Маја Митревска
Вовед
Родовата еднаквост е суштинска вредност во секое модерно општество и особена важна за одржлив напредок. Во минатото, познато е дека жените не напредувале професионално и нивниот живот бил сконцентриран во самиот дом. Меѓутоа, иако во последните години е забележан позитивен тренд на зголемување на учеството на жените во различни професии, процентот на застапеност на жените во науката, технологијата, инженерството и математиката – познати како СТЕМ полиња – и понатаму остануваат доминантно машки професии. Според податоци од УНЕСКО, само околу 30% од истражувачите на глобално ниво се жени, а нивната застапеност е уште пониска во сектори како инженерство, информатика и вештачка интелигенција.
Коренот на оваа нерамнотежа меѓу мажите и жените лежи во старите историски времиња. Од друга страна, родовите стереотипи ги поврзуваат логичките и техничките размислувања и вештини со мажите. А тие нешта подоцна се зајакнуваат и преку образовниот систем. Жените кои пак се одлучиле да се занимаваат со инженерство се соочуваат со многубројни проблеми. Недостатокот на менторство, разлика во плата со маж на иста позиција и дефицит на поддршка се дел од мноштвото проблеми.
1 Како стереотипите го ограничуваат учеството на жените во СТЕМ и напредокот во кариерата
Жените покажуваат значителен напредок во кариерата во текот на изминатите 50 години, вклучувајќи впечатливи достигнувања во историски машко-доминирани професии, како што се бизнис, право, медицина, па дури и некои области на науката како биологијата и психологијата. Сепак, напредокот на жените бил побавен во други области, особено во математички базираните области како физиката, електротехниката, инженерството и математиката (СТЕМ). Имено, според истражувањата застапеноста на жените во овие професии е околу 30%.
Недоволната застапеност на жените во СТЕМ секторот претставува значителна загуба не само за овие области кои остануваат лишени од драгоцениот талент што би можел да одговори на сѐ поголемите потреби на пазарот на труд и да поттикне технолошки иновации. Овој родов јаз, надминува далеку над економските последици и станува суштинско прашање на родова еднаквост во општеството. Студиите на Лангдон,
3
МекКитрик, Биде, Кан и Домс јасно покажуваат дека СТЕМ професиите носат значително повисоки примања споредено со не-СТЕМ кариерите, што значи дека постоечката родова нерамнотежа во овие области директно придонесува за продлабочување на платниот јаз меѓу мажите и жените. Оттука, патот кон целосна родова еднаквост неизбежно минува преку решавање на родовите во високоплатените професии, особено во СТЕМ секторот каде што овие разлики се најизразени.
Неколку објаснувања се понудени за да се објасни зошто жените остануваат недоволно застапени во СТЕМ, вклучувајќи теории за родовите разлики во СТЕМ способностите; меѓутоа, истражувачките докази не го поддржуваат заклучокот дека внатрешните родови разлики во СТЕМ способностите се главна причина за родовите разлики во учеството во СТЕМ. Второ објаснување е дека жените едноставно не се заинтересирани за СТЕМ кариери и слободно избираат не-СТЕМ кариери. Сепак, можностите на жените наместо слободно да избираат – се моќно ограничени од родовите стереотипи кои создаваат видливи и невидливи бариери за влезот и напредокот на жените во СТЕМ. Различни други социјални и културни фактори, како што се родовата социјализација, отворената дискриминација и работните норми и структури, исто така придонесуваат за родовите диспаритети.
1.1 Стереотипи за СТЕМ полињата
Иако девојчињата и жените јасно покажуваат способности за математика и други СТЕМ дисциплини, истражувањата покажуваат дека тие пројавуваат помал интерес за кариера во овие области. Дури и меѓу математички надарените, жените се поретко одлучуваат за кариера во СТЕМ отколку мажите. Една можна причина за ова е тоа што жените со високи математички способности често поседуваат и високи вербални способности, што им отвора поширок спектар на можности. Но, зошто дури и високо способни жени се откажуваат од кариера во инженерство, компјутерски науки и физика?
Истражувањата укажуваат дека овие избори не се целосно слободни, туку се ограничени од стереотипи за СТЕМ професиите и нивните учесници.
Кога луѓето ќе помислат на СТЕМ професионалец, често замислуваат маж. Ваквите асоцијации почнуваат во раното детство: децата на возраст од пет до шест години веќе прифаќаат стереотипи дека науката е машка област и цртаат научници претежно како мажи . Стереотипот продолжува низ адолесценцијата и зрелоста.
4
Овие слики не се однесуваат само на пол, туку и на карактер – научниците се опишани како брилијантни, но социјално неснаодливи, со наочари и слаба социјална интеракција.
Овие стереотипи создаваат конфликт со тоа како девојчињата и жените се гледаат себеси или како сакаат да бидат видени од другите. Кога стереотипите се активирани – било преку длабоко вкоренети несвесни уверувања или преку социјални сигнали – девојчињата и жените се чувствуваат како да не припаѓаат во СТЕМ. Како последица, нивниот интерес и желба за вклучување во СТЕМ се намалува.
1.2 Влијание на родовите стереотипи врз самодовербата и успехот Долготрајната доминација на мажите во СТЕМ секторот создала длабоко вкоренети стереотипи за тоа кој може да успее во овие полиња. Општеството го поврзува успешниот научник со карактеристики како амбициозност,аналитичност, доминантност, компетитивност, интелигенција и самодоверба – особини кои културолошки почесто се припишуваат на мажите отколку на жените. Ваквата перцепција создава негативен стереотип дека на жените им недостасуваат суштинските квалитети потребни за успех во СТЕМ областите.
Загрижувачки е што стереотипната клима е најсилна токму во оние полиња каде жените се најмалку застапени.. Ова придонесува да колку помалку жени има во одредена област, толку посилни се стереотипите, што понатаму ја отежнува привлечноста на повеќе жени во тие полиња.
Овие деструктивни стереотипи влијаат на жените на повеќе начини. Прво, тие систематски ја поткопуваат самодовербата на жените во сопствените СТЕМ способности. Истражувањата покажуваат дека девојчињата кои се почесто изложени на стереотипни коментари за способностите на девојчињата во СТЕМ, чувствуваат помала компетентност во сопствените СТЕМ вештини. До средношколска возраст, повеќето девојки се добро запознаени со овие негативни стереотипи и ги оценуваат своите математички способности пониско отколку момчињата со слични перформанси.
Овој тренд продолжува и на факултет каде, и покрај сличните просечни оценки, студентките по инженерство пројавуваат пониска доверба во своите инженерски способности во споредба со нивните машки колеги. Дополнително, студентките имаат тенденција да ги потценуваат своите перформанси на математичките задачи и почесто од мажите го припишуваат неуспехот на тестот по математика на недостаток на математичка способност наместо на други фактори.
5
За задачите каде жените стереотипно се сметаат за понапредни, како што се вербалните вештини, се појавува спротивото: студентките ја оценуваат својата вербална компетентност повисоко од слично успешните машки студенти. Самопроценките така се наклонети во насока на родовите стереотипи.
1.3 Создавање на непријателска средина и психолошко оптоварување
Дури и кога жените свесно ги отфрлаат стереотипите за машката супериорност во СТЕМ, самосвеста дека другите можат да ги поддржуваат овие стереотипи создава “закана во воздухот”. Оваа закана предизвикува загриженост кај жените дека може да бидат обезвреднети, маргинализирани или неправедно третирани само поради нивниот род.
Ваквите грижи создаваат дополнително психолошко оптоварување што ги поткопува постигнувањата и мотивацијата на жените преку процес познат како закана на социјалниот идентитет. Истражувањата покажуваат дека посилните чувства на закана на идентитетот меѓу студентите на СТЕМ предвидуваат послаби намери за продолжување во СТЕМ кариерите.
Заканата на социјалниот идентитет лесно се активира во контексти поврзани со стереотипи, како што се СТЕМ опкружувањата, каде поединците се свесни за негативните стереотипи за нивната група. На пример, само тоа што се наоѓаат во ситуација каде потенцијално може да потврдаат негативен стереотип – како жена која полага испит по математика – може да создаде дополнителен притисок да се докажат, што може да предизвика стрес кој го попречува когнитивното процесирање и на крајот го нарушуваат успехот.
1.4 Улогата на опкружувањето и социјалниот контекст
Не сите СТЕМ опкружувања создаваат еднакво чувство на закана. Елементи во непосредниот социјален контекст можат да направат некои СТЕМ средини да бидат поопасни од другите . Два фактора кои имаат значително влијание врз активирањето на стереотипите се бројната застапеност и однесувањето на другите.
Кога жените се видливо малцинство во СТЕМ средината, тие стануваат повеќе свесни за својот родов идентитет и поподложни на стереотипни закани. Слично на тоа,
6
суптилните или отворените однесувања на другите – како коментари кои сугерираат дека жените се помалку компетентни, микроагресии или исклучување од важни мрежи и можности – можат да сигнализираат дека жените не припаѓаат или не се ценети во СТЕМ заедницата.
За среќа, разбирањето на овие процеси нуди и патеки за промена. Создавањето на инклузивни СТЕМ опкружувања каде има повеќе родови модели за идентификација, воспоставување на култура која активно ги оспорува штетните стереотипи и промовирање на практики кои ја нагласуваат развојната природа на интелигенцијата и способностите, може значително да ги намали негативните ефекти на стереотипите.
Борбата против овие штетни стереотипи не е само прашање на социјална правда, туку и стратешка неопходност за развојот на СТЕМ полињата. Со елиминирање на бариерите кои ги создаваат стереотипите, општеството може да ги ослободи талентите и потенцијалот на неискористениот женски талент, придонесувајќи за подинамична и иновативна научна заедница што ќе одговори на предизвиците на иднината.
2 Стратегии за надминување на родовите стереотипи во СТЕМ
Справувањето со родовата нееднаквост во СТЕМ секторот претставува долгорочен процес, бидејќи стереотипите се длабоко вкоренети и отпорни на промени. Жените кои се свесни за негативните родови стереотипи често се соочуваат со постојано прашање: дали навистина припаѓаат во овие полиња, дали ќе бидат ценети и дали ќе имаат праведен третман во научната заедница? Иако овие грижи се легитимни и претставуваат природна реакција на општествената реалност, тие создаваат дополнително психолошко оптоварување кое може да го ограничи целосниот потенцијал на жените.
За да одговорат на овие предизвици, социјалните психолози развиле научно засновани интервенции кои го менуваат начинот на кој студентите размислуваат за своето опкружување, нудејќи им пооптимистички начини за толкување на негативните искуства. Секој се соочува со негативни настани во академската средина – исклучување од студиска група, лоша оценка на испит или критика од професор – но за студентките кои се борат со стереотипи, овие настани добиваат дополнително значење, сигнализирајќи дека можеби не припаѓаат во СТЕМ областите. Од тие причини развиени се неколку стратегии кои одат во прилог на решавање на ова.
7
2.1 Развивање на менталитет на растеж
Една од најважните интервенции се фокусира на менување на верувањата на студентите за природата на СТЕМ способностите. Некои студенти веруваат дека талентот за наука и математика е нешто што се добива при раѓање и не може да се промени – т.н. “статичен менталитет”. За овие студенти, секој неуспех (како лоша оценка на испит) претставува доказ за недостаток на вродена способност, што ги прави стереотипите за пониска способност уште позастрашувачки.
Наспроти тоа, кога на студентите им се пренесува дека интелектуалните способности се мултипликативни и може да се развиваат со текот на времето преку напорна работа и добри стратегии – познато како “менталитет на растеж” – се намалуваат негативните ефекти на стереотипите и се зголемуваат мотивацијата и успехот, особено кај девојките.
Едукаторите во СТЕМ областите можат да промовираат менталитет на растеж преку: ∙ Наградување на развојот наместо само на постигнувањата
∙ Обезбедување можности за ревизија и подобрување на работата
∙ Презентирање на познати научници како длабоко посветени и вредни, а не како вродено брилијантни
∙ Споделување лични приказни за предизвици и неуспеси
∙ Нормализирање на барањето помош како неопходен дел од патот кон успехот
2.2 Градење чувство на припадност
Друга ефективна интервенција се фокусира на загриженоста на студентите околу припадноста. Несигурноста дали некој “се вклопува” може да доведе до толкување на вообичаените социјални стресови како доказ дека не припаѓаат во тоа опкружување.
Пренесувањето на пораката дека сомнежите околу припадноста се нормални и привремени може да ја намали тежината на негативните социјални искуства и да им помогне на студентите поефикасно да се справат со нив. Еден начин за пренесување на овие пораки е презентирање резултати од анкети на студенти кои покажуваат дека речиси сите студенти од повисоките години првично се загрижени за прифаќањето, но со време развиваат позитивни односи и се чувствуваат прифатени.
8
Професорите и менторите во СТЕМ областите може да ги споделат и сопствените искуства со загриженост и предизвици со кои се соочиле и како ги надминале. Целта е да се нормализираат овие грижи и да се прикажат позитивните исходи како веројатни и достижни.
2.3 Потврдување на вредностите
Третата интервенција, позната како “потврдување на вредностите”, исто така успешно ги намалила родовите јазови во СТЕМ областите. Оваа активност обично вклучува пишување при кое студентите размислуваат и потврдуваат основни лични вредности (како лични односи, креативност, религиозни верувања).
Активноста ги потсетува студентите дека се повеќе од стереотип и го зајакнува самовредувањето и интегритетот, што им овозможува да истраат и покрај неуспесите.
2.4 Улогата на женските примери и социјалната поддршка во надминување на родовите бариери во СТЕМ
Покрај институционалните промени и образовните интервенции, психолошките фактори играат клучна улога во поддршката на жените во СТЕМ. Еден од најефикасните начини за намалување на негативното влијание од стереотипите е преку изложеност на успешни женски примери и преку воспоставување на силна социјална поддршка.
Успешните жени во СТЕМ делуваат како „видливи докази“ дека и другите жени можат да успеат во овие полиња. Тие служат како реални модели за идентификација, овозможувајќи им на младите жени да се замислат себеси во слични улоги и да развијат лична мотивација за професионален развој во овие области. Истражувањата покажуваат дека ваквите примери го зголемуваат чувството на припадност, ја јакнат самодовербата и ја намалуваат перцепцијата за бариери кај жените. Факултетите и научните институции можат да ја зголемат изложеноста на женски примери преку:
∙ покана на истакнати жени-научнички како говорнички на академски настани,
∙ интеграција на приказни за успешни жени во наставната програма и учебниците,
∙ промоција на разновидни женски примери – од различни етнички, социјални и академски позадини – со кои студентките полесно можат да се идентификуваат.
9
Притоа, особено е важно овие примери да не бидат маргинализирани како „додаток“, туку да бидат целосно интегрирани во основната образовна содржина. Жените примери се најефективни кога се прикажани како нормален дел од научната заедница, а не како исклучок од правилото.
2.5 Социјална поддршка и менторство
Покрај моделите за идентификација, социјалната поддршка е уште еден столб кој ја зајакнува мотивацијата и упорноста кај жените во СТЕМ. Поддршката од семејството, врсниците, професорите и менторите е значаен предиктор за останување во СТЕМ и успешно градење на кариера.
Факултетите можат да ја структурираат оваа поддршка преку:
∙ програми за врсничко менторство што ги поврзуваат студентките од почетните години со поискусни колешки,
∙ можности за вмрежување со дипломки и професионалки од индустријата, ∙ финансиска и логистичка поддршка за учество на студентките на конференции
Овие програми не само што овозможуваат практични ресурси, туку создаваат чувство на заедништво и припаѓање – фактори кои имаат директно влијание врз задржување и успех на жените во СТЕМ.
Иако овие интервенции се ефективни, нивната успешност зависи од начинот на имплементација. За да имаат долгорочен ефект, тие мора да бидат внимателно дизајнирани, ненаметливи, навремено пласирани и да избегнуваат какво било стигматизирање. Психолошките интервенции како што се изложеност на женски модели, врсничко менторство и градење на чувство на припадност, треба да се користат како комплементарни механизми, а не како замена за системски и структурни промени.
Комбинирањето на овие два пристапи – лична поддршка и институционална трансформација – претставува клучот за создавање инклузивна и праведна СТЕМ заедница. Само на тој начин може да се осигура дека сите талентирани поединци ќе имаат еднаков пристап до можности, без оглед на нивниот род.
3 Заклучок
10
Стереотипите создаваат огромни бариери на родовата еднаквост во СТЕМ областите. Овие бариери често се прифаќаат како природни и нормални. Иако, намерата можеби и не е да се одвратат жените од СТЕМ кариери или да спречи нивниот напредок во овие полиња – вообичаените практики од изборот на наставни кадри, до начинот на презентирање на СТЕМ концептите и процедурите за вработување и унапредување, несвесно ја ограничуваат можноста на талентираните жени да го искористат својот потенцијалво СТЕМ.
Дури и кога е познато дека ова не е намерно, тоа не не’ ослобудува од одговорност. Должноста на секој поединец е да го препознае ова и да го минимизира ефекетот. Преку континуирано критичко испитување на вообичаените практики, може да се откријат скриените бариери кои ги спречуваат талентираните индивидуи да се развијат и да постигнат успех во некоја од СТЕМ дисциплините.
4 Референци
∙ Subtle Barriers and Bias in STEM: How Stereotypes Constrain Women’s STEM Participation and Career Progress Jessica L. Cundiff Missouri University of Science and Technology – https://www.academia.edu/67305991/Subtle_Barriers_and_Bias_in_STEM_How_Stereotypes_Constra in_Women_s_STEM_Participation_and_Career_Progress?email_work_card=view-paper
∙ https://www.unesco.org/en/gender
equality/education/stem#:~:text=They%20are%20particularly%20under%2Drepresent ed,and%20consequently%2C%20in%20STEM%20careers.
11