Жените во сенка и нивната борба за видливост: од француската револуција до првата светска војна

Published by

on

Businesswoman powerful of shadow.

За жените никогаш толку многу не се зборувало како во деветнаесеттиот век. На  вчудовиденост дури и на најлуцидните умови, тоа било сеприсутна тема: во катихизисот,  правните кодекси, прирачниците за добро однесување, филозофските дела, медицинските  текстови, теолошките расправи и, секако, литературата. Но иако деветанесеттиот век се  смета за ера во која се зголемила јавната дебата за жените, парадоксално, токму тогаш тие  останале најсилно исклучени од реалната општествена сцена. Во правните кодекси,  филозофските дела, теолошките учења и особено уметноста и литературата, жените биле  присутни како симбол, но отсутни како субјект. Како што напишал Стефан Мишо, жената  станува „божица на домашниот храм“, митолошки идеализирана, но без социјална моќ или  индивидуален глас.1 Таа е почитувана како мајка, како инспирација, но не и како  мислителка, авторка или креаторка на политички и културни вредности.

Powered By EmbedPress