Поврзаноста меѓу родовата еднаквост и вештачката интелигенција

Published by

on

Магдалена Брзачка

Вовед

Денес живееме во свет каде дигиталната технологија е во многу брз развој и истата зазема голем напредок во секоја сфера каде што е присутна и носи промени кои се многу видливи и секојдневно корисни за човекот. Според тоа технологијата, односно вештачката интелегенција која е присутна во секое поле од човечкиот живот станува неопходна за нормален тек на човековиот живот. Односно човекот станува зависен од користите и бенефитите кои  му ги нуди ВИ, како што се виртуелните асистенти Сири на телефонскиот уред iphone, chatGPT кој секојдневно се користи за секакви цели и проблематики на компјутерите и телефоните, како и многу други виртуелни алатки кои успеваат да го совладаат секој човечки проблем и прашање. Според тоа, свесни сме дека истата ситуација би можела да доведе до промени од огромни размери и затоа е потребно да се размисли дали и колку понатаму би се користела ВИ и за какви цели истата би придонесувала. 

Родова еднаквост

Родовата еднаквост подразбира ситуација каде двата пола уживаат еднакви права, должности и одговорности, како во домашните обврски, така и во образованието, работата, односно општеството во целина. Родовата еднаквост значи дека без разлика на полот, секој еден треба да има ист пристап до секојдневниот живот и потребите за нормален тек на животот. Хронолошки гледано, родовата еднкавост порано била многу поретка, односно населението било различно третирано.  Обврските, главно биле поделени на машки и женски. Добро познато е и тоа дека жените многу доцна добиле и право на глас, во ХХ век, а кај нас во Македонија тоа било во 1945година, па според тоа лесно може да се заклучи дека пристапот на жените и нивниот глас биле занемарени или целосно ограничени. Со тек на времето, со постоењето на феминистички борби и движења за женски права, почнале да се менуваат погледите во таа сфера и со тоа жените почнале да бидат присутни во јавните мислења, законите и на пазарот на трудот.

Родовата еднаквост, порано и сега, е неопходна и потребна да постои заради повеќе причини. Основно човеково право е да биде еднаков и рамноправен со другите, без разлика на полот. Исто така, потребно е да постои родовата еднкавост за подобар економски развој и одлуки со кои би се водел светот понатаму. Во општество во кое сите уживаме родова еднаквост е полесно да се донесуваат порационални одлуки, кои допринесуваат за намалување на сиромаштијата и подобрување на благосостојбата  кај населението, со што би имало идни генерации со подобро образование, без дискриминација и било каков вид насилство. 

Со напредокот на светот во глобален размер се променети сите погледи за родовата еднаквост и правата кои населението ги ужива, односно напредокот на светот и родовата еднаквост се тесно поврзани, заради тоа што не би можело да има развој кај населението ако сите не уживаат еднаквост. Родовата еднаквост дава голем напредок во светски размери и според следните области, технологија и иновации. Во систем каде што мажите и жените имаат еднаков пристап до технологиите е многу полесно да се донесат нови идеи и да се направат иновации кои се корисни за сите. Исто така, родовата еднаквост има големо влијание и за мирот и стабилноста во светот, со тоа што жените кои се присутни во преговорите за донесување на мир и стабилни состојби придонесуваат за трајни последици од истите. Според тоа, без разлика на полот, сите треба еднакво и праведно да придонесуваат и да се трудат за целиот свет да станува поправеден и понапреден. 

Вештачка интелегенција

Вештачка интелегенција е термин кој во последно време станува многу атрактивен и дискутабилен, тоа значи дека човекот има голема потреба од истиот. Вештачка ин телегенција е дел од компјутерската наука, односно истата создава, твори, размислува, дава одговори и решенија на секое поставено прашање од човекот. Вештачката интелегенција е интердисциплина со многу пристапи,која вклучува податоци од сите области и донесува решенија на проблеми и прашања од сите сфери на човештвото и технологијата. 

Вештачката интелегенција се користи и е приутна во многу полиња, како во образованието, сообраќајот, медицината, финансиите и воопшто во секоја сфера од човечкото постоење. Таа има една голема цел, тоа е да помогне и да му олесни на човекот за секоја проблематика. Иако постојат многу позитивни страни на ВИ, присутни се и некои негативности, односно се верува дека постои предизвик истата да доведе до загриженост за приватноста на човекот. Може да се случи поради користење на ВИ да се намали потребата од човечката сила, односно автоматизацијата би довела до губење на многу работни професии, со што населението би останало без работа, а тоа носи несакани последици. Затоа многу е важно ВИ да се користи одговорно, етички и во нормални размери. 

Поврзаност меѓу родовата еднаквост и вештачката интелегенција

Вештачката  интелегенција и родовата еднаквост се тесно поврзани. Двете теми се многу важни за човекот и за неговото нормално функционирање. Вештачката интелегенција е многу корисна и потребна на секој човек кој има било каков предизвик да совлада, па со помош на истата би го решил. Додека родовата еднкавост е нешто кое е основно за целосна благосостојба и нормално функционирање на човечкиот живот. Вештачката интелегенција може да влијае позитивно и негативно врз родовата еднаквост. Побројни и поочигледни се позитивните придобивки од ВИ за родовата еднаквост, некои од нив се следните: побрз и полесен пристап до образование и до информации за сите кои имаат потреба да научат или прочитаат нешто ново, без разлика на тоа каде се и дали имаат доволни ресурси да си го овозможат истото. ВИ исто така позитивно влијае и за тоа што секој еден може да си најде работа која е добро платена и истата би можела да ја работи секој во флексибилно време и на различни локации. Но исто така постојат и некои негативни влијанија  од ВИ врз човечкиот развој, односно може да му бидат поставени задачи на некој од ВИ алатките или четботовите, па истиот да даде податоци или извештаи од минатото, кога биле поприсутни мажите на пазарот на трудот и со тоа да се добие различен поглед за истото од она што всушност е моменталната ситуација. Според тоа значи дека при користењто на било каква алатка од ВИ би било потребно да се нагласи истата да дава податоци и да анализира ситуации кои се актуелни во моментот. 

Присутноста на жените во ТЕХНОЛОГИЈАТА

Истражувањето е направено со податоци во 2024 Мај, гледано од платформата Linkedin, и според истото е изготвен графикот. Според него очигледно е дека сеуште постои родова нееднаквост кај вработените во технолошката индустрија и истата е доста изразена. Така што и покрај сите движења и политики за родова еднаквост, сеуште истата не е на задоволително ниво.  Според даденото, потребно е како во технолошката индустрија, така и во сите останати да се ангажира повеќе женско население и така би се променила половата структура во вработено и работоспособно население, со што родовата еднаквост би се променила на подобро и истата ќе биде на повисоко ниво.

Заклучок

Родовата еднкавост и вештачката интелегенција се теми кои се се повеќе присутни и дискутабилни, за истите да бидат одговорно и правилно третирани потребно е и за двете области да се прават истражувања и истите да бидат поприсутни за размислување кај општеството. За двете области да бидат водени во позитивна насока и да се постигнуваат добри резултати и промени, потребно е да се гледаат и двете страни подеднакво, односно технологијата и човештвото да се на еднакво рамниште. 

Денес живееме во свет во кој технологијата и поконкретно вештачката интелегенција заземаат се поголемо влијание врз секоја човекова потреба, па според тоа потребно е да се води сметка за тоа на кој начин би се користела истата и како таа би влијаела. Особено внимание за користењето на вештачката интелегенција треба да стават преставниците од различни групи, како и жени во што поголем број, со што вештачката интелегенција и родовата еднаквост би напредувале во соодветни размери и на правилен начин. 

Користена литература

  1. https://vidivaka.mk/veshtachkata-inteligenci-a-kako-alatka-za-promoci-a-na-rodova-ednakvost/
  2. https://books.google.mk/books?hl=en&lr=&id=pX-gCwAAQBAJ&oi=fnd&pg=PP1&dq=gender+equality&ots=w55-9M5zzP&sig=LgLlG38tUjwJu-iq_AQFVGzsrr4&redir_esc=y#v=onepage&q=gender%20equality&f=false
  3. https://www.google.mk/books/edition/Artificial_Intelligence_in_Society/eRmdDwAAQBAJ?hl=en&gbpv=1&dq=gender+equality+and+ai&printsec=frontcover
  4. https://dobridaskalov.edu.mk/ai/mk/index.html
  5. https://mk.bloombergadria.com/komentar/vesti/59545/nema-rodova-ednakvost-kaj-tehnoloskite-giganti/news