Анастасија Стојчевска
ВОВЕД
Математиката, како еден од најзначајните области на науката, долго време беше затворена за жените. Во текот на историјата, жените немаа исти можности за образование како мажите и често беа исклучени од универзитетските институции, а исто така и од работни позици. Во периоди кога им се припишувале различни улоги и карактеристики врз основа на родот, жените немале исто животно искуство, знаење, ниту пак права и приоритети како мажите. Сепак, и покрај тие пречки, некои жени успеале да остават значаен печат во науката и историјата. Често заборавени, овие жени математичарки, биле херои на своето време, кои во ситуации на ограничени можности, успеале да се изборат за своето место во општеството и науката. Тие денес ни ја отвораат можноста за истакнување, учење и еднаквост.
Еден од начините на кои се прославуваат овие жени е Меѓународниот ден на математиката, кој се одбележува на 14 март. Овој ден служи за одбележување на постигнувањата на успешни женски модели во математиката, како што се: Мирзахани, Хипатија, Софи Гермен и Мери Винстон. Тие не само што го означуваат почетокот на математиката, туку и претставуваат фигури без кои денешната наука не би постигнала ваков развој. Нивната борба за глас и за место во општеството е пример за упорност и посветеност.
Целта на Меѓународниот ден на математиката е да се изгради мост помеѓу математиката како наука и општеството, а особено да се подигне профилот на жените во науката. Преку промовирање на наследството на познатите жени математичаи, овој ден има за цел да предизвика интерес кај девојчињата да продолжат со кариера во науката, технологијата, инженерството и математиката.
Во оваа семинарска работа ќе ги анализираме имињата на најистакнатите математичарки низ историјата и нивниот придонес за поставување на темелите на вештачката интелигенција.
3
1. Хипатија од Александрија (350/370 – 415)
Хипатија е жена што дала значаен придонес во развојот на науката, позната како грчки интелектуалец и наставник во Александрија. Првата жена со големи заслуги во физиката, математиката, филозофијата и астрономијата во Византиската Империја. Нејзината работа често е заборавена од модерниот свет.
Хипатија била ќерка на познатиот математичар Теон Александриски од Египет. Оставила свои коментари во грчките учебници, а достигнала извонредност со оглед на времето во кое живеела. Меѓу дела кои што ги коментирала Хипатија било ,,Аритметика” на Диофант, каде што се занимавала со полигонални броеви. Се смета дека ја убиле припадници на христијанска секта поради паганизам и сатанизам.
2. Софи Жермен (1776-1831)
Една од пионерките на теоријата за еластичност, а остварила и значајни резултати во теоријата на броеви. Поради нерамноправноста во тој период, се допишувала со други математичари под машки псевдоним. Позната како прва жена што е наградена од Француската академија за наука. Дури и прва жена со привилегија да прсисутвува на сесиите во Институтот де Франс.
Француската академија на науки и доделила награда за хартија што се создадени од вибрации. Оваа работа била основана за применетата математика која денес се користи за изградба на облакодери и било важно во тоа време во новото поле на математичката физика, акустиката и еластичноста. Познавајќи ја долго време, Гаус инсистирал да има почесен докторат доделен од Универзитетот Гетинген, но таа починала пред да и се додели.
4
3. Ада Лавлејс (1815-1852)
Англиската математичарка Августа Ада Бајрон е позната и како првата програмерка. Ада го опишала методот на пресметување на низата Бернулиеви броеви. Тоа е првата компјутерска програма. Во нејзина чест има и програмски јазик со нејзиното име – „Ада“. Таа е дете на математичарката Ана Изабела Милбанк и познатиот поет Лорд Бајрон. Починала од рак на 37 години.
4. Еми Ноетер (1882-1935)
Се смета за најзначајната жена во историјата на математиката. Најважни достигнувања на Германката се од областа на апстрактна алгебра и топологија. Исто така, се истакнала на полето на физиката. 15 концепти и теореми во математиката го носат нејзиното име. Со многу напор станува професорка на Универзитетот во Готинген, а со доаѓањето на Хитлер била протерана и заминува во САД, каде што ги поминала последните 2 години од животот.
5. Милева Мариќ (1875-1948)
Милева Мариќ Ајнштај била талентирана физичарка, најважната и најдоверливата соработничка и сопруга на Алберт Ајнштајн. Меѓутоа, љубовта и бракот со нив ѝ донеле и години мака, несреќа и непризнаена заслуга – како научник, мајка и сопруга.
Милева е родена на 19 декември 1875 година во Тител, град во Војводина (денешна Србија), кој бил дел од Австро-унгарската империја.
Милева е родена со дислокација во левиот дел од колкот што ја натера да куца откако научи да оди. Во период кога одела во средно училиште, Милева побарала дозвола да присуствува на часови по физика, на кои биле дозволени само мажи. На овој начин, Мариќ станала една од првите млади жени од Австро-унгарската
5
империја која присуствувала на часови по физика со мажи, нешто што беше дозволено дури 13 години подоцна, во 1907 година.
Потоа се преселила во Швајцарија, каде што жените можеле да посетуваат универзитети со полно работно време.
Исто така, таа има голема улога во развојот на првите теории развиени од Ајнштајн, особено релативноста. Од една страна, некои научници тврдат дека Мариќ ја заслужува истата заслуга како Ајнштајн за теориите, бидејќи тие биле придружници. Друг сектор тврди дека таа само му помогнала на својот сопруг со математика.
На 72-годишна возраст, во мај 1948 година, таа доживува мозочен удар што ја парализира левата страна на нејзиното тело, и ке почине три месеци подоцна, во август, сама во болница.
6. Грејс Хопер (1906–1992)
Грејс Хопер е родена во Нјујорк, САД, на 9 декември 1906 година, и починала на 1 јануари 1992 година во Вашингтон, САД, била пионер во компјутерските науки и адмирал во американската морнарица. Таа е најпозната по својот придонес во развојот на компајлерите и компјутерското програмирање. Во 1952 година, таа го развила првиот компајлер за компјутерски јазик, што дозволило програмите да се пишуваат во јазик што е поблиску до природниот јазик, наместо во машински код. Хопер била клучна фигура во развојот на COBOL.
Таа исто така била еден од првите луѓе која го косисти и популаризира терминот за “баг”, што произлегло од инцидент во 1947 година, кога нејзиниот тим на компјутери наишол на матица која се сметала за грешка. За своите огромни достигнувања, Грејс Хопер добила бројни награди и признанија, вклучувајќи го и највисокото војно признание – Националниот медал за технологија и иновации.
6
7.Доротеа Вон (1910–2008)
. Доротеа Вон е родена во Харлем, Њујорк, САД, на 29 септември 1910 година, и почина на 1 декември 2008 година во Морис Таун, Њу Џерси, САД, била афроамериканска математичарка и компјутерска програмерка која работела во НАСА. Таа била првата жена-менаџер во НАСА и е позната по својата работа на развојот на раните компјутерски програми. Вон била одговорна за обучување на тимот за компјутерско програмирање и за управување со компјутерската работна сила во НАСА. Таа истотака го водела тимот кој изработувал програми на раните компјутери, како што бил компјутерот ENIAC, и била клучна фигура во користењето на раните компјутерски јазици, кои денес се основа за современите програми.
8. Радија Перлман (1951-)
Радија Перлман е американска програмерка и инжене на мрежи, родена во Чикаго, САД, на 9 декември 1951 година, позната како мајка на интернетот поради нејзиниот значајен придонес во развојот на протоколот за маршрутизација. Таа го развила Spanning Tree Protocol, кој денес се користи во Ethernet мрежи и е клучен за функционирањето на глобалната интернет мрежа. Перлман е автор на бројни патенти и книги кои се темелни во областа на компјутерските науки и мрежите.
7
9. Феи-Феи Ли (1976-)
Феи-Феи Ли е кинеско-американска компјутерска научничка, родена на 9 октомври 1976 година во Кина, го основала ImageNet, една од најголемите и најпознатите бази на податоци за компјутерско гледање, која ја поставила основата за развојот на алгоритмите за вештачка интелигенција (AI). Тие алгоритми денес се користат во сè од автоматското препознавање на слики до роботика и автономни возила. Ли исто така е активистка за вклучување на жените во областа на вештачката интелигенција и го основала AI4ALL, која има за цел да им помогне на младите, особено на девојките, да се запознаат и да се вклучат во STEM области.
10.Даника Крагич Јенсфелт (1973-)
Даника Крагич Јенсфелт е професор по компјутерски науки на Кралскиот институт за технологија во Стокхолм, Шведска. Родена е во БелградСрбија на 21 август 1973 година.Таа е експерт во областа на роботиката, и е позната по нејзините истражувања на теми како што се автономни системи и интеракција човек машина. Нејзините проекти вклучуваат развој на роботи кои можат да учат од својата средина и да ги перцепираат објектите околу нив во реално време.Крагич Јенсфелт исто така е позната по својот ангажман во вклучување на гендерска еднаквост во инженерските и научните дисциплини, посебно во роботиката.
8
[слика 2] На сликата е прикажанa AI генерирана слика од жени математичари
9
11. Придонесот на жените математичари во развојот на вештачката интелигенција
Математиката претставува основа на секоја AI-технологија, а жените математичари во историјата имале клучна улога во формирањето на алгоритмите и методите што денес активно се користат. Почнувајќи од Ада Лавлејс со нејзното визионерско разбирање и согледување на можноста компјутерите да манипулираат со симболи наместо само со броеви, го поставила концептот на алгоритамска обработка, кој е основа на сите AI-системи денес.
Грејс Хопер, преку развојот на првиот компајлер, овозможила трансформација на математички логички структури во функционален код, што е директна основа за развој на интерпретатори и јазици што ги користи модерната AI технологија. Нејзиниот придонес е вграден во секој современ софтверски систем.
Доротеа Вон, со нејзината способност да извршува сложени математички пресметки и да ги имплементира преку програмирање во првите компјутери, обезбеди темел за автоматизирано пресметување. Ова е клучен дел на современото машинско учење, каде што моделите автоматски ги учат и подобруваат своите резултати.
Радија Перлман, преку математичката прецизност во дизајнирање на алгоритми за маршрутизација, го постави патот за развој на интелигентни, адаптивни системи кои се засноваат на мрежна комуникација. Принципите на нејзината работа денес се користат во дистрибуирани AI-системи и мрежни агенти.
Истражувањата на Феи-Феи Ли овозможија практична имплементација на статистички модели за препознавање на слики. Со нејзиниот проект ImageNet, математичките модели добија огромен корпус за обука, што резултираше со напредок во методите за длабоко учење што денес се користат во AI базирани системи во, како во медицинска дијагностика па се до безбедносни камери.
10
Работата на Даника Крагич Јенсфелт во роботика покажува како математички модели за анализа на сензорни податоци можат да бидат основа за системи кои учат од околината, што е клучен принцип во Reinforcement learning.
12. Историски математики и нивната врска со модерната вештачка интелигенција
Хипатија од Александрија, преку нејзината работа на аритметиката на Диофант, го развивала концептот на симболичка репрезентација, основна техника која денес се користи во формализирањето на логиката во AI.
Софи Жермен со нејзиниот придонес во теоријата на еластичност помогна во создавањето на математички модели што денес се применуваат во моделирање на физички симулации кај роботски системи. Еми Ноетер, една од најзначајните жени во апстрактната алгебра, разви теореми кои денес се применуваат во развојот на логички и структурирани модели во AI системи, како и во симболичка обработка и математичко моделирање.
Милева Мариќ, имала значаен придонес во математичката формализација на тоериите не Алберт Ајнштајн,како и разбирањето на комплексни концепти кои подоцна наоѓаат примена во компјутерските науки. Овие историски личности ги поставуваат фундаменталните концепти на модерната вештачка интелигенција, како логика, симболи, алгоритми и формални јазици, имаат длабоки корени во работата на жените математичари.
11
ЗАКЛУЧОК
.Според многу истражувања, резултатите покажале дека мажите ги преценуваат своите способности во математиката, сметале дека имаат поголем талент за математика, поради тоа што имале поголема веројатност да се образуваат и да основаат кариери на тоа поле. Додека кај жените се покажало спротивното.Разликите во однос на полот во науката, технологијата, инженерството и математиката се заснова во резултатот на тоа што мажите ги преценуваат своите способности во математиката или во некој друг сектор. Проблемот е во тоа што на жените, од минатото, до ден денеска се потценети нивните способности. И покрај претпоставките дека реалноста и објективноста се секогаш најдобри при оценувањето на себе си и при донесувањето на одлуки, позитивните илузии за математичките способности на жените кои започнуваат кариера. Таквите позитивни илузии, кои што не треба да бидат само субјективни, би можеле да ја заштитат самодовербата на жените и да доведат до тоа жените да продолжат со образованието во областа на науката, технологијата, инженерството и математиката, притоа подобрувајќи си ги своите вештини.Започнувајќи од Хипатија, која што се смета за жена пред своето време. Потоа нејзните наследнички, кои што живееле во период на т.н. машки свет каде што слободата и пристапот до образование за жените биле забранети. Фигурите на овие неповторливи генијалки треба да служи како обележје на инспирација дека никогаш не треба да се откажуваме од нашата цел, општеството не може да го налага начинот на живот на никој поединец.
12
БИБЛИОГРАФИЈА
• Џон Џонсон Луис, Жените во математичката историја, https://mk.eferrit.com/%D0%B6%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5- %D0%B2%D0%BE-
%D0%BC%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BC%D0%B0%D1%82%D0%B8%D 1%87%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0-
%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0/ • Ивана Кузманоска. Најважни жени математичарки на сите времиња, https://www.fakulteti.mk/news/18-01-
07/10_najvazhni_matematicharki_na_site_vreminja
• http://wekids.mk/kalendar/14-mart-megunaroden-den-na-matematikata/ • https://mk.warbletoncouncil.org/hipatia-de-alejandria-539
• https://www.slobodenpecat.mk/zaboravenata-genijalka-mileva-ajnshtajn pomognala-da-se-otkrie-edna-od-najvazhnite-teorii-vo-fizikata-a-zhivotot-go zhiveela-vo-senka/
• https://mk.nsp-ie.org/mileva-maric-7686
• https://en.wikipedia.org/wiki/Danica_Kragic
• https://profiles.stanford.edu/fei-fei-li
• https://lemelson.mit.edu/resources/radia-perlman
• https://www.biography.com/scientists/dorothy-johnson-vaughan • https://www.biography.com/scientist/grace-hopper
13
РЕФЕРЕНЦИ
[слика 1] АИ генерирана слика од жена математичар (превземено од: https://www.freepik.com/premium-ai-image/mathematical-symbols-blackboard-students learning-algebra-generated-by-ai_42961161.htm)
[слика 2] ] АИ генерирана слика од жени математичари(превземено и генерирано од: https://sora.chatgpt.com/library)
14