини за пресметки, и сето тоа за време на Втората светска војна. Луѓето што работеле на нив, често биле вклучени во задачии како што се пресметување балистички траектории или дешифрирање кодови. Во 1940-тите и 50-тите, програмирањето значело за работа слична на административни задачи, па затоа најчесто ја извршувале жените. Тие работеле на машини како ENIAC во САД, каде шест жени биле меѓу првите што програмирале. Подоцна, Грејс Хопер, во 1950-тите, го развила првиот компајлер – алатка што го преведува човечкиот јазик во машински код – и со тоа го олеснила програмирањето за сите, поставувајќи темели за модерните технологии. 

Но, со текот на времето, многу размислувања се смениле, па во 1960-тите години кога компјутерите се надоградиле и станале посложни, работата и фокусот се префрлиле на мажите. До 80-тите, како што се појавиле персоналните компјутери, така маркетингот ги насочил уредите кон младите момчиња, создавајќи еден впечаток дека технологијата е веќе нивно поле. Оваа промена оставила значајна трага и направила значајна промена во тоа како се третираат мажите, а како жените. 

Ada Lovelace

Современа примена на ВИ

Денес, вештачката интелигенција е дел од скоро секој аспект на нашите животи. Се користи за да се изберат луѓе за работа, да се создадат квалитетни програми за учење, па дури и да се прават уметнички дела. Фунцкионира со анализи на огромни количества информации и учи од нив за да може да донесе правилна одлука. На пример, компаниите ја користат за да одлучат кој вработен е добар за одредена позиција, а додека пак училиштата ја користат за да се прилагодат и да им помогнат на учениците да учат на начин на којшто им е полесен Ова колку и да звучи корисно, бајно и сјајно, сепак, се’ си има свои сенки и темни страни. Понекогаш, ВИ донесува одлуки врз основа на стари податоци што не се фер кон сите. 

Од друга страна, ВИ се користи и за да се подобри животот. Во многу земји, таа помага да се поврзат луѓето со ресурси што им се потребни, како што се некоја обука за работа или информации за здравје. Во регионите каде што технологијата е помалку застапена, ВИ може да донесе промени преку едноставни алатки, како апликации на телефон што учат или советуваат. Ова само ни докажува дека денешната развиеност на ВИ е моќна, но нејзините резултати зависат од тоа кој ја прави и какви информации и даваат.

Потенцијал за еднаквост

Вештачката интелигенција може да направи многу работи со кои би го направила светот поеднаков за сите. Една од нејзините предности е тоа што може да анализира повеќе податоци и да покаже каде има неправда. На пример, може да открие дали некои луѓе добиваат помалку можности за работа или образование поради тоа од каде доаѓаат или какви се, без да се фокусира само на родот, туку и на пошироки фактори како економска состојба или локација. 

Ова може да помогне во создавањето на решенија што ќе им дадат еднаква можност на сите да си ја исполнат целта која ја имаат замислено. Исто така, ВИ може да го направи учењето подостапно. Во места кадешто нема многу училишта или има било каква дупка во образованието, таа може да допринесе програми на кои би можело секој поединец да се прилагоди, без разлика на нивната позадина. Ова е важно за луѓе што живеат далеку, или пак немаат многу пари, но сепак би му значело многу и би било одличен начин да научат многу нови работи и да си го подобрат и разубават својот живот.

Понатаму, ВИ може да помогне во работата. Со алатки што ги разгледуваат вештините на луѓето, а не само нивното минато, таа може да обезбеди добра шанса на оние што порано биле занемарени и оставени по страна. Ова може да го направи пазарот на труд поправичен, каде секој ќе има можност да дојде и да се претстави со она што го знае и поседува. Во некои случаи, таа веќе се користи за да се поврзат луѓето со идеи и можности преку дигитални платформи, што е видно корисно во свет каде технолохијата станува сè поважна. Ако имаме еднакви можности за сите, тогаш ВИ може да биде мост што драстично ќе ги намали разликите меѓу луѓето и ќе изгради блескав свет во којшто секој ќе има свое место и секој ќе се чувствува прифатено без разлика на тоа кој е, што е и каков е.

Предизвици и ризици

Сепак, ВИ носи со себе и ризици што можат да создадат бариера за еднаквост. Еден од најголемите проблеми е тоа што таа се потпира на податоци од минатото и често се полни со стари податоци и предрасуди. Ако во минатото одредени групи немале пристап до образование или работа, ВИ може да продолжи да ги исклучува, со мисла дека тоа е сосема нормално. На пример, ако во историјата одредени групи луѓе – без разлика дали поради род, потекло или економска состојба – немале пристап до образование или работа, ВИ може да ги препознае овие модели како норма и да продолжи да ги исклучува.

Ова може доста да ги зацврсти нееднаквостите наместо да ги сруши.

Ова се случува кога системите за регрутирање, на пример, фаворизираат кандидати врз основа на застарени критериуми, игнорирајќи ги денешните можности за различност. Таквиот пристап не само што ја ограничува правичноста, туку и го зацврстува она што веќе било неправедно, спречувајќи промени.

Друг ризик е поврзан со тоа кој ја развива ВИ. Луѓето што работат на овие технологии често доаѓаат од слични средини, што значи дека нивните системи може да не ги одразуваат потребите на сите. Кога разновидноста недостасува, ВИ може да создаде решенија што би можело да функционираат добро за некои, но ги занемаруваат другите. Тоа значи ако технологијата е дизајнирана главно за развиени економии, луѓето во посиромашни региони може да останат без корист од неа, продлабочувајќи го јазот меѓу нив. Ова не е само прашање на пристап, туку и на тоа како ВИ ги перцепира различните групи – ако податоците не се разновидни, таа може да донесува пристрасни одлуки.

Статистика во Македонија

Родовата еднаквост во ИТ секторот во нашата држава има еден напредок кој е видлив, но предизвиците остануваат значителни. ИТ индустријата во земјата бележи раст во последните години, благодарение на зголемената дигитализација и економските можности, но учеството на жените на ова поле сè уште заостанува зад она на мажите. Според податоци од последните анализи, жените сочинуваат околу 30-30% од вработените во ИТ секторот во Македонија. Ова е слично на глобалните трендови, но е под просекот на Европската Унија, каде учеството на мажите во технологијата се движи околу 40% во некои земји. Еден клучен показател за нееднаквост е разликата во платите. Жените во ИТ секторот заработуваат во просек 12-15% помалку од мажите за исти или слични позиции.

Оваа разлика делумно се објаснува со тоа што жените почесто заземаат помалку платени улоги, како поддршка или администрација во ИТ, додека мажите доминираат во повисоките позиции, како развивачи на софтвер или раководители на проекти. Дополнително, застапеноста на жените во лидерски позиции во ИТ компаниите е ниска – проценките покажуваат дека само околу 20% од раководните улоги во овој сектор ги држат жени.

Образованието има важна улога во овие трендови денес. Иако бројот на жени што студираат информатички науки на факултетите во земјата, како ФИНКИ, расте – достигнувајќи околу 40% од студентите во последните години – многумина не продолжуваат во ИТ кариери по дипломирањето. Ова може да се поврзе со општествените очекувања и недостигот на поддршка за баланс меѓу работата и семејните обврски, што особено ги погодува жените. Во споредба со мажите, жените во Северна Македонија трошат трипати повеќе време на неплатена работа дома, што го ограничува нивниот професионален развој.

Како влијае вештачката интелигенција врз родовата еднаквост

Вештачката интелигенција (ВИ) има сложено влијание врз родовата еднаквост, со потенцијал да ги намали, но и да ги продлабочи разликите меѓу луѓето. Од една страна, таа може да помогне во создавање можности за сите, независно од родот. На пример, ВИ се користи за да се анализираат податоци и да се откријат нееднаквости во платите или пристапот до работа, што овозможува подобрување на политиките за правичност. Во образованието, таа може да понуди персонализирани програми за учење, помагајќи им на луѓето од различни средини да стекнат вештини што им биле недостапни порано. Ова е особено важно во региони каде традиционалните бариери ограничуваат одредени групи, без разлика дали се мажи или жени, да напредуваат.Меѓутоа, ВИ носи и ризици што можат да ја нарушат еднаквоста. Алгоритмите често учат од податоци што ги одразуваат минатите нееднаквости, па можат да ги повторат истите модели. На пример, ако историски одредени улоги биле поврзани со еден род, ВИ може да продолжи да ги фаворизира тие шаблони при регрутирање или други одлуки. Ова не влијае само на еден пол, туку создава систем каде можностите не се распределуваат рамномерно. Дополнително, развојот на ВИ е често во рацете на ограничена група луѓе, каде разновидноста недостасува, што може да доведе до системи што не ги земаат предвид потребите на сите. На пример, технологијата може да биде насочена кон одредени култури или економски средини, оставајќи ги другите зад себе. И покрај ова, постојат иницијативи што користат ВИ за да ги надминат овие проблеми, како проекти што промовираат инклузија преку технологија во земјите во развој. ВИ, значи, е и можност и предизвик – нејзиното влијание зависи од тоа дали ќе се користи за да се изгради мост кон правичност или ќе стане бариера што ги зацврстува старите поделби.

Како да се избориме со родовата нееднаквост заедно со ВИ?

Вештачката интелигенција може да биде моќна алатка за унапредување на родовата еднаквост, но нејзините предизвици и ризици одат заедно со неа. За да го искористиме нејзиниот потенцијал и да ја претвориме во мост кон правичност, а не во бариера што ги продлабочува нееднаквостите, потребни се добро осмислени пристапи во неколку клучни области: образованието, развојот на технологијата, политиките и работната средина. ВИ алатките може да идентификуваат разлики во платите и напредувањето, како и да препорачаат персонализирани програми за обука и менторство кои можат да ги охрабрат не само жените, туку и мажите. борбата со родовата нееднаквост преку ВИ бара заеднички напор. Ако се применат овие стратегии, таа може да стане алатка што ги руши бариерите и гради мост кон иднина каде секој има место.

Заклучок

Вештачката интелигенција не само што претставува технолошки напредок, туку таа претставува и можност за трансформација во начинот на кој ја гледаме родовата еднаквост во ИТ секторот и пошироко. Со правилно користење на ВИ, може да ги намалиме родовите пристрасности во процесот на вработување, да создадеме фер и еднаков пристап до обуки и ресурси за жените и мажите. На овој начин, ВИ не’ води кон патот за една инклузивна иднина кадешто жените добиваат поддршка и охрабрување за активно учество во технологијата, додека мажите добиваат можност да работат во средина збогатена со различни перспективи и искуства. Со сето ова, општеството и ИТ секторот ќе добијат една нова сфера за иновации, создавајќи одличен амбиент во кој секој поединец ќе може слободно и подеднакво да ги остварува своите потенцијали и без никаков проблем да ги истакнува своите идеи за понатамошен развој.

РЕФЕРЕНЦИ

  https://en.wikipedia.org/wiki/Ada_Lovelace 

  https://en.wikipedia.org/wiki/Grace_Hopper 

  https://www.peacecorps.gov/educators-and-students/educators/resources/global-issues-gender-equality-and-womens-empowerment/ 

  https://www.oecd.org/en/topics/policy-issues/gender-equality.html 

  https://www.devex.com/news/sponsored/why-gender-equality-in-technology-is-more-urgent-than-ever-107191

  https://aigender.net/index.php/ednakvost/ 

  https://www.undp.org/blog/innovation-and-technology-enabling-gender-equality 

  https://eige.europa.eu/publications-resources/toolkits-guides/gender-equality-index-2020-report/men-dominate-technology-development?language_content_entity=en 

  https://www.britannica.com/story/ada-lovelace-the-first-computer-programmer