Симеон Чаушевски
1. Вовед
Во последниве години, вештачката интелигенција(ВИ) брзо влегува во образовниот процес. Според УНЕСКО, до 2022 година само 15 земји вклучиле учење на вештачката интелигенција во своите национални наставни програми.
Оваа статистика покажува колку е ново присуството на AI во образованието, но станува се покористено од страна на учениците, а и од наставниците. Имено, се зголемува користењето на алатки (како што е ChatGPT) за помош во учењето, што отвора прашања за тоа: дали овие технологии навистина пружат мотивација и разбирање или пак напротив – ја олеснуваат работата до степен на пасивност. УНЕСКО истакнува дека „вештачката интелигенција носи голем потенцијал за образованието, но само доколку е безбедно и етички применето“. Всушност, овие технологии може да помогнат за да се решат голем дел од проблемите во образованието и да се забрза напредокот кон целите што ги има образованието, но брзиот развој носи и сериозни ризици и предизвици што бараат јасни стратегии за регулирање.
2. Вештачката интелигенција и образовната средина
Денешните студенти и ученици веќе се навикнуваат да ја користат ВИ при учење. На пример, OpenAI изјавува дека учениците се обраќаат на ChatGPT за персонализирано помагање за студиските материјали, како и за
подготовка за кариера (пишување резимеа, подготовка за интервјуа итн.). Наставниците, пак, користат алатки на AI за изработка на квизови, тестови и планови за настава – со тоа што во ChatGPT вметнуваат наставна програма и добиваат свежи идеи за прашања и задачи. Google нагласува дека ВИ „никогаш не може да ја замени експертизата, знаењето или креативноста на наставникот, но сепак може да биде корисен алат за збогатување на наставата и учењето“. Со помош на вештачката интелигенција, учениците можат да учат во свој ритам, да добиваат повратна
1
информација во реално време, па дури и да добиваат совети и препораки кои би им помогнале во учењето. Сепак, важно е да се напомене дека вештачката интелигенција не може целосно да ја замени улогата на наставникот. Човечката интеракција и способноста за мотивирање од страна на наставниците се незаменливи аспекти на образованието и затоа
AI треба да се гледа како алатка која го надополнува и подобрува процесот на учење, а не како замена за наставниците.
3. Навики за учење и критичко размислување
Сепак, големата зависност од алатките на AI може значително да го измени начинот на учење и да го наруши развојот на потсвесните вештини за критичко размислување. Кога ученикот премногу често се потпира на алатките за генерирање со цел за добивање брзи
одговори, се јавува феноменот на когнитивно олеснување – мозокот автоматски очекува готови решенија наместо самиот да презема активна улога во процесот на размислување. Сето ова си има последици:
1. Намалена способност за решавање проблеми
При постојана употреба на AI, учениците ја губат важната пракса да дефинираат проблем, да го поделат на помали чекори и да конструираат сопствено решение. Ова води кон површно паметење на информации, наместо длабоко разбирање на логиката и структурата зад нив.
2. Слабеење на критичкото размислување
Критичкото размислување подразбира вештини како споредување, проценка и откривање и претпоставки. Ако AI алатките станат главен извор на верувања, ученикот не ја вежба способноста сам да ги испитува и залучи изгенерираните одговори, што може да доведе до некритичко прифаќање на неточни информации.
2
• Намалена метакогнитивна ефикасност
Метакогницијата подразбира свесност и контрола врз сопствениот процес на учење – поставување цели, планирање на стратегии, следење на напредокот и самоевалуација. Кога AI ја „олеснува“ секоја фаза од учењето, учениците ризикуваат со занемарување на важноста за самостојно планирање и критичка анализа.
3. Пасивно и површно учење
Доколку задачите (есеј, домашни вежби, квизови) може да се „исцртаат“ целосно преку AI, со тоа и мотивирањето за сопствен труд се намалува. Учениците повеќе ќе се фокусираат на копчето „генерирај“ отколку на задлабочување во материјалот и негово разбирање, што доведува до
знаење без вистинска способност да се аплицира и користи таа информацијата во други контексти – затоа што таквото учење без труд за да се разбере – лесно се заборава.
4. Ставови на експертите и
компаниите за вештачката интелигенција во образованието
Во јавната дебата за улогата на вештачката интелигенција во образованието се истакнуваат различни ставови кои ги отсликуваат можностите и предизвиците што ги носи оваа технологија. Експертите и компаниите нудат разновидни мислења, од ентузијазам за нејзиниот потенцијал па се до внимателни предупредувања за употребата и одговорна примена.
3
4.1. Позитивни перспективи за ВИ во образованието
❖ Џенсен Хуанг, основачот на NVIDIA, ја гледа
вештачката интелигенција како револуционерна алатка за учење. Тој вели: „Имам личен асистент со мене во секој момент… AI може да ви предава сѐ што сакате“. Според него, AI ги намалува бариерите за разбирање и им овозможува на учениците персонализирана поддршка, правејќи го образованието подостапно и поефикасно.
❖ Слично на ова, Сал Кан, основачот на Khan
Academy, ја истакнува моќта на AI да го прилагоди учењето на индивидуалните потреби. Тој смета дека вештачката интелигенција може да им помогне на учениците да учат според сопственото темпо и стил, нудејќи лекции што се прецизно усогласени со нивните силни страни и слабости. Оваа персонализација, според Кан, може да го трансформира образованието во посамостоен и поефективен процес.
4.2. Критички ставови и предизвици
❖ Од друга страна, Стефанија Друга, истражувачка од Google DeepMind, изразува загриженост за влијанието на вештачката интелигенција врз традиционалните методи на оценување. Таа тврди: „Ако AI може да реши одреден тест, тогаш тестот е погрешен“. Што значи дека образовните задачи треба да се редизајнираат за да го поттикнат креативното учество и критичкото размислување, наместо да се потпираат на меморирање или механичко решавање на проблеми, каде AI лесно може да ги надмине човечките способности.
4
5. Негативни аспекти и психолошки влијанија врз учениците и студентите
a) Сепак, постојат и загрижености дека користењето на вештачката интелигенција може да го намали интелектуалниот напор на учениците и да предизвика зависност. На пример, студија спроведена меѓу студенти во Пакистан и Кина укажува дека интензивната употреба на AI значително ја намалува способноста на студентите сами да донесуваат одлуки и доведува до зголемена мрзеливост
• Во оваа студија, дури 68.9% од случаите на намалена активност на мозочните процеси (мрзеливост) се поради влијанието на вештачката интелигенција. Овие факти сугерираат дека, без контрола, премногу користење на AI може да ја намали иницијативата на младите луѓе во учењето.
b) Покрај тоа, се истражуваат и други психолошки ефекти. Некои експерти велат дека преголемата зависност од овие системи (на пр. ChatGPT) може да придонесе кон одложување на обврски, губење на способноста за меморија и опаѓање на академските резултати.
• Всушност, едно истражување покажа дека користењето на ChatGPT е причина за зголемено одложување на задачи и обврски и воедно намалување на перформансите при учење. Познатиот интелектуалец Ноам Хомски изјави дека ChatGPT е „високотехнолошко плагијатство“ и начин за избегнување на учењето. Овие реакции ја поттикнуваат дискусијата дека вештачката интелигенција може да ја замени потребата за аналитичко размислување, така што учениците наместо да решаваат проблеми самостојно, сакаат готови одговори.
c) Употребата на вештачката интелигенција во образованието покренува етички прашања, вклучувајќи приватност, безбедност и доверба во алгоритмите. Според Humanities and Social Sciences Communications, системите на AI можат да го следат однесувањето на учениците, но постои ризик од нарушување на приватноста.
5
6. Влијание на вештачката интелигенција врз општеството и идните генерации
• Воведувањето на вештачката интелигенција во образованието има и пошироки импликации за општеството и идните генерации. Сите ние сме генерација која образованието е дел од од брзите технолошки револуции. Исто така носи огромни можности да го подобри нашето живеење и учење, но истовремено има опасности ако се злопупотреби. Тоа значи дека нашите образовни системи мора свесно да работат на тоа AI-технологијата да им служи на сите. УНЕСКО предупредува дека технологијата никогаш не е идеолошки неутрална и дека широката употреба на генерирачко AI може да создаде и непријатни нееднаквости во образованието.
• Пандемијата COVID-19 покажа колку е важно да се менаџира технолошкиот развој – брзото префрлање на онлајн образование предизвика и неочекувани негативни ефекти. Затоа, УНЕСКО потсетува дека воведување на вештачката интелигенција во образованието мора да се води од начелата на еднаквост, квалитет и пристапност. Да се сетиме дека дигиталната содржина во светот е главно англиска, па тука доаѓа вештачката интелигенција која може да направи „универзалната енциклопедија“ која ги отстранува јазичните бариери. Задачата пред образованието е да ги подготви младите како креативни граѓани, со тоа што ќе ги вклучи и знаењата за поврзани со AI.
6
7. Правилна и етичка употреба на вештачката интелигенција
• За да се искористат придобивките од вештачката интелигенција без негативни последици, потребно е да се следи систематски и етички пристап. Затоа, клучни се транспарентноста и критичката анализа: учениците и наставниците треба да бидат обучени да ги разбираат ограничувањата на вештачката интелигенција.
• Како што истакнува универзитетскиот професор Инг Шу од Харвард, децата можат ефективно да учат од добро осмислени алатки за вештачка
интелигенција, но тие не можат целосно да ги заменат човечките односи и длабоката емоционална ангажираност што ја обезбедуваат наставниците и родителите. Затоа, неопходно е да се одржува баланс: вештачката
интелигенција да се користи како дополнителен ресурс, додека пак
наставниците да продолжат да ја задржуваат и подобруваат мотивацијата, разбирањето и вештините за решавање проблеми кај учениците.
• UNESCO ја нагласува употреба на вештачката интелигенција, што подразбира технологијата да ги зајакнува вредностите на еднаквоста и културно богатство. Само со таков балансиран пристап вештачката интелигенција може да служи како поддршка, а не да биде алатка за самостојното учење.
7
8. КАКО ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ГО ПОДОБРИ ОБРАЗОВАНИЕТО
Персонализирано учење
AI-системите користат машинско учење за да ги идентификуваат индивидуалните стилови и темпо на учење на секој ученик, прилагодувајќи ги наставните материјали и задачи кон нивните потреби и цели.
Овој пристап го зголемува ангажманот и мотивацијата, бидејќи учениците добиваат содржини со соодветен предизвик и поддршка, намалувајќи ја нервозата и чувство на заостанување.
Истражувањата во Хавард Бизнис Ревју покажуваат дека AI-инструментите можат да им дадат на професорите увид во стилот на учење и напредокот на студентите, што овозможува навремена адаптација на наставата
Подобрен пристап за учениците со посебни потреби
Има софтверо специјално направен со вештачка интелигенција кој ја прилагодува содржината на учениците кои имаат дислексија, аутизам и други предизвици во учењето, подобрувајќи ја нивната независност и академски достигнувања. Интерфејсите за разговор што обезбедуваат предвидлива поддршка за текст го олеснуваат комуникациското помагало за учениците кои имаат говорни или моторни оштетувања, додека адаптивните средини за учење ги прилагодуваат материјалите автоматски според секој корисник. Функциите за дигитална пристапност – како што се алт-текст управувани од вештачка интелигенција, текст во говор и динамичен интерфејс – се достапни на интернет и им овозможуваат на сите студенти пристап до дигитални материјали за учење.
8
Развој на клучни вештини за 21. Век
Преку користење на AI, учениците учат критичко размислување, решавање комплексни проблеми и дигитална писменост, што се неопходни компетенции за современиот пазар на трудот според американското Министерство за образование. Наставниците добиваат можност да воведуваат проекти каде студентите користат AI инструменти за анализа, презентација и креативно решавање проблеми, што дополнително го поттикнува нивниот иновативен и истражувачки дух.
9. Заклучок:
Вештачката интелигенција во образованието нуди големи придобивки: помошник е за смостојно учење, нуди поддршка и неограничен број на информација што ја подобрува ефикасноста и квалитетот на наставата, а и на учењето. Од друга страна, постојат реални опасности од прекумерно користење за младите кои доведуваат до зависност, а со тоа мрзеливост и неодговорност. Експертите предупредуваат дека ако AI се користи прекумерно, тоа може да ја уништи мотивацијата и критичкото размислување кај младите. Меѓутоа, ако се следат препораките на организациите како UNESCO и AI стручњаците „секој ученик да го користи AI како алатка добивање идеи, а не и целосно решавање проблеми“, тогаш вештачката интелигенција може да биде моќен сојузник во образованието. Важно е AI-технологијата да се користи етички и свесно, со цел да ја подобри искуството на учење, наместо да ги замени основните човечки вредности и напор во образовниот процес. Само така вештачката интелигенција ќе биде вистинска поддршка за учење, а не причина за мрзеливост.
9
Библиографија:
• https://www.unesco.org/en/digital-education/artificial
intelligence#:~:text=Artificial%20Intelligence%20,principles%20of%20inclusion%20an d%20equity
• https://elearningindustry.com/ai-in-education-personalized-learning
platforms#:~:text=AI%20systems%20analyze%20students%27%20performance,effectiv ely%20meet%20their%20unique%20needs
• https://spectrum.ieee.org/how-ai-can-personalize
education#:~:text=Khan%20Academy%20%2C%20for%20example%2C,lessons%20bas ed%20on%20individual%20performance
• https://www.inc.com/peter-cohan/sam-altman-says-chatgpt-is-good-for-education-here are-four-lessons-from-my-student.html
• https://slejournal.springeropen.com/articles/10.1186/s40561-024-00316- 7#:~:text=The%20existing%20literature%2C%20while%20acknowledging,uncritical%2 0acceptance%20of%20generated%20content
• https://education.illinois.edu/about/news-events/news/article/2024/10/24/ai-in-schools– pros-and-cons#:~:text=Privacy%20and%20Security%20Concerns
• https://www.unesco.org/en/articles/guidance-generative-ai-education-and research#:~:text=Guidance%20for%20generative%20AI%20in,education%20and%20res earch
10