Кристина Наумоска
1.ВОВЕД
Аутизмот е многу променливо нарушување во психолошкиот развој, коешто најпрво се појавува за време на многу раното детство или во малку подоцнежниот период од детството, и во главно продолжува со иста брзина на развивање, без намалување на интензитетот.
Аутизмот се карактеризира со ограничување на комуникацијата кај децата, развојот на соцјализација и отежнато вклопување во околината со што го отежнува самиот развој на детето и го забавува во однос на развој на некои основни карактеристики на детото како што се на пример емоционален развој, когнитивен или физичкиот и моторичкиот развој на детето меѓутоа во денешно време со самиот брз развој на технологијата и вештачката интелегенција процесот на развој кај овие деца може да биде олеснет со користење на некои од апликациите кои се користат при работа со децата со аутизам во зависност од потребите на самото дете.
Постојат голем број на апликации кои се направени благодарение на вештачката интелегенција и модерната технологија кои помагаат во области како што се:
- Развој на говор
- Развој на емоции
- Развој на моторика
- Подобрување на концентрација и вмнимание
3
2. PROLOQUO2GO
PROLOQUO2GO претставува апликација која се користи за деца со аутизам со цел за да им се помогне на овие деца да можат полесно да се искажуваат односно преку оваа апликација да им се олесни комуникацијата со останатите луѓе. Оваа апликација е направена така што главниот принцип на работа е преку слики. Децата со аутизам кои тешко комуницираат со околината преку оваа апликација можат да ги искажат своите желби и потреби со помош на фотографии и звуци. Оваа апликација е направена така што се користат симболи и е достапна на четири јазици, а тоа се англиски, француски, шпански и дански.
Покрај што се користи за деца со аутизам може да биде користена и кај деца кај кои имаат исклучиво проблем само со изразување или деца кои имаат проблем само со развојот на говорот.
4
3. Autism Therapy with MITA
Оваа апликација е една од најдоброрагнгираните апликации кога стаб=нува збор за апликации за деца со аутизам уште во 2017 година. Како апликација била користена од страна на 150 илјади деца со аутизам и нивните родители. Апликацијата е направена на англиски јазик и е наменета за деца над три годишна возраст. Оваа апликација е бесплатна за користење што е една и од позитивните карактеристики на истата.
МITA апликацијата работи на принцип каде што се прикажуваат светлечки сложувалки кои им помагаат на децата да интегрираат повеќе делови од предмет во исто време.
Апликацијата покажала позитивен придонес во однос на општото учење кај децата, но особено важност придала во однос на развојот на вниманието, јазикот и визуелните вештини кај аутистичното дете. На почетокот при користење на оваа апликација се задаваат поедноставни задачи каде детето учи својот фокус да го става само на една карактеристика на предметот на пример боја или големина, но подоцна задачите стануваат посложени и од детето се бара фокусот да биде во исто време на две карактеристики на предметот пример боја и големина во исто време.
Апликацијата има позитивна придонес за децата со аутистичен спектар заради тоа што придонесува во увежбување на концентрацијата на децата, коордирираност, внимание и насоченоста на детето кон одредена активност.
5
4. Early counting skills
Оваа апликација е наменета исто за децата со аутистичен спектар и е во глобала наменета за деца над 3 годишна возраст. Им помага на децата да развијат различни вештини во областа на математиката, читањето и заради тоа е класифицирана како едукативна апликација. Преку оваа апликација децата можат да научат да бројат од 1 до 5, да научат количински колку претставуваат броевите и сл. Тематиката е шаренолика и самата апликација е претставена со плажа и броење на предмети на плажата (топки). Освен тоа самата шареноликост на темата на самата апликација овозможува кај децата и побрзо учење на боите што е дополнителна позитивна страна од користењето на оваа апликација. Преведена е на неколку јазици како што се: англиски, чешки, јапонски, дански, италијански, германски, руски, турски и слично.
Единстевната негативна страна на оваа апликација е тоа што е бесплатна само за корисниците на apple технологијата.
Оваа апликација им помага на децата со аутистичен спектар во областа на подобрување на вниманието, концентрација, подобрување на интелектуални способности како и подобрување на моторичкиот дел на прстите на рацете на детето.
6
5. Говорко
Говорко е првата апликација која е изработена во нашата земја и која е наменета за деца со аутистичен спектар, како и деца со потешкотии во говорот меѓутоа може да биде користена и кај возрасни лица кај кои се наидува на проблеми со говорот. Оваа апликација е направена во две верзии од кои што вторта верзија е изработена од страна на здржението за лица со попречености ,,Отворете ги прозорците’’. Апликацијата е бесплатна и може да се користи и на Android и на Apple уреди. Оваа апликација работи како комуникатор, како алтернативна опција корисникот има можност да внеси лични податоци за себе меѓутоа не е задолжително.
Работи на принцип каде имаме две нивоа кој што користат различен број на зборови со тоа што второто ниво секако содржи поголем број на зборови. Кое ниво ќе се избере зависи од желбата и можноста на самиот корисник. Во секое ниво постојат различни категории и секоја категорија има одреден број на зборови. Секој збор е прикажан со букви, но и со слика или симбол. Кога корисникот ќе притисне на сликата или симболот зборот се изговара со помош на глас со што корисникот самиот бира дали сака зборовите да бидат изгобварани од женски или машки глас. Во иднина во самата аликација би биле додадени уште две опции во однос на гласовите, а тоа се детски глас и глас на робот со што би им се нудело на корсниците поразновидни опции при учењето со помош на оваа апликација.
Оваа апликација им помага на децата со аутистичен спектар и децата со говорни потешкотии во подобрување на некои области како што се првично вербалниот дел, потоа подобрување на концентрација, внимание, насоченост, аудитивен дел и слично.
7
6. Како да се избере правилна апликација за работа со секое дете
Избирањето правилна и соодветна апликација за работа со самото дете е многу важно заради тоа што сите овие апликации всушност помагаат во подобрувањето на развојот на децата со аутистичен спектар па дури и кај деца со некои други потешкотии во развојот.
Затоа при самиот избор на апликациите треба да се запазат одредени чекори
- Консултација со терапевтот на детето е една од поважните работи при изборот на апликациите за работа со децата заради тоа што терапевтите најдобро ги познаваат апликациите што се наменети за работа со ваквиот тип на деца, а воедно го познаваат и детето па можат да помогнат доста во избпрот на правилна апликација.
- Способностите и можностите на детето е исто така една од поважните работи на кои што треба да се обрне внимание при изборот на апликациите заради тоа што не секое дете има исти можности и способности и покрај тоа што сите тие деца се деца со аутистичен спектар межутоа секое дете си е посебно во однос на способностите и можностите.
- Децата да се вклучат при изборот на апликацијата заради тоа што нивниот интерес е многу важен затоа што тоа доста влијае и на понатамошните позитивни резултати во однос на развојот на детето особено кога станува збор за деца од поголема возраст.
8
7. ЗАКЛУЧОК
Апликациите кои се направени благодарение на вештачката интелегенција се одлична можност при работа со деца со аутистичен спектар заради тоа што нудат одлична можност и прилика за побрзо и полесно учење меѓутоа ја олеснуваат и работата на терапевтите и наставниците со ваквиот тип на деца, а им помагаат и на родителите кога станува збор за подобрување на развојот на нивните деца. Исто така позитивната страна на ваквите производи на вештачката интелегенција е тоа што во повеќето апликации е овозможено говорна поддршка со што гласовите се човекови со што е многу по олеснително децата со аутизам да ја прифатат апликацијата заради тоа што тие често реагираат негативно на нешто што за нив е сосема непознато и различно од она што го слушале или правеле досега.
Одтука може да заклучиме дека вештачката интелегенција и нејзинот развој и напередок зема позитвен замав во олеснувањето на животот на овие деца.
9
8.Користена литература
1.www.autismconnect.com/resources/apps/app/76
2.https://openthewindows.org/govorko/
10